Стефан Анчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefan-anchevski/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 20:04:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стефан Анчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefan-anchevski/ 32 32 Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложбата „Пресеци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-makedonskiot-kits-vo-zagreb-otvorena-izlozhbata-presetsi/ Mon, 14 Oct 2024 20:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=826818

Изложбата „Пресеци“ на македонските уметници, Стефан Анчевски и Марјан Стојановски, вечерва беше отворена во македонскиот културно-информативниот центар во Загреб.

Изложбата ги поврзува двајца уметници со разни автономни и своеобразни ликовни изрази, обединети преку линијата како главен двигател во композициската наративност.

Академскиот графичар Стефан Анчевски создава слободни отворени и шаховски композиции во кои е присутна хармонија по аналогија. Во одредени композиции преовладува спонтан пристап и употреба на бојата, каде доаѓа до израз нејзината вискозност и флуидност. Со разлевањето на бојата врз површината тој создава мрежи од испреплетени линии со разни големини кои се движат во спротивни насоки. Во шаховските композиции преовладува слободен ритам и спонтан редослед при распоредувањето на контрастните линии и форми (тенки и дебели, кратки и долги, светли и темни, мазни и рапави), притоа се создава динамичен дијалог и јасна синтеза. Неговата сликарска палета ја сочинуваат црната и белата боја, како и разни нијанси на сивата и кафеавата боја. Градација на боја е присутна во позадините на апстрактните и парадигматски композиции.

Динамичните контурни линии во слободните асоцијативни апстракции на академскиот скулптор и сликар Марјан Стојаноски, откриваат експресивен потег со брз и енергичен набој. Во неговите сликарски творби контрастната игра на линиите со различни карактерни обележја (нежни и груби, меки и цврсти, разиграни и крути) и акцентираните боени површини го предводат визуелниот наратив и семиотички дијалог, непосредно изразувајќи ја личната богата имагинативност и сензибилност. Со различни комбинации уметникот создава апстрактни композиции со асиметрична рамнотежа. Применувајќи цртачки и сликарски техники (јаглен и акрил), тој компонира драматични и синергични претстави исполнети со визуелни метафорични синтагми.

Стефан Анчевски е визуелен и мултимедијален уметник од Куманово. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тој учествувал на бројни групни изложби, претставувања во земјава и странство и реализирал девет самостојни изложби. Добитник е на бројни награди и е член на на ДЛУМ. Марјан Стојаноски уметник од Прилеп завршил ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ, добитник на награди, реализирал бројни самостојни и групни изложби. Вработен е во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ликовна дејност.

 

The post Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложбата „Пресеци“ appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Пресеци“ на македонските уметници, Стефан Анчевски и Марјан Стојановски, вечерва беше отворена во македонскиот културно-информативниот центар во Загреб. Изложбата ги поврзува двајца уметници со разни автономни и своеобразни ликовни изрази, обединети преку линијата како главен двигател во композициската наративност. Академскиот графичар Стефан Анчевски создава слободни отворени и шаховски композиции во кои е присутна хармонија по аналогија. Во одредени композиции преовладува спонтан пристап и употреба на бојата, каде доаѓа до израз нејзината вискозност и флуидност. Со разлевањето на бојата врз површината тој создава мрежи од испреплетени линии со разни големини кои се движат во спротивни насоки. Во шаховските композиции преовладува слободен ритам и спонтан редослед при распоредувањето на контрастните линии и форми (тенки и дебели, кратки и долги, светли и темни, мазни и рапави), притоа се создава динамичен дијалог и јасна синтеза. Неговата сликарска палета ја сочинуваат црната и белата боја, како и разни нијанси на сивата и кафеавата боја. Градација на боја е присутна во позадините на апстрактните и парадигматски композиции. Динамичните контурни линии во слободните асоцијативни апстракции на академскиот скулптор и сликар Марјан Стојаноски, откриваат експресивен потег со брз и енергичен набој. Во неговите сликарски творби контрастната игра на линиите со различни карактерни обележја (нежни и груби, меки и цврсти, разиграни и крути) и акцентираните боени површини го предводат визуелниот наратив и семиотички дијалог, непосредно изразувајќи ја личната богата имагинативност и сензибилност. Со различни комбинации уметникот создава апстрактни композиции со асиметрична рамнотежа. Применувајќи цртачки и сликарски техники (јаглен и акрил), тој компонира драматични и синергични претстави исполнети со визуелни метафорични синтагми. Стефан Анчевски е визуелен и мултимедијален уметник од Куманово. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тој учествувал на бројни групни изложби, претставувања во земјава и странство и реализирал девет самостојни изложби. Добитник е на бројни награди и е член на на ДЛУМ. Марјан Стојаноски уметник од Прилеп завршил ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ, добитник на награди, реализирал бројни самостојни и групни изложби. Вработен е во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ликовна дејност.  

The post Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложбата „Пресеци“ appeared first on Република.

]]>
Изложба „Врзино“ на Стефан Анчевски во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-vrzino-na-stefan-anchevski-vo-kumanovo/ Tue, 25 Jun 2024 08:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=790525

На 27 јуни, четврток, со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе биде отворена изложбата “Врзино“ од авторот Стефан Анчевски. Изложбата содржи триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација.

Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои осум самостојни изложби, учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово. Во 2014 г. и 2023 г. добитник е на прва награда „TrashForArt“ и прва награда „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 г. – COE – Национална галерија Мала Станица – Скопје.

За неговото творештво професорот Звонко Павличиќ ќе запише:

“…Вродената дарба на младиот сликар и графичар Стефан Анчевски ги прерасна неговите творечки стремежи за сопствено воздигнување и афирмација. По стекнатото ликовно образование, Анчевски систематски и внимателно ја одредува појдовната точка за своето творештво, каде што формира графички претстави, облици и симболи, вклучително и неговата духовна, мисловна и емоционална перцепција.

Карактеристично за неговиот начин на размислување како автор е тоа што тој настојува најважните уметнички елементи да ги спои во една хармонична целина со својот уметнички облик на комуникација и остварен визуелен и наративен израз, а со тоа постигнувајќи свој ликовен интегритет. Анчевски има тенденција да ги перципира елементите како подвижни линии, кои укажуваат на патеката по која се создаваат исклучителни оптички трикови – илузии.

Преку многу експерименти ги создал своите оригинални уметнички вредности и дошол до сознание дека главниот феномен на една слика е неговата визуелно – графичка комуникација. Сликарскиот простор не го гради според принципот на разбирање на нештата и гледиштата, туку со нанесување на повеќе слоеви боја, испрекинати потези, стремејќи да ја нагласи транспарентноста и еластичноста на бојата, каде што продира светлината што доаѓа од позадината на сликата.

Цртежот на неговите платна се појавува доследно, но не толку очигледно, понекогаш служи за истакнување на просторните димензии, а неколку пати линијата се претвора во навидум имагинарна слика. За да ги оствари и реализира своите креативни идеи, покрај класичната примена на боите, на основата на сликата уметникот користи непосредни решенија при изразување на површината, но со различни технолошки процедури (употреба на разни природни смоли и лепила, импрегнација на песок, битумен, силиконски и акрилни маси…), каде што се постигнува одредена обоеност, структура/текстура и каде што формите се повеќе или помалку зависни од материјалот што уметникот го користи во своето дело.

Сликарството како медиум му значи многу повеќе од само доследно пренесување на видлив феномен на сликовита основа, бидејќи се смета дека свесно ги исклучува оние детали кои не се клучни носители на неговата уметничка порака и дека, пред се, тој се потпира на суштината и есенцијата на виденото и доживеаното.

Изложбата ќе биде поставена до 10. 07. 2024 г.

 

The post Изложба „Врзино“ на Стефан Анчевски во Куманово appeared first on Република.

]]>

На 27 јуни, четврток, со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе биде отворена изложбата “Врзино“ од авторот Стефан Анчевски. Изложбата содржи триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација. Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои осум самостојни изложби, учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово. Во 2014 г. и 2023 г. добитник е на прва награда „TrashForArt“ и прва награда „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 г. – COE – Национална галерија Мала Станица – Скопје. За неговото творештво професорот Звонко Павличиќ ќе запише: “…Вродената дарба на младиот сликар и графичар Стефан Анчевски ги прерасна неговите творечки стремежи за сопствено воздигнување и афирмација. По стекнатото ликовно образование, Анчевски систематски и внимателно ја одредува појдовната точка за своето творештво, каде што формира графички претстави, облици и симболи, вклучително и неговата духовна, мисловна и емоционална перцепција. Карактеристично за неговиот начин на размислување како автор е тоа што тој настојува најважните уметнички елементи да ги спои во една хармонична целина со својот уметнички облик на комуникација и остварен визуелен и наративен израз, а со тоа постигнувајќи свој ликовен интегритет. Анчевски има тенденција да ги перципира елементите како подвижни линии, кои укажуваат на патеката по која се создаваат исклучителни оптички трикови – илузии. Преку многу експерименти ги создал своите оригинални уметнички вредности и дошол до сознание дека главниот феномен на една слика е неговата визуелно – графичка комуникација. Сликарскиот простор не го гради според принципот на разбирање на нештата и гледиштата, туку со нанесување на повеќе слоеви боја, испрекинати потези, стремејќи да ја нагласи транспарентноста и еластичноста на бојата, каде што продира светлината што доаѓа од позадината на сликата. Цртежот на неговите платна се појавува доследно, но не толку очигледно, понекогаш служи за истакнување на просторните димензии, а неколку пати линијата се претвора во навидум имагинарна слика. За да ги оствари и реализира своите креативни идеи, покрај класичната примена на боите, на основата на сликата уметникот користи непосредни решенија при изразување на површината, но со различни технолошки процедури (употреба на разни природни смоли и лепила, импрегнација на песок, битумен, силиконски и акрилни маси…), каде што се постигнува одредена обоеност, структура/текстура и каде што формите се повеќе или помалку зависни од материјалот што уметникот го користи во своето дело. Сликарството како медиум му значи многу повеќе од само доследно пренесување на видлив феномен на сликовита основа, бидејќи се смета дека свесно ги исклучува оние детали кои не се клучни носители на неговата уметничка порака и дека, пред се, тој се потпира на суштината и есенцијата на виденото и доживеаното. Изложбата ќе биде поставена до 10. 07. 2024 г.  

The post Изложба „Врзино“ на Стефан Анчевски во Куманово appeared first on Република.

]]>