Стефан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefan/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 08:38:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стефан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefan/ 32 32 Да помогнеме: Стефан се бори за здив, да донираме за нов апарат https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-pomogneme-stefan-se-bori-za-zdiv-da-donirame-za-nov-aparat/ Tue, 06 Aug 2024 08:38:49 +0000 https://republika.mk/?p=803788

ИТНО🚨
Ве молам споделете, овде се работи за живот 🙏
Во државава нема резервен апарат за кој се бориме!
Малиот Стефан (6) од Кривогаштани од самото раѓање се бори со сериозна болест, мускулна дистрофија,не дише самостојно а машината која ја користеше е расипана, семејството не поседува резервна.
Најитно е потребно да му подариме здив, донирајќи за нов апарат ❤️
Кој колку може, од 100 до 6000 денари!
https://bit.ly/podari-zdiv-doniraj-respirator

The post Да помогнеме: Стефан се бори за здив, да донираме за нов апарат appeared first on Република.

]]>

ИТНО🚨 Ве молам споделете, овде се работи за живот 🙏 Во државава нема резервен апарат за кој се бориме! Малиот Стефан (6) од Кривогаштани од самото раѓање се бори со сериозна болест, мускулна дистрофија,не дише самостојно а машината која ја користеше е расипана, семејството не поседува резервна. Најитно е потребно да му подариме здив, донирајќи за нов апарат ❤️ Кој колку може, од 100 до 6000 денари! https://bit.ly/podari-zdiv-doniraj-respirator

The post Да помогнеме: Стефан се бори за здив, да донираме за нов апарат appeared first on Република.

]]>
Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poglavarot-na-mpts-oa-stefan-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-po-povod-negoviot-imenden-trpelivo-i-smireno-go-ochekuvame-tomosot/ Tue, 13 Jun 2023 12:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=650902

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. упатил телеграма со честитка за именденот на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во која покрај желбата за негово мирно патријархување порачува дека МПЦ-ОА трпеливо и смирено го очекува Томосот за нашата црква од Вселенската патријаршија.

Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам мирно патријархување на престолот на Вселенската патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна православна црква, се наведува во телеграмата.

Македонскиот Архиепископ во честитката и поздравот од, како што наведува, богоспасуваната Охридска Архиепископија, на Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј му посакува вечна заштита, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот.

Смирен и најсакан архипастире и богољубив Претстојателу на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченички осветената катедра на Константинопол, дозволете ми на денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот, наведува г.г. Стефан во телеграмата.

Телеграмата била прочитана на неделната Света литургија во Сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Фанар, каде претставник на архиепископот Стефан бил митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Со благослов на надлежниот Високопреосветен митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј на литургијата присуствувале и претставници на монашката заедница од свештените Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од епископ Антаниски г. Партениј.

Во неделно обраќање по повод својот именден, како што објави Вселенската патријаршија на својата официјална страница, Вартоломеј направил осврт на поголемите настани што на црковен план ја одбележаа годишнината од минатиот именден. Меѓу другото, тој го истакнал и враќањето на Охридската архиепископија во канонско единство со православниот свет.

Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, порачал Вартоломеј, кој потоа забележал дека по прифаќањето на нашата Црква, уследиле и некои неканоски дела во рамките на интерправославните односи.

Патријархот Вартоломеј во беседата се осврнал и на војната во Украина.

Разбирливо е дека во последниов едногодишен период, од јуни минатата година или поскоро од избувнувањето на несветата и разорителна војна во Украина, го следиме развојот на настаните, се молиме за враќање на мирот и во секоја прилика ја осудуваме руската агресија во независна и суверена држава, спротивно на секоја смисла на меѓународното право и на етичкиот поредок. Плачеме со расплаканите сопруги и мајки на римските и украинските војници кои паднале на полињата на битките, порачал Вартоломеј.

