статус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/status/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 13:21:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png статус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/status/ 32 32 Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-dali-znae-medhiti-kolku-spetsijalisti-na-klinichki-tsentar-majka-tereza-imaat-nereshen-status-zaradi-neazhurnost-na-menadherite/ Thu, 14 Dec 2023 13:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=722938

„До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа информации дека и во комплексот клиники Мајка Терза има готови специјалисти кои не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на јавните здравствени установи и Министерството за здравство.

Клиниката за детски болести е една од нив, каде иако има недостаток на повеќе специјалисти кои не можат да го добијат статусот како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму тие прашуваат:

Има ли Меџити информација за колку специјалисти со нерешен статус станува збор?

Во кои установи и од кои области?

Зошто иако има недостиг од специјалисти никој не се заложува да се реши ова прашање?

Дали и за овој проблем Меџити повторно ќе се жали од Министерството за финансии само со префрлување на одговорност, додека за него не е проблем да тера огласи за административен кадар во Министерството со кое раководи?

Го охрабруваме Меџити да се фати за работа и прво да се ангажира за решавање на статусот на готовите специјалисти, во исто време додека се фали за отворање нови специјалности во Тетово, иако не направил ништо за решавање на статусот на веќе постојните

Токму, негрижата за кадарот е нотирана и во Извештајот за здравство на Европската комисија, а на овој начин се демотивира кадарот.

Загрижува фактот дека ниту недостигот од повеќе специјалности на Детската клиника не е причина за надлежните да се заложат и да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар“, стои во постот на Фејсбук.

The post Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите? appeared first on Република.

]]>

„До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа информации дека и во комплексот клиники Мајка Терза има готови специјалисти кои не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на јавните здравствени установи и Министерството за здравство. Клиниката за детски болести е една од нив, каде иако има недостаток на повеќе специјалисти кои не можат да го добијат статусот како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Оттаму тие прашуваат: Има ли Меџити информација за колку специјалисти со нерешен статус станува збор? Во кои установи и од кои области? Зошто иако има недостиг од специјалисти никој не се заложува да се реши ова прашање? Дали и за овој проблем Меџити повторно ќе се жали од Министерството за финансии само со префрлување на одговорност, додека за него не е проблем да тера огласи за административен кадар во Министерството со кое раководи?
Го охрабруваме Меџити да се фати за работа и прво да се ангажира за решавање на статусот на готовите специјалисти, во исто време додека се фали за отворање нови специјалности во Тетово, иако не направил ништо за решавање на статусот на веќе постојните Токму, негрижата за кадарот е нотирана и во Извештајот за здравство на Европската комисија, а на овој начин се демотивира кадарот. Загрижува фактот дека ниту недостигот од повеќе специјалности на Детската клиника не е причина за надлежните да се заложат и да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар“, стои во постот на Фејсбук.

The post Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите? appeared first on Република.

]]>
Хагари: Статусот на Газа по војната ќе биде глобално прашање за кое ќе се разговара со други земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hagari-statusot-na-gaza-po-vojnata-ke-bide-globalno-prashane-za-koe-ke-se-razgovara-so-drugi-zemji/ Tue, 17 Oct 2023 11:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=692103

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека статусот на Појасот Газа по планираниот копнен напад на Израел врз палестинската енклава е „глобално прашање“ за кое ќе разговараат израелските политичари и други земји.

Разговаравме за сите видови сценарија за крај, рече контраадмиралот Хагари на брифингот на прашањето дали израелската војска планира да остане и да управува со Газа по копнената инвазија.

Кабинетот, додаде тој, исто така разговара како ова би можело да изгледа.

Како ќе изгледа ситуацијата во овој регион е исто така глобално прашање, изјави Хагари.

Израел подготвува копнен напад врз Појасот Газа кој е под контрола на Хамас како одговор на смртоносниот напад на терористичката група врз околните градови и кибуци во јужен Израел на 7 октомври.

Од нападот, израелските сили го извршија своето најтешко бомбардирање досега на блокираната и опколена енклава и собираат копнени трупи за напад.

