Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на дело покажува вистинска грижа кон граѓаните и нивниот животен стандард.
За само четири месеци се гледаат ефектите од домаќинското работење. Се намалуваат трошоците за живот, се зголемуваат платите и пензиите, почна заживувањето на економијата.
Минималната синдикална кошница за храна и пијалаци во месец октомври, споредено со септември годинава, бележи намалување од 1000 денари. Ова претставува намалување од 5 проценти на трошоците за храна и пијалаци.
Тоа е така, благодарение на мерките на владата за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи, кои се најзастапени во потрошувачката кошница граѓаните.
Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и дека цените на прехранбените производи се намалуваат, го потврдуваат и до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Но, работа и посветеноста на владата во интерес и за зголемувањето на стандардот на граѓаните не застанува тука, и во иднина ќе продолжат мерките за намалување на цените на производите и зголемувањето на платите и пензии.
Со тоа, владата ја прави живеачка полесна за сите и е посветена на намалува цените, намалува инфлацијата, на зголемување на животниот стандард и зголемува куповната моќ, како и зголемување на економскиот раст.
ВМРО-ДПМНЕ на дело покажува одговорно и домаќинско раководење на државата и грижа кон сите категории на граѓани.
The post Владата на ВМРО-ДПМНЕ посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните appeared first on Република.
]]>The post Владата на ВМРО-ДПМНЕ посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните appeared first on Република.
]]>Иако за ова веќе сум пишувал, барем во две-три колумни, едноставно неверојатно звучи податокот што деновиве повторно се актуелизира, дека во Македонија има над 80 000 луѓе кои живеат со 50-60 денари на ден и над 500 000 луѓе кои живеат со 150 денари нa ден. Тие се тука, околу нас, ама изгледа никој не сака да ги види, пишува во својата колумна, Дарко Јаневски.
Во такви услови речиси иронично звучи пропагандата кампaња и ветувањето на СДСМ за 1 100 евра просечна плата, кога тие за седум години не ги виделе овие луѓе. Како тие влегуваат во пресметката за просечна плата од 1 100 евра (или во сегашната од 660 евра) веројатно само еден Господ знае. А можеби ни тој!
Но, ако тоа е непознато, овие податоци ни го прават сосема познат фактот дека Македонија одамна не е држава, туку најобична крпа која служи како легло за богатeње нa малиот криминален слој. Или, како што пред некој ден истакна екс директорката нa Државниот завод за статистика, Благица Новковска, во Македонија веќе не можеме да зборуваме за сиромаштија (освен кај 4-5 отсто од населението), туку за беда. Беда која, како што истакнав минатиот пат, ни ги намали животниот веk од 75 години во 2018 година на 72 години во 2023 година.
Навистина не знам како преживуваат тие луѓе. Не знам како преживуваат ни тие кои не спаѓаат во оваа група, на пример, пензионерите со 13 000 денари пензија, а не пак да зборуваме за овие со 150 или 60 денари нa ден. Патем кога сме веќе кај пензионерите, техничкиот министер Велковски пред некој ден истакна дека околу 200 000 пензионери се со пензија од под 20 000 денари. Тие живеат со близу 700 денари на ден (половината сигурно одат за лекови бидејќи речиси и да нема лек кој или си го купувате приватно или во најдобар случај плаќате 50 отсто од цената, а не 10 или 20 отсто) и можат да се сметаат за „богаташи“, иако во буквална смисла на зборот и тие спаѓаат во групата која Новковска ја подведе под „беда“.
Да го повторам и податокот изнесен пред еден месец од економистот Абил Бауш дека 46 отсто од вработените во блескавава ни Cеверна примаат плата во висина на минималната или околу нејзе.
И кога сите овие групи ќе ги собереме, навистина се доаѓа дека процентот од најмалку 80-тина отсто население во Македонија кое живее во беда, 4-5 отсто кои се екстремно богати и останатиот дел кој е врзан со Буџетот и кој спаѓа во некаква мизерна средна класа во Македонија.
При сето ова, неверојатно звучи изјавата на Ковачевски кој се повика на некој си виенски институт дека Македонија е единствена земја која во време на светската криза предизвикана од пандемијата и војната во Украина го зголемила животниот стандард на граѓаните. Да повторам – го зголемила животниот стандард на граѓаните! Ви се верува дека се осмели ова да го каже?
Со какви очила гледа Ковачевски не ми е познато, но познато е дека бројките не лажат, а тие и натаму се немислосрдни. Па наспроти зголемувањето на просечната и минималната плата, кога тоа ќе се преведе на куповната моќ на граѓаните, повторно доаѓаме до зборот „беда“ или ако саката до зборовите „мизерија“ и „глад“. Кои се доминантни во Македонија и кои не можат да ги побијат никакви бројки за просечната, минималната или ветената плата од 1 100 евра. Додека ја чекаме таа ветена плата, да повторам, и натаму имаме половина милион граѓани кои живеат со 150 денари на ден, над 80 000 кои живеат со 50-60 денари на ден, 200 000 пензионери со пензија под 20 000 денари и 46 отсто вработени кои имаат плата од околу 20 000 денари. И тука не би помогнале ни Пол Сезан, ни Ван Гог со нивните весели бои од деновите кога биле расположени.
