старшип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/starship/ За подобро да се разбереме Thu, 11 May 2023 08:51:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png старшип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/starship/ 32 32 Ракетата на Илон Маск приземјена на подолг период затоа што е премногу моќна за нејзино добро https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/raketata-na-ilon-mask-prizemjena-na-podolg-period-zatoa-shto-e-premnogu-mokna-za-nejzino-dobro/ Thu, 11 May 2023 08:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=639582

Ракетата „Старшип“ на Илон Маск е премногу моќна за нејзино добро, процени американската Сојузна управа за воздухопловство и ја приземји на подолг период.

Одлуката дојде откако енормната потисна сила при лансирањето исфрли многу отпад во воздух, а дел од тие парчиња стигнаа во град оддалечен осум километри од местото на лансирање. На самото место на лансирната рампа остана огромен кратер.

Мега ракетата „Старшип“, која е висока колку еден облакодер од 40 ката, полета кон земјината орбита на 20 април. Главниот погонски дел на ракетата, бустерот „Super Heavy“, кој има триесетина мотори големи колку камион, при полетувањето разнесе се со сила од неверојатни 6,8 милиони кг. Освен што се покажа како најмоќен ракетен систем во светот, тоа е и голем проблем на „Старшип“.

Ракетата полета, но експлодираше во воздух. Како последица на сето тоа управата ја донесе одлуката за приземјување. Станува збор за стандардна процедура додека не се заврши процедурата што тие ја нарекуваат истрага на несреќата.

Маск преку Твитер изрази желба за повторно лансирање на „Старшип“ во рок од два месеци.

The post Ракетата на Илон Маск приземјена на подолг период затоа што е премногу моќна за нејзино добро appeared first on Република.

]]>

Ракетата „Старшип“ на Илон Маск е премногу моќна за нејзино добро, процени американската Сојузна управа за воздухопловство и ја приземји на подолг период. Одлуката дојде откако енормната потисна сила при лансирањето исфрли многу отпад во воздух, а дел од тие парчиња стигнаа во град оддалечен осум километри од местото на лансирање. На самото место на лансирната рампа остана огромен кратер. Мега ракетата „Старшип“, која е висока колку еден облакодер од 40 ката, полета кон земјината орбита на 20 април. Главниот погонски дел на ракетата, бустерот „Super Heavy“, кој има триесетина мотори големи колку камион, при полетувањето разнесе се со сила од неверојатни 6,8 милиони кг. Освен што се покажа како најмоќен ракетен систем во светот, тоа е и голем проблем на „Старшип“. Ракетата полета, но експлодираше во воздух. Како последица на сето тоа управата ја донесе одлуката за приземјување. Станува збор за стандардна процедура додека не се заврши процедурата што тие ја нарекуваат истрага на несреќата. Маск преку Твитер изрази желба за повторно лансирање на „Старшип“ во рок од два месеци.

The post Ракетата на Илон Маск приземјена на подолг период затоа што е премногу моќна за нејзино добро appeared first on Република.

]]>