The post Хагари: Статусот на Газа по војната ќе биде глобално прашање за кое ќе се разговара со други земји appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека статусот на Појасот Газа по планираниот копнен напад на Израел врз палестинската енклава е „глобално прашање“ за кое ќе разговараат израелските политичари и други земји. Разговаравме за сите видови сценарија за крај, рече контраадмиралот Хагари на брифингот на прашањето дали израелската војска планира да остане и да управува со Газа по копнената инвазија. Кабинетот, додаде тој, исто така разговара како ова би можело да изгледа. Како ќе изгледа ситуацијата во овој регион е исто така глобално прашање, изјави Хагари. Израел подготвува копнен напад врз Појасот Газа кој е под контрола на Хамас како одговор на смртоносниот напад на терористичката група врз околните градови и кибуци во јужен Израел на 7 октомври. Од нападот, израелските сили го извршија своето најтешко бомбардирање досега на блокираната и опколена енклава и собираат копнени трупи за напад.

The post Хагари: Статусот на Газа по војната ќе биде глобално прашање за кое ќе се разговара со други земји appeared first on Република.

]]>
Чулев: Нови лични документи и „Отворен Балкан“ во редица во која се чека и по неколку часови! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chulev-novi-lichni-dokumenti-i-otvoren-balkan-vo-reditsa-vo-koja-se-cheka-i-po-nekolku-chasovi/ Mon, 24 Jul 2023 08:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=664640

Нови лични документи и „Отворен Балкан“ во редица во која се чека и по неколку часови, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Наќе Чулев.

‼️ „Километарски колони на граничните премини Богородица и Табановце, граѓаните се задржуваат и по неколку часа“, „Новите биометриски документи треба да се заменат најдоцна со следната година, за закажување на личен документ се чека речиси два месеци“ вака секојдневно изгледаат првите и ударни вести во медиумите.

🌡️ На повеќе од 40 степени и екстремно жешко време, патниците кои патуваат кон Грција и Србија, заглавуваат и по неколку часа на граничните премини од македонска страна, а граѓаните кои треба да извадат нови документи, за закажување чекаат повеќе дури и по два месеци. Подигнувањето во просториите на управните служби трае и по неколку часа. Многу бирократија и непотребни административни процедури.

▶️ Гужвите, редиците, нервозата и создавањето метеж се само уште една потврда за нехуманиот однос кој Оливер Спасовски и раководството околу него го имаат кон граѓаните на Македонија, но и кон вработените во Министерството за внатрешни работи. Потребни се нови инвестиции и целосна реорганизација, како би се намалил притисокот врз вработените и би се овозможила подобра и поквалитетна услуга и со тоа и побрз проток и помалку нервози за граѓаните.

🔜 Идната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе инвестира во нова организација и децентрализација, подобра инфраструктура, поголем број и соодветно обучен кадар на граничните премини, управните служби и останатите служби во МВР кои директно работат со граѓаните.

✔️ За побрз проток на возила, најоптеретените гранични премини ќе се прошират со нови ленти, и во летниот период ќе се алоцира поголем обучен граничен персонал.

☑️ Управните служби целосно ќе се реорганизираат, дигитализираат и децентрализираат, при што дел од документите ќе се издаваат електронски со дигитален потпис. Дополнително, ќе се отворат многу нови станици за издавање лични документи по општините, во Скопје и внатрешноста, граѓаните шест месеци пред истекот на личниот документ со порака ќе бидат информирани за датумот кога тој истекува, а ќе има можност пасошите, личните карти и возачките дозволи да се доставуваат по службена пошта.

✅ Овозможувањето на подобра, поквалитетна и побрза услуга ќе бидат една од главните сегменти на кои ќе биде ставен фокусот за идниот развој на полицијата и Министерството за внатрешни работи. Квалитетни човечки ресурси за квалитетна услуга од која придобивките ќе ги имаат токму граѓаните, пишува Чулев.

The post Чулев: Нови лични документи и „Отворен Балкан“ во редица во која се чека и по неколку часови! appeared first on Република.

