стампедо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stampedo/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 07:14:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стампедо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stampedo/ 32 32 Стампедо во Мајами на финалето на Копа Америка https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/stampedo-vo-majam-na-finaleto-na-kopa-amerika/ Mon, 15 Jul 2024 07:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=796841

Почетокот на финалето на Копа Америка помеѓу Аргентина и Колумбија беше одложен поради стампедо на стадионот „Хард Рок“ во Мајами (САД), каде требаше да се игра натпреварот.

Во близина на арената се собраа голем број навивачи кои немаа билети за натпреварот. Навивачите се обиделе да упаднат на трибините без билети, но полицијата ги спречила насилниците и го блокирала влезот на стадионот.

https://republika.mk/sport/fudbal/argentina-pobednik-na-kopa-amerika/

Поради ова беше одложен почетокот на натпреварот. Првично, натпреварот, кој требаше да започне во 2 часот по македонско време, беше одложен за половина час, потоа за еден час, а потоа и за 1 час и 20 минути.

Финалето на турнирот започна во 3:20 часот по македонско време.

Репрезентацијата на Аргентина ја победи Колумбија и по 15.пат го освои трофејот на Копа Америка.

The post Стампедо во Мајами на финалето на Копа Америка appeared first on Република.

]]>

Почетокот на финалето на Копа Америка помеѓу Аргентина и Колумбија беше одложен поради стампедо на стадионот „Хард Рок“ во Мајами (САД), каде требаше да се игра натпреварот. Во близина на арената се собраа голем број навивачи кои немаа билети за натпреварот. Навивачите се обиделе да упаднат на трибините без билети, но полицијата ги спречила насилниците и го блокирала влезот на стадионот. https://republika.mk/sport/fudbal/argentina-pobednik-na-kopa-amerika/ Поради ова беше одложен почетокот на натпреварот. Првично, натпреварот, кој требаше да започне во 2 часот по македонско време, беше одложен за половина час, потоа за еден час, а потоа и за 1 час и 20 минути. Финалето на турнирот започна во 3:20 часот по македонско време. Репрезентацијата на Аргентина ја победи Колумбија и по 15.пат го освои трофејот на Копа Америка.

The post Стампедо во Мајами на финалето на Копа Америка appeared first on Република.

]]>
За помош од девет долари: Во стампедо во Јемен загинаа најмалку 85 лица, над 300 се повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-pomosh-od-devet-dolari-vo-stampedo-vo-jemen-zaginaa-najmalku-85-litsa-nad-300-se-povredeni/ Thu, 20 Apr 2023 06:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=632302

Најмалку 85 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо, јави француската новинска агенција АФП.

Ројтерс известува дека стотици луѓе се собрале во училиштето за да добијат донации кои изнесуваат околу девет долари по лице.

Бројот на загинати и повредени расте доста брзо бидејќи првите информации говореа за триесет мртви за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути, кои ја потврдија веста за АФП.

Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на овој настан се уапсени.

Меѓу загинатите има деца и жени, а се соопштува дека најмалку 50 лица моментално се во критична состојба.

Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата.

Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

The post За помош од девет долари: Во стампедо во Јемен загинаа најмалку 85 лица, над 300 се повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 85 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо, јави француската новинска агенција АФП. Ројтерс известува дека стотици луѓе се собрале во училиштето за да добијат донации кои изнесуваат околу девет долари по лице. Бројот на загинати и повредени расте доста брзо бидејќи првите информации говореа за триесет мртви за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути, кои ја потврдија веста за АФП. Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на овој настан се уапсени. Меѓу загинатите има деца и жени, а се соопштува дека најмалку 50 лица моментално се во критична состојба. Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата. Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

The post За помош од девет долари: Во стампедо во Јемен загинаа најмалку 85 лица, над 300 се повредени appeared first on Република.

]]>
Ужасни слики: 79 лица загинаа во Јемен во стампедо за девет долари хуманитарна помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uzhasni-sliki-79-litsa-zaginaa-vo-jemen-vo-stampedo-za-devet-dolari-humanitarna-pomosh/ Thu, 20 Apr 2023 06:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=632290

 Најмалку 79 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо.

