статистика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/statistika/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 12:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png статистика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/statistika/ 32 32 ДЗС: Бројот на активно население во Македонија е 790.152 лица, од нив 98.416 лица се невработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzs-brojot-na-aktivno-naselenie-vo-makedonija-e-790-152-litsa-od-niv-98-416-litsa-se-nevraboteni/ Fri, 06 Sep 2024 12:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=813840

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Македонија е 790 152 лица.

Од нив, вработени се 691 736, а 98 416 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.1, стапката на вработеност 45.6, додека стапката на невработеност е 12.5.

The post ДЗС: Бројот на активно население во Македонија е 790.152 лица, од нив 98.416 лица се невработени appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Македонија е 790 152 лица. Од нив, вработени се 691 736, а 98 416 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.1, стапката на вработеност 45.6, додека стапката на невработеност е 12.5.

The post ДЗС: Бројот на активно население во Македонија е 790.152 лица, од нив 98.416 лица се невработени appeared first on Република.

]]>
Угостителските услуги во јули покапи за 4,8 отсто во споредба со лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ugostitelskite-uslugi-vo-juli-pokapi-za-4-8-otsto-vo-sporedba-so-lani/ Mon, 05 Aug 2024 10:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=803492

Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот
период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2.4 %.

Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни 2024 година, останале на исто ниво.

The post Угостителските услуги во јули покапи за 4,8 отсто во споредба со лани appeared first on Република.

]]>

Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2.4 %. Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни 2024 година, останале на исто ниво.

The post Угостителските услуги во јули покапи за 4,8 отсто во споредба со лани appeared first on Република.

]]>
Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mortalitetot-lani-namalen-za-10-1-otsto-poveketo-od-umrenite-se-mazhi/ Fri, 14 Jun 2024 10:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=787541

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во
вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7.2 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

The post Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените. Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7.2 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

The post Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи appeared first on Република.

]]>
Во првиот квартал природниот прираст во негатива од 1567 лица, 2488 склучени бракови, 597 разводи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prviot-kvartal-prirodniot-prirast-vo-negativa-od-1567-litsa-2488-sklucheni-brakovi-597-razvodi/ Fri, 31 May 2024 10:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=783484

Во првиот квартал годинава живородени се 3632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти. Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува -1567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 проценти во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.

The post Во првиот квартал природниот прираст во негатива од 1567 лица, 2488 склучени бракови, 597 разводи appeared first on Република.

]]>

Во првиот квартал годинава живородени се 3632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти. Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува -1567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 проценти во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.

The post Во првиот квартал природниот прираст во негатива од 1567 лица, 2488 склучени бракови, 597 разводи appeared first on Република.

]]>
Да се преброиме: Намален бројот на ученици во основните и средните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/da-se-prebroime-namalen-brojot-na-uchenitsi-vo-osnovnite-i-srednite-uchilishta/ Tue, 16 Apr 2024 09:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=766622

Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182.245 ученици, а во средните училишта 66.678 ученици.

Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.

The post Да се преброиме: Намален бројот на ученици во основните и средните училишта appeared first on Република.

]]>

Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182.245 ученици, а во средните училишта 66.678 ученици. Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.

The post Да се преброиме: Намален бројот на ученици во основните и средните училишта appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Економска катастрофа- Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-ekonomska-katastrofa-rast-od-samo-1-a-javniot-dolg-nadmina-62-od-bdp/ Tue, 12 Mar 2024 11:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=753990

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС/ДУИ во 2023 година:

-Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст.

-Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%.

-Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред.

-Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%.

Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство.

Оставаат опасна економска катастрофа.

Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Економска катастрофа- Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДС/ДУИ во 2023 година: -Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст. -Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%. -Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред. -Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%. Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство. Оставаат опасна економска катастрофа. Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Економска катастрофа- Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! appeared first on Република.

]]>
Лоша статистика за оние што се венчаваат денеска https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/losha-statistika-za-onie-shto-se-venchavaat-deneska/ Sat, 11 Nov 2023 16:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=700571

Научниците од Универзитетот во Мелбурн дури 14 години се занимавале со ова интересно истражување за бракот, а за да дојдат до резултатите тие темелно го следеле холандскиот регистар на бракови, но и разводи.

Врз база на статистичките податоци тие заклучиле дека постојат одредени денови на кои брачната заклетва е осудена на пропаст. Односно, процентот на разводи кај паровите кои склучиле брак во одредени денови, како што е Денот на вљубените е петпати зголемен.