]]>

Нови лични документи и „Отворен Балкан“ во редица во која се чека и по неколку часови, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Наќе Чулев. ‼️ „Километарски колони на граничните премини Богородица и Табановце, граѓаните се задржуваат и по неколку часа“, „Новите биометриски документи треба да се заменат најдоцна со следната година, за закажување на личен документ се чека речиси два месеци“ вака секојдневно изгледаат првите и ударни вести во медиумите. 🌡️ На повеќе од 40 степени и екстремно жешко време, патниците кои патуваат кон Грција и Србија, заглавуваат и по неколку часа на граничните премини од македонска страна, а граѓаните кои треба да извадат нови документи, за закажување чекаат повеќе дури и по два месеци. Подигнувањето во просториите на управните служби трае и по неколку часа. Многу бирократија и непотребни административни процедури. ▶️ Гужвите, редиците, нервозата и создавањето метеж се само уште една потврда за нехуманиот однос кој Оливер Спасовски и раководството околу него го имаат кон граѓаните на Македонија, но и кон вработените во Министерството за внатрешни работи. Потребни се нови инвестиции и целосна реорганизација, како би се намалил притисокот врз вработените и би се овозможила подобра и поквалитетна услуга и со тоа и побрз проток и помалку нервози за граѓаните. 🔜 Идната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе инвестира во нова организација и децентрализација, подобра инфраструктура, поголем број и соодветно обучен кадар на граничните премини, управните служби и останатите служби во МВР кои директно работат со граѓаните. ✔️ За побрз проток на возила, најоптеретените гранични премини ќе се прошират со нови ленти, и во летниот период ќе се алоцира поголем обучен граничен персонал. ☑️ Управните служби целосно ќе се реорганизираат, дигитализираат и децентрализираат, при што дел од документите ќе се издаваат електронски со дигитален потпис. Дополнително, ќе се отворат многу нови станици за издавање лични документи по општините, во Скопје и внатрешноста, граѓаните шест месеци пред истекот на личниот документ со порака ќе бидат информирани за датумот кога тој истекува, а ќе има можност пасошите, личните карти и возачките дозволи да се доставуваат по службена пошта. ✅ Овозможувањето на подобра, поквалитетна и побрза услуга ќе бидат една од главните сегменти на кои ќе биде ставен фокусот за идниот развој на полицијата и Министерството за внатрешни работи. Квалитетни човечки ресурси за квалитетна услуга од која придобивките ќе ги имаат токму граѓаните, пишува Чулев.

The post Чулев: Нови лични документи и „Отворен Балкан“ во редица во која се чека и по неколку часови! appeared first on Република.

]]>
Груевски: Зад истрагата и осомничените за „Скопје 2014“ стојат исплашени политичари на чело со Зоран Заев, и треба да се исплашени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-zad-istragata-i-osomnichenite-za-skopje-2014-stojat-isplasheni-politichari-na-chelo-so-zoran-zaev-i-treba-da-se-isplasheni/ Fri, 30 Jun 2023 18:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=656989

Поранешниот премиер на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку својот официјален фејсбук профил го изрази своето мислење за предметот Скопје 2014 каде е осомничен. Во статусот Груевски вели дека зад постапката стојат политичари на чело со Заев.

Пред неколку дена како никогаш досега амбасадорот на Австрија излезе во јавноста со соопштение од кое произлегува дека луѓето од власта, а во прв ред Зоран Заев имаат контрола над праводудниот систем и го користат во своја полза, независно дали станува збор за бизнис или политичка полза, вели Грувески во својот статус.

Претходно иако со подипломатски вокабулар тоа го слушаме и од преставници на други држави, кои со крајно негативен вокабулар говорат за правосудниот систем односно за политичкото влијание на поединци од власта врз истиот.

Народот веќе оддамна си го кажа своето преку релевантни анкети на јавното мислење, неоспорено и потврдени дури и од власта од кои произлезе дека од можни 100, во обвинителството доверба имаат едвај 3%, а во судството едвај 4%.

Со обзир дека овој податок е од минатата година, а оттогаш се случија уште многу очевидни ситуации на злоупотреби и незаконитости на спрегата власт-правосудство, јасно е дека и тие 3% односно 4% веќе се многу помали, забрзано гравитирајки кон нула доверба во судството и обвинителството на Македонија.

Во меѓувреме поединци од власта енормно се богатат, на очиглед на сите граѓани, и со очигледен криминал, корупција и злоупотреби, за кои обинителството и не помислува да реагира, па аферите се редат во јавноста секојдневно и довербата во некои политичари секојдневно се намалува, но и се креираватмосфера која не е поволна за нив и која не им нуди комотна иднина.
Па така, кога тоа ќе дојде до точка на зовривање во јавноста, како што е последното писмо на амбасадорот на Австрија кое сигурно не е објавено без согласност на владата на Австрија, тогаш се смислува начин да се одвлече вниманието од сето тоа и да се пренасочи кон политичките не истомисленици, но и да се направи обид за намалување на довербата на јавноста кон нив, поради страв, многу голем страв за нивната иднина. -додава Груевски.