Бројот на загинати и повредени постојано расте, бидејќи првите информации беа за триесет загинати за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути. Се делела помош од девет долари.

Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на тој настан се уапсени.

Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата.

Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

The post Ужасни слики: 79 лица загинаа во Јемен во стампедо за девет долари хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

 Најмалку 79 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо. Бројот на загинати и повредени постојано расте, бидејќи првите информации беа за триесет загинати за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути. Се делела помош од девет долари. Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на тој настан се уапсени. Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата. Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

The post Ужасни слики: 79 лица загинаа во Јемен во стампедо за девет долари хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
Во Индонезија пак се игра фудбал по стампедото https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-indonezija-pak-se-igra-fudbal-po-stampedoto/ Thu, 13 Apr 2023 09:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=630498

Без присуство на публика и под силни мерки за безбедност, индонезиските прволигашки екипи Аремa и Персебаја за прв пат одиграа меѓусебен дуел од октомври лани кога натпреварот заврши со смртоносно стампедо.

Двата ривалски клуба последен пат се сретнаа на 1 октомври лани во Маланга, кога смртно настрадаа 135 луѓе, меѓу кои и над 40 деца.

Натпреварот во вторникот се одигра во Јужна Џакарта на стадион во сопственост на полицијата и заврши со победа на Персебаја од 1-0, а не беше забележан ниту еден инцидент.

„Ривалството трае 90 минути. Сите сме браќа, хуманоста е над сè“, соопшти Персебаја на својот Инстаграм профил.

Овој натпревар од индонезиската лига првично требаше да се одигра во март, но беше по одложен и преместен на неутрален терен поради ризик од навивачки инциденти

The post Во Индонезија пак се игра фудбал по стампедото appeared first on Република.

]]>

Без присуство на публика и под силни мерки за безбедност, индонезиските прволигашки екипи Аремa и Персебаја за прв пат одиграа меѓусебен дуел од октомври лани кога натпреварот заврши со смртоносно стампедо.

Двата ривалски клуба последен пат се сретнаа на 1 октомври лани во Маланга, кога смртно настрадаа 135 луѓе, меѓу кои и над 40 деца.

Натпреварот во вторникот се одигра во Јужна Џакарта на стадион во сопственост на полицијата и заврши со победа на Персебаја од 1-0, а не беше забележан ниту еден инцидент.

„Ривалството трае 90 минути. Сите сме браќа, хуманоста е над сè“, соопшти Персебаја на својот Инстаграм профил.

Овој натпревар од индонезиската лига првично требаше да се одигра во март, но беше по одложен и преместен на неутрален терен поради ризик од навивачки инциденти

The post Во Индонезија пак се игра фудбал по стампедото appeared first on Република.

]]>
Хорор во новогодишната ноќ, стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку девет жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/horor-vo-novogodishnata-nok-stampedo-vo-trgovski-tsentar-vo-uganda-najmalku-devet-zhrtvi/ Sun, 01 Jan 2023 12:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=592500

Најмалку девет лица загинаа, а неколку други се повредени во метеж во трговски центар во главниот град на Уганда, Кампала за време на новогодишната прослава, соопшти денеска локалната полиција.

По огнометот пред трговскиот центар во јужниот дел на Кампала, настана метеж, пет лица загинаа на лице место, а повеќе се повредени, се вели во соопштението на полицискиот портпарол.

Итната помош ги пренесе повредените во болница, каде е констатирана смрт на девет лица, додаде тој.

Портпаролот рече дека меѓу жртвите има и млади луѓе и ја осуди негрижата и невниманието.

Прославата на Новата година во Уганда е прва во последните три години, поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19 и безбедносните проблеми.

 

The post Хорор во новогодишната ноќ, стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку девет жртви appeared first on Република.

]]>

Најмалку девет лица загинаа, а неколку други се повредени во метеж во трговски центар во главниот град на Уганда, Кампала за време на новогодишната прослава, соопшти денеска локалната полиција. По огнометот пред трговскиот центар во јужниот дел на Кампала, настана метеж, пет лица загинаа на лице место, а повеќе се повредени, се вели во соопштението на полицискиот портпарол. Итната помош ги пренесе повредените во болница, каде е констатирана смрт на девет лица, додаде тој. Портпаролот рече дека меѓу жртвите има и млади луѓе и ја осуди негрижата и невниманието. Прославата на Новата година во Уганда е прва во последните три години, поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19 и безбедносните проблеми.  

