Стефан Хаџи Николов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefan-hadhi-nikolov/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 07:00:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стефан Хаџи Николов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefan-hadhi-nikolov/ 32 32 Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-stefan-hadhi-nikolov-vo-varna/ Thu, 29 Aug 2024 07:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=811025

Во галеријата Арт Маркони во Варна, Република Бугарија, денеска ќе биде отворена 90-та самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов.

На изложбата Хаџи-Николов ќе се претстави со 15 слики, масло на платно од циклусот “Приказни за виното”.

Ова е 14-та самостојна изложба на сликарот во Варна.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1984 година, а членува и во Словенската литературна и уметничка академија со седиште во Варна(Бугарија).

Во повеќе од 40 – годишното творештво Хаџи-Николов има одржано самостојни изложби во земјава и во странство низ културните центри како Белград, Софија, Истанбул, Лондон, Париз и други градови.

За неговата уметничка дејност е наградуван 17 пати, меѓу другото е добитник и на Државната награда „23 октомври“ (2015) за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста, Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи
остварувања во областа на сликарството за 2017 година, Награда за сликарство на изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ во 2018 година и во 2022 година Плакета за животно дело од здружението „Мост“ – Струмица.

The post Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна appeared first on Република.

]]>

Во галеријата Арт Маркони во Варна, Република Бугарија, денеска ќе биде отворена 90-та самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов. На изложбата Хаџи-Николов ќе се претстави со 15 слики, масло на платно од циклусот “Приказни за виното”. Ова е 14-та самостојна изложба на сликарот во Варна. Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1984 година, а членува и во Словенската литературна и уметничка академија со седиште во Варна(Бугарија). Во повеќе од 40 – годишното творештво Хаџи-Николов има одржано самостојни изложби во земјава и во странство низ културните центри како Белград, Софија, Истанбул, Лондон, Париз и други градови. За неговата уметничка дејност е наградуван 17 пати, меѓу другото е добитник и на Државната награда „23 октомври“ (2015) за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста, Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството за 2017 година, Награда за сликарство на изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ во 2018 година и во 2022 година Плакета за животно дело од здружението „Мост“ – Струмица.

The post Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна appeared first on Република.

]]>
Изложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-makedonskiot-slikar-stefan-hadhi-nikolov-vo-kriva-palanka/ Sun, 30 Jun 2024 07:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=791992

Во Локалната установа Градски музеј Крива Паланка е отворена самостојната изложба на Стефан Хаџи-Николов, прва во серијалот од  иницијативата на музејот за претставување на по еден учесник од Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, што се одржува во истоимениот манастриски комплекс.

Стефан Хаџи-Николов е долгогодишен  учесник на колонијата и член на организацискиот одбор, член  на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1984 година.

Директорот на Градскиот музеј Крива Паланка, Драган Величковски, на отворањето истакна дека ова е еден нов начин во соработка со меѓународната колонија и Општина Крива Паланка, колонијата и учесниците да се доближат до публиката и граѓаните, со оглед на тоа што творат во манастирскиот комплекс.

Ова е една нова праска што ја воведуваме и секоја година ќе правиме изложби и претставување на еден од учесниците,со цел за време на одржување на колонијата истовремено да има интеракција и да можат граѓаните да се запознаат одблиску со авторите, рече Величковски.

Авторот, Хаџи Николов рече дека задоволство му е што на покана на музејот и „Градот на културата“ со задоволство изложува, за првпат, во Крива Паланка иако десетина години е редовен гостин - учесник на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“.

Драго ми е што можам да се претставам пред моите колеги со моето творештво, а при размислување за тоа што да изложам овде, сепак одлучив за творештвото од последните 15 години, со акцент на она што е создадено во последните пет години. Сѐ уште имам креација и желба за творење, ќе продолжам да ја претставувам мојата уметност насекаде низ светот и уште еднаш, благодарам до општината за поканата, со порака до сите љубители на уметноста да ја посетат изложбата, рече Стефан Хаџи Николов.

