Стефанос Каселакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefanos-kaselakis/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 09:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стефанос Каселакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefanos-kaselakis/ 32 32 Сменетиот лидер на Сириза, Стефанос Каселакис, ја напушта партијата за да формира своја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/smenetiot-lider-na-siriza-stefanos-kaselakis-ja-napushta-partijata-za-da-formira-svoja/ Sun, 10 Nov 2024 09:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=836010

Сменетиот лидер на грчката опозициска партија Сириза, Стефанос Каселакис, најави дека ја напушта таа партија за да формира своја.

Каселакис, бизнисмен кој главно живееше во САД и влезе во политиката дури минатата година, ја напушти Сириза откако партискиот Конгрес одби да се разгледа неговата кандидатура за лидер, објави „Гардијан“.

Тој во петокот рече дека ја напушта Сириза откако на дводневниот конгрес на партијата беше одбиено барањето да се разгледа неговата кандидатура за лидер на внатрепартиските избори што треба да се одржат подоцна овој месец.

Каселакис (36) влезе во грчката политика во мај 2023 година како кандидат на изборите на кои Сириза претрпе катастрофален пораз и на кои победи конзервативната Нова демократија.

Тој го замени долгогодишниот лидер на партијата Алексис Ципрас, кој поднесе оставка по неуспехот на изборите.

Многу членови на Сириза кои го поддржаа Каселакис набрзо почнаа да го обвинуваат дека не е вистински левичар.

Еден истакнат член на Сириза дури го спореди Каселакис со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Централниот комитет на Сириза го смени Каселакис од функцијата во септември, откако му беше изгласана недоверба.

Тој ја оспори легитимноста на гласањето и требаше да се кандидира за лидер, но неговата кандидатура беше одбиена од Централниот комитет на партијата.

Заедно со Каселакис во петокот и саботата партијата ја напуштија и четворица пратеници.

По овој развој на настаните Сириза сега има 31 пратеник во грчкиот Парламент од вкупно 300 пратеници.

Сириза беше владејачка партија во Грција од 2015 до 2019 година, а неодамнешните анкети покажуваат дека поддршката за партијата паднала под десет проценти.

The post Сменетиот лидер на Сириза, Стефанос Каселакис, ја напушта партијата за да формира своја appeared first on Република.

]]>

Сменетиот лидер на грчката опозициска партија Сириза, Стефанос Каселакис, најави дека ја напушта таа партија за да формира своја. Каселакис, бизнисмен кој главно живееше во САД и влезе во политиката дури минатата година, ја напушти Сириза откако партискиот Конгрес одби да се разгледа неговата кандидатура за лидер, објави „Гардијан“. Тој во петокот рече дека ја напушта Сириза откако на дводневниот конгрес на партијата беше одбиено барањето да се разгледа неговата кандидатура за лидер на внатрепартиските избори што треба да се одржат подоцна овој месец. Каселакис (36) влезе во грчката политика во мај 2023 година како кандидат на изборите на кои Сириза претрпе катастрофален пораз и на кои победи конзервативната Нова демократија. Тој го замени долгогодишниот лидер на партијата Алексис Ципрас, кој поднесе оставка по неуспехот на изборите. Многу членови на Сириза кои го поддржаа Каселакис набрзо почнаа да го обвинуваат дека не е вистински левичар. Еден истакнат член на Сириза дури го спореди Каселакис со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Централниот комитет на Сириза го смени Каселакис од функцијата во септември, откако му беше изгласана недоверба. Тој ја оспори легитимноста на гласањето и требаше да се кандидира за лидер, но неговата кандидатура беше одбиена од Централниот комитет на партијата. Заедно со Каселакис во петокот и саботата партијата ја напуштија и четворица пратеници. По овој развој на настаните Сириза сега има 31 пратеник во грчкиот Парламент од вкупно 300 пратеници. Сириза беше владејачка партија во Грција од 2015 до 2019 година, а неодамнешните анкети покажуваат дека поддршката за партијата паднала под десет проценти.

The post Сменетиот лидер на Сириза, Стефанос Каселакис, ја напушта партијата за да формира своја appeared first on Република.