Во вакви услови, речиси очајно звучат владините политичари и нивните труби за тоа дека сега се избирало меѓу Русија и Европа, дека се гласало за европска иднина или за изолација и слични не баш интелигентни пропагандни трикови. Вистината е дека на овие избори ќе се гласа за тоа дали сакате и натаму да живеете во држава од која секој ден, полни автобосуи заминуваат за Германија, а остануваат овие со 60 и 150 денари на ден зашто немаат да си го платат ни патот до меѓународната автобуска станица, а не пак до Германија, или сакате да се смени нешто што ќе не извлече од оваа бедотија.
И некако на памет ми доаѓаат оние дански ракометарки од пред повеќе години кои се шокирале кога при гостувањето во Скопје, на раскрсница виделе просјаци. Не знам дали уште ги има, зашто автомобилот ретко го користам. Се нема за бензин. А и онака кардолозите велат дека треба повеќе пешки да се оди.
И при сето ова, Ковачевски си дозволува во интервјуто за МРТ да каже дека успешно се справиле со економската и енергетската криза. Ете му ја кампањата, па нека им го каже тоa в лице на сите групи набројани погоре.
Да не зборуваме за тоа дека Ковачевски зборува и за успешно справување со Ковид пандемијата под водство на Филипче, што е веќе отворено лажење без нималку усул. Зашто Македонија имаше 9 975 мртви од Ковид, што на 1,8 милиони жители е 5 541 умрени на милион жители, што не става на трето место во светот по мртви, веднаш зад Перу и нашите сакани браќа од исток – Бугарите. На трето место. Ако пак земеме в предвид дека во Македонија реално нема повеќе од 1,5 милиони жители (многу иселени беа попишувани како да се тука), тогаш доаѓаме до тоа дека Македонија имаше 6650 мртви од Ковид 19 на милион жители, што не става на почесното прво место во светот по смртност од вирусната болест. Ако ова е успех и успешно справување со пандемијата, тогаш не знам што е неуспех. Толку за лажењето на Ковачевски, пишува Јаневски.
The post Јаневски: Ковачевски лаже дека ни го подигнале животниот стандард, и самиот не е свесен колку! appeared first on Република.
]]>The post Јаневски: Ковачевски лаже дека ни го подигнале животниот стандард, и самиот не е свесен колку! appeared first on Република.
]]>Просечната нето плата по вработен во Македонија од 2016 до 2023 година порасна за 63,9%, помалку од периодот 2006 до 2016 година кога порасна за 65,3%. Но, кумулативниот раст на трошоците за живот (преку кој се мери инфлацијата) од 2016 до 2023 година е 35,1% и е многу повисок од 22,2% колку што беше од 2006 до 2016 година Растот на РЕАЛНАТА плата од 2016 до 2023 година е 21,3%, многу понизок од растот на РЕАЛНАТА плата за периодот од 2006 до 2016 година кога беше 35,3%. Сега, Битиќи и останатите, ве прашувам кога има поголем вистински раст на платите? Кога реално пораснаа платите повеќе, вели Маја Кадиевска Војновиќ-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму таа тврди.
И уште нешто да ве информирам. Од јануари 2009 година настана структурна промена во податоците за платите, заради примената на концептот на “бруто плата”. Како и да е, вклучувањето на надоместоците за храна и превоз во платата во тој период се доход за вработените. И да се корегираат бројките за номиналниот раст на платите во тој период, високата инфлација во вашето владеење го изеде номиналниот раст на платите. Затоа беше потребно навремено да се спречи вртоглавиот раст на цените во економијата и добро да се менаџира енергетската криза. За што не успеавте. И сега повторно може да има раст на цените на основните прехранбени производи од март кога ќе се одмрзнат - вели Кадиевска Војновиќ.
Затоа, драги Таче, Битиќи итн. кога сметате номинална плата, реална плата или инфлација викнете некој стручен во оваа област да ви помогне. Не правите весела математика. Немате заслуги, а уште помалку ексклузивитет во номиналниот раст на просечната нето платата по вработен во економијата. Истиот во најголем дел од дејностите е воден од пазарот на труд, во кој има побарувачка, ама за жал веќе нема понуда на работна сила. Многу се иселија од вашите успешни политики.
И, не е исто да водите политики со армија на невработени и стапка на невработеност од 36% колку што беше во 2006 година и со стапка на невработеност намалена за 12,3 процентни поени колку што беше во 2016 година (23,7%). Во тоа време вистински политики придонесоа за отварање на нови работни места. Во ваш период на владеење, намалувањето на стапката на невработеност исклучиво е резултат на иселувањето т.е на намалувањето на работоспособната популација и на зголемениот број на граѓани кои преминаа од активни во неактивни лица (оние што не бараат работа, пензионери итн.). Платите (цената на трудот) имаат тенденција да растат кога има поголема побарувачка од понуда (како што е во вашиот период) и да се намалуваат или држат стабилни, ако има поголема понуда од побарувачка (како во претходниот 10 годишен период со армија на невработени). И за ова викнете си стручни лица да ви објаснат да не се срамите.