Хаџи Николов досега има реализирано повеќе од 75 самостојни изложби и над 100 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои, највисоките државни награди: „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста и  „13-ти Ноември“ за долгогодишни високи остварувања во сликарството.

Ги има добиено и наградите „Климент Охридски“,  „Вангел Коџоман“,  „Константин Мазев“,  „Лазар Личеноски“, а особено се издвојува наградата „Златни феномени“, доделена од бугарската асоцијација „Феномени“ (АСФЕН), првиот Македонец кому му е доделена оваа награда, врачена на неговата изложба во софискиот центар „ЦУМ“ во  2002 година.

Изложбата на Стефан Хаџи-Николов е дел од програмата програма на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

The post Изложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Во Локалната установа Градски музеј Крива Паланка е отворена самостојната изложба на Стефан Хаџи-Николов, прва во серијалот од  иницијативата на музејот за претставување на по еден учесник од Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, што се одржува во истоимениот манастриски комплекс. Стефан Хаџи-Николов е долгогодишен  учесник на колонијата и член на организацискиот одбор, член  на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1984 година. Директорот на Градскиот музеј Крива Паланка, Драган Величковски, на отворањето истакна дека ова е еден нов начин во соработка со меѓународната колонија и Општина Крива Паланка, колонијата и учесниците да се доближат до публиката и граѓаните, со оглед на тоа што творат во манастирскиот комплекс.
Ова е една нова праска што ја воведуваме и секоја година ќе правиме изложби и претставување на еден од учесниците,со цел за време на одржување на колонијата истовремено да има интеракција и да можат граѓаните да се запознаат одблиску со авторите, рече Величковски.
Авторот, Хаџи Николов рече дека задоволство му е што на покана на музејот и „Градот на културата“ со задоволство изложува, за првпат, во Крива Паланка иако десетина години е редовен гостин - учесник на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“.
Драго ми е што можам да се претставам пред моите колеги со моето творештво, а при размислување за тоа што да изложам овде, сепак одлучив за творештвото од последните 15 години, со акцент на она што е создадено во последните пет години. Сѐ уште имам креација и желба за творење, ќе продолжам да ја претставувам мојата уметност насекаде низ светот и уште еднаш, благодарам до општината за поканата, со порака до сите љубители на уметноста да ја посетат изложбата, рече Стефан Хаџи Николов.
Хаџи Николов досега има реализирано повеќе од 75 самостојни изложби и над 100 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои, највисоките државни награди: „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста и  „13-ти Ноември“ за долгогодишни високи остварувања во сликарството. Ги има добиено и наградите „Климент Охридски“,  „Вангел Коџоман“,  „Константин Мазев“,  „Лазар Личеноски“, а особено се издвојува наградата „Златни феномени“, доделена од бугарската асоцијација „Феномени“ (АСФЕН), првиот Македонец кому му е доделена оваа награда, врачена на неговата изложба во софискиот центар „ЦУМ“ во  2002 година. Изложбата на Стефан Хаџи-Николов е дел од програмата програма на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

The post Изложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Изложба на дела од Стефан Хаџи Николов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-dela-od-stefan-hadhi-nikolov/ Sat, 29 Jun 2024 19:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=791972

Градски музеј Крива Паланка од оваа година ја започнува серијата изложби на уметнички дела чии автори се гости на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски”.

Вечерва со почеток во 20 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка, ќе биде отворена изложбата на одбрани дела од познатиот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов, долгогодишен учесник на Меѓународната ликовна колонија ” Св. Јоаким Осоговски” и член на организациониот одбор.

 

The post Изложба на дела од Стефан Хаџи Николов appeared first on Република.

]]>

Градски музеј Крива Паланка од оваа година ја започнува серијата изложби на уметнички дела чии автори се гости на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски”. Вечерва со почеток во 20 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка, ќе биде отворена изложбата на одбрани дела од познатиот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов, долгогодишен учесник на Меѓународната ликовна колонија ” Св. Јоаким Осоговски” и член на организациониот одбор.  

The post Изложба на дела од Стефан Хаџи Николов appeared first on Република.

]]>