]]>
Геј претседателот на СИРИЗА не може пак да се кандидира за лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gej-pretsedatelot-na-siriza-ne-mozhe-pak-da-se-kandidira-za-lider/ Sat, 12 Oct 2024 19:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=825994

Со широко мнозинство Централниот комитет на СИРИЗА вечерва ја блокираше кандидатурата на разрешениот претседател Стефанос Каселакис, со што тој не може да биде кандидат за лидер на изборите што ќе се одржат на крајот на ноември, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми за предлогот да се исклучи Каселакис од трката за партиски претседател гласале 138 од 151 член на Централниот комитет.

Каселакис не беше присутен на денешниот состанок, а во изминатите денови постојат тензии во партијата, откако неговиот имотен лист добиен од партиски извори беше објавен во грчки весник, за што тој испрати судска белешка до партијата и дополнително ги зголеми несогласувањата.

Минатиот месец Централниот комитет на СИРИЗА го разреши Каселакис од позицијата претседател на партијата со што започнаа процедурите за избор на нов лидер.

Доставувањето на кандидатури за претседател е до 24 октомври, на почетокот на ноември партијата ќе одржи вонреден Конгрес, а изборите се на 24 ноември

The post Геј претседателот на СИРИЗА не може пак да се кандидира за лидер appeared first on Република.

]]>

Со широко мнозинство Централниот комитет на СИРИЗА вечерва ја блокираше кандидатурата на разрешениот претседател Стефанос Каселакис, со што тој не може да биде кандидат за лидер на изборите што ќе се одржат на крајот на ноември, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми за предлогот да се исклучи Каселакис од трката за партиски претседател гласале 138 од 151 член на Централниот комитет. Каселакис не беше присутен на денешниот состанок, а во изминатите денови постојат тензии во партијата, откако неговиот имотен лист добиен од партиски извори беше објавен во грчки весник, за што тој испрати судска белешка до партијата и дополнително ги зголеми несогласувањата. Минатиот месец Централниот комитет на СИРИЗА го разреши Каселакис од позицијата претседател на партијата со што започнаа процедурите за избор на нов лидер. Доставувањето на кандидатури за претседател е до 24 октомври, на почетокот на ноември партијата ќе одржи вонреден Конгрес, а изборите се на 24 ноември

The post Геј претседателот на СИРИЗА не може пак да се кандидира за лидер appeared first on Република.

]]>
Навистина романтично: Наследникот на Ципрас и сопругот си разменија брачни завети https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/navistina-romantichno-naslednikot-na-tsipras-i-soprugot-si-razmenija-brachni-zaveti/ Sat, 31 Aug 2024 10:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=811754

Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис и неговиот сопруг, Американецот Тајлер Макбет на свадбена прослава на островот Крит синоќа си разменија брачни завети и си ветија вечна љубов, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис и Макбет од средата се приватно на Крит каде што со низа свечености го прославија бракот склучен во октомври минатата година во САД.

Од СИРИЗА преку соопштение побараа од медиумите „да ги почитуваат личните и семејните моменти на претседателот на партијата во наредните денови на Крит“ и посочија дека не сакаат никакво медиумско покривање на настанот што не се однесува на политичката активност на претседателот на партијата.

Свеченоста се одржа под строги безбедносни мерки, според грчките медиуми било огромно присуството на полицијата, а биле приведени и две лица, дел од новинарска екипа кои се обиделе да снимаат со дрон.

Непосредно пред свадбените прослави, Каселакис и Макбет преку специјалниот сајт „Honeyfund“, им дадоа можност на гостите наместо подароци да уплатат одреден паричен износ за медениот месец на брачниот пар, но и доколку сакаат, да им остават порака.

Стефанос и Тајлер на крајот од октомври стапија во брак во Њујорк, со оглед на тоа што тогаш во Грција сè уште не беа легализирани истополовите бракови.

Откако се изгласа законот во грчкиот Парламент на средината на февруари годинава, лидерот на СИРИЗА најави дека на лето со неговиот сопруг ќе одржат свадбена прослава во Грција

The post Навистина романтично: Наследникот на Ципрас и сопругот си разменија брачни завети appeared first on Република.