The post Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. упатил телеграма со честитка за именденот на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во која покрај желбата за негово мирно патријархување порачува дека МПЦ-ОА трпеливо и смирено го очекува Томосот за нашата црква од Вселенската патријаршија.
Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам мирно патријархување на престолот на Вселенската патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна православна црква, се наведува во телеграмата.
Македонскиот Архиепископ во честитката и поздравот од, како што наведува, богоспасуваната Охридска Архиепископија, на Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј му посакува вечна заштита, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот.
Смирен и најсакан архипастире и богољубив Претстојателу на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченички осветената катедра на Константинопол, дозволете ми на денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот, наведува г.г. Стефан во телеграмата.
Телеграмата била прочитана на неделната Света литургија во Сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Фанар, каде претставник на архиепископот Стефан бил митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Со благослов на надлежниот Високопреосветен митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј на литургијата присуствувале и претставници на монашката заедница од свештените Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од епископ Антаниски г. Партениј. Во неделно обраќање по повод својот именден, како што објави Вселенската патријаршија на својата официјална страница, Вартоломеј направил осврт на поголемите настани што на црковен план ја одбележаа годишнината од минатиот именден. Меѓу другото, тој го истакнал и враќањето на Охридската архиепископија во канонско единство со православниот свет.
Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, порачал Вартоломеј, кој потоа забележал дека по прифаќањето на нашата Црква, уследиле и некои неканоски дела во рамките на интерправославните односи.
Патријархот Вартоломеј во беседата се осврнал и на војната во Украина.
Разбирливо е дека во последниов едногодишен период, од јуни минатата година или поскоро од избувнувањето на несветата и разорителна војна во Украина, го следиме развојот на настаните, се молиме за враќање на мирот и во секоја прилика ја осудуваме руската агресија во независна и суверена држава, спротивно на секоја смисла на меѓународното право и на етичкиот поредок. Плачеме со расплаканите сопруги и мајки на римските и украинските војници кои паднале на полињата на битките, порачал Вартоломеј.

The post Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан: Овој Велигден го славиме во канонско единство, да се чуваме од поделби и да бидеме духовно и национално обединети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-ovoj-veligden-go-slavime-vo-kanonsko-edinstvo-da-se-chuvame-od-podelbi-i-da-bideme-duhovno-i-natsionalno-obedineti/ Sun, 16 Apr 2023 07:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=631177

† СТЕФАН,

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,

ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,

ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,

ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,

А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,

ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,

ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И

ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –

ХРИСТОС ВОСКРЕСE!

Јас сум воскресението и животот;

кој верува во Мене, и да умре, ќе живее.

Возљубени празникољупци,

Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! Оти, ако Христос не воскреснеше, напразна ќе беше нашата проповед и празна ќе беше нашата вера! Но Тој навистина воскресна и со тоа на човековиот род засекогаш му го покажа патот кон вечноста. И само Христовата жртва можеше да ни го дари Царството небесно! Имено, пред доаѓањето, страдањето и Воскресението на Господа, човековиот род беше неутешно заробен во оковите на смртта. Таа, како најсуров противник, ја држеше човековата природа лишена од надежта за вечен живот. Тиранијата на смртта, како последица на прародителската непослушност кон Бога, земаше силен замав преку ширењето на себељубието, неправдата и лагата, односно преку сите гревовни страсти што го осакатуваат човековото битие.

Кога гревот, кој е беззаконие, ќе ја зароби душата, тогаш различните негови пројави стануваат цел на животот. И така, со страв од смртта, без надеж за нејзино надминување, човековиот род беше заробен во темнината на сите зла. Па, при неможноста да Го спознаат единствениот и вистински Создател, луѓето ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Создателот. Така, човековата душа беше станала плен на бесмислата, произлезена од оддалечувањето од единствената Смисла, од вистинскиот и неисцрпен Извор на животот – Творецот и Седржителот на сето видливо и невидливо создание.

И само Оној, Кој го дарува животот, можеше да го ослободи човекот од ропството на гревот и да му го покаже излезот од власта на смртта. Затоа Бог ја прими на Себе човековата природа, неразделно соединета со Божјата. Тој дојде во светот како Богочовек, и Се даде Себеси, умирајќи за нашите гревови, и со Својот спасоносен подвиг и со Своето воскресение, на човекот му го осветли патот кон полнотата на животот, дарувајќи му ја единствената вистинска слобода. Воскреснатиот Син Божји ја извојува победата за сиот човеков род, како победа на светлината над темнината, на вистината над лагата, на правдата над неправдата и на животот над смртта!

Христовиот живоносен гроб се покажа како извор и за нашето воскресение. Тој неповторлив настан е најава и потврда за сеопштото воскресение, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господа Исуса и нас ќе нè воскресне. Со тој настан секому му е дадена можност во своето срце да Го всели Христа, па, преку Него и со Него, да биде достоен учесник во вечниот живот. Така, Бог, како наш Создател, ја положил во нас вечноста, до која можеме да стигнеме само преку Христа, и тоа уште овде – на Земјава. Ако Го возљубиме Бога и ги љубиме луѓето, преку исполнување на евангелските пораки, тогаш ќе бидеме подготвени за сеопштото воскресение.