Освен на 14 февруари, (41% од луѓето се развеле) несреќен датум за случување на брак е 8.8. или 11.11. Потпишување на брачниот документот на овие датуми има голема можност да заврши со развод дури за 30%.

Од друга страна, нумерологијата вели дека денешниот ден е посебен, бидејќи бројот 11, посебно кога се повторува, има исклучителна моќ. Со бројот 11 се поврзува трпението, искреноста, духовитоста, чувствителноста, интуицијата, а луѓето во допир со овој број имаат посебна енергија. Кога двајца со овој број ќе се спојат, настанува магија.

Поради тоа денешниот датум има големо значење, укажува на тоа дека истапуваме од рутината и напредуваме.

Доколку имате некој за кого не можете да објасните како сте поврзани, тогаш тој сигурно е вашата втора половина. Кога ја запознаваме, чувствуваме пријатност, интимност, меѓусебно разбирање и мир .

11 ноември ни дава можност да излеземе од рутината и живот за кој сме мислеле дека така треба да го живееме и да доненеме одлука да бидеме дел од некој поголем план. Ако сте сами вашата сродна душа е тука некаде, бидејќи ова е месец на судбоносни средби.

The post Лоша статистика за оние што се венчаваат денеска appeared first on Република.

]]>

Научниците од Универзитетот во Мелбурн дури 14 години се занимавале со ова интересно истражување за бракот, а за да дојдат до резултатите тие темелно го следеле холандскиот регистар на бракови, но и разводи. Врз база на статистичките податоци тие заклучиле дека постојат одредени денови на кои брачната заклетва е осудена на пропаст. Односно, процентот на разводи кај паровите кои склучиле брак во одредени денови, како што е Денот на вљубените е петпати зголемен. Освен на 14 февруари, (41% од луѓето се развеле) несреќен датум за случување на брак е 8.8. или 11.11. Потпишување на брачниот документот на овие датуми има голема можност да заврши со развод дури за 30%. Од друга страна, нумерологијата вели дека денешниот ден е посебен, бидејќи бројот 11, посебно кога се повторува, има исклучителна моќ. Со бројот 11 се поврзува трпението, искреноста, духовитоста, чувствителноста, интуицијата, а луѓето во допир со овој број имаат посебна енергија. Кога двајца со овој број ќе се спојат, настанува магија. Поради тоа денешниот датум има големо значење, укажува на тоа дека истапуваме од рутината и напредуваме. Доколку имате некој за кого не можете да објасните како сте поврзани, тогаш тој сигурно е вашата втора половина. Кога ја запознаваме, чувствуваме пријатност, интимност, меѓусебно разбирање и мир . 11 ноември ни дава можност да излеземе од рутината и живот за кој сме мислеле дека така треба да го живееме и да доненеме одлука да бидеме дел од некој поголем план. Ако сте сами вашата сродна душа е тука некаде, бидејќи ова е месец на судбоносни средби.

The post Лоша статистика за оние што се венчаваат денеска appeared first on Република.

]]>
Повеќе починати отколку родени во Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poveke-pochinati-otkolku-rodeni-vo-makedonija/ Thu, 31 Aug 2023 16:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=677693

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

The post Повеќе починати отколку родени во Македонија! appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %. Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година. Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

The post Повеќе починати отколку родени во Македонија! appeared first on Република.

]]>
Македонската официјална статистика има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди, оцени ЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskata-ofitsijalna-statistika-ima-postignato-visoko-nivo-na-usoglasenost-so-evropskoto-zakonodavstvo-i-megunarodnite-standardi-otseni-ek/ Thu, 17 Aug 2023 12:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=673021

Деновиве, Европската комисија го објави нацртот на Извештајот од скрининг процесот на Кластер 1 – Фундаментални вредности во кој се опфатени поглавјата:

  • Поглавје 23 – Судство и фундаментални права
  • Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност
  • Поглавје 5 – Јавни набавки
  • Поглавје 18 – Статистика
  • Поглевје 32 – Финансиска контрола

 

а кои се спроведоа во периодот од септември до декември 2022 година.

Поглавјето 18 – Статистика – беше разгледувано на објаснувачкиот состанок со претставниците на ЕК – Евростат на 16 септември 2022, а потоа во ноември (14-15) се  одржа билатералниот состанок со Евростат во Луксембург.