И УШТЕ НЕШТО. Животниот стандард на граѓаните не се мери само преку растот на платите. Многу фактори го дефинираат нивото на стандардот на граѓаните (на пр. да нема никогаш веќе случај онкологија, да има учебници за деца, да има домашно произведена ефтина струја итн.). На глобално ниво, користен наблизок индикатор за тоа дали пораснал животниот стандард е Бруто домашниот производ по глава на жител по константни цени по метод на паритет на куповна моќ. Е според тој индикатор (видете го извештајот на Светска банка за системска дијагностика на наша Македонија, ако не знаете да пресметате сами) немате мрднато од место. Најнизок прогрес имате кон ЕУ животниот стандард од сите земји во регионот, а и тие беа во ковид криза, и тие имаа енергетска криза. Со вашата стапка на раст на економијата, ќе нѝ требаат три генерации (60 години) за да го достигнеме стандардот на ЕУ. Ова е доказ дека сте самонаречена „европска“ влада, вели таа.
The post Драги Таче и Битиќи, не играјте весела математика: Кадиевска Војновиќ направи паралела на растот на платата и стандардот appeared first on Република.
]]>И уште нешто да ве информирам. Од јануари 2009 година настана структурна промена во податоците за платите, заради примената на концептот на “бруто плата”. Како и да е, вклучувањето на надоместоците за храна и превоз во платата во тој период се доход за вработените. И да се корегираат бројките за номиналниот раст на платите во тој период, високата инфлација во вашето владеење го изеде номиналниот раст на платите. Затоа беше потребно навремено да се спречи вртоглавиот раст на цените во економијата и добро да се менаџира енергетската криза. За што не успеавте. И сега повторно може да има раст на цените на основните прехранбени производи од март кога ќе се одмрзнат - вели Кадиевска Војновиќ.Затоа, драги Таче, Битиќи итн. кога сметате номинална плата, реална плата или инфлација викнете некој стручен во оваа област да ви помогне. Не правите весела математика. Немате заслуги, а уште помалку ексклузивитет во номиналниот раст на просечната нето платата по вработен во економијата. Истиот во најголем дел од дејностите е воден од пазарот на труд, во кој има побарувачка, ама за жал веќе нема понуда на работна сила. Многу се иселија од вашите успешни политики. И, не е исто да водите политики со армија на невработени и стапка на невработеност од 36% колку што беше во 2006 година и со стапка на невработеност намалена за 12,3 процентни поени колку што беше во 2016 година (23,7%). Во тоа време вистински политики придонесоа за отварање на нови работни места. Во ваш период на владеење, намалувањето на стапката на невработеност исклучиво е резултат на иселувањето т.е на намалувањето на работоспособната популација и на зголемениот број на граѓани кои преминаа од активни во неактивни лица (оние што не бараат работа, пензионери итн.). Платите (цената на трудот) имаат тенденција да растат кога има поголема побарувачка од понуда (како што е во вашиот период) и да се намалуваат или држат стабилни, ако има поголема понуда од побарувачка (како во претходниот 10 годишен период со армија на невработени). И за ова викнете си стручни лица да ви објаснат да не се срамите. И УШТЕ НЕШТО. Животниот стандард на граѓаните не се мери само преку растот на платите. Многу фактори го дефинираат нивото на стандардот на граѓаните (на пр. да нема никогаш веќе случај онкологија, да има учебници за деца, да има домашно произведена ефтина струја итн.). На глобално ниво, користен наблизок индикатор за тоа дали пораснал животниот стандард е Бруто домашниот производ по глава на жител по константни цени по метод на паритет на куповна моќ. Е според тој индикатор (видете го извештајот на Светска банка за системска дијагностика на наша Македонија, ако не знаете да пресметате сами) немате мрднато од место. Најнизок прогрес имате кон ЕУ животниот стандард од сите земји во регионот, а и тие беа во ковид криза, и тие имаа енергетска криза. Со вашата стапка на раст на економијата, ќе нѝ требаат три генерации (60 години) за да го достигнеме стандардот на ЕУ. Ова е доказ дека сте самонаречена „европска“ влада, вели таа.
The post Драги Таче и Битиќи, не играјте весела математика: Кадиевска Војновиќ направи паралела на растот на платата и стандардот appeared first on Република.
]]>Власта шеста година изгласува се поголем буџет, а оваа година тој гласи цели 5,5 милијарди евра, но граѓаните шеста година по ред, се повеќе се дават во сиромаштија, стандардот тоне, а цените во маркетите се поскапи од тие во Германија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според статистиките, за раст на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година, земјите во регионот бележат раст на БДП по глава на жител над 50%, додека Македонија за истиот период бележи раст само од 20%.
Во овие 6 години се потрошија 25 милијарди евра од буџетот, а нема ни еден единствен капитален проект, кој почнал и се завршил, за време на овој период. Македонија стана убедливо најсиромашна земја по глава на жител, нас не поминаа и Босна и Херцеговина и Албанија, во сите економски параметри.
