стакленички гасови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/staklenichki-gasovi/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 12:07:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стакленички гасови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/staklenichki-gasovi/ 32 32 Светска метеоролошка организација: Стакленичките гасови лани достигнаа ново рекордно ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetska-meteoroloshka-organizatsija-staklenichkite-gasovi-lani-dostignaa-novo-rekordno-nivo/ Mon, 28 Oct 2024 12:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=831675

Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација.

Според податоците на Светската метеоролошка организација, нивото на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азот оксид, кои придонесуваат за глобалното затоплување, повторно се зголемија минатата година. Јаглерод диоксидот се акумулира побрзо од кога било во атмосферата, зголемувајќи се за повеќе од 10 проценти за две децении.

Уште една година. Уште еден рекорд. Ова треба да биде повик за будење за носителите на одлуки. Очигледно заостануваме зад целта на Парискиот договор за климата од 2015 година, изјави генералната секретарка на Светската метеоролошка организација, Селест Сауло.

Таа додаде дека глобалните температури на копно и море во 2023 година беа највисоки забележани од 1850 година.

Земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување на помалку од два степени над прединдустриските нивоа, дури и до 1,5 степени ако е можно.

Сè додека продолжуваат емисиите, стакленички гасови ќе продолжат да се акумулираат во атмосферата, зголемувајќи ги температурите, се наведува во извештајот на Светска метеоролошка организација.

Годишниот извештај на Светската метеоролошка организација за стакленички гасови е објавен во пресрет на КОП29 – следниот Самит на ОН за климата, што ќе се одржи од 11 до 22 ноември во Баку.

The post Светска метеоролошка организација: Стакленичките гасови лани достигнаа ново рекордно ниво appeared first on Република.

]]>

Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација. Според податоците на Светската метеоролошка организација, нивото на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азот оксид, кои придонесуваат за глобалното затоплување, повторно се зголемија минатата година. Јаглерод диоксидот се акумулира побрзо од кога било во атмосферата, зголемувајќи се за повеќе од 10 проценти за две децении. Уште една година. Уште еден рекорд. Ова треба да биде повик за будење за носителите на одлуки. Очигледно заостануваме зад целта на Парискиот договор за климата од 2015 година, изјави генералната секретарка на Светската метеоролошка организација, Селест Сауло. Таа додаде дека глобалните температури на копно и море во 2023 година беа највисоки забележани од 1850 година. Земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување на помалку од два степени над прединдустриските нивоа, дури и до 1,5 степени ако е можно. Сè додека продолжуваат емисиите, стакленички гасови ќе продолжат да се акумулираат во атмосферата, зголемувајќи ги температурите, се наведува во извештајот на Светска метеоролошка организација. Годишниот извештај на Светската метеоролошка организација за стакленички гасови е објавен во пресрет на КОП29 – следниот Самит на ОН за климата, што ќе се одржи од 11 до 22 ноември во Баку.

The post Светска метеоролошка организација: Стакленичките гасови лани достигнаа ново рекордно ниво appeared first on Република.

]]>
Од 2030 година новите згради во ЕУ мора да имаат нулта емисии на стакленички гасови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-2030-godina-novite-zgradi-vo-eu-mora-da-imaat-nulta-emisii-na-staklenichki-gasovi/ Tue, 12 Mar 2024 18:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=754134

Од 2030 година сите нови згради во земјите на Европската Унија треба да имаат нулта емисија на гасови, а до 2040 година постепено да ги отстрануваат фосилните горива од системот за греење и ладење, според плановите што денеска ги усвоија пратениците во Европскиот парламент.

Предложената ревизија на Директивата за енергетските перформанси на зградите има за цел значително да ги намали емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на енергија во градежниот сектор на ЕУ и да го направи секторот климатски неутрален до 2050 година.

Рокот за постигнување на нулта емисии за објекти кои се користат или во сопственост на државни органи е 2028 година, додека земјоделските објекти и објектите од културното наследство ќе бидат изземени од новите правила.