]]>

Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис и неговиот сопруг, Американецот Тајлер Макбет на свадбена прослава на островот Крит синоќа си разменија брачни завети и си ветија вечна љубов, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис и Макбет од средата се приватно на Крит каде што со низа свечености го прославија бракот склучен во октомври минатата година во САД. Од СИРИЗА преку соопштение побараа од медиумите „да ги почитуваат личните и семејните моменти на претседателот на партијата во наредните денови на Крит“ и посочија дека не сакаат никакво медиумско покривање на настанот што не се однесува на политичката активност на претседателот на партијата. Свеченоста се одржа под строги безбедносни мерки, според грчките медиуми било огромно присуството на полицијата, а биле приведени и две лица, дел од новинарска екипа кои се обиделе да снимаат со дрон. Непосредно пред свадбените прослави, Каселакис и Макбет преку специјалниот сајт „Honeyfund“, им дадоа можност на гостите наместо подароци да уплатат одреден паричен износ за медениот месец на брачниот пар, но и доколку сакаат, да им остават порака. Стефанос и Тајлер на крајот од октомври стапија во брак во Њујорк, со оглед на тоа што тогаш во Грција сè уште не беа легализирани истополовите бракови. Откако се изгласа законот во грчкиот Парламент на средината на февруари годинава, лидерот на СИРИЗА најави дека на лето со неговиот сопруг ќе одржат свадбена прослава во Грција

The post Навистина романтично: Наследникот на Ципрас и сопругот си разменија брачни завети appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-siriza-do-grchkata-vlada-ako-smetaat-deka-dogovorot-od-prespa-e-shteten-neka-odi-kaj-vmro-da-se-dogovorat-za-korisen-dogovor/ Fri, 31 May 2024 07:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=783363

Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.

- И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.

Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Македонија“.

-Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“

The post Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор appeared first on Република.

]]>

Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.
- И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.
Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Македонија“. -Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“

The post Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор appeared first on Република.

]]>
И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-tamu-li-ke-bara-prespanski-dogovor-liderot-na-siriza-vo-poseta-na-palestina/ Sun, 26 May 2024 10:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=781788

Лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска и утре ќе биде во Палестина, а како што соопштија од партијата, ќе ги посети Ерусалим, Витлеем и Рамала, каде, меѓу другото, ќе оствари средби со членовите на Владата на палестинската управа, со претставници на Палестинска ослободителна организација, како и со патријархот Теофил Трети, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис ќе биде придружуван од секретарката на СИРИЗА, надлежниот за одбрана и надворешни работи, како и дипломатскиот советник.

Секретарката на СИРИЗА Рања Свигу утрово на Фејсбук напиша дека „наскоро започнува историско патување“ и истакна дека во Палестина ќе ја пренесат пораката „за солидарност и поддршка до палестинскиот народ во име на СИРИЗА и грчкиот народ, за да запре хуманитарната трагедија, да се ослободат заложниците, да има прекин на огнот, за да победат мирот и правдата

The post И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина appeared first on Република.

]]>

Лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска и утре ќе биде во Палестина, а како што соопштија од партијата, ќе ги посети Ерусалим, Витлеем и Рамала, каде, меѓу другото, ќе оствари средби со членовите на Владата на палестинската управа, со претставници на Палестинска ослободителна организација, како и со патријархот Теофил Трети, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис ќе биде придружуван од секретарката на СИРИЗА, надлежниот за одбрана и надворешни работи, како и дипломатскиот советник. Секретарката на СИРИЗА Рања Свигу утрово на Фејсбук напиша дека „наскоро започнува историско патување“ и истакна дека во Палестина ќе ја пренесат пораката „за солидарност и поддршка до палестинскиот народ во име на СИРИЗА и грчкиот народ, за да запре хуманитарната трагедија, да се ослободат заложниците, да има прекин на огнот, за да победат мирот и правдата

The post И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина appeared first on Република.

]]>
Каселакис: Мицотакис е пресреќен што Договорот од Преспа беше постигнат пред тој да ја презеде власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kaselakis-mitsotakis-e-presreken-shto-dogovorot-od-prespa-beshe-postignat-pred-toj-da-ja-prezede-vlasta/ Thu, 23 May 2024 08:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=781020

Протоколите се позитивни за Грција и од геополитички причини и од економски-развојни причини и добро е да се ратификуваат, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката телевизија „Action24“, говорејќи за трите меморандуми со Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи дека тие нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“.