Возљубени чеда во Господа,

Силата на воскреснатиот Христос се покажува низ сите поколенија, пројавувајќи се во многубројните осветени христијански души, во секое време и на секое место. Апостолите ја раширија благата вест за Христовото воскресение на сите страни од светот; многубројните маченици, заради верата во Христа Бога, ја сведочеа едната и иста Христова вистина; преподобните и богоносни отци, со помош на оваа непобедлива сила, ги победија сите противници на правдата. Затоа, многубројните светители треба да ни бидат светол пример што треба да го следиме, за да достигнеме богоугоден живот. А и ние, како христољубив народ, по целата македонска земја, имаме богато наследство од многубројни знајни и незнајни Божји угодници, кои можат и треба да ни бидат образец во животот.

Добродетелите коишто извираат од Божјата наука се секогаш исти. Но, за да ги постигнеме и усвоиме во животот, неопходни ни се: покајанието, преумувањето и преобразувањето, односно нужно е катадневно да стануваме подобри и подобродетелни. Токму доброто, правдата, незлобливоста и љубовта го сочинуваат вистинскиот живот. Затоа, човекот треба постојано да се усовршува, бидувајќи притоа поткрепен и охрабрен од вечниот живот и од светлината на воскресението. Тоа, пак, ќе влијае во сите области на човековото живеење, па на тој начин и семејството ќе се зацврстува и општеството ќе напредува.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Во ова време кога засилено се поддржуваат и се шират овоземни, минливи и распадливи вредности, ние, како православен народ, да се придржуваме до евангелските пораки, не заборавајќи дека Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови. Да веруваме во секој Христов збор, зашто небото и земјата ќе минат, но зборовите Негови нема да поминат. Така, соединети во Неговото име, да се трудиме да живееме согласно со богатото предание на нашите предци, сведочејќи за Него преку празнувањето на триумфот на животот над смртта. Па, да се чуваме од меѓусебни поделби, коишто водат до нарушување на нашето сенародно единство, и да не забораваме: нашиот македонски народ низ вековите се одржал затоа што за свој темел Го имал Христа Бога и Неговите вечни вредности, а за своја мајка ја имал Црквата.

Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство.

Нашата радост, веруваме, ја споделуваат и светиот апостол Павле, кој прв го посеа евангелското слово по македонската земја, како и славниот цар Јустинијан, во чие време се основа на нашиве простори помесната Црква ‒ Јустинијана Прва. Со нас се радуваат и светите солунски браќа Кирил и Методиј, кои пред 1160 години ја започнаа својата мисија во Моравија, а во оваа година се навршуваат и 1130 години од ракополагањето на свети Климент Охридски во епископски чин. Исто така, годинава ќе одбележиме и 120 години од славното македонско востание на Илинден во 1903 година.

Спомнувајќи си за овие свети и светли личности и годишнини, во текот на оваа година ќе им оддадеме заслужна благодарност за нивниот труд, за застапништвото и за жртвувањата кои ги подарија на нашиот народ и на нашата Црква. Годинава ќе одбележиме и 60 години од осветувањето на првиот македонски храм во САД ‒ „Свети апостоли Петар и Павле“ во Гери, Индијана, храм кој имаше рамноапостолска мисија и беше предводник во духовната грижа за македонските доселеници на Северноамериканскиот Континент.

Честитајќи го Велигден, најрадосниот христијански празник, на сите чеда на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и насекаде по светот, молитвено им посакуваме силата на Христовото воскресение да дејствува во сите нас, па од сето срце и од сета душа, заедно со сите наши православни браќа и сестри, да му објавиме на сиот свет: Христос воскресе!

† СТЕФАН,

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква

– Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и

администратор Австралиско-новозеландски

† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и

администратор Австралиско-сиднејски

† НАУМ, Митрополит Струмички

† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски

† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски

† ПИМЕН, Митрополит Европски

† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички

† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски

† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

The post Г.г. Стефан: Овој Велигден го славиме во канонско единство, да се чуваме од поделби и да бидеме духовно и национално обединети appeared first on Република.

