стефан јанев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefan-janev/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Oct 2022 15:37:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стефан јанев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefan-janev/ 32 32 Јанев: Подготвен сум за преговори со сите партии за формирање влада на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/janev-podgotven-sum-za-pregovori-so-site-partii-za-formiranje-vlada-na-bugarija/ Mon, 03 Oct 2022 15:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=556930

Лидерот на новата партија во новоизбраното Народно собрание – „Бугарски подем“ и поранешен вршител на должноста премиер Стефан Јанев за Нова ТВ коментира дека во овој распарчен парламент со седум партии треба да се бара асиметрично решение, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Јанев, ваквото решение би можело да биде создавање на „супермалцинска“ влада. Оваа влада би била составена од мали партии поддржани од останатите парламентарни партии со коалициски договор, кои не учествуваат директно во неа, туку ја поддржуваат во Народното собрание.

Се е можно, изјави Јанев.

„Бугарски подем“ може да прифати секаков вид коалиција што е во интерес на бугарските граѓани и се заснова на приоритети и јасни правила и односи, додаде Јанев. Вака тој одговори на прашање дали ќе коалицира со ГЕРБ.

Јанев првпат го употребил зборот војна во врска со руската инвазија на Украина. Поради неподготвеноста да ја нарече руската инвазија на Украина на 24 февруари, поранешниот премиер Кирил Петков, беше принуден да го разреши Јанев од функцијата министер за одбрана и да го замени со бугарскиот амбасадор во НАТО, Драгомир Заков. Јанев рече дека бидејќи имало мобилизација во Украина, тогаш имало војна и во Украина.

The post Јанев: Подготвен сум за преговори со сите партии за формирање влада на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на новата партија во новоизбраното Народно собрание – „Бугарски подем“ и поранешен вршител на должноста премиер Стефан Јанев за Нова ТВ коментира дека во овој распарчен парламент со седум партии треба да се бара асиметрично решение, јави дописникот на МИА од Софија. Според Јанев, ваквото решение би можело да биде создавање на „супермалцинска“ влада. Оваа влада би била составена од мали партии поддржани од останатите парламентарни партии со коалициски договор, кои не учествуваат директно во неа, туку ја поддржуваат во Народното собрание.
Се е можно, изјави Јанев.
„Бугарски подем“ може да прифати секаков вид коалиција што е во интерес на бугарските граѓани и се заснова на приоритети и јасни правила и односи, додаде Јанев. Вака тој одговори на прашање дали ќе коалицира со ГЕРБ. Јанев првпат го употребил зборот војна во врска со руската инвазија на Украина. Поради неподготвеноста да ја нарече руската инвазија на Украина на 24 февруари, поранешниот премиер Кирил Петков, беше принуден да го разреши Јанев од функцијата министер за одбрана и да го замени со бугарскиот амбасадор во НАТО, Драгомир Заков. Јанев рече дека бидејќи имало мобилизација во Украина, тогаш имало војна и во Украина.

The post Јанев: Подготвен сум за преговори со сите партии за формирање влада на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Петков добива конкуренција, поранешниот премиер Јанев формира партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-dobiva-konkurencija-poraneshniot-premier-janev-formira-partija/ Thu, 05 May 2022 13:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=498070

Поранешниот технички премиер на Бугарија и разрешен министер за одбрана од владата на Кирил Петков, Стефан Јанев, формира нова партија на бугарската политичка сцена.

Новата партија ќе го носи името Бугарски подем, а Јанев денеска свика и седница на Иницијативниот комитет на партијата.

Според неговата изјава, новиот политички субјект го формира со оглед дека постои јаз помеѓу партии и општеството, а на денешната седница на Иницијативниот комитет тој побара предвремени парламентарни избори во Бугарија и изрази уверување дека партијата ќе влезе во идниот состав на бугарскиот парламент.