The post Хорор во новогодишната ноќ, стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку девет жртви appeared first on Република.

]]>
Потресни слики од Сеул: Што остана по стампедото? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/potresni-sliki-od-seul-shto-ostana-po-stampedoto/ Tue, 01 Nov 2022 09:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=568192

Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, позната по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе.

На потресните фотографии се гледаат лични работи на жртвите на трагедијата во текот на прославата на ноќта на вештерките во Јужна Кореја.

Чевли, облека, очила, документи и други лични работи на загинатите во стампедото во Сеул се наредени во една сала.


Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, познат по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе.

Во еден момент стотици се нашле на надолнина во тесна улица, од каде почнале да паѓаат едни преку други. Луѓето не можеле ни напред ни назад, додека масата притискала од сите страни.


Шефот на полицијата на Јужна Кореја изјавил дека контролата на масата во текот на прославата во Сеул била несоодветна – ова е прво признавање на некој службеник дека не направиле се за да ја спречат трагедијата.

Јун Хи Кеун рекол дека реакцијата на полицијата била разочарувачка и дека чувствува неограничена одговорност за јавната безбедност поради тоа што се случило, пренесува „BBC“.


Ветил дека ќе спроведе целосна истрага.

Јужнокорејските инспектори започнале со прегледување на снимки од повеќе од 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори на тоа како големиот раст на бројот на посетители на прославата за Ноќ на вештерките довел до трагедијата во која настрадале толку луѓе, пренесува „Reuters“.


Во фаталниот инцидент загинале 155 луѓе, додека уште 152 биле повредени.

Ова е најголема трагедија во Јужна Кореја од 2014-та година, кога потонал траект и се удавиле 304 лица, најмногу средношколци.

The post Потресни слики од Сеул: Што остана по стампедото? appeared first on Република.

]]>

Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, позната по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе. На потресните фотографии се гледаат лични работи на жртвите на трагедијата во текот на прославата на ноќта на вештерките во Јужна Кореја. Чевли, облека, очила, документи и други лични работи на загинатите во стампедото во Сеул се наредени во една сала. Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, познат по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе. Во еден момент стотици се нашле на надолнина во тесна улица, од каде почнале да паѓаат едни преку други. Луѓето не можеле ни напред ни назад, додека масата притискала од сите страни. Шефот на полицијата на Јужна Кореја изјавил дека контролата на масата во текот на прославата во Сеул била несоодветна – ова е прво признавање на некој службеник дека не направиле се за да ја спречат трагедијата. Јун Хи Кеун рекол дека реакцијата на полицијата била разочарувачка и дека чувствува неограничена одговорност за јавната безбедност поради тоа што се случило, пренесува „BBC“. Ветил дека ќе спроведе целосна истрага. Јужнокорејските инспектори започнале со прегледување на снимки од повеќе од 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори на тоа како големиот раст на бројот на посетители на прославата за Ноќ на вештерките довел до трагедијата во која настрадале толку луѓе, пренесува „Reuters“. Во фаталниот инцидент загинале 155 луѓе, додека уште 152 биле повредени. Ова е најголема трагедија во Јужна Кореја од 2014-та година, кога потонал траект и се удавиле 304 лица, најмногу средношколци.

The post Потресни слики од Сеул: Што остана по стампедото? appeared first on Република.

]]>
Во стампедото во Сеул загинаа 154 лица, а уште 149 се повредени од кои 33 се во тешка сосојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-stampedoto-vo-seul-zaginaa-154-lica-a-ushte-149-se-povredeni-od-koi-33-se-vo-teshka-sosojba/ Mon, 31 Oct 2022 10:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=567700

Бројот на загинатите во стампедото во Сеул се искачи на 154, уште 149 лица се повредени, од кои 33 се во тешка состојба, а меѓу загинатите има државјани од најмалку дваесет земји.

Јужнокорејските истражители почнаа денеска да ги прегледуваат снимките од над 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори за тоа како огромниот пораст на бројот на посетители на прославата на Ноќта на вештерките доведе до трагедијата во која загинаа толку многу луѓе, објави „Ројтерс“.