Очигледно е она дека, со што се потврдува и во извештајот на ЕУ, дека во Македонија царува корупцијата, во сите пори на општеството, а функционерите од ДУИ и СДС, само гледаат како да натоварат, што повеќе милиони на своја сметка, за нив и нивните роднини.
Оваа пракса ќе заврши многу брзо, за само неколку месеци. ВМРО-ДПМНЕ, подржани од граѓаните, ќе ја срушат оваа криминална власт, а потоа ќе дојдат вистински економски политики но и одговорност, додаваат од партијата.
The post СДС и ДУИ од 2018-та гласаат се поголем буџет, а во исто време од тогаш, граѓаните имаат се помал стандард appeared first on Република.
]]>The post СДС и ДУИ од 2018-та гласаат се поголем буџет, а во исто време од тогаш, граѓаните имаат се помал стандард appeared first on Република.
]]>Не, обратно, народот, освен вас функционерите, сега може да купи, не речиси, туку сигурно – за една третина помалку производи, коментира Џевдет Хајредини на Фејсбук, на изјавата на Ковачевски дека „народот сега може да купи за речиси една третина повеќе производи“.
Хајредини, кој е добар познавач на економските состојби во земјава, го демантира тврдењето на СДСМ дека во изминатите 6 години значително ја подобрил куповната моќ на граѓаните, односно дека во периодот од мај 2017 година до мај 2023 година, благодарение на економските политики на СДСМ, реалната куповна моќ на граѓаните е зголемена за 30,2 отсто.
The post Хајредини го демантира тврдењето на СДСМ: Куповната моќ е намалена, а не зголемена appeared first on Република.
]]>The post Хајредини го демантира тврдењето на СДСМ: Куповната моќ е намалена, а не зголемена appeared first on Република.
]]>Наша иселеничка во Австралија се вратила во татковината за да го помине летниот одмор вели дека не може да разбере како народот наоѓа пари да се прехрани, затоа што платите се ниски.
Жената за „ТВ21“ кажа дека доаѓа од земјата на кенгурите, каде што стандардот за живот бил повисок од другите земји.
Да ти кажам право, за мене со полн џеб не е страшно. Но за овој стандард, се чудам како преживуваат луѓето. А кафулињата се преполни. И тоа не знам, од каде наоѓаат пари, а се жалат дека немаат, вели соговорничката.
The post За овој стандард, се чудам како преживуваат луѓето, вели иселеничка од Австралија appeared first on Република.
]]>Да ти кажам право, за мене со полн џеб не е страшно. Но за овој стандард, се чудам како преживуваат луѓето. А кафулињата се преполни. И тоа не знам, од каде наоѓаат пари, а се жалат дека немаат, вели соговорничката.
The post За овој стандард, се чудам како преживуваат луѓето, вели иселеничка од Австралија appeared first on Република.
]]>Големото дерби на белгискиот фудбал меѓу Стандард и Андерлехт беше прекинат синоќа во 62. минута, откако гостинските навивачи по втор пат го прекрија теренот на стадионот во Лиеж со пиротехнички средства. Судијата прво го прекина дербито во 57. минута кога навивачите на Андерлехт почнаа да фрлаат на теренот факели и димни бомби, незадоволни од водство на Стандард од 3:1.
Прекинот траеше околу 15 минути, а само пет минути откако натпреварот продолжи, гостинските навивачи го повторија инцидент по што судијата во согласност со правилата го прекина дербито.
Меѓутоа, тоа не беше крај на случувањата во Лиеж.
По последниот судиски свиреж, крилниот играч на Стандард, Норвежанецот Арон Дeнум ја повика својата вереница на теренот. Клекна на земјата, ги испружи рацете кон девојката и ја замоли да се омажи за него.
Рече, да, извика спикерот на стадионот на огромно задоволство на домашните навивачи.
https://youtu.be/4OpeYSttfcI
The post Навивачите го прекинаа белгиското дерби, играч ја запроси девојката appeared first on Република.
]]>Рече, да, извика спикерот на стадионот на огромно задоволство на домашните навивачи.https://youtu.be/4OpeYSttfcI
The post Навивачите го прекинаа белгиското дерби, играч ја запроси девојката appeared first on Република.
]]>Не треба да се тврди од страна на владата дека ова е најтешката и најдлабоката криза со која што се соочила Република Македонија последните 30 години. Прво транзициската рецесија беше многу подлабока и траеше со години, кризата што настана на економски план од војната 2001 година, понатаму кризата со глобалната рецесија 2007-2009 година, секоја криза си има свои специфичности, вели проф. д-р Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина“.
Славески потенцираше дека наместо владата на СДСМ да ги продолжи реформите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, тие не направиле ништо во однос на подобрување на економијата.