]]>

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE! Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. Возљубени празникољупци, Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! Оти, ако Христос не воскреснеше, напразна ќе беше нашата проповед и празна ќе беше нашата вера! Но Тој навистина воскресна и со тоа на човековиот род засекогаш му го покажа патот кон вечноста. И само Христовата жртва можеше да ни го дари Царството небесно! Имено, пред доаѓањето, страдањето и Воскресението на Господа, човековиот род беше неутешно заробен во оковите на смртта. Таа, како најсуров противник, ја држеше човековата природа лишена од надежта за вечен живот. Тиранијата на смртта, како последица на прародителската непослушност кон Бога, земаше силен замав преку ширењето на себељубието, неправдата и лагата, односно преку сите гревовни страсти што го осакатуваат човековото битие. Кога гревот, кој е беззаконие, ќе ја зароби душата, тогаш различните негови пројави стануваат цел на животот. И така, со страв од смртта, без надеж за нејзино надминување, човековиот род беше заробен во темнината на сите зла. Па, при неможноста да Го спознаат единствениот и вистински Создател, луѓето ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Создателот. Така, човековата душа беше станала плен на бесмислата, произлезена од оддалечувањето од единствената Смисла, од вистинскиот и неисцрпен Извор на животот – Творецот и Седржителот на сето видливо и невидливо создание. И само Оној, Кој го дарува животот, можеше да го ослободи човекот од ропството на гревот и да му го покаже излезот од власта на смртта. Затоа Бог ја прими на Себе човековата природа, неразделно соединета со Божјата. Тој дојде во светот како Богочовек, и Се даде Себеси, умирајќи за нашите гревови, и со Својот спасоносен подвиг и со Своето воскресение, на човекот му го осветли патот кон полнотата на животот, дарувајќи му ја единствената вистинска слобода. Воскреснатиот Син Божји ја извојува победата за сиот човеков род, како победа на светлината над темнината, на вистината над лагата, на правдата над неправдата и на животот над смртта! Христовиот живоносен гроб се покажа како извор и за нашето воскресение. Тој неповторлив настан е најава и потврда за сеопштото воскресение, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господа Исуса и нас ќе нè воскресне. Со тој настан секому му е дадена можност во своето срце да Го всели Христа, па, преку Него и со Него, да биде достоен учесник во вечниот живот. Така, Бог, како наш Создател, ја положил во нас вечноста, до која можеме да стигнеме само преку Христа, и тоа уште овде – на Земјава. Ако Го возљубиме Бога и ги љубиме луѓето, преку исполнување на евангелските пораки, тогаш ќе бидеме подготвени за сеопштото воскресение. Возљубени чеда во Господа, Силата на воскреснатиот Христос се покажува низ сите поколенија, пројавувајќи се во многубројните осветени христијански души, во секое време и на секое место. Апостолите ја раширија благата вест за Христовото воскресение на сите страни од светот; многубројните маченици, заради верата во Христа Бога, ја сведочеа едната и иста Христова вистина; преподобните и богоносни отци, со помош на оваа непобедлива сила, ги победија сите противници на правдата. Затоа, многубројните светители треба да ни бидат светол пример што треба да го следиме, за да достигнеме богоугоден живот. А и ние, како христољубив народ, по целата македонска земја, имаме богато наследство од многубројни знајни и незнајни Божји угодници, кои можат и треба да ни бидат образец во животот. Добродетелите коишто извираат од Божјата наука се секогаш исти. Но, за да ги постигнеме и усвоиме во животот, неопходни ни се: покајанието, преумувањето и преобразувањето, односно нужно е катадневно да стануваме подобри и подобродетелни. Токму доброто, правдата, незлобливоста и љубовта го сочинуваат вистинскиот живот. Затоа, човекот треба постојано да се усовршува, бидувајќи притоа поткрепен и охрабрен од вечниот живот и од светлината на воскресението. Тоа, пак, ќе влијае во сите области на човековото живеење, па на тој начин и семејството ќе се зацврстува и општеството ќе напредува. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Во ова време кога засилено се поддржуваат и се шират овоземни, минливи и распадливи вредности, ние, како православен народ, да се придржуваме до евангелските пораки, не заборавајќи дека Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови. Да веруваме во секој Христов збор, зашто небото и земјата ќе минат, но зборовите Негови нема да поминат. Така, соединети во Неговото име, да се трудиме да живееме согласно со богатото предание на нашите предци, сведочејќи за Него преку празнувањето на триумфот на животот над смртта. Па, да се чуваме од меѓусебни поделби, коишто водат до нарушување на нашето сенародно единство, и да не забораваме: нашиот македонски народ низ вековите се одржал затоа што за свој темел Го имал Христа Бога и Неговите вечни вредности, а за своја мајка ја имал Црквата. Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство. Нашата радост, веруваме, ја споделуваат и светиот апостол Павле, кој прв го посеа евангелското слово по македонската земја, како и славниот цар Јустинијан, во чие време се основа на нашиве простори помесната Црква ‒ Јустинијана Прва. Со нас се радуваат и светите солунски браќа Кирил и Методиј, кои пред 1160 години ја започнаа својата мисија во Моравија, а во оваа година се навршуваат и 1130 години од ракополагањето на свети Климент Охридски во епископски чин. Исто така, годинава ќе одбележиме и 120 години од славното македонско востание на Илинден во 1903 година. Спомнувајќи си за овие свети и светли личности и годишнини, во текот на оваа година ќе им оддадеме заслужна благодарност за нивниот труд, за застапништвото и за жртвувањата кои ги подарија на нашиот народ и на нашата Црква. Годинава ќе одбележиме и 60 години од осветувањето на првиот македонски храм во САД ‒ „Свети апостоли Петар и Павле“ во Гери, Индијана, храм кој имаше рамноапостолска мисија и беше предводник во духовната грижа за македонските доселеници на Северноамериканскиот Континент. Честитајќи го Велигден, најрадосниот христијански празник, на сите чеда на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и насекаде по светот, молитвено им посакуваме силата на Христовото воскресение да дејствува во сите нас, па од сето срце и од сета душа, заедно со сите наши православни браќа и сестри, да му објавиме на сиот свет: Христос воскресе! † СТЕФАН, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ заедно со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија † ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски † ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