Истакна дека предизборно, во 2019 година Нова демократија беше против Договорот, а сега не кажува јасно дали е корисен или штетен за Грција.

Сега испраќа збунувачка порака и не разбираме дали е „за“ или „против“ договорот. Еден договор, особено со таков углед и опсег, или е корисен или е штетен за нашата земја. Не може да биде нешто на средина, посочи Каселакис.

Паралелно потенцираше дека „ако е корисен за земјата нека го каже тоа премиерот“.

Премиерот не ви ја кажува вистината, премиерот не ја кажува вистината за овој Договор. Сигурен сум дека самиот е многу среќен што овој договор беше постигнат пред тој да ја презеде власта, порача Каселакис.

The post Каселакис: Мицотакис е пресреќен што Договорот од Преспа беше постигнат пред тој да ја презеде власта appeared first on Република.

]]>

Протоколите се позитивни за Грција и од геополитички причини и од економски-развојни причини и добро е да се ратификуваат, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката телевизија „Action24“, говорејќи за трите меморандуми со Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи дека тие нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“. Истакна дека предизборно, во 2019 година Нова демократија беше против Договорот, а сега не кажува јасно дали е корисен или штетен за Грција.
Сега испраќа збунувачка порака и не разбираме дали е „за“ или „против“ договорот. Еден договор, особено со таков углед и опсег, или е корисен или е штетен за нашата земја. Не може да биде нешто на средина, посочи Каселакис.
Паралелно потенцираше дека „ако е корисен за земјата нека го каже тоа премиерот“.
Премиерот не ви ја кажува вистината, премиерот не ја кажува вистината за овој Договор. Сигурен сум дека самиот е многу среќен што овој договор беше постигнат пред тој да ја презеде власта, порача Каселакис.

The post Каселакис: Мицотакис е пресреќен што Договорот од Преспа беше постигнат пред тој да ја презеде власта appeared first on Република.

]]>
Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liderot-na-siriza-do-mitsotakis-neli-beshe-predavnichki-dogovorot-od-prespa/ Sun, 12 May 2024 15:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=777355

„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Cеверна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција.

Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.

Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.

Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.

The post Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? appeared first on Република.

]]>

„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Cеверна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција. Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.
Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.
Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.

The post Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? appeared first on Република.

]]>
Каселaкис: Договорот од Преспа беше многу добар договор за Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kaselakis-dogovorot-od-prespa-beshe-mnogu-dobar-dogovor-za-grtsija/ Fri, 15 Mar 2024 18:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=755231

Многу добар договор за Грција, го карактеризираше, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката телевизија „Антена“, Каселакис се осврна периодот кога на власт беше претходниот претстедател на СИРИЗА, Алексис Ципрас и во однос на решението сo Македонија истакна дека „беше многу добар договор за земјата“, а на прашањето дали и тој би го донел договорот, кусо одговори позитивно.

Можеби веќе знаете, дека господинот Коѕијас не само што ја ужива мојата доверба, туку навистина е еден од моите советници. И претставува пример за тоа како некој управува со преговорите. И тоа не важи само за Преспа, туку и за Кран Монтана за кипарското прашање во 2017 година, рече Каселакис.

The post Каселaкис: Договорот од Преспа беше многу добар договор за Грција appeared first on Република.

]]>

Многу добар договор за Грција, го карактеризираше, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија „Антена“, Каселакис се осврна периодот кога на власт беше претходниот претстедател на СИРИЗА, Алексис Ципрас и во однос на решението сo Македонија истакна дека „беше многу добар договор за земјата“, а на прашањето дали и тој би го донел договорот, кусо одговори позитивно.
Можеби веќе знаете, дека господинот Коѕијас не само што ја ужива мојата доверба, туку навистина е еден од моите советници. И претставува пример за тоа како некој управува со преговорите. И тоа не важи само за Преспа, туку и за Кран Монтана за кипарското прашање во 2017 година, рече Каселакис.