Конкретно би додал дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште со преземањето на власта во 2006 година почна да прави реформи кои што испаднаа од денешна временска дистанца подготовки за соочување со длабоки и сериозни удари на економијата. Имено воведувањето на рамен данок, намалување на стапките на персоналниот данок од доход, данокот од добивка, оставање повеќе средства кај претпријатијата на нивно дискрециско одлучување, понатаму нулта стапка на оданочување на реинвестираната добивка од први јануари 2009, сето тоа во услови на многу ниско ниво на јавен долг и помогна на македонската економија во тие години да биде една од најуспешните во справување со кризата глобална во регионот, што сега не е случај. Наместо тоа, во периодот на преземање на власта од страна на СДСМ, наместо тие да спроведат некои реформи и да продолжат со реформи она што го направија на економски план беше зголемување на неизвесноста и нестабилноста, еден неуспешен обид за рушење на системот на рамен данок, и никакви други реформи, рече тој.
Ја критикуваа мерката на ВМРО-ДПМЕН за субвенции во земјоделието која што сигурно можела да биде подобра за зголемување на домашното производство. Но, зошто сега во период од 4 години не направија нешто за да порасне, да се зголеми домашното производство на храна, да бидеме по подготвени сега кога настапи криза со цените на храната на светските берзи, истакна Славески.
Славески додаде дека инфлацијата не е феномен кој што настанува само од еден фактор како што тврдат од страна на владата на СДСМ.
Инфлацијата не е феномен предизвикан само од еден фактор, како сега што се тврди дека таа е увезена, не зависи ништо од тоа што тие го прават. Но, ако нас не ни веруваат нека ги погледнат документите од Меѓународен монетарен фонд пред неколку години и сега и на Светска Банка. Пред недела дена излезе извештајот за земјите од Западен Балкан за економската состојба и таму има едно посебно поглавје за Република Македонија. Уште првата реченица стои дека инфлацијата во државата се забрзува, од една страна заради растот на цените на храната и енергијата, но и поради притисокот на двоцифрениот пораст на минималната плата, рече тој.
Во однос на мерките на владата, Славески посочи дека истите не покажале резултати и дека цените на прехранбените производи и понатаму растат, а стандардот на граѓаните не е заштитен.
Не се справи владата добро со мерките во однос на замрзнување на цените, понатаму нула маржи, бидејќи се гледа дека цените и понатаму растат и се на високо ниво со што стандардот на граѓаните не е заштитен, нагласи Славески.
https://youtu.be/2A4isFiLxZg
The post Славески: Инфлацијата не е увезена, владата не успева да се справи со кризата, цените на храната и понатаму растат, а стандардот на граѓаните не е заштитен appeared first on Република.
]]>The post Славески: Инфлацијата не е увезена, владата не успева да се справи со кризата, цените на храната и понатаму растат, а стандардот на граѓаните не е заштитен appeared first on Република.
]]>Потсмевање со наставниот кадар и со сите кои протестираат, затоа што 10% покачување во образованието за да и е јасно на јавноста е некаде од 1.800 до 2.400 денари, па нека размислат дали со толку дополнително може да се преживее месецот во услови кога млекото е поскапено за 60%, маслото за 100%. Ако порано за 1000 денари се излегуваше со полни торби од маркет сега за толку не може да се купат повеќе од 5 производи, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител во врска со штрајкот на СОНК.
Николоски вели дека власта си поигрува со животниот стандард на наставниот кадар и затоа е оправдано да продолжат да штрајкуваат.
Исто така сакам да изразам поддршка на Конфедерацијата на слободни синдикати и на нивниот протест на 26 април, затоа што сметам дека апсолутно се оправдани барањата затоа што со овие плати во услови на вакво поскапување не се живее. Главен виновник за поскапувањата е владата, затоа што криза и војна има за сите држави, но не во сите држави, други и во нашето опкружување има вакви лоши услови, рече Николоиски.
Тој посочи дека Македонија по сите параметри ќе заврши како најлоша држава, со дефицит на буџетот од некаде над 8% и инфлација која може да оди до 10%, што значи енормно поскапување и затоа се оправдани барањата на СОНК и наставниот кадар и на КСС, и на сите останати.
СДСМ кога кажува дека покачила плати во образование игра со статистика затоа што не кажува дека инфлацијата тогаш беше 0,5 до 1%, а имаше и години и без инфлација. Клучното е колку вредат парите, а не колку имате. Важно е што може да купите со парите. СДСМ треба да одговори што во 2011 можеше да се купи за 24.000 денари колку, а што за толку може да се купи во 2022. Мислам дека сите ќе се согласат дека пола од работите кои во 2011 може да се купат, сега не може, нагласи Николоски.
The post Николоски: СДСМ си поигрува со животниот стандард на наставниот кадар, штрајкот е оправдан, затоа што со овие покачувања на цените не се преживува appeared first on Република.
]]>Потсмевање со наставниот кадар и со сите кои протестираат, затоа што 10% покачување во образованието за да и е јасно на јавноста е некаде од 1.800 до 2.400 денари, па нека размислат дали со толку дополнително може да се преживее месецот во услови кога млекото е поскапено за 60%, маслото за 100%. Ако порано за 1000 денари се излегуваше со полни торби од маркет сега за толку не може да се купат повеќе од 5 производи, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител во врска со штрајкот на СОНК.