Оценката на Европската комисија е дека македонската официјална статистика има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди.

Она што го забележува Европската комисија и што го препорачува е алокација за соодветни ресурси за да се постигне целосна усогласеност со европското законодавство.

И во оценките на посебните домени на статистичка продукција, Европската комисија констатира високо ниво на усогласеност и препорачува натамошни активности за постигнување на целосна усогласеност.

Ова е уште една потврда, како што впрочем Европската комисија во последниве 5 години констатира и во годишните извештаи за напредокот на Република Македонија, дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа во Република Македонија, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските  принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ.

Сите овие резултати и високи постигнувања се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период,  а кои, пред сè, се однесуваат на хроничниот недостиг на стручен кадар, недоволните финансиски средства за реализација на статистичките истражувања и за воведување на нови.

Сепак сме горди и задоволни од постигнатото и со надеж дека на отворањето на Поглавје 18 во преговарачкиот процес со ЕУ, ќе имаме постигнато целсона усогласеност со европското законодавство во областа на статистиката.

 

The post Македонската официјална статистика има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди, оцени ЕК appeared first on Република.

]]>

Деновиве, Европската комисија го објави нацртот на Извештајот од скрининг процесот на Кластер 1 – Фундаментални вредности во кој се опфатени поглавјата:
  • Поглавје 23 – Судство и фундаментални права
  • Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност
  • Поглавје 5 – Јавни набавки
  • Поглавје 18 – Статистика
  • Поглевје 32 – Финансиска контрола
  а кои се спроведоа во периодот од септември до декември 2022 година. Поглавјето 18 – Статистика – беше разгледувано на објаснувачкиот состанок со претставниците на ЕК – Евростат на 16 септември 2022, а потоа во ноември (14-15) се  одржа билатералниот состанок со Евростат во Луксембург. Оценката на Европската комисија е дека македонската официјална статистика има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди. Она што го забележува Европската комисија и што го препорачува е алокација за соодветни ресурси за да се постигне целосна усогласеност со европското законодавство. И во оценките на посебните домени на статистичка продукција, Европската комисија констатира високо ниво на усогласеност и препорачува натамошни активности за постигнување на целосна усогласеност. Ова е уште една потврда, како што впрочем Европската комисија во последниве 5 години констатира и во годишните извештаи за напредокот на Република Македонија, дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа во Република Македонија, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските  принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ. Сите овие резултати и високи постигнувања се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период,  а кои, пред сè, се однесуваат на хроничниот недостиг на стручен кадар, недоволните финансиски средства за реализација на статистичките истражувања и за воведување на нови. Сепак сме горди и задоволни од постигнатото и со надеж дека на отворањето на Поглавје 18 во преговарачкиот процес со ЕУ, ќе имаме постигнато целсона усогласеност со европското законодавство во областа на статистиката.  

The post Македонската официјална статистика има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди, оцени ЕК appeared first on Република.

]]>
Изгор: За 6 месеци цените на угостителските услуги скокнале за 13,3 отсто! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izgor-za-6-mesetsi-tsenite-na-ugostitelskite-uslugi-skoknale-za-13-3-otsto/ Wed, 05 Jul 2023 19:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=658481

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,3 отсто, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец претходната година, е зголемен за 12,2 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година во споредба со мај 2023 е зголемен за 0,3 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2, Алкохолни пијалаци за 1 и Безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто.

The post Изгор: За 6 месеци цените на угостителските услуги скокнале за 13,3 отсто! appeared first on Република.

]]>

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,3 отсто, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 проценти. Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец претходната година, е зголемен за 12,2 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година во споредба со мај 2023 е зголемен за 0,3 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2, Алкохолни пијалаци за 1 и Безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто.

The post Изгор: За 6 месеци цените на угостителските услуги скокнале за 13,3 отсто! appeared first on Република.

]]>
Помалку починати во 2022 година, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-pochinati-vo-2022-godina-zhenite-podlogovechni-od-mazhite-za-4-3-godini/ Thu, 15 Jun 2023 12:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=651730

Бројот на умрените лица во земјава во 2022 година изнесува 22 459 и е намален за 21.2 % во однос на претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупно умрените лица, поголем број се од машки пол, и тоа 11 868 или 52.8 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари, 2802. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.5 година, односно 75.8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4.3 години се бележи кај жените

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, 41.3 %, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите со 17.0 %, кај 6.8 % причина за смртта е вирусот КОВИД-19, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести се застапени со 6.7 %, а болестите на респираторниот систем со 4.5 %.