The post Каселaкис: Договорот од Преспа беше многу добар договор за Грција appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Сириза подготвува грчка свадба со партнерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-siriza-podgotvuva-grchka-svadba-so-partnerot/ Fri, 01 Mar 2024 17:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=750171

По изгласувањето на законот за истополовите бракови, лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис и неговиот сопруг Тајлер Макбет на лето ќе склучат брак и во Грција, откако претходно, во октомври минатата година тоа го сторија во САД, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката телевизија „Стар“, Макбет истакна дека легализацијата на истополовите бракови во Грција е „одличен чекор во вистинската насока за земјата“.

Секако, има уште работи што треба да се покријат, односно законот не беше особено опфатен, како на пример, за правата на трансродовите лица. Но, во однос на напредокот во смисла на еднаквоста мислам дека е одлична можност. Во однос на сценариото за стапување во брак на лето, одговорот е да. Размислуваме за тоа, ќе го сториме тоа овде, во Грција, следново лето, откри Макбет.

За идните планови со Каселакис објасни дека нивната цел е да имаме постојан дом во Грција на долг рок.

Парот е во брак од средината на октомври склучен во САД каде што и живееја Каселакис и Макбет пред лидерот на СИРИЗА да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија, по што се преселија во Атина.

Грција минатиот месец со широко мнозинство во Парламентот го легализираше бракот на истополови парови.

Лидерот на СИРИЗА отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на партијата, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.

The post Лидерот на Сириза подготвува грчка свадба со партнерот appeared first on Република.

]]>

По изгласувањето на законот за истополовите бракови, лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис и неговиот сопруг Тајлер Макбет на лето ќе склучат брак и во Грција, откако претходно, во октомври минатата година тоа го сторија во САД, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија „Стар“, Макбет истакна дека легализацијата на истополовите бракови во Грција е „одличен чекор во вистинската насока за земјата“.
Секако, има уште работи што треба да се покријат, односно законот не беше особено опфатен, како на пример, за правата на трансродовите лица. Но, во однос на напредокот во смисла на еднаквоста мислам дека е одлична можност. Во однос на сценариото за стапување во брак на лето, одговорот е да. Размислуваме за тоа, ќе го сториме тоа овде, во Грција, следново лето, откри Макбет.
За идните планови со Каселакис објасни дека нивната цел е да имаме постојан дом во Грција на долг рок. Парот е во брак од средината на октомври склучен во САД каде што и живееја Каселакис и Макбет пред лидерот на СИРИЗА да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија, по што се преселија во Атина. Грција минатиот месец со широко мнозинство во Парламентот го легализираше бракот на истополови парови. Лидерот на СИРИЗА отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на партијата, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.

The post Лидерот на Сириза подготвува грчка свадба со партнерот appeared first on Република.

]]>
Каселакис во ЛГБТ клуб прослави што Грција стана прва православна земја која ги легализираше истополовите бракови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kaselakis-vo-lgbt-klub-proslavi-shto-grtsija-stana-prva-pravoslavna-zemja-koja-gi-legalizirashe-istopolovite-brakovi/ Fri, 16 Feb 2024 10:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=744769

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис заедно со неговиот сопруг, доцна синоќа во ЛГБТ+ клуб во Атина го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови во Грција и на присутните им порача да бидат горди на себе, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис, кој во октомври минатата година стапи во цивилен брак во САД со неговиот партнер Тејлор Макбет, преку социјалните мрежи соопшти дека ќе присуствува на најавената забава за легализацијата на истополовите бракови, коментирајќи дека тоа „не е мислење, тоа е нашиот живот“, додека пак во текот на вечерта им се обрати на присутните.

Браво за вас, браво за нас што сме на вистинскиот пат. Продолжуваме натаму, современо општество, современа Грција. Бидете горди на себе, порача Каселакис.

Претходно при пристигнувањето во клубот изјави дека без поддршката од СИРИЗА, законот немаше да биде изгласан.

Грчкиот Парламент кусо пред полноќ со 176 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода гоизгласан законот, со што Грција стана 16-та земја во ЕУ, 37-ма во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови.

Од вкупно 300 пратеници колку што брои Парламентот, отсутни беа 46, односно гласаа 254, од кои 76 беа „против“, двајца „воздржани“, а останатите го поддржаа законот.

Меѓу оние кои беа отсутни или против имаше пратеници од Нова демократија, СИРИЗА и ПАСОК, кои решија да отстапат од партиската линија.

