стар амам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/star-amam/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 21:22:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стар амам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/star-amam/ 32 32 Љутков изврши увид на штетата во Стариот амам по невремето во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-izvrshi-uvid-na-shtetata-vo-stariot-amam-po-nevremeto-vo-tetovo/ Tue, 25 Jun 2024 18:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=790757

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, го посети заштитеното недвижно добро „Стар амам“ во Тетово, кое беше оштетено од невремето што пред два дена го зафати ова подрачје.

Како што соопшти Министерството за култура, Љутков имал средба со директорката на уметничката галерија во Тетово, Беса Даути, која го информирала  за оштетувањата предизвикани од невремето и потребата од итна интервенција за санација штетата. На увидот присуствувале и директорите на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани и на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов, со стручните тимови.

За време на средбата, министерот Љутков истакнал дека заштитата на културното наследство е еден од врвните приоритети на Министерството за култура и туризам, а со тоа и на новата влада.

По направениот увид од страна на стручните служби од Управата за заштита на културното наследство и од Националниот конзерваторски центар, во најкус можен рок ќе се добие реална слика за настанатата штета и ќе бидат утврдени начините за што поскоро и поуспешно справување со последиците, што врз овој објект ги остави невремето кое го зафати тетовскиот регион, изјавил министерот Љутков.

Во 2015 година на „Стар амам“ е направена целосна конзеравација на објектот и партерното уредување со што беше ставен во функција како современ галерски простор во Тетово.

The post Љутков изврши увид на штетата во Стариот амам по невремето во Тетово appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, го посети заштитеното недвижно добро „Стар амам“ во Тетово, кое беше оштетено од невремето што пред два дена го зафати ова подрачје. Како што соопшти Министерството за култура, Љутков имал средба со директорката на уметничката галерија во Тетово, Беса Даути, која го информирала  за оштетувањата предизвикани од невремето и потребата од итна интервенција за санација штетата. На увидот присуствувале и директорите на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани и на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов, со стручните тимови. За време на средбата, министерот Љутков истакнал дека заштитата на културното наследство е еден од врвните приоритети на Министерството за култура и туризам, а со тоа и на новата влада.