Николоски вели дека власта си поигрува со животниот стандард на наставниот кадар и затоа е оправдано да продолжат да штрајкуваат.
Исто така сакам да изразам поддршка на Конфедерацијата на слободни синдикати и на нивниот протест на 26 април, затоа што сметам дека апсолутно се оправдани барањата затоа што со овие плати во услови на вакво поскапување не се живее. Главен виновник за поскапувањата е владата, затоа што криза и војна има за сите држави, но не во сите држави, други и во нашето опкружување има вакви лоши услови, рече Николоиски.
Тој посочи дека Македонија по сите параметри ќе заврши како најлоша држава, со дефицит на буџетот од некаде над 8% и инфлација која може да оди до 10%, што значи енормно поскапување и затоа се оправдани барањата на СОНК и наставниот кадар и на КСС, и на сите останати.
СДСМ кога кажува дека покачила плати во образование игра со статистика затоа што не кажува дека инфлацијата тогаш беше 0,5 до 1%, а имаше и години и без инфлација. Клучното е колку вредат парите, а не колку имате. Важно е што може да купите со парите. СДСМ треба да одговори што во 2011 можеше да се купи за 24.000 денари колку, а што за толку може да се купи во 2022. Мислам дека сите ќе се согласат дека пола од работите кои во 2011 може да се купат, сега не може, нагласи Николоски.
The post Николоски: СДСМ си поигрува со животниот стандард на наставниот кадар, штрајкот е оправдан, затоа што со овие покачувања на цените не се преживува appeared first on Република.
]]>Владата континуирано ја следи состојбата и презема конкретни мерки за да се зачува стандардот на граѓаните кои во текот на наредните неколку дена ќе бидат информирани за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.
Владиниот Сектор за односи со јавноста информира дека со сите релевантни чинители – синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти, Владата ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања.
Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија. Дополнително, Владата синоќа информираше и дека ќе нема промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.
Со оваа владина одлука се прави измена на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија, соопшти владината прес-служба.
Со оваа измена се утврдува правна основа за преземање мерка за финансиска поддршка која, како што се наведува во соопштението, ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.
Мерките кои ќе бидат донесени и во следниот период се за зачувување на стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за историскиот раст на пензиите. Владата со системски решенија се грижи за животниот стандард, особено за најранливите, како врвен приоритет, посочува Владата во соопштението.
The post Ќе има нови мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните, тврдат од Влада appeared first on Република.
]]>The post Ќе има нови мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните, тврдат од Влада appeared first on Република.
]]>Ќе настрада животниот стандард на просечниот Македонец. Владата во моментов нема многу простор за да помогне, но треба да води сметка за ранливите категории на граѓани, вели во разговор за ТВ24 универзитетскиот професор Ванчо Узунов за последиците од руско-украинската војна.
Случувањата нема да ја одминат земјава, а граѓаните да се подготват дека кризата сепак ќе удри по животниот стандард, вели Узунов:
The post Узунов: Ќе настрада животниот стандард на просечниот Македонец, Владата во моментов нема многу простор за да помогне appeared first on Република.
]]>Ќе настрада животниот стандард на просечниот Македонец. Владата во моментов нема многу простор за да помогне, но треба да води сметка за ранливите категории на граѓани, вели во разговор за ТВ24 универзитетскиот професор Ванчо Узунов за последиците од руско-украинската војна.Случувањата нема да ја одминат земјава, а граѓаните да се подготват дека кризата сепак ќе удри по животниот стандард, вели Узунов:
The post Узунов: Ќе настрада животниот стандард на просечниот Македонец, Владата во моментов нема многу простор за да помогне appeared first on Република.
]]>Воениот конфликт помеѓу Украина и Русија, земји многу енергетски битни и за Европа и за нас, многу негативно ќе се одрази врз македонската економијата.
Дали ќе се нормализира состојбата до крајот на оваа година, или конфликтот ќе трае подолг временски период со можност да ги покрене цените на храната, електричната енергија и нафата на повисоко ниво во еден подолг временски прериод – сѐ додека не дојде до прилагодување на понудата од страна на други држави. Директните ефекти на надворешно-трговската размена на Македонија со Русија и Украина се ниски. Во 2021 година, Русија учествува со 0,7% во нашиот вкупен извоз, а Украина со 0,2%. Русија сочинува 1,7% од нашиот увоз, а Украина 1,5%. Но, индирекните ефекти преку влијанието на конфликтот врз економијата на ЕУ имаат потенцијал да бидат големи за македонската економија, односно да го намалат извозот и инвестициите (кон и од ЕУ), дознаките на нашите иселеници во ЕУ, а со тоа и расположливиот доход на домаќинствата во РМ и личната потрошувачка, која веќе е поткопана заради инфлацијата. Сѐ ова ќе има влијание врз растот на економијата, којшто од крајот на 2021 година веќе стагнира. Македонија е влезена во период на стагфлација (низок раст и инфлација), сметаат економистите.