„Денеска означуваме нов почеток, кој се надевам дека ќе биде нов почеток и за бугарската политика. Демонстрација како треба да работи секоја политичка партија. Оваа партија ќе биде блиска до народот, ќе работи за народот и ќе има близок контакт со граѓанското општество“,

рече Јанев.

На брифинг со новинарите тој категорично отфрлил каква било поврзаност на неговата партија со претседателот на Бугарија, Румен Радев, и порачал дека Бугарски подем е апсолутно независен партиски идентитет што ќе се бори за довербата на граѓаните.

„Ако го поврзувате претседателот со создавањето на партијата, тоа значи дека асоцирате на некакви сценарија во кои претседателот сака да влијае на политичкиот процес без да сноси одговорност. Мислам дека тој тоа не го сака и нема да го направи“,

рече Јанев.

Јанев лани во беше на чело на двете технички влади во Бугарија што се формираа откако по два изборни циклуси во 2021 година ниту една партија не успеа да формира влада. Тој беше назначен за технички премиер токму од претседателот Радев.

Откако по третите парламентарни избори во ноември лани Бугарија конечно формира политичка влада од четири коалициски партнери на чело со премиерот Кирил Петков, Јанев беше назначен за министер за одбрана.

Меѓутоа на оваа функција се задржа само неколку месеци бидејќи си ја разниша позицијата со тоа што одби да ја нарече „војна“ руската инвазија врз Украина. Објаснувајќи го одбивањето да го употреби зборот „војна“, тој уште повеќе се заплетка велејќи дека го кажува истото што и рускиот претседател Владимир Путин.

„Не го употребив зборот војна туку се повикав на она што го кажа Путин и се осврнав на фактот дека употребата на зборот војна мора да биде многу специфична и одговорна“,

рече Јанев во емисијата „Панорама“ на БНТ.

Поради ова, премиерот Петков веднаш го повика да си даде оставка од функцијата министер за одбрана, а потоа побара и разрешување.

Јанев беше сменет, а на неговото разрешување се спротивстави претседателот Радев, кој рече дека не е во ред да се менува министер за одбрана во ек на воена криза во близина и дека при избор на министер мнозинството треба да се води компетентноста и способноста на личноста да го брани бугарскиот интерес.

The post Петков добива конкуренција, поранешниот премиер Јанев формира партија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот технички премиер на Бугарија и разрешен министер за одбрана од владата на Кирил Петков, Стефан Јанев, формира нова партија на бугарската политичка сцена. Новата партија ќе го носи името Бугарски подем, а Јанев денеска свика и седница на Иницијативниот комитет на партијата.
Според неговата изјава, новиот политички субјект го формира со оглед дека постои јаз помеѓу партии и општеството, а на денешната седница на Иницијативниот комитет тој побара предвремени парламентарни избори во Бугарија и изрази уверување дека партијата ќе влезе во идниот состав на бугарскиот парламент.
„Денеска означуваме нов почеток, кој се надевам дека ќе биде нов почеток и за бугарската политика. Демонстрација како треба да работи секоја политичка партија. Оваа партија ќе биде блиска до народот, ќе работи за народот и ќе има близок контакт со граѓанското општество“, рече Јанев.
На брифинг со новинарите тој категорично отфрлил каква било поврзаност на неговата партија со претседателот на Бугарија, Румен Радев, и порачал дека Бугарски подем е апсолутно независен партиски идентитет што ќе се бори за довербата на граѓаните.
„Ако го поврзувате претседателот со создавањето на партијата, тоа значи дека асоцирате на некакви сценарија во кои претседателот сака да влијае на политичкиот процес без да сноси одговорност. Мислам дека тој тоа не го сака и нема да го направи“, рече Јанев.
Јанев лани во беше на чело на двете технички влади во Бугарија што се формираа откако по два изборни циклуси во 2021 година ниту една партија не успеа да формира влада. Тој беше назначен за технички премиер токму од претседателот Радев. Откако по третите парламентарни избори во ноември лани Бугарија конечно формира политичка влада од четири коалициски партнери на чело со премиерот Кирил Петков, Јанев беше назначен за министер за одбрана. Меѓутоа на оваа функција се задржа само неколку месеци бидејќи си ја разниша позицијата со тоа што одби да ја нарече „војна“ руската инвазија врз Украина. Објаснувајќи го одбивањето да го употреби зборот „војна“, тој уште повеќе се заплетка велејќи дека го кажува истото што и рускиот претседател Владимир Путин.
„Не го употребив зборот војна туку се повикав на она што го кажа Путин и се осврнав на фактот дека употребата на зборот војна мора да биде многу специфична и одговорна“, рече Јанев во емисијата „Панорама“ на БНТ.
Поради ова, премиерот Петков веднаш го повика да си даде оставка од функцијата министер за одбрана, а потоа побара и разрешување. Јанев беше сменет, а на неговото разрешување се спротивстави претседателот Радев, кој рече дека не е во ред да се менува министер за одбрана во ек на воена криза во близина и дека при избор на министер мнозинството треба да се води компетентноста и способноста на личноста да го брани бугарскиот интерес.