Ова затоа што истражувањата на јавното мислење покажуваат дека не само што СДСМ забрзано тоне кон дното, не само што довербата во Заев е минорна и мнозинството граѓани со одвратност гледа на неговите постапки, туку паралелно се гледа дека целокупните напори за оцрнување на политичките противници со злоупотреба на правосудниот систем им пропаѓаат, бидејќи независно какви одлуки носат контролираните обвинители и судови, народот во овие 6-7 години со свои очи и уши гледа и слупа дека станува збор за огромен брзо ј лажни обвиненија, без докази, често и без некаков сведок или пак со уценети сведоци често преку заплашување или ставање во притвор на некој и давање до знаење дека нема да излезе од таму додека не даде изјава каква што тие имаат потреба за некого да го гонат, се разбира заради политички мотиви и негова политичка елиминација.

Едноставно контролираниот правосудниот систем на власта е претворен во инструмент и алатка за дефокусирање од криминалите на поединци од власта и за политичка елиминација на политичките неистомисленици, а во прв ред оние во кои народот има некаква доверба, пре се заради страв.

Така денеска обвинителството соопштило дека од 2016 година, односно 7 години води некаква истрага која не е им била завршена, а од наративот на обвинителот и нема најава дека брзо ќе заврши, а се однесува за дел од проектите на т.н. проект Скопје 2014 односно за 11 споменици и објавиле листа на осомничени, лица во кои се сомневаат, а за неколкумина дури побарале притвор, што во пракса за ова контролирано правосудство значи и дека ќе добијат мерка притвор.

Зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката, од неговата партија СДСМ, но и од други партии.

Токму заради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности.

Исплашените политичари имаат причина да бидат исплашени. Премногу зло направија и сеуште прават убедени дека така вечно ќе просперираат.
Нема!!!
Историјата го покажала тоа.
Тоа се природни закони.

Едно треба да знаат, дека какви и зло сега да прават скриени како глувци зад провосудниот систем кого го контролираат и зад партиите, нема да успеат и дека не треба нив друг да ги уништи, бидејќи самите ќе се уништат, како што веќе и го прават тоа, затоа што нечесните методи со кои работат ќе доведат до тоа.

Единствениот проблем е што додека самите себе да се уништат ќе ги загорчат и ги загорчуваат животот на многу невини луѓе и ќе направат и веќе прават и направија голема штета на Македонија.

Замислете со какво нелогично, недемократско, незаконско и глупаво образложение ги ставиле политичките опоненти на листата на осомничени.

Образложиле дека со својата политичка моќ и влијание влијаеле владата како колективен орган да предложи и парламентот со колективна одлука да донесе закон за Буџет, од кој произлегува законската можност подоцна со која со одлука на владата повторно како колективен орган, одредени парични средства да се дадат на располагање на општините за изградба на спомен обележја во општините.

Не постои држава во светот во која некој функционер кој предложил некоја идеја, зад која застанало мнозинството во парламентот и донело одлука, а потоа и владата, или како претседавач на седницата на владата потпишал одлука на владата која колективно и без исклучок ја прифатило таа одлука, да биде кривично гонет за злоупотреба на службена должност. Нема таква земја!

Во другите демократски земји тоа се нарекува креирање и спроведување на политики за кои на избори народот одлучува дали биле добри или не, а мнозинството народ во Македонија знаме како одлучи на сите парламентарни избори од 2006 година до 2016 година. Во сите мнозинството граѓани дадоа доверба на тие политики.

Понатаму кажуваат во завиена форма дека дел од осомничените подолу на листата наводно переле пари преку тоа, оставајќи впечаток, а особено со медиумските наслови на блиските до нив медиуми дека сите осомничени тоа го правеле.

Судејки по тоа како ме обвинуваа и судеа мене во други случаи, како што е предметот за плацеви и станови каде без елементарен доказ дека сум земал или дал, платил или ми платиле пари или имот, со двајца, не сведоци туку уценети обвинети кои долго ги држеа во притвор како форма на нечовечки притисок, кои по три пати ги менуваа изјавите во обвинителството и судот, ме прогласија за виновен, не исклучувам и верувам дека и ова нивно сомнение е со иста тежина на тие докази против тие луѓе кои ги сомничат за некаква проневера и перење на пари.

