стадион во Тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stadion-vo-tetovo/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 08:00:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стадион во Тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stadion-vo-tetovo/ 32 32 Владата бара да запре изградбата на стадионот во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-bara-da-zapre-izgradbata-na-stadionot-vo-tetovo/ Wed, 22 May 2024 08:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=780693

Владата на Република Македонија, по побарано мислење од Уставниот суд, го разгледа случајот со користењето и случувањата околу Новиот стадион во Тетово и донесе неколку заклучоци.

Владата, во разгледувањето, ја имаше предвид иницијативата до Уставниот суд, за оценување на уставноста и законитоста на постапките поврзани со Стадионот, а каде е посочено дека Новиот фудбалски стадион, со владина одлука во 2015 година, е даден на трајно користење, без надомест на Општина Тетово. Општината, како што е наведено, без законски основ, го дала Стадионот на трајно користење на ЈП „Тетово транспорт“. Дури, градоначалникот на Општина Тетово, Општина Тетово и ЈП „Тетово транспорт“, на јавен настан промовирале проект за рушење и изградба нов градски стадион.

Влада при носењето на заклучоците на денешната седница ги зеде предвид и одредбите на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, според коишто, надлежност да дава на трајно користење и да утврдува престанок на корисничко право, има само Владата на Република Македонија.

Заклучено е, Генералниот секретаријат на Владата да подготви комплетна информација во врска со статусот на објектот Нов фудбалски стадион – Тетово, КП бр. 11476. Во меѓувреме, да се испрати укажување до Општина Тетово, да се прекине со работите на теренот, додека нема правна разврска на случајот. Исто така, Владата одлучи да се обрати со препорака до Уставниот суд, да ја земе предвид итноста на овој случај и да се произнесе во врска со поднесената Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на постапувањето во него. Владата заклучи и да се разгледаат правни основи, согласно Кривичниот законик, за покренување соодветна пријава до надлежните органи, во врска со овој случај.

The post Владата бара да запре изградбата на стадионот во Тетово appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, по побарано мислење од Уставниот суд, го разгледа случајот со користењето и случувањата околу Новиот стадион во Тетово и донесе неколку заклучоци. Владата, во разгледувањето, ја имаше предвид иницијативата до Уставниот суд, за оценување на уставноста и законитоста на постапките поврзани со Стадионот, а каде е посочено дека Новиот фудбалски стадион, со владина одлука во 2015 година, е даден на трајно користење, без надомест на Општина Тетово. Општината, како што е наведено, без законски основ, го дала Стадионот на трајно користење на ЈП „Тетово транспорт“. Дури, градоначалникот на Општина Тетово, Општина Тетово и ЈП „Тетово транспорт“, на јавен настан промовирале проект за рушење и изградба нов градски стадион. Влада при носењето на заклучоците на денешната седница ги зеде предвид и одредбите на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, според коишто, надлежност да дава на трајно користење и да утврдува престанок на корисничко право, има само Владата на Република Македонија. Заклучено е, Генералниот секретаријат на Владата да подготви комплетна информација во врска со статусот на објектот Нов фудбалски стадион – Тетово, КП бр. 11476. Во меѓувреме, да се испрати укажување до Општина Тетово, да се прекине со работите на теренот, додека нема правна разврска на случајот. Исто така, Владата одлучи да се обрати со препорака до Уставниот суд, да ја земе предвид итноста на овој случај и да се произнесе во врска со поднесената Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на постапувањето во него. Владата заклучи и да се разгледаат правни основи, согласно Кривичниот законик, за покренување соодветна пријава до надлежните органи, во врска со овој случај.

The post Владата бара да запре изградбата на стадионот во Тетово appeared first on Република.

]]>
Алијанса за Албанците многу го поддржува реновирањето на стадионот во Тетово, бара транспарентност во постапката https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/alijansa-za-albantsite-mnogu-go-poddrzhuva-renoviraneto-na-stadionot-vo-tetovo-bara-transparentnost-vo-postapkata/ Sat, 25 Nov 2023 15:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=716192

Граѓаните на Тетово и околината, љубителите на спортот, навивачите и фудбалските клубови веќе подолго време чекаат на нов или реновиран стадион по соодветни стандарди.

Првично, Алијансата за Албанците-Тетово ќе ја поддржи секоја иницијатива со која конечно ќе се реши прашањето за поправка и реновирање на Градскиот стадион, која иницијатива мора да биде во рамките на законот, редовната тендерска постапка, транспарентноста и отчетноста со парите на граѓаните на Тетово.
Исто така, АА ќе осуди и казни секаква злоупотреба и маниполација со индиции за измама на јавноста за изборен ефект, со народни пари на Тетовчаните.