При пресметувањето на емисиите, се зема предвид потенцијалот за глобално затоплување во текот на животниот циклус на зградата, вклучувајќи го и производството и отстранувањето на градежните производи што се користат при изградбата.

Кога станува збор за станбените згради, земјите-членки ќе треба да воведат мерки за да се осигура дека просечната потрошувачка на енергија во зградите ќе се намали за најмалку 16 проценти до 2030 година, а за најмалку 20 до 22 проценти од зградите до 2035 година.

Според новата директива, земјите од ЕУ ќе треба да реновираат 16 отсто од најмалку енергетски ефикасните нестанбени згради до 2030 година и 26 отсто до 2033 година.

Исто така, доколку е технички и економски изводливо,  до 2030 година земјите-членки треба постепено да поставуваат соларни инсталации на јавните и нестанбените згради, во зависност од нивната големина, како и на сите нови станбени згради.

„Земјите-членки мора да усвојат мерки за декарбонизација на системот за греење, со цел постепено напуштање на фосилните горива во греењето и ладењето до 2040 година“, се наведува во соопштението на ЕП.

Се додава дека од 2025 година, субвенции за самостојни котли на фосилни горива ќе бидат забранети, додека финансиски стимулации сè уште ќе бидат можни за хибридните системи за греење кои користат значителен дел од обновлива енергија, како што се топлинските пумпи.

Според податоците на Европската комисија, зградите во ЕУ предизвикуваат 40 отсто од потрошувачката на енергија и 36 отсто од емисиите на стакленички гасови.

The post Од 2030 година новите згради во ЕУ мора да имаат нулта емисии на стакленички гасови appeared first on Република.

]]>

Од 2030 година сите нови згради во земјите на Европската Унија треба да имаат нулта емисија на гасови, а до 2040 година постепено да ги отстрануваат фосилните горива од системот за греење и ладење, според плановите што денеска ги усвоија пратениците во Европскиот парламент. Предложената ревизија на Директивата за енергетските перформанси на зградите има за цел значително да ги намали емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на енергија во градежниот сектор на ЕУ и да го направи секторот климатски неутрален до 2050 година. Рокот за постигнување на нулта емисии за објекти кои се користат или во сопственост на државни органи е 2028 година, додека земјоделските објекти и објектите од културното наследство ќе бидат изземени од новите правила. При пресметувањето на емисиите, се зема предвид потенцијалот за глобално затоплување во текот на животниот циклус на зградата, вклучувајќи го и производството и отстранувањето на градежните производи што се користат при изградбата. Кога станува збор за станбените згради, земјите-членки ќе треба да воведат мерки за да се осигура дека просечната потрошувачка на енергија во зградите ќе се намали за најмалку 16 проценти до 2030 година, а за најмалку 20 до 22 проценти од зградите до 2035 година. Според новата директива, земјите од ЕУ ќе треба да реновираат 16 отсто од најмалку енергетски ефикасните нестанбени згради до 2030 година и 26 отсто до 2033 година. Исто така, доколку е технички и економски изводливо,  до 2030 година земјите-членки треба постепено да поставуваат соларни инсталации на јавните и нестанбените згради, во зависност од нивната големина, како и на сите нови станбени згради.
„Земјите-членки мора да усвојат мерки за декарбонизација на системот за греење, со цел постепено напуштање на фосилните горива во греењето и ладењето до 2040 година“, се наведува во соопштението на ЕП.
Се додава дека од 2025 година, субвенции за самостојни котли на фосилни горива ќе бидат забранети, додека финансиски стимулации сè уште ќе бидат можни за хибридните системи за греење кои користат значителен дел од обновлива енергија, како што се топлинските пумпи. Според податоците на Европската комисија, зградите во ЕУ предизвикуваат 40 отсто од потрошувачката на енергија и 36 отсто од емисиите на стакленички гасови.

The post Од 2030 година новите згради во ЕУ мора да имаат нулта емисии на стакленички гасови appeared first on Република.