Премиерот Хан Деок-су вети темелна истрага, а властите рекоа дека се фокусирани на реконструкција на настаните и испитување дали некој може да биде одговорен за она што се случило.

Главниот полициски истражител Нам Гу-џун изјави дека ќе продолжат да испрашуваат повеќе очевидци, вклучително и вработени во околните продавници.

Премиерот Хан рече дека идентификацијата на жртвите е речиси завршена и дека може да започнат подготовките за погребот, а претседателот Јун Сук-Јол прогласи состојба на национална жалост. Претседателот денеска го посети спомен-олтарот во близина на градското собрание на Сеул и им оддаде почит на жртвите.

Трагедијата се случи во саботата вечерта за време на прославата на Ноќта на вештерките, кога во еден момент неколку стотици луѓе се нашле на удолницата, во тесна уличка широка само четири метри, од каде не можеле да се сокријат ниту да излезат, па почнале да паѓаат еден врз друг, објави агенцијата Јонап.

Стампедото започнало кога луѓето почнале да се превртуваат како „домино“ и да се натрупуваат еден врз друг во метежот поради гужвата, поради што многумина не можеле да добијат воздух или биле прегазени, велат очевидци.

Ова е најголемата трагедија во Јужна Кореја од 2014 година, кога потона траект и се удавија 304 лица, главно средношколци.

The post Во стампедото во Сеул загинаа 154 лица, а уште 149 се повредени од кои 33 се во тешка сосојба appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинатите во стампедото во Сеул се искачи на 154, уште 149 лица се повредени, од кои 33 се во тешка состојба, а меѓу загинатите има државјани од најмалку дваесет земји.
Јужнокорејските истражители почнаа денеска да ги прегледуваат снимките од над 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори за тоа како огромниот пораст на бројот на посетители на прославата на Ноќта на вештерките доведе до трагедијата во која загинаа толку многу луѓе, објави „Ројтерс“.
Премиерот Хан Деок-су вети темелна истрага, а властите рекоа дека се фокусирани на реконструкција на настаните и испитување дали некој може да биде одговорен за она што се случило. Главниот полициски истражител Нам Гу-џун изјави дека ќе продолжат да испрашуваат повеќе очевидци, вклучително и вработени во околните продавници. Премиерот Хан рече дека идентификацијата на жртвите е речиси завршена и дека може да започнат подготовките за погребот, а претседателот Јун Сук-Јол прогласи состојба на национална жалост. Претседателот денеска го посети спомен-олтарот во близина на градското собрание на Сеул и им оддаде почит на жртвите.
Трагедијата се случи во саботата вечерта за време на прославата на Ноќта на вештерките, кога во еден момент неколку стотици луѓе се нашле на удолницата, во тесна уличка широка само четири метри, од каде не можеле да се сокријат ниту да излезат, па почнале да паѓаат еден врз друг, објави агенцијата Јонап.
Стампедото започнало кога луѓето почнале да се превртуваат како „домино“ и да се натрупуваат еден врз друг во метежот поради гужвата, поради што многумина не можеле да добијат воздух или биле прегазени, велат очевидци. Ова е најголемата трагедија во Јужна Кореја од 2014 година, кога потона траект и се удавија 304 лица, главно средношколци.

The post Во стампедото во Сеул загинаа 154 лица, а уште 149 се повредени од кои 33 се во тешка сосојба appeared first on Република.

]]>
Газат едни врз други: Погледнете го стампедото во Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazat-edni-vrz-drugi-poglednete-go-stampedoto-vo-koreja/ Sat, 29 Oct 2022 17:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=567244

Најмалу 59 луѓе ги загубија животите и 150 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот.

Агенцијата Јонхап објави дека околу 50 луѓе имале срцев удар во кварт во Сеул, каде неколку илјади луѓе ја прославувале Ноќта на вештерките.

Јужнокорејски медиуми објавија фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаа, а полицијата ја сузбива толпата.

Јужнокорејскиот прет седател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти

The post Газат едни врз други: Погледнете го стампедото во Кореја appeared first on Република.