The post Помалку починати во 2022 година, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години appeared first on Република.

]]>

Бројот на умрените лица во земјава во 2022 година изнесува 22 459 и е намален за 21.2 % во однос на претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупно умрените лица, поголем број се од машки пол, и тоа 11 868 или 52.8 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари, 2802. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.5 година, односно 75.8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4.3 години се бележи кај жените Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, 41.3 %, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите со 17.0 %, кај 6.8 % причина за смртта е вирусот КОВИД-19, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести се застапени со 6.7 %, а болестите на респираторниот систем со 4.5 %.

The post Помалку починати во 2022 година, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-drzavniot-zavod-za-statistika-se-podgotvuva-za-sproveduvanje-popis-na-zemjodelstvo-vo-2023/ Fri, 16 Sep 2022 12:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=551460

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за поглавјето Статистика, кој се одржува во Луксембург, најави дека после пилот Пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, во согласност со методологијата целосно усогласена со Регулативата IFS бр. 2018/1091 година, планиран е Пописот на земјоделството за октомври 2023 година.

Нашиот Државен завод за статистика континуирано работи на имплементација на принципите на Кодексот на практика на европската статистика, периодично проверувајќи го статусот на усогласеност преку самопроценка. Дополнително важно достигнување на кое Државниот завод за статистика активно работеше во текот на 2022 година е Програмата за статистички истражувања 2023-2027 година, за зајакнување на статистичкиот систем во земјата со вклучување на повеќе институции кои собираат релевантни статистички податоци, истакна Маричиќ, пред претставниците на Еуростат.

Според вицепремиерот Маричиќ статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес бидејќи ќе треба да покажеме како се применува усогласеното законодавство во пракса, а на состанокот потенцираше дека Македонија има постигнато одредено ниво на усогласеност, што е потврдено и во Извештаите.

Успешно спроведениот попис, според методологијата и стандардите на Еуростат, после две децении, е потврда за имплементирањето на соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и Еуростат.

Во наша корист е што не почнуваме од почеток, бидејќи веќе имавме една образложувачка средба во февруари 2019 година, пред усвојувањето на новата Методологија за проширување. На ова би го додал, како уште една предност, фактот што после повеќе од 25 години ја транспониравме соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и ЕУРОСТАТ, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ пред почетокот на објаснувачкиот скрининг, заедно со директорот Апостол Симовски и државната секретарка на СЕП, Абдиу-Халили, одржаа состанок со заменик генералниот директор на Еуростат, Гало Гије, на кој разговараа за подготвеноста и активностите кои ги презема Државниот завод за статистика, со цел полесно да одговори на идните предизвици со кои ќе се соочи, при преносот на податоците во Европскиот статистички систем, во рамки на процесот на пристапување во Европската Унија.

Денеска продолжува скрининг процесот со објаснувачки состанок за Поглавје 18, Статистика, во Луксембург, на кој Европската комисија и Еуростат ќе го презентира новиот корпус на ЕУ acquis донесено во периодот по 2018/19 година.

 

The post Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023 appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за поглавјето Статистика, кој се одржува во Луксембург, најави дека после пилот Пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, во согласност со методологијата целосно усогласена со Регулативата IFS бр. 2018/1091 година, планиран е Пописот на земјоделството за октомври 2023 година.
Нашиот Државен завод за статистика континуирано работи на имплементација на принципите на Кодексот на практика на европската статистика, периодично проверувајќи го статусот на усогласеност преку самопроценка. Дополнително важно достигнување на кое Државниот завод за статистика активно работеше во текот на 2022 година е Програмата за статистички истражувања 2023-2027 година, за зајакнување на статистичкиот систем во земјата со вклучување на повеќе институции кои собираат релевантни статистички податоци, истакна Маричиќ, пред претставниците на Еуростат.
Според вицепремиерот Маричиќ статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес бидејќи ќе треба да покажеме како се применува усогласеното законодавство во пракса, а на состанокот потенцираше дека Македонија има постигнато одредено ниво на усогласеност, што е потврдено и во Извештаите.
Успешно спроведениот попис, според методологијата и стандардите на Еуростат, после две децении, е потврда за имплементирањето на соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и Еуростат. Во наша корист е што не почнуваме од почеток, бидејќи веќе имавме една образложувачка средба во февруари 2019 година, пред усвојувањето на новата Методологија за проширување. На ова би го додал, како уште една предност, фактот што после повеќе од 25 години ја транспониравме соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и ЕУРОСТАТ, истакна Маричиќ.
Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ пред почетокот на објаснувачкиот скрининг, заедно со директорот Апостол Симовски и државната секретарка на СЕП, Абдиу-Халили, одржаа состанок со заменик генералниот директор на Еуростат, Гало Гије, на кој разговараа за подготвеноста и активностите кои ги презема Државниот завод за статистика, со цел полесно да одговори на идните предизвици со кои ќе се соочи, при преносот на податоците во Европскиот статистички систем, во рамки на процесот на пристапување во Европската Унија. Денеска продолжува скрининг процесот со објаснувачки состанок за Поглавје 18, Статистика, во Луксембург, на кој Европската комисија и Еуростат ќе го презентира новиот корпус на ЕУ acquis донесено во периодот по 2018/19 година.  