Македонија извезува 77% од вкупниот извоз во ЕУ и увезува 46% од ЕУ. Шокот врз цените на сметките за струја, гас, растот на цените на нафтените деривати, порастот на цените на храната ја поткопуваат куповната моќ на населението во ЕУ, што при паралелно зголемена воздржаност од потрошувачка заради конфликтот, ќе се рефлектира во помала странска побарувачка за нашите производи, но и услуги (извоз преку туризам итн.).
Првичните анализи велат дека во зависност од силата на шокот, на удар се и дознаките, односно парите на нашите иселеници кои во значаен дел го формираат расположливиот доход на домаќинствата во РМ. Негативниот сентимент на инвеститорите (особено од ЕУ), заедно со намалените профити (во услови на раст на трошоците за производство) ќе значи отсуство на приливи од СДИ (кои вака во подолг период ги нема) и веројатно поголема каматна стапка на планираниот нов пазарен долг (еврообврзницата). Каматите во светски рамки ќе растат и заради затегањето на монетарната политика на глобалните централни банки и од сега па во иднина ќе го рефинансираме долгот со повисоки трошоци.
Непосредниот ефект од разгорување на конфликтот ќе биде растот на цените на нафтените деривати и цена на природниот гас, а со тоа на цената на електрична енергија, кои директно ќе ги погодат домашните бизниси. За домаќинствата, цените на нафтените деривати имаат директен ефект, додека цената на електричната енергија има потенцијал да се зголеми (прво ако се врати ДДВ од 5-10% во јули оваа година) и второ, ако не се обезбедат средства во буџет за покривање на разликата од пазарна до регулирана цена на ЕСМ. Парите за справување со енергетската криза од 5,2 милијарди денари за 2022 година се истрошени. Потребен е ребаланс на буџетот да се обезбедат средства за понатамошно справување со енергетската криза и заради кумулирање на стокови резеви (никој не кажува дали имаме пченица, пченка и сл.).
Цените на нафтените деривати се рефлектираат во следниве категории од индексот на трошоци на живот (преку кои се мери инфлацијата) и тоа: течни горива за домување, горива и мазива за сопствени превозни средства, и транспортни услуги. Грубата пресметка за преносот на повисоките цените на нафтените деривати на инфлацијата (кои имаат пондер од 5,8% заедно) е дека ако цената на суровата нафта од 100 долари за барел се искачи на 120 долари за барел, ефектот на инфлацијата во Македонија е околу 1 процентен поен.
Дополнителниот пораст или заджување на висока цена на електрична енергија е неповолно за бизнис секторот кој е на слободниот пазар, и има потенцијал да ги качи цените на финалните производи и услуги, односно да се рефлектира дополнително врз инфлацијата. Така, секундарните ефекти од растот на цените на енергенсите веќе се отсликаа во базичната инфлација. Иифлацијата со исклучена енергија, течни горива и мазива, непроцесирана храна, тутун и алкохолни пијалаци (базична инфлација) од август 2021 година до јануари 2022 година се зголеми за 2,4%, што значи дека повисоките цени на трошоците за производство (пред сѐ електрична енергија и течни горива) се отсликаа и во другите цени на производите и услугите.
Збирно, сите ефекти од потенцијален раст на цените на храната, тутунот, нафтата, секундарните ефекти од растот на цената на стујата и останатите суровини, би можело да не чини подолнителен раст на општото ценовно ниво од околу 4% од јануари до мај. Тоа е дополнителна инфлација на краток рок, но за подолг рок зависи од прилагодувањето на цените на светските берзи. Но инфлацијата, ќе значи повторно намалување на куповната моќ на населението, во услови кога нема усогласување на плати за инфлација, а со тоа и пониска приватна потрошувачка.
За 2022 година, во отсуство на градежната активност на државата (којашто ја нема подолг временски период), во отсуство на домашни инвестиции кои се поткопани заради ударот од растот на трошоците за производство, во отсуство на СДИ- кои веќе неколку години се само заради реинвестирана добивка на веќе постојните капацитети (која ќе биде намалена оваа година), во отсуство на приватна потрошувачка и раст на извозот, економијата ќе стагнира.
Ова ќе има рефлексија на приходната страна на буџетот (но инфлацијата може да помогне), и со тоа на структурата на трошење на буџетските пари. Тоа што не реализираат капитални инвестиции ќе го правдаат со зголемени трошоци за справување со енергетската криза – за којашто требаше да имаат сценарија уште на крајот од 2021 година со носење на буџетот за оваа година, сметаат економистите.
The post Војната во Украина ќе нè дотолчи appeared first on Република.