Исто така кажуваат дека некоја фирма од Италија која победила на тендер чии сопственици не ги познавам, дала некој споменик на подизведувач во Италија, кој за помали пари го изработил.
Се прашувам што има чудно и незаконски во тоа, кога знаеме дека речиси на секој тендер за патишта, згради, водоводи, канализации и што ли уште не, фирмата која победува користи подизведувачи, кои исто така за помали пари го завршуваат тоа. И тоа не е само во Македонија, туку во цела Европа и во цел свет. И не било само така порано, така е и сега и така ќе биде во иднина. Затоа што тоа е законски секаде и секогаш.

Но, очигледна е тендецијата проектот и политичката гарнитура од тоа време да се оцрнат, бидејќи досегашните 15 годишни напори им даваат многу малку плод, затоа што народот гледа и расудува со какви хохштаплери, криминалци, измамници и предавници си има работа, кои до вчера сакаа да ги рушат спомениците, Брисел шахти , ставаа нови натписи и што ли не.
Она што народот го знае е дека спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се “испере задникот” на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова, со цел да ги заташкаат криминалите на поединци од власта на која и се лојални и за која спроведуваат безброј политички прогони и со намера да им дозволат барем ден-два полесно да дишат на скриените преплашени политичари и “големи водачи” зад овој циркус, кој кога здраворазумниот народ ги слуша нивните небулозни изјави често се прашува: “на кои дроги се овие луѓе” и “дали е можно да се толку ниско интелегентни за да не сметаат нас народот за толку не интелегентни”?

П.С. Би сакал сега да ме погледнат во очи оние кои до вчера пуштаа лажни информации за некаков мој договор со власта и слични ниски лажни информации од исплашени политучари, стои во неговиот статус.