]]>

Најмалу 59 луѓе ги загубија животите и 150 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба. Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот. Агенцијата Јонхап објави дека околу 50 луѓе имале срцев удар во кварт во Сеул, каде неколку илјади луѓе ја прославувале Ноќта на вештерките. Јужнокорејски медиуми објавија фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаа, а полицијата ја сузбива толпата. Јужнокорејскиот прет седател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти

The post Газат едни врз други: Погледнете го стампедото во Кореја appeared first on Република.

]]>
Од меч до невидена трагедија: 174 мртви во стампедо и немири на фудбалски стадион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-mech-do-nevidena-tragedija-174-mrtvi-vo-stampedo-i-nemiri-na-fudbalski-stadion/ Sun, 02 Oct 2022 11:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=556500

Најмалку 174 лица загинаа, а 180 се повредени во стампедото и немирите на фудбалски натпревар во Индонезија, соопштија денеска локалните власти, давајќи појаснувања за една од најтешките катастрофи на стадионите ширум светот.

Кога гневните навивачи на поразената домашна екипа синоќа упаднаа на теренот во Маланг, во провинцијата Источна Јава, полицијата употреби солзавец во обид да ја ставии ситуацијата под контролира, што, меѓутоа, предизвика стампедо во кое многумина се задушиле, изјави началникот на полицијата во Источна Јава, Нико Афинта.

Стана анархично. Навивачите почнаа да ја напаѓаат полицијата, да уништуваат автомобили, изјави Афинта, додавајќи дека турканиците настанале кога навивачите тргнале со трчање кон излезот.

На видео снимка од локален медиум се гледа како навивачите упаѓаат на теренот околу 22 часот по локално време, откако нивниот домашен клуб ФК „Арема“ загуби со 3-2 од „Персебаја Сурабаја“.

На видеото се гледа тепачка и нешто што се чени дека е солзавец во воздухот, како и навивачи кои носат луѓе во бесознание.

Директорот на една од болниците каде се пренесени повредените за ТВ Метро изјави дека некои од жртвите се здобиле со повреди на мозокот и дека меѓу загинатите има и петгодишно дете.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека властите мора темелно да ја проценат безбедноста на натпреварите и додаде дека се надева оти ова е „последната фудбалска трагедија во земјата“.

Џокови, како што го нарекуваат претседателот, му нареди на Фудбалскиот сојуз на Индонезија да ги прекине сите натпревари од националната врвна лига БРИ Лига 1 додека не заврши истрагата.

ФИФА во своите безбедносни прописи наведува дека редарите и полицијата не смеат да користат оружје, ниту „гас за контрола на толпата“.

Комисијата за човекови права на Индонезија, исто така, има намера да ја испита безбедноста на теренот, вклучително и употребата на солзавец, изјави нејзиниот комесар.

Индонезискиот огранок на Амнести интернешенел остро ги осуди безбедносните мерки и рече дека „воопшто не може да се оправда државата да користи прекумерна сила… при задржување и контролирање на такви толпи“.

Индонезискиот министер за безбедност Махмуд М.Д. во објава на Инстаграм тврди дека стадионот бил исполнет над неговиот капацитет. Тој напиша дека биле издадени 42.000 билети за стадионот кој може да прими само 38.000 лица.

The post Од меч до невидена трагедија: 174 мртви во стампедо и немири на фудбалски стадион appeared first on Република.