The post Петков добива конкуренција, поранешниот премиер Јанев формира партија appeared first on Република.

]]>
Петков ќе го разреши Јанев, зашто на Фејсбук наместо „војна“, пишал „операција“ во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-kje-go-razreshi-janev-zashto-na-fejsbuk-namesto-vojna-pishal-operacija-vo-ukraina/ Mon, 28 Feb 2022 10:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=465110

На вонреден состанок на бугарската влада ќе се разговара за разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев. Се очекува оставката на Јанев да биде изгласана на вонредна седница на Националното собрание во вторник. Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков во вонредна изјава на Советот на министри, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот премиер изјави дека ниту еден министер нема право на своја политика, особено на Фејсбук, посочувајќи го неговото несогласување со ставот на Јанев да не го користи зборот „војна“ за руските напади врз Украина.

Разрешувањето следува откако Јанев на социјалната мрежа Фејсбук, коментирајќи ја инвазијата на Русија над Украина, напишал дека на 200 километри од Бугарија се одвива „операција“. Тоа не било во склад со проевроспката политика на Бугарија.

Стефан Јанев доцна синоќа преку објава на Фејсбук напиша дека ќе биде сменет од функцијата: „Не очекувајте да поднесам оставка во оваа геополитичка ситуација, моите обврски како министер за одбрана не го наложуваат тоа. Доколку оставката е само прашање на процедура, сметам на коалициските „партнери“ и на политичката сила што наводно ме поддржувала, да ги придвижат работите по соодветниот ред“.

The post Петков ќе го разреши Јанев, зашто на Фејсбук наместо „војна“, пишал „операција“ во Украина appeared first on Република.

]]>

На вонреден состанок на бугарската влада ќе се разговара за разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев. Се очекува оставката на Јанев да биде изгласана на вонредна седница на Националното собрание во вторник. Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков во вонредна изјава на Советот на министри, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот премиер изјави дека ниту еден министер нема право на своја политика, особено на Фејсбук, посочувајќи го неговото несогласување со ставот на Јанев да не го користи зборот „војна“ за руските напади врз Украина. Разрешувањето следува откако Јанев на социјалната мрежа Фејсбук, коментирајќи ја инвазијата на Русија над Украина, напишал дека на 200 километри од Бугарија се одвива „операција“. Тоа не било во склад со проевроспката политика на Бугарија. Стефан Јанев доцна синоќа преку објава на Фејсбук напиша дека ќе биде сменет од функцијата: „Не очекувајте да поднесам оставка во оваа геополитичка ситуација, моите обврски како министер за одбрана не го наложуваат тоа. Доколку оставката е само прашање на процедура, сметам на коалициските „партнери“ и на политичката сила што наводно ме поддржувала, да ги придвижат работите по соодветниот ред“.

The post Петков ќе го разреши Јанев, зашто на Фејсбук наместо „војна“, пишал „операција“ во Украина appeared first on Република.

]]>