The post Г.г. Стефан: Овој Велигден го славиме во канонско единство, да се чуваме од поделби и да бидеме духовно и национално обединети appeared first on Република.

]]>
Потврдено: Ќе има заедничка богослужба на г.г Стефан и Вартоломеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeno-kje-ima-zaednichka-bogosluzba-na-g-g-stefan-i-vartolomej/ Mon, 16 May 2022 10:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=502854

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија не добила покана и не планира одржување заедничка света архиерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ, што започна вчера во Сремски Карловци, а чиј работен дел во наредниве седум дена продолжува во Белград.

Српските медиуми викендов шпекулираа дека СПЦ планира да „признае единство“ со МПЦ-ОА на крајот на овогодишниот црковен Собор, по што великодостојниците на двете цркви заедно би отслужиле света архиерејска литургија што би претставувало знак на „помирување и обнова на единството“.

Извори на МИА во МПЦ-ОА, посочуваат дека во претходниот период било разговарано за таква можност, но дека сега, по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај за признавање на МПЦ-ОА за канонска црква, работите се променети и дека не се планира одржување на заедничка богослужба со српските црковни великодостојници.

Во однос на информациите дека на 5 јуни на празникот Педесетница или Света Тројца најверојатно во Истанбул, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски Стефан ќе одржи прва заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј,  изворите на МИА од нашата Црква посочуваат дека се планира таква богослужба, но дека засега ништо не е прецизирано.

Претходно, во врска со ваквата најава, портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во изјава за Пресинг ТВ, само кусо одговори дека „ниту ја потврдува, ниту ја демантира ваквата информација“.

The post Потврдено: Ќе има заедничка богослужба на г.г Стефан и Вартоломеј appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија не добила покана и не планира одржување заедничка света архиерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ, што започна вчера во Сремски Карловци, а чиј работен дел во наредниве седум дена продолжува во Белград. Српските медиуми викендов шпекулираа дека СПЦ планира да „признае единство“ со МПЦ-ОА на крајот на овогодишниот црковен Собор, по што великодостојниците на двете цркви заедно би отслужиле света архиерејска литургија што би претставувало знак на „помирување и обнова на единството“. Извори на МИА во МПЦ-ОА, посочуваат дека во претходниот период било разговарано за таква можност, но дека сега, по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај за признавање на МПЦ-ОА за канонска црква, работите се променети и дека не се планира одржување на заедничка богослужба со српските црковни великодостојници. Во однос на информациите дека на 5 јуни на празникот Педесетница или Света Тројца најверојатно во Истанбул, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски Стефан ќе одржи прва заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј,  изворите на МИА од нашата Црква посочуваат дека се планира таква богослужба, но дека засега ништо не е прецизирано. Претходно, во врска со ваквата најава, портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во изјава за Пресинг ТВ, само кусо одговори дека „ниту ја потврдува, ниту ја демантира ваквата информација“.

The post Потврдено: Ќе има заедничка богослужба на г.г Стефан и Вартоломеј appeared first on Република.

]]>