статуи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/statui/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Apr 2023 08:34:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png статуи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/statui/ 32 32 Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-bistata-na-slavko-janevski-oshteteni-na-atso-shopov-i-sergej-esenin-vo-struga/ Thu, 20 Apr 2023 08:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=632382

Исчезната е бистата на македонскиот поет Славко Јаневски на кејот на реката Црн Дрим во Струга, а на Ацо Шопов и Сергеј Есенин видливо расклатени во обид да се откорнат од постаментите, соопшти денеска националната установа „Струшки вечери на поезијата“.

Според информацијата, вандалскиот чин бил забележан вчера во вообичаена проверка на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. Кражбата била пријавена во Полициската станица Струга од директорот на СВП, Тодорче Тасевски.

Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски, како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, информира СВП.

Апелираат граѓаните и сите почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата.

Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација, како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата, додаваат во соопштението.

Сличен вандалски чин се случил и на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откорната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. По пронаоѓањето била санирана и вратен на постаментот.

The post Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга appeared first on Република.

]]>

Исчезната е бистата на македонскиот поет Славко Јаневски на кејот на реката Црн Дрим во Струга, а на Ацо Шопов и Сергеј Есенин видливо расклатени во обид да се откорнат од постаментите, соопшти денеска националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Според информацијата, вандалскиот чин бил забележан вчера во вообичаена проверка на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. Кражбата била пријавена во Полициската станица Струга од директорот на СВП, Тодорче Тасевски.
Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски, како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, информира СВП.
Апелираат граѓаните и сите почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата.
Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација, како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата, додаваат во соопштението.
Сличен вандалски чин се случил и на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откорната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. По пронаоѓањето била санирана и вратен на постаментот.

The post Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга appeared first on Република.

]]>
Во Египет откриени 150 бронзени статуи на древни египетски богови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-egipet-otkrieni-150-bronzeni-statui-na-drevni-egipetski-bogovi/ Tue, 31 May 2022 14:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=509330

Во некропола во Сакара, место во близина на Каиро се откриени 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет.

Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро.

Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет - Анубис, божицата на денот - Нефертим и богот на сонцето и воздухот - Амон.

https://www.youtube.com/watch?v=SRwuWJRX6T0

Археолозите пронашле и бронзени садови, за кои се верува дека се користени за време на молитвите на божицата на плодноста - Изида.

Пронајдени се и 250 насликани дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, маски, како и фигури на мачки.

Пронајден е и накит од ерата на Новото кралство, како што се бразлетни и обетки.

Ископувањето во областа на Сакара почна во 2018 година.

https://www.youtube.com/watch?v=TYhUfWGznE0

The post Во Египет откриени 150 бронзени статуи на древни египетски богови appeared first on Република.

]]>

Во некропола во Сакара, место во близина на Каиро се откриени 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет. Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро. Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет - Анубис, божицата на денот - Нефертим и богот на сонцето и воздухот - Амон. https://www.youtube.com/watch?v=SRwuWJRX6T0 Археолозите пронашле и бронзени садови, за кои се верува дека се користени за време на молитвите на божицата на плодноста - Изида. Пронајдени се и 250 насликани дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, маски, како и фигури на мачки. Пронајден е и накит од ерата на Новото кралство, како што се бразлетни и обетки. Ископувањето во областа на Сакара почна во 2018 година. https://www.youtube.com/watch?v=TYhUfWGznE0

The post Во Египет откриени 150 бронзени статуи на древни египетски богови appeared first on Република.

]]>