стар дојран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/star-dojran/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 08:57:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стар дојран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/star-dojran/ 32 32 Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgasnat-e-pozharot-kaj-star-dojran/ Wed, 31 Jul 2024 07:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=801876

Големиот пожар кој избувна вчера над Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и зафати три куќи од синоќа од 19 часот е изгаснат, а во текот на ноќта дежурни екипи внимаваа да на дојде до повторно активирање.

Според градоначалникот на Дојран Анго Ангов, на неколку места сè уште тлеат остатоци од пожарот, а со механизација во текот на денот ќе почне да се затрупуваат делови од депонијата од каде избувна големиот пожар.

Во гаснењето на пожарот учествуваа месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер.

Градоначалникот Ангов, вчера посочи дека пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што избувнал пожарот пронашле канти од моторно масло.

The post Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран appeared first on Република.

]]>

Големиот пожар кој избувна вчера над Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и зафати три куќи од синоќа од 19 часот е изгаснат, а во текот на ноќта дежурни екипи внимаваа да на дојде до повторно активирање. Според градоначалникот на Дојран Анго Ангов, на неколку места сè уште тлеат остатоци од пожарот, а со механизација во текот на денот ќе почне да се затрупуваат делови од депонијата од каде избувна големиот пожар. Во гаснењето на пожарот учествуваа месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер. Градоначалникот Ангов, вчера посочи дека пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што избувнал пожарот пронашле канти од моторно масло.

The post Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран appeared first on Република.

]]>
Прво издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ од 5 до 7 август во Стар Дојран https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prvo-izdanie-na-megjunarodniot-filmski-festival-preku-ezeroto-od-5-do-7-avgust-vo-star-dojran/ Mon, 01 Aug 2022 13:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=535777

Девет исклучителни кратки филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми ќе бидат прикажани на првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ што ќе се одржи од 5 до 7 август во Стар Дојран.

Станува збор за прв филмски фестивал од ваков формат во земјава, кој ќе го збогати културниот живот во градот и околината и традиционално ќе се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото. Во фокусот е медитеранскиот и европскиот филм и автори кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земији.

„Преку езерото“ е иницијатива предводена од Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент.

Како што најавија од фестивалот, за ова прво издание селектирани се девет филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми кои се раскажани со медитерански дух, специфичен и посебен во уметноста на филмот.

Поточно, во главната натпреварувачка програма се филмовите „А ла карт“ на Василис Циуварас и Таксиархис Делијанис од Грција, „Пресуда“ на Дора Јунг од Србија, „Марко“ на Марко Шантиќ од Хрватска, „Перики“ на Ангела Димеска од Македонија, „Виножито“ на Александар Вујовиќ од Црна Гора, „Криминалци“ на Серхат Караслан од Турција, „Што не знаеме за Маријам“ на Морад Мостафа од Египет, „Светиот син“ на Аљоша Масине од Италија и „Поглед од Балкон“ на Арис Капланидис од Грција.

Покрај главната програма во склоп на фестивалот, како што е најавено, ќе се прикажат и неколку долгометражни филмови од медитеранските земји кои се истакнале по особениот пристап на темата кој нуди нов поглед на нештата кој го поттикнува дијалогот помеѓу различните култури, општествени групи, нации.

Во склоп на фестивалот ќе се одржи и мастерклас на тема „Трагањето на сценаристите по вистинското значење на темата во нивните сценарија“. Мастеркласот ќе го води докажаниот скрипт-консултатнт од Англија, Џон Стивенс.

Меѓународното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција ќе го предводи истакнатиот грчки режисер Василис Мазоменос, а членови на жирито се Гоце Кралевски продуцент и Ева Камчевска сценарист од Македонија.

The post Прво издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ од 5 до 7 август во Стар Дојран appeared first on Република.

]]>

Девет исклучителни кратки филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми ќе бидат прикажани на првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ што ќе се одржи од 5 до 7 август во Стар Дојран. Станува збор за прв филмски фестивал од ваков формат во земјава, кој ќе го збогати културниот живот во градот и околината и традиционално ќе се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото. Во фокусот е медитеранскиот и европскиот филм и автори кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земији. „Преку езерото“ е иницијатива предводена од Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент. Како што најавија од фестивалот, за ова прво издание селектирани се девет филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми кои се раскажани со медитерански дух, специфичен и посебен во уметноста на филмот. Поточно, во главната натпреварувачка програма се филмовите „А ла карт“ на Василис Циуварас и Таксиархис Делијанис од Грција, „Пресуда“ на Дора Јунг од Србија, „Марко“ на Марко Шантиќ од Хрватска, „Перики“ на Ангела Димеска од Македонија, „Виножито“ на Александар Вујовиќ од Црна Гора, „Криминалци“ на Серхат Караслан од Турција, „Што не знаеме за Маријам“ на Морад Мостафа од Египет, „Светиот син“ на Аљоша Масине од Италија и „Поглед од Балкон“ на Арис Капланидис од Грција. Покрај главната програма во склоп на фестивалот, како што е најавено, ќе се прикажат и неколку долгометражни филмови од медитеранските земји кои се истакнале по особениот пристап на темата кој нуди нов поглед на нештата кој го поттикнува дијалогот помеѓу различните култури, општествени групи, нации. Во склоп на фестивалот ќе се одржи и мастерклас на тема „Трагањето на сценаристите по вистинското значење на темата во нивните сценарија“. Мастеркласот ќе го води докажаниот скрипт-консултатнт од Англија, Џон Стивенс. Меѓународното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција ќе го предводи истакнатиот грчки режисер Василис Мазоменос, а членови на жирито се Гоце Кралевски продуцент и Ева Камчевска сценарист од Македонија.

The post Прво издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ од 5 до 7 август во Стар Дојран appeared first on Република.

]]>