The post Груевски: Зад истрагата и осомничените за „Скопје 2014“ стојат исплашени политичари на чело со Зоран Заев, и треба да се исплашени appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку својот официјален фејсбук профил го изрази своето мислење за предметот Скопје 2014 каде е осомничен. Во статусот Груевски вели дека зад постапката стојат политичари на чело со Заев.
Пред неколку дена како никогаш досега амбасадорот на Австрија излезе во јавноста со соопштение од кое произлегува дека луѓето од власта, а во прв ред Зоран Заев имаат контрола над праводудниот систем и го користат во своја полза, независно дали станува збор за бизнис или политичка полза, вели Грувески во својот статус.
Претходно иако со подипломатски вокабулар тоа го слушаме и од преставници на други држави, кои со крајно негативен вокабулар говорат за правосудниот систем односно за политичкото влијание на поединци од власта врз истиот. Народот веќе оддамна си го кажа своето преку релевантни анкети на јавното мислење, неоспорено и потврдени дури и од власта од кои произлезе дека од можни 100, во обвинителството доверба имаат едвај 3%, а во судството едвај 4%. Со обзир дека овој податок е од минатата година, а оттогаш се случија уште многу очевидни ситуации на злоупотреби и незаконитости на спрегата власт-правосудство, јасно е дека и тие 3% односно 4% веќе се многу помали, забрзано гравитирајки кон нула доверба во судството и обвинителството на Македонија. Во меѓувреме поединци од власта енормно се богатат, на очиглед на сите граѓани, и со очигледен криминал, корупција и злоупотреби, за кои обинителството и не помислува да реагира, па аферите се редат во јавноста секојдневно и довербата во некои политичари секојдневно се намалува, но и се креираватмосфера која не е поволна за нив и која не им нуди комотна иднина. Па така, кога тоа ќе дојде до точка на зовривање во јавноста, како што е последното писмо на амбасадорот на Австрија кое сигурно не е објавено без согласност на владата на Австрија, тогаш се смислува начин да се одвлече вниманието од сето тоа и да се пренасочи кон политичките не истомисленици, но и да се направи обид за намалување на довербата на јавноста кон нив, поради страв, многу голем страв за нивната иднина. -додава Груевски.
Ова затоа што истражувањата на јавното мислење покажуваат дека не само што СДСМ забрзано тоне кон дното, не само што довербата во Заев е минорна и мнозинството граѓани со одвратност гледа на неговите постапки, туку паралелно се гледа дека целокупните напори за оцрнување на политичките противници со злоупотреба на правосудниот систем им пропаѓаат, бидејќи независно какви одлуки носат контролираните обвинители и судови, народот во овие 6-7 години со свои очи и уши гледа и слупа дека станува збор за огромен брзо ј лажни обвиненија, без докази, често и без некаков сведок или пак со уценети сведоци често преку заплашување или ставање во притвор на некој и давање до знаење дека нема да излезе од таму додека не даде изјава каква што тие имаат потреба за некого да го гонат, се разбира заради политички мотиви и негова политичка елиминација.
Едноставно контролираниот правосудниот систем на власта е претворен во инструмент и алатка за дефокусирање од криминалите на поединци од власта и за политичка елиминација на политичките неистомисленици, а во прв ред оние во кои народот има некаква доверба, пре се заради страв. Така денеска обвинителството соопштило дека од 2016 година, односно 7 години води некаква истрага која не е им била завршена, а од наративот на обвинителот и нема најава дека брзо ќе заврши, а се однесува за дел од проектите на т.н. проект Скопје 2014 односно за 11 споменици и објавиле листа на осомничени, лица во кои се сомневаат, а за неколкумина дури побарале притвор, што во пракса за ова контролирано правосудство значи и дека ќе добијат мерка притвор.
Зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката, од неговата партија СДСМ, но и од други партии.
Токму заради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности. Исплашените политичари имаат причина да бидат исплашени. Премногу зло направија и сеуште прават убедени дека така вечно ќе просперираат. Нема!!! Историјата го покажала тоа. Тоа се природни закони. Едно треба да знаат, дека какви и зло сега да прават скриени како глувци зад провосудниот систем кого го контролираат и зад партиите, нема да успеат и дека не треба нив друг да ги уништи, бидејќи самите ќе се уништат, како што веќе и го прават тоа, затоа што нечесните методи со кои работат ќе доведат до тоа. Единствениот проблем е што додека самите себе да се уништат ќе ги загорчат и ги загорчуваат животот на многу невини луѓе и ќе направат и веќе прават и направија голема штета на Македонија. Замислете со какво нелогично, недемократско, незаконско и глупаво образложение ги ставиле политичките опоненти на листата на осомничени. Образложиле дека со својата политичка моќ и влијание влијаеле владата како колективен орган да предложи и парламентот со колективна одлука да донесе закон за Буџет, од кој произлегува законската можност подоцна со која со одлука на владата повторно како колективен орган, одредени парични средства да се дадат на располагање на општините за изградба на спомен обележја во општините.
Не постои држава во светот во која некој функционер кој предложил некоја идеја, зад која застанало мнозинството во парламентот и донело одлука, а потоа и владата, или како претседавач на седницата на владата потпишал одлука на владата која колективно и без исклучок ја прифатило таа одлука, да биде кривично гонет за злоупотреба на службена должност. Нема таква земја!
Во другите демократски земји тоа се нарекува креирање и спроведување на политики за кои на избори народот одлучува дали биле добри или не, а мнозинството народ во Македонија знаме како одлучи на сите парламентарни избори од 2006 година до 2016 година. Во сите мнозинството граѓани дадоа доверба на тие политики. Понатаму кажуваат во завиена форма дека дел од осомничените подолу на листата наводно переле пари преку тоа, оставајќи впечаток, а особено со медиумските наслови на блиските до нив медиуми дека сите осомничени тоа го правеле. Судејки по тоа како ме обвинуваа и судеа мене во други случаи, како што е предметот за плацеви и станови каде без елементарен доказ дека сум земал или дал, платил или ми платиле пари или имот, со двајца, не сведоци туку уценети обвинети кои долго ги држеа во притвор како форма на нечовечки притисок, кои по три пати ги менуваа изјавите во обвинителството и судот, ме прогласија за виновен, не исклучувам и верувам дека и ова нивно сомнение е со иста тежина на тие докази против тие луѓе кои ги сомничат за некаква проневера и перење на пари. Исто така кажуваат дека некоја фирма од Италија која победила на тендер чии сопственици не ги познавам, дала некој споменик на подизведувач во Италија, кој за помали пари го изработил. Се прашувам што има чудно и незаконски во тоа, кога знаеме дека речиси на секој тендер за патишта, згради, водоводи, канализации и што ли уште не, фирмата која победува користи подизведувачи, кои исто така за помали пари го завршуваат тоа. И тоа не е само во Македонија, туку во цела Европа и во цел свет. И не било само така порано, така е и сега и така ќе биде во иднина. Затоа што тоа е законски секаде и секогаш. Но, очигледна е тендецијата проектот и политичката гарнитура од тоа време да се оцрнат, бидејќи досегашните 15 годишни напори им даваат многу малку плод, затоа што народот гледа и расудува со какви хохштаплери, криминалци, измамници и предавници си има работа, кои до вчера сакаа да ги рушат спомениците, Брисел шахти , ставаа нови натписи и што ли не. Она што народот го знае е дека спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се “испере задникот” на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова, со цел да ги заташкаат криминалите на поединци од власта на која и се лојални и за која спроведуваат безброј политички прогони и со намера да им дозволат барем ден-два полесно да дишат на скриените преплашени политичари и “големи водачи” зад овој циркус, кој кога здраворазумниот народ ги слуша нивните небулозни изјави често се прашува: “на кои дроги се овие луѓе” и “дали е можно да се толку ниско интелегентни за да не сметаат нас народот за толку не интелегентни”?
П.С. Би сакал сега да ме погледнат во очи оние кои до вчера пуштаа лажни информации за некаков мој договор со власта и слични ниски лажни информации од исплашени политучари, стои во неговиот статус.