Од Нова демократија, гласале „за“ 107 од 158 пратеници, односно една третина од пратеничката група не го поддржа законот.

Веднаш по соопштувањето на резултатите, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку Х истакна дека „Грција е горда што стана 16-та земја од ЕУ која ја легализираше брачната еднаквост“ но и дека ја отсликува денешната Грција: „прогресивна и демократска земја, посветена на европските вредности“.

The post Каселакис во ЛГБТ клуб прослави што Грција стана прва православна земја која ги легализираше истополовите бракови appeared first on Република.

]]>

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис заедно со неговиот сопруг, доцна синоќа во ЛГБТ+ клуб во Атина го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови во Грција и на присутните им порача да бидат горди на себе, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис, кој во октомври минатата година стапи во цивилен брак во САД со неговиот партнер Тејлор Макбет, преку социјалните мрежи соопшти дека ќе присуствува на најавената забава за легализацијата на истополовите бракови, коментирајќи дека тоа „не е мислење, тоа е нашиот живот“, додека пак во текот на вечерта им се обрати на присутните.
Браво за вас, браво за нас што сме на вистинскиот пат. Продолжуваме натаму, современо општество, современа Грција. Бидете горди на себе, порача Каселакис.
Претходно при пристигнувањето во клубот изјави дека без поддршката од СИРИЗА, законот немаше да биде изгласан. Грчкиот Парламент кусо пред полноќ со 176 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода гоизгласан законот, со што Грција стана 16-та земја во ЕУ, 37-ма во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови. Од вкупно 300 пратеници колку што брои Парламентот, отсутни беа 46, односно гласаа 254, од кои 76 беа „против“, двајца „воздржани“, а останатите го поддржаа законот. Меѓу оние кои беа отсутни или против имаше пратеници од Нова демократија, СИРИЗА и ПАСОК, кои решија да отстапат од партиската линија. Од Нова демократија, гласале „за“ 107 од 158 пратеници, односно една третина од пратеничката група не го поддржа законот. Веднаш по соопштувањето на резултатите, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку Х истакна дека „Грција е горда што стана 16-та земја од ЕУ која ја легализираше брачната еднаквост“ но и дека ја отсликува денешната Грција: „прогресивна и демократска земја, посветена на европските вредности“.

The post Каселакис во ЛГБТ клуб прослави што Грција стана прва православна земја која ги легализираше истополовите бракови appeared first on Република.

]]>
На лето ќе биде голема грчка свадба: Наследникот на Ципрас денеска ќе стапи во брак со партнерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/naleto-golema-grchka-svadba-naslednikot-na-tsipras-deneska-ke-stapi-vo-brak-so-partnerot/ Thu, 19 Oct 2023 08:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=692709

Претседателот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска во САД ќе стапи во брак со својот партнер, како што самиот соопштил вчера за време на состанокот на политичкиот секретаријат на партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа дека во Грција не е легализиран бракот на истополови парови, Каселакис и неговиот партнер Тејлор Макбет ќе склучат цивилен брак во САД, каде што и живееја пред новиот лидер на СИРИЗА да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија.

Портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, говорејќи за телевизијата Опен, откри дека денешната церемонија ќе биде во кругот на семејството со еден сведок, а на лето Стефанос и Тајлер ќе направат прослава во Грција.

Авгери се осврна и на важноста и во Грција да се легализираат истополовите бракови, повикувајќи го грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да го направи следниот чекор во оваа насока.

-Многу е важно во 2023 година и како одминува времето да им се даде еднаква можност на луѓето да ги вкусат среќата и радоста онака како што тие сакаат. Без стереотипи и општествени принуди, рече портпаролката на СИРИЗА.

Каселакис отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на СИРИЗА, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.