]]>
ОН предупредува: Емисиите на стакленични гасови до 2030 година во светски рамки ќе се зголемат за 10,6 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-predupreduva-emisiite-na-staklenichni-gasovi-do-2030-godina-vo-svetski-ramki-kje-se-zgolemat-za-10-6-procenti/ Wed, 26 Oct 2022 13:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=565986

Доколку државите ги исполнат своите тековни обврски за справување со климатските промени, глобалните емисии штетни гасови до 2030 година ќе се зголемат за 10,6 насто во однос нивото од 2010 година, се посочува во извештај на ОН.

Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН во објавениот извештај наведува дека емисиите „стакленични“ гасови односно оние што предизвикуваат т.н. „ефект на стаклена градина“ до 2030 година треба да бидат намалени за 43 проценти, за глобалното затоплување да биде ограничено на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури.

Пред почетокот на Климатскиот самит „COP27“ закажан за 6 ноември во Шарм Ел-Шеик, експертите ја нагласуваат итната потреба од посилен ангажман по однос проблемот.

На минатогодишната Конференција на ОН за климатски промени што се одржа во Глазгов, сите земји учеснички се согласија за зајакнување на плановите и мерките поврзани со климатските промени. Сепак, разочарувачки е фактот дека од тој состанок се поднесени само 24 нови или ажурирани климатски планови, вели Сајмон Стил, извршен секретар за климатски промени на ОН.

Тоа се однесува на Боливија, Вануату и Уганда, како и за државите што важат за поголеми емитери на штетни гасови во атмосферата како Индија и Индонезија.

Властите во Индонезија се свесни дека најголем дел од емисиите се предизвикани од уништувањето на шумите или тресетните површини, обврзувајќи се до 2030 година да ги намалат емисиите штетни гасови за најмалку 31,89 проценти.

Несоодветните ветувања го водат светот кон глобално затоплување од 2,5 степени Целзиусови до 2100 година.

Проценките за зголемување на емисиите за 10,6 проценти сепак претставува мал напредок, со оглед на тоа што според минатогодишната проценка на ОН беше предвидено емисиите штетни гасови до 2030 година да се зголемат за 13,7 проценти.

The post ОН предупредува: Емисиите на стакленични гасови до 2030 година во светски рамки ќе се зголемат за 10,6 проценти appeared first on Република.

]]>

Доколку државите ги исполнат своите тековни обврски за справување со климатските промени, глобалните емисии штетни гасови до 2030 година ќе се зголемат за 10,6 насто во однос нивото од 2010 година, се посочува во извештај на ОН. Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН во објавениот извештај наведува дека емисиите „стакленични“ гасови односно оние што предизвикуваат т.н. „ефект на стаклена градина“ до 2030 година треба да бидат намалени за 43 проценти, за глобалното затоплување да биде ограничено на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури. Пред почетокот на Климатскиот самит „COP27“ закажан за 6 ноември во Шарм Ел-Шеик, експертите ја нагласуваат итната потреба од посилен ангажман по однос проблемот.
На минатогодишната Конференција на ОН за климатски промени што се одржа во Глазгов, сите земји учеснички се согласија за зајакнување на плановите и мерките поврзани со климатските промени. Сепак, разочарувачки е фактот дека од тој состанок се поднесени само 24 нови или ажурирани климатски планови, вели Сајмон Стил, извршен секретар за климатски промени на ОН.
Тоа се однесува на Боливија, Вануату и Уганда, како и за државите што важат за поголеми емитери на штетни гасови во атмосферата како Индија и Индонезија. Властите во Индонезија се свесни дека најголем дел од емисиите се предизвикани од уништувањето на шумите или тресетните површини, обврзувајќи се до 2030 година да ги намалат емисиите штетни гасови за најмалку 31,89 проценти. Несоодветните ветувања го водат светот кон глобално затоплување од 2,5 степени Целзиусови до 2100 година. Проценките за зголемување на емисиите за 10,6 проценти сепак претставува мал напредок, со оглед на тоа што според минатогодишната проценка на ОН беше предвидено емисиите штетни гасови до 2030 година да се зголемат за 13,7 проценти.

The post ОН предупредува: Емисиите на стакленични гасови до 2030 година во светски рамки ќе се зголемат за 10,6 проценти appeared first on Република.

]]>