„Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/staklena-soba-pogreshni-informatsii-i-manipulatsii-na-internet/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Mar 2023 07:07:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/staklena-soba-pogreshni-informatsii-i-manipulatsii-na-internet/ 32 32 Изложба „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“ во Европската куќа Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-staklena-soba-pogreshni-informatsii-i-manipulatsii-na-internet-vo-evropskata-kuka-strumitsa/ Thu, 30 Mar 2023 07:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=625301

Во „Европска куќа Струмица“ денеска ќе се одржи изложбата „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми.

Изложбата претставува едукативна инсталација составена од серија постери, интерактивни апликации и анимации, коишто може да се постават во изложбени простори.

Изложбата им нуди можност на посетителите да дознаат повеќе за погрешните информации и за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење, како и за бизнис моделите, дизајнерските тактики и корисничките навики што овозможуваат поволна средина за нивно пренесување.

Како дел од поставката подготвено е и Упатство за детоксикација од податоци, вклучително и од погрешни информации, што содржи конкретни совети како паметно и одговорно да се користи технологијата. Како надополнување на изложбата ќе бидат организирани и неколку интерактивни работилници за возрасни и за млади, на кои ќе бидат опфатени теми поврзани со Упатството за детоксикација.

Изложбата е осмислена и подготвена од меѓународната невладина организација со седиште во Берлин – Тактикал Тек , во соработка со повеќе европски партнери, а ко-финансирањето е обезбедено преку Европската Унија.

По отворањето во 2020 година, изложбата е поставена во 19 земји низ Европа на различни локации, како библиотеки, училишта, излози на продавници, железнички станици, и е достапна на повеќе од петнаесет јазици. Досега, поставката ја посетиле над 30.000 посетители ширум Европа и неколку стотини илјади онлајн.

 

The post Изложба „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“ во Европската куќа Струмица appeared first on Република.

]]>

Во „Европска куќа Струмица“ денеска ќе се одржи изложбата „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми. Изложбата претставува едукативна инсталација составена од серија постери, интерактивни апликации и анимации, коишто може да се постават во изложбени простори. Изложбата им нуди можност на посетителите да дознаат повеќе за погрешните информации и за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење, како и за бизнис моделите, дизајнерските тактики и корисничките навики што овозможуваат поволна средина за нивно пренесување. Како дел од поставката подготвено е и Упатство за детоксикација од податоци, вклучително и од погрешни информации, што содржи конкретни совети како паметно и одговорно да се користи технологијата. Како надополнување на изложбата ќе бидат организирани и неколку интерактивни работилници за возрасни и за млади, на кои ќе бидат опфатени теми поврзани со Упатството за детоксикација. Изложбата е осмислена и подготвена од меѓународната невладина организација со седиште во Берлин – Тактикал Тек , во соработка со повеќе европски партнери, а ко-финансирањето е обезбедено преку Европската Унија. По отворањето во 2020 година, изложбата е поставена во 19 земји низ Европа на различни локации, како библиотеки, училишта, излози на продавници, железнички станици, и е достапна на повеќе од петнаесет јазици. Досега, поставката ја посетиле над 30.000 посетители ширум Европа и неколку стотини илјади онлајн.  

The post Изложба „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“ во Европската куќа Струмица appeared first on Република.

]]>