]]>

Најмалку 174 лица загинаа, а 180 се повредени во стампедото и немирите на фудбалски натпревар во Индонезија, соопштија денеска локалните власти, давајќи појаснувања за една од најтешките катастрофи на стадионите ширум светот. Кога гневните навивачи на поразената домашна екипа синоќа упаднаа на теренот во Маланг, во провинцијата Источна Јава, полицијата употреби солзавец во обид да ја ставии ситуацијата под контролира, што, меѓутоа, предизвика стампедо во кое многумина се задушиле, изјави началникот на полицијата во Источна Јава, Нико Афинта.
Стана анархично. Навивачите почнаа да ја напаѓаат полицијата, да уништуваат автомобили, изјави Афинта, додавајќи дека турканиците настанале кога навивачите тргнале со трчање кон излезот.
На видео снимка од локален медиум се гледа како навивачите упаѓаат на теренот околу 22 часот по локално време, откако нивниот домашен клуб ФК „Арема“ загуби со 3-2 од „Персебаја Сурабаја“. На видеото се гледа тепачка и нешто што се чени дека е солзавец во воздухот, како и навивачи кои носат луѓе во бесознание. Директорот на една од болниците каде се пренесени повредените за ТВ Метро изјави дека некои од жртвите се здобиле со повреди на мозокот и дека меѓу загинатите има и петгодишно дете. Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека властите мора темелно да ја проценат безбедноста на натпреварите и додаде дека се надева оти ова е „последната фудбалска трагедија во земјата“. Џокови, како што го нарекуваат претседателот, му нареди на Фудбалскиот сојуз на Индонезија да ги прекине сите натпревари од националната врвна лига БРИ Лига 1 додека не заврши истрагата. ФИФА во своите безбедносни прописи наведува дека редарите и полицијата не смеат да користат оружје, ниту „гас за контрола на толпата“. Комисијата за човекови права на Индонезија, исто така, има намера да ја испита безбедноста на теренот, вклучително и употребата на солзавец, изјави нејзиниот комесар. Индонезискиот огранок на Амнести интернешенел остро ги осуди безбедносните мерки и рече дека „воопшто не може да се оправда државата да користи прекумерна сила… при задржување и контролирање на такви толпи“. Индонезискиот министер за безбедност Махмуд М.Д. во објава на Инстаграм тврди дека стадионот бил исполнет над неговиот капацитет. Тој напиша дека биле издадени 42.000 билети за стадионот кој може да прими само 38.000 лица.

The post Од меч до невидена трагедија: 174 мртви во стампедо и немири на фудбалски стадион appeared first on Република.

]]>
Најмалку осуммина загинати во станпедо по фудбалски натпревар, неколку деца без свест https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-osummina-zaginati-vo-stanpedo-po-fudbalski-natprevar-nekolku-deca-bez-svest/ Tue, 25 Jan 2022 10:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=449125

Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо што се случи пред фудбалски натпревар на Африканскиот куп на нации во Камерун.

Меѓу жртвите е и едно дете, соопшти Министерството за здравство на Камерун, додека според извештај уште неколку деца изгубиле свест, пренесува Би-Би-Си.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа ужасно стампедо од фудбалски навивачи кои се обидуваат да се пробијат до стадионот „Пол Бија“ во главниот град на Камерун, Јаунде.

Стадионот има капацитет од 60.000 гледачи, но поради ограничувањата поврзани со Ковид-19, неговата исполнетост не требаше да надмине 80 проценти.

Локалните власти соопштија дека околу 50.000 луѓе се обиделе да присуствуваат на натпреварот.

Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) во соопштение информира дека „во моментов ја истражува ситуацијата и се обидува да добие повеќе детали за тоа што се случило“.

Натпреварот меѓу Камерун и Коморските Острови се одигра и покрај инцидентот и заврши со победа на домаќините од 2:1.

The post Најмалку осуммина загинати во станпедо по фудбалски натпревар, неколку деца без свест appeared first on Република.

]]>

Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо што се случи пред фудбалски натпревар на Африканскиот куп на нации во Камерун. Меѓу жртвите е и едно дете, соопшти Министерството за здравство на Камерун, додека според извештај уште неколку деца изгубиле свест, пренесува Би-Би-Си. На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа ужасно стампедо од фудбалски навивачи кои се обидуваат да се пробијат до стадионот „Пол Бија“ во главниот град на Камерун, Јаунде. Стадионот има капацитет од 60.000 гледачи, но поради ограничувањата поврзани со Ковид-19, неговата исполнетост не требаше да надмине 80 проценти. Локалните власти соопштија дека околу 50.000 луѓе се обиделе да присуствуваат на натпреварот. Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) во соопштение информира дека „во моментов ја истражува ситуацијата и се обидува да добие повеќе детали за тоа што се случило“. Натпреварот меѓу Камерун и Коморските Острови се одигра и покрај инцидентот и заврши со победа на домаќините од 2:1.

The post Најмалку осуммина загинати во станпедо по фудбалски натпревар, неколку деца без свест appeared first on Република.

]]>