The post На лето ќе биде голема грчка свадба: Наследникот на Ципрас денеска ќе стапи во брак со партнерот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска во САД ќе стапи во брак со својот партнер, како што самиот соопштил вчера за време на состанокот на политичкиот секретаријат на партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа дека во Грција не е легализиран бракот на истополови парови, Каселакис и неговиот партнер Тејлор Макбет ќе склучат цивилен брак во САД, каде што и живееја пред новиот лидер на СИРИЗА да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија. Портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, говорејќи за телевизијата Опен, откри дека денешната церемонија ќе биде во кругот на семејството со еден сведок, а на лето Стефанос и Тајлер ќе направат прослава во Грција. Авгери се осврна и на важноста и во Грција да се легализираат истополовите бракови, повикувајќи го грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да го направи следниот чекор во оваа насока. -Многу е важно во 2023 година и како одминува времето да им се даде еднаква можност на луѓето да ги вкусат среќата и радоста онака како што тие сакаат. Без стереотипи и општествени принуди, рече портпаролката на СИРИЗА. Каселакис отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на СИРИЗА, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.

The post На лето ќе биде голема грчка свадба: Наследникот на Ципрас денеска ќе стапи во брак со партнерот appeared first on Република.

]]>
Првиот геј-лидер на партија во Грција подготвен да стане и првиот геј премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prviot-gej-lider-na-partija-vo-grtsija-podgotven-da-stane-i-prviot-gej-premier/ Sat, 30 Sep 2023 07:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=686530

Новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис стана првиот геј лидер на политичка партија во грчката историја - и, како што пишуваат грчките медиуми, сега е подготвен да стане првиот геј премиер на Грција.

Каселакис (35) е во брак со Тајлер МекБет, медицински техничар.

Иако во Грција не се признаваат истополовите бракови, нивната врска ќе се смета за граѓанско партнерство.

Каселакис е  роден во Атина, а живеел во САД, тој е адвокат и поранешен банкар.

The post Првиот геј-лидер на партија во Грција подготвен да стане и првиот геј премиер appeared first on Република.

]]>

Новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис стана првиот геј лидер на политичка партија во грчката историја - и, како што пишуваат грчките медиуми, сега е подготвен да стане првиот геј премиер на Грција. Каселакис (35) е во брак со Тајлер МекБет, медицински техничар. Иако во Грција не се признаваат истополовите бракови, нивната врска ќе се смета за граѓанско партнерство. Каселакис е  роден во Атина, а живеел во САД, тој е адвокат и поранешен банкар.

The post Првиот геј-лидер на партија во Грција подготвен да стане и првиот геј премиер appeared first on Република.

]]>
Каселакис: Посакувам да бидам достоен на наследството што ми го остави Ципрас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kaselakis-posakuvam-da-bidam-dostoen-na-nasledstvoto-shto-mi-go-ostavi-tsipras/ Mon, 25 Sep 2023 14:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=685019

Посакувам да бидам достоен за наследството што ми го предаде Ципрас. Одиме напред, рече новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис по средба со неговиот претходник и поранешен премиер Алексис Ципрас,јави дописничката на МИА од Атина.

По вчерашниот втор круг на изборите за лидер на СИРИЗА и победата на Каселакис , стариот и новиот претседател на партијата се сретнаа денеска во канцеларијата на Ципрас во грчкиот Парламент.

Ципрас го посоветува неговиот наследник да ужива во првите денови, бидејќи како што рече, за оние кои влегуваат во политиката „радостите не се изобилни, а тешкотиите континуирани“.

Треба да дадеме надеж и перспектива со единство, истакна Ципрас на почетокот од средбата.

The post Каселакис: Посакувам да бидам достоен на наследството што ми го остави Ципрас appeared first on Република.

]]>

Посакувам да бидам достоен за наследството што ми го предаде Ципрас. Одиме напред, рече новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис по средба со неговиот претходник и поранешен премиер Алексис Ципрас,јави дописничката на МИА од Атина. По вчерашниот втор круг на изборите за лидер на СИРИЗА и победата на Каселакис , стариот и новиот претседател на партијата се сретнаа денеска во канцеларијата на Ципрас во грчкиот Парламент. Ципрас го посоветува неговиот наследник да ужива во првите денови, бидејќи како што рече, за оние кои влегуваат во политиката „радостите не се изобилни, а тешкотиите континуирани“. Треба да дадеме надеж и перспектива со единство, истакна Ципрас на почетокот од средбата.

The post Каселакис: Посакувам да бидам достоен на наследството што ми го остави Ципрас appeared first on Република.

]]>