стаорци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/staorci/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 19:08:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стаорци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/staorci/ 32 32 Голема наезда од стаорци околу Колосеумот: Градските власти на Рим преземаат мерки за безбедн престој на туристите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golema-naezda-od-staortsi-okolu-koloseumot-gradskite-vlasti-na-rim-prezemaat-merki-za-bezbedn-prestoj-na-turistite/ Sat, 26 Aug 2023 20:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=676156

Градските власти во Рим соопштија дека преземаат мерки за сузбивање на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодари во близина на објектот.

Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси за италијанските медиуми изјави дека е почната „специјална интервенција“ за да би се осигурало дека луѓето може безбедно да поминуваат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија.

Операцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.

The post Голема наезда од стаорци околу Колосеумот: Градските власти на Рим преземаат мерки за безбедн престој на туристите appeared first on Република.

]]>

Градските власти во Рим соопштија дека преземаат мерки за сузбивање на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодари во близина на објектот. Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси за италијанските медиуми изјави дека е почната „специјална интервенција“ за да би се осигурало дека луѓето може безбедно да поминуваат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија. Операцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.

The post Голема наезда од стаорци околу Колосеумот: Градските власти на Рим преземаат мерки за безбедн престој на туристите appeared first on Република.

]]>
Штрајкуваат паришките комуналци, градот врие од стаорци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkuvaat-parishkite-komunaltsi-gradot-vrie-od-staortsi/ Sun, 12 Mar 2023 19:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=618865

Вработените во општинската служба за чистење и собирање отпад во француската престолнина Париз веќе една недела штрајкуваат незадоволни од најавените реформи на пензискиот систем, а јавноста сè повеќе стравува од таложење ѓубре и масовното појавување стаорци на улиците на Париз.

Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира ѓубре и на улиците се насобрани речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, јави телевизијата БФМ.

Коломб Бросел, помошник на градоначалникот на Париз задолжен за чистотата на јавните простори, рече дека „отстранувањето на ѓубрето е нарушено во сите делови на Париз“ и објасни дека приоритет се „безбедносните интервенции, како што се чистење на пазарите и отстранување на вреќи со ѓубре оставени на земја.”

Ан Сури, помошник на градоначалникот на Париз задолжена за јавното здравје, рече дека „нема ризик за јавното здравје“, туку ова е прашање на „удобност и квалитет на живот“.

Сепак, таа предупреди дека „не треба да се дозволи стаорците слободно да шетаат по улиците“ и посочи дека градската управа работи на враќање на стаорците во канализацијата со елиминирање на храната одулиците, како и подготовка на нови акции за истребување во случај на посериозна криза.

Пјер Лисије, регионален советник за јавно здравје, сепак смета дека стаорците претставуваат непосредна „опасност за луѓето“.

Тој потсети дека минатото лето Медицинската академија потсети во својот извештај дека стаорците сè уште се закана за здравјето на луѓето поради многуте инфекции кои се пренесуваат преку егзопаразити, измет, каснувања или гребаници.

The post Штрајкуваат паришките комуналци, градот врие од стаорци appeared first on Република.

]]>

Вработените во општинската служба за чистење и собирање отпад во француската престолнина Париз веќе една недела штрајкуваат незадоволни од најавените реформи на пензискиот систем, а јавноста сè повеќе стравува од таложење ѓубре и масовното појавување стаорци на улиците на Париз. Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира ѓубре и на улиците се насобрани речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, јави телевизијата БФМ. Коломб Бросел, помошник на градоначалникот на Париз задолжен за чистотата на јавните простори, рече дека „отстранувањето на ѓубрето е нарушено во сите делови на Париз“ и објасни дека приоритет се „безбедносните интервенции, како што се чистење на пазарите и отстранување на вреќи со ѓубре оставени на земја.” Ан Сури, помошник на градоначалникот на Париз задолжена за јавното здравје, рече дека „нема ризик за јавното здравје“, туку ова е прашање на „удобност и квалитет на живот“. Сепак, таа предупреди дека „не треба да се дозволи стаорците слободно да шетаат по улиците“ и посочи дека градската управа работи на враќање на стаорците во канализацијата со елиминирање на храната одулиците, како и подготовка на нови акции за истребување во случај на посериозна криза. Пјер Лисије, регионален советник за јавно здравје, сепак смета дека стаорците претставуваат непосредна „опасност за луѓето“. Тој потсети дека минатото лето Медицинската академија потсети во својот извештај дека стаорците сè уште се закана за здравјето на луѓето поради многуте инфекции кои се пренесуваат преку егзопаразити, измет, каснувања или гребаници.

The post Штрајкуваат паришките комуналци, градот врие од стаорци appeared first on Република.

