Стандард и пуср Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/standard-i-pusr/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 12:43:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стандард и пуср Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/standard-i-pusr/ 32 32 „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/standard-i-purs-ochekuva-zabrzuvane-na-ekonomijata-stabilizirane-na-javniot-dolg-i-zajaknata-fiskalna-konsolidatsija/ Wed, 31 Jul 2024 12:42:27 +0000 https://republika.mk/?p=801998

Македонската економија во 2024 година се очекува да забрза до ниво од 2,5% и да достигне 3 % до 2027 година, јавниот долг да остане умерен и да се стабилизира на 57% од БДП до 2027 година, а буџетскиот дефицит за годинава е ревидиран на 4,9 % и се очекува од 2025 година да се зајакнат напорите за фискална консолидација согласно Законот за буџети. Ова го констатира Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандар и пурс” во најновиот извештај со кој земјата го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи.

„Стандард и пурс” во извештајот наведува дека земјата забележа стапка на раст од 1,3% во 2023 година, продолжувајќи го ваквиот тренд од последните две години, поради слабата надворешна побарувачка и инвестиции. Поконкретно, во извештајот се констатира дека „во првиот квартал од 2024 година, економијата забележа раст од 1,3% на годишно ниво, што е доминантно поттикнат од инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти”, кои според Агенцијата и во наредниот период ќе бидат двигатели на економскиот раст. Ризиците кои може да влијаат на намалување на растот се поврзани со неизвесното економско окружување во ЕУ и потенцијалот за зголемување на цените на суровините поттикнати од глобалните геополитички тензии. Сепак, очекувањата на Aгенцијата се растот да закрепне и да достигне 3% до 2027 година поттикнат од очекуваното зголемување на надворешната побарувачка и зајакнување на кредитната активност.

И покрај слабиот  економски раст, „Стандард и пурс” нотира дека постигнато е значително намалување на стапката на невработеност, која е намалена на ниво од 12,9% во првиот квартал од 2024 година и дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина поддржан од приливот на странски директни инвестиции. Ризик на кој се посочува е високото ниво на емиграција, значителниот неформален сектор и недостигот на квалификувана работна сила.

Исто така, во извештајот се нотира дека послабите изгледи за економскиот раст за оваа година се пресликуваат и во ревидираниот буџет кој се фокусира на пораст на пензиите, платите и сервисирање на долговите, и намалување на другите расходи, а воедно буџетскиот дефицит за 2024 година е ревидиран на ниво од 4,9%. Значајно, според „Стандард и пурс” е почитување на Законот за буџети и понатамошна фискална консолидација. Во периодот 2024-2027 буџетскиот дефицит во просек е проектиран на 3,5% од БДП. При тоа клучни предизвици на кои се упатува во извештајот се неформалниот сектор и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти.

Клучно според „Стандард и пурс” е да се продолжи со обезбедување силен економски раст и спроведување на структурните реформи. Примарна агенда на Владата, нотира Агенцијата, се сеопфатни реформи насочени кон ревитализација на институциите, борба со корупцијата и почитување на владеењето на правото. Клучна цел е економскиот раст, поставен на 5%, поттикнат од големите инфраструктурни проекти, привлекување нови инвестиции, зајканување на наплатата на даноците и зголемување на приходите, зголемување на пензиите и платите.

Кредитниот рејтинг, кој го изготвуваат Агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Кредитниот рејтинг на земјата го оценуваат „Стандард и пурс” и „Фич” двапати во годината.

The post „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација appeared first on Република.

]]>