]]>Дали ќе се нормализира состојбата до крајот на оваа година, или конфликтот ќе трае подолг временски период со можност да ги покрене цените на храната, електричната енергија и нафата на повисоко ниво во еден подолг временски прериод – сѐ додека не дојде до прилагодување на понудата од страна на други држави. Директните ефекти на надворешно-трговската размена на Македонија со Русија и Украина се ниски. Во 2021 година, Русија учествува со 0,7% во нашиот вкупен извоз, а Украина со 0,2%. Русија сочинува 1,7% од нашиот увоз, а Украина 1,5%. Но, индирекните ефекти преку влијанието на конфликтот врз економијата на ЕУ имаат потенцијал да бидат големи за македонската економија, односно да го намалат извозот и инвестициите (кон и од ЕУ), дознаките на нашите иселеници во ЕУ, а со тоа и расположливиот доход на домаќинствата во РМ и личната потрошувачка, која веќе е поткопана заради инфлацијата. Сѐ ова ќе има влијание врз растот на економијата, којшто од крајот на 2021 година веќе стагнира. Македонија е влезена во период на стагфлација (низок раст и инфлација), сметаат економистите.Македонија извезува 77% од вкупниот извоз во ЕУ и увезува 46% од ЕУ. Шокот врз цените на сметките за струја, гас, растот на цените на нафтените деривати, порастот на цените на храната ја поткопуваат куповната моќ на населението во ЕУ, што при паралелно зголемена воздржаност од потрошувачка заради конфликтот, ќе се рефлектира во помала странска побарувачка за нашите производи, но и услуги (извоз преку туризам итн.). Првичните анализи велат дека во зависност од силата на шокот, на удар се и дознаките, односно парите на нашите иселеници кои во значаен дел го формираат расположливиот доход на домаќинствата во РМ. Негативниот сентимент на инвеститорите (особено од ЕУ), заедно со намалените профити (во услови на раст на трошоците за производство) ќе значи отсуство на приливи од СДИ (кои вака во подолг период ги нема) и веројатно поголема каматна стапка на планираниот нов пазарен долг (еврообврзницата). Каматите во светски рамки ќе растат и заради затегањето на монетарната политика на глобалните централни банки и од сега па во иднина ќе го рефинансираме долгот со повисоки трошоци. Непосредниот ефект од разгорување на конфликтот ќе биде растот на цените на нафтените деривати и цена на природниот гас, а со тоа на цената на електрична енергија, кои директно ќе ги погодат домашните бизниси. За домаќинствата, цените на нафтените деривати имаат директен ефект, додека цената на електричната енергија има потенцијал да се зголеми (прво ако се врати ДДВ од 5-10% во јули оваа година) и второ, ако не се обезбедат средства во буџет за покривање на разликата од пазарна до регулирана цена на ЕСМ. Парите за справување со енергетската криза од 5,2 милијарди денари за 2022 година се истрошени. Потребен е ребаланс на буџетот да се обезбедат средства за понатамошно справување со енергетската криза и заради кумулирање на стокови резеви (никој не кажува дали имаме пченица, пченка и сл.). Цените на нафтените деривати се рефлектираат во следниве категории од индексот на трошоци на живот (преку кои се мери инфлацијата) и тоа: течни горива за домување, горива и мазива за сопствени превозни средства, и транспортни услуги. Грубата пресметка за преносот на повисоките цените на нафтените деривати на инфлацијата (кои имаат пондер од 5,8% заедно) е дека ако цената на суровата нафта од 100 долари за барел се искачи на 120 долари за барел, ефектот на инфлацијата во Македонија е околу 1 процентен поен. Дополнителниот пораст или заджување на висока цена на електрична енергија е неповолно за бизнис секторот кој е на слободниот пазар, и има потенцијал да ги качи цените на финалните производи и услуги, односно да се рефлектира дополнително врз инфлацијата. Така, секундарните ефекти од растот на цените на енергенсите веќе се отсликаа во базичната инфлација. Иифлацијата со исклучена енергија, течни горива и мазива, непроцесирана храна, тутун и алкохолни пијалаци (базична инфлација) од август 2021 година до јануари 2022 година се зголеми за 2,4%, што значи дека повисоките цени на трошоците за производство (пред сѐ електрична енергија и течни горива) се отсликаа и во другите цени на производите и услугите. Збирно, сите ефекти од потенцијален раст на цените на храната, тутунот, нафтата, секундарните ефекти од растот на цената на стујата и останатите суровини, би можело да не чини подолнителен раст на општото ценовно ниво од околу 4% од јануари до мај. Тоа е дополнителна инфлација на краток рок, но за подолг рок зависи од прилагодувањето на цените на светските берзи. Но инфлацијата, ќе значи повторно намалување на куповната моќ на населението, во услови кога нема усогласување на плати за инфлација, а со тоа и пониска приватна потрошувачка. За 2022 година, во отсуство на градежната активност на државата (којашто ја нема подолг временски период), во отсуство на домашни инвестиции кои се поткопани заради ударот од растот на трошоците за производство, во отсуство на СДИ- кои веќе неколку години се само заради реинвестирана добивка на веќе постојните капацитети (која ќе биде намалена оваа година), во отсуство на приватна потрошувачка и раст на извозот, економијата ќе стагнира. Ова ќе има рефлексија на приходната страна на буџетот (но инфлацијата може да помогне), и со тоа на структурата на трошење на буџетските пари. Тоа што не реализираат капитални инвестиции ќе го правдаат со зголемени трошоци за справување со енергетската криза – за којашто требаше да имаат сценарија уште на крајот од 2021 година со носење на буџетот за оваа година, сметаат економистите.
The post Војната во Украина ќе нè дотолчи appeared first on Република.
]]>