]]>
Стаорци изедоа 200 кг запленета марихуана, тврди полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/staorci-izedoa-200kg-zapleneta-marihuana-tvrdi-policijata/ Fri, 25 Nov 2022 19:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=577903

Речиси 200 килограми канабис што конфискувани од дилери и „чувани“ во простории на полициска станица се уништени, а полицијата за тоа ги обвини - стаорците. Станувало збор за залихи кои требало да се искористат како доказ во судот во случаи на трговија со дрога.

Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата. Тешко е да се заштити дрогата од нив, констатирал судот во државата Утар Прадеш на северот на Индија.

Судот побарал од полицијата да ја покаже запленетата дрога како доказ, а судијата Санџај Чаудари навел дури три други случаи во кои глодари уништиле запленета марихуана.

Судијата Чаудари посочил и дека полицијата не е стручна за решавање на овој „специфичен проблем“ и советувал запленетата дрога во иднина да се заштити од „бестрашните глодари“, па наместо таа да се чува во полициските магацини, да се продава на истражувачки лаборатории или медицински компании, а приходите одат во државниот буџет.

Индиските медиуми потсетуваат дека во 2018 година осум аргентински полицајци беа отпуштени откако обвинија глувци за исчезнувањето на половина тон канабис од полицискиот магацин откако експертите го оспорија нивното тврдење, докажувајќи дека „животните не можат да ја згрешат дрогата со храна“ и дека во тој случај би имало „многу мртви глодари во магацинот“.

Студијата од 2019 година покажа дека по конзумирање на тесто со канабис, лабораториските глувци станале „помалку активни и нивната телесна температура се намалила“.

The post Стаорци изедоа 200 кг запленета марихуана, тврди полицијата appeared first on Република.

]]>

Речиси 200 килограми канабис што конфискувани од дилери и „чувани“ во простории на полициска станица се уништени, а полицијата за тоа ги обвини - стаорците. Станувало збор за залихи кои требало да се искористат како доказ во судот во случаи на трговија со дрога.
Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата. Тешко е да се заштити дрогата од нив, констатирал судот во државата Утар Прадеш на северот на Индија.
Судот побарал од полицијата да ја покаже запленетата дрога како доказ, а судијата Санџај Чаудари навел дури три други случаи во кои глодари уништиле запленета марихуана. Судијата Чаудари посочил и дека полицијата не е стручна за решавање на овој „специфичен проблем“ и советувал запленетата дрога во иднина да се заштити од „бестрашните глодари“, па наместо таа да се чува во полициските магацини, да се продава на истражувачки лаборатории или медицински компании, а приходите одат во државниот буџет. Индиските медиуми потсетуваат дека во 2018 година осум аргентински полицајци беа отпуштени откако обвинија глувци за исчезнувањето на половина тон канабис од полицискиот магацин откако експертите го оспорија нивното тврдење, докажувајќи дека „животните не можат да ја згрешат дрогата со храна“ и дека во тој случај би имало „многу мртви глодари во магацинот“. Студијата од 2019 година покажа дека по конзумирање на тесто со канабис, лабораториските глувци станале „помалку активни и нивната телесна температура се намалила“.

The post Стаорци изедоа 200 кг запленета марихуана, тврди полицијата appeared first on Република.

]]>
Стаорци трчаат низ гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде е градоначалничката Арсовска да провери во која состојба се гимназиите?, прашуваат граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/staorci-trchaat-niz-gimnazijata-josip-broz-tito-kade-e-gradonachalnichkata-arsovska-da-proveri-vo-koja-sostojba-se-gimnaziite-prashuvaat-gragjanite/ Mon, 19 Sep 2022 16:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=552366

Градоначалничката Данела Арсовска во најкус можен рок треба да провери каква е состојбата во скопските гимназии. Откако изби скандалот со тендерите на директорката на гимназијата „Јосип Броз Тито“, на повидок е и нов проблем. Во зградата на гимназијата стаорци трчаат по ходниците.

https://www.youtube.com/watch?v=nc19EggRNTw

The post Стаорци трчаат низ гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде е градоначалничката Арсовска да провери во која состојба се гимназиите?, прашуваат граѓаните appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката Данела Арсовска во најкус можен рок треба да провери каква е состојбата во скопските гимназии. Откако изби скандалот со тендерите на директорката на гимназијата „Јосип Броз Тито“, на повидок е и нов проблем. Во зградата на гимназијата стаорци трчаат по ходниците. https://www.youtube.com/watch?v=nc19EggRNTw

The post Стаорци трчаат низ гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде е градоначалничката Арсовска да провери во која состојба се гимназиите?, прашуваат граѓаните appeared first on Република.

]]>