The post Груевски: Зад истрагата и осомничените за „Скопје 2014“ стојат исплашени политичари на чело со Зоран Заев, и треба да се исплашени appeared first on Република.

]]>
По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/po-180-godini-gibraltar-oficijalno-dobi-status-na-grad/ Mon, 29 Aug 2022 07:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=545109

По 180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град.

Британската прекуморска територија аплицираше за статус на град претходно оваа година во рамки на платинестиот јубилеј на кралицата, но кога истражувачите го разгледаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 година, јави Би-Би-Си.

Статусот на Гибралтар како град е практично повторно потврден, што британскиот премиер Борис Џонсон го опиша како „огромен комплимент“ кој ја слави „богатата историја и динамика“ на ова место.

 

The post По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град appeared first on Република.

]]>

По 180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град. Британската прекуморска територија аплицираше за статус на град претходно оваа година во рамки на платинестиот јубилеј на кралицата, но кога истражувачите го разгледаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 година, јави Би-Би-Си. Статусот на Гибралтар како град е практично повторно потврден, што британскиот премиер Борис Џонсон го опиша како „огромен комплимент“ кој ја слави „богатата историја и динамика“ на ова место.  

The post По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Статус вреден 9.384 евра! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-status-vreden-9-384-evra/ Wed, 01 Jun 2022 17:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=509880

Статус вреден 9.384 евра!
Темелко од Министерството за одбрана!, пишува на својот профил на Фејсбук портаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој побара ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески.

Стоилковски денеска презентираше документ, за којшто рече дека е официјален извештај од проф. д-р Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 2.1.2020 година, помеѓу него и Министерството за одбрана.

Тој, како што наведува во Извештајот, напишал и 10 објави на Фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук-профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ, додаде Стоилковски.

Извештајот, заедно со признанието од Ристески, според Стоилковски е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него и против неговите претпоставени во Министерството за одбрана, но и против владата на Димитар Ковачевски, која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.

 

The post Стоилковски: Статус вреден 9.384 евра! appeared first on Република.

]]>

Статус вреден 9.384 евра! Темелко од Министерството за одбрана!, пишува на својот профил на Фејсбук портаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој побара ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески. Стоилковски денеска презентираше документ, за којшто рече дека е официјален извештај од проф. д-р Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 2.1.2020 година, помеѓу него и Министерството за одбрана. Тој, како што наведува во Извештајот, напишал и 10 објави на Фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук-профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ, додаде Стоилковски. Извештајот, заедно со признанието од Ристески, според Стоилковски е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него и против неговите претпоставени во Министерството за одбрана, но и против владата на Димитар Ковачевски, која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.  

The post Стоилковски: Статус вреден 9.384 евра! appeared first on Република.

]]>