The post Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023 appeared first on Република.

]]>
Над 30 проценти од семејствата во Македонија се брачни парови без деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-30-procenti-od-semejstvata-vo-makedonija-se-brachni-parovi-bez-deca/ Wed, 27 Jul 2022 12:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=533829

Во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Над 26 илјади семејства или 4.9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години

Над десет проценти или околу 58 илјади семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив.

Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1.

Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5,6 проценти.

Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531 987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови.

The post Над 30 проценти од семејствата во Македонија се брачни парови без деца appeared first on Република.

]]>

Во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Над 26 илјади семејства или 4.9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години Над десет проценти или околу 58 илјади семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив. Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1. Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5,6 проценти. Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531 987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови.

The post Над 30 проценти од семејствата во Македонија се брачни парови без деца appeared first on Република.

]]>
Стапката на невработеност во Македонија во првиот квартал била 14,8 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stapkata-na-nevrabotenost-vo-makedonija-vo-prviot-kvartal-bila-14-8-otsto/ Fri, 03 Jun 2022 20:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=510839

Во првото тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесувало 811.197 лица, од кои вработени биле 691.498, а 119.699 лица се воделе како невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 55,3 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 14,8 проценти и бележи намалување во однос на стапката во последното четврто тромесечие од 2021 година кога изнесувала 15,2 отсто.

Од државниот завод за статистика информираат дека при обработката на податоците за првото тримесечје од 2022 година се користени регионалните демографски дистрибуции по пол и по петгодишни старосни групи за калибрирање на населението согласно податоците од Пописот 2021.

The post Стапката на невработеност во Македонија во првиот квартал била 14,8 отсто appeared first on Република.

]]>

Во првото тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесувало 811.197 лица, од кои вработени биле 691.498, а 119.699 лица се воделе како невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на активност во овој период е 55,3 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 14,8 проценти и бележи намалување во однос на стапката во последното четврто тромесечие од 2021 година кога изнесувала 15,2 отсто. Од државниот завод за статистика информираат дека при обработката на податоците за првото тримесечје од 2022 година се користени регионалните демографски дистрибуции по пол и по петгодишни старосни групи за калибрирање на населението согласно податоците од Пописот 2021.

The post Стапката на невработеност во Македонија во првиот квартал била 14,8 отсто appeared first on Република.

]]>
Бројот на разводи лани пораснал за една четвртина, најмногу бракови завршиле во декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brojot-na-razvodi-lani-porasnal-za-edna-chetvrtina-najmnogu-brakovi-zavrshile-vo-dekemvri/ Fri, 03 Jun 2022 18:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=510753

Во 2021 година се случиле 1.964 разводи, што претставува зголемување од 25.2 % во споредба со 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6 %, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3 %, во месец декември.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, и тоа 364 или 18.5 % кај жените и 365 или 18.6 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23.0 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

The post Бројот на разводи лани пораснал за една четвртина, најмногу бракови завршиле во декември appeared first on Република.

]]>

Во 2021 година се случиле 1.964 разводи, што претставува зголемување од 25.2 % во споредба со 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6 %, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3 %, во месец декември. Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, и тоа 364 или 18.5 % кај жените и 365 или 18.6 % кај мажите. Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23.0 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

The post Бројот на разводи лани пораснал за една четвртина, најмногу бракови завршиле во декември appeared first on Република.

]]>