По изјавата на првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, за отворањето на тендерот за новиот стадион, ние како АА Тетово, но и како обични граѓани и љубители на спортот од почеток ги изразуваме нашите дилеми и сомнежи за злоупотреба и измама во овој процес.

Затоа, јавно ги поставуваме нашите дилеми и воедно поставуваме прашања за кои очекуваме одговори од општина Тетово:
1. Како е можно транспортна компанија која имала загуби од другата страна да распише милионски тендер?
2. Дали оваа јавна набавка е предвидена во програмата и во планот на општина Тетово во 2023 година кога се составуваше буџетот и дали истиот беше изгласан во Советот на општината?
3. Дали е законски да се започне тендерската постапка без буџет и без финансиска структура, кога самата општина генерира јавен долг додека претпријатието работи со загуба.

3. Дали тендерските услови се во согласност со големината на проектот на стадионот?

4. Зошто покрај реновирањето или изградбата на Градскиот стадион да се изградат и помошни стадиони во Спортскиот центар и во село Сараќина кога го имаме помошниот стадион познат како стадион Луботен. Зошто не се градат помошните стадиони таму каде што се денес и го поставуваме прашањето што ќе се случи со просторот на стариот стадион?
Изјавата на Билал Касами по објавувањето на тендерот и по завршувањето на сите процедури, каде што тврди дека за истото може да му помогнат и ФФМ, УЕФА и Агенцијата за млади и спорт, не изгледа сериозна, се додека сите процедури се затворени однапред и не обезбедил прелиминарна поддршка за предметниот проект од горенаведените институции.
Ова се нашите грижи и грижи на граѓаните на Тетово, кои со право треба да бидат информирани! Пред се мора да има транспарентност и отчетност!

The post Алијанса за Албанците многу го поддржува реновирањето на стадионот во Тетово, бара транспарентност во постапката appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Тетово и околината, љубителите на спортот, навивачите и фудбалските клубови веќе подолго време чекаат на нов или реновиран стадион по соодветни стандарди. Првично, Алијансата за Албанците-Тетово ќе ја поддржи секоја иницијатива со која конечно ќе се реши прашањето за поправка и реновирање на Градскиот стадион, која иницијатива мора да биде во рамките на законот, редовната тендерска постапка, транспарентноста и отчетноста со парите на граѓаните на Тетово. Исто така, АА ќе осуди и казни секаква злоупотреба и маниполација со индиции за измама на јавноста за изборен ефект, со народни пари на Тетовчаните. По изјавата на првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, за отворањето на тендерот за новиот стадион, ние како АА Тетово, но и како обични граѓани и љубители на спортот од почеток ги изразуваме нашите дилеми и сомнежи за злоупотреба и измама во овој процес. Затоа, јавно ги поставуваме нашите дилеми и воедно поставуваме прашања за кои очекуваме одговори од општина Тетово: 1. Како е можно транспортна компанија која имала загуби од другата страна да распише милионски тендер? 2. Дали оваа јавна набавка е предвидена во програмата и во планот на општина Тетово во 2023 година кога се составуваше буџетот и дали истиот беше изгласан во Советот на општината? 3. Дали е законски да се започне тендерската постапка без буџет и без финансиска структура, кога самата општина генерира јавен долг додека претпријатието работи со загуба. 3. Дали тендерските услови се во согласност со големината на проектот на стадионот? 4. Зошто покрај реновирањето или изградбата на Градскиот стадион да се изградат и помошни стадиони во Спортскиот центар и во село Сараќина кога го имаме помошниот стадион познат како стадион Луботен. Зошто не се градат помошните стадиони таму каде што се денес и го поставуваме прашањето што ќе се случи со просторот на стариот стадион? Изјавата на Билал Касами по објавувањето на тендерот и по завршувањето на сите процедури, каде што тврди дека за истото може да му помогнат и ФФМ, УЕФА и Агенцијата за млади и спорт, не изгледа сериозна, се додека сите процедури се затворени однапред и не обезбедил прелиминарна поддршка за предметниот проект од горенаведените институции. Ова се нашите грижи и грижи на граѓаните на Тетово, кои со право треба да бидат информирани! Пред се мора да има транспарентност и отчетност!

The post Алијанса за Албанците многу го поддржува реновирањето на стадионот во Тетово, бара транспарентност во постапката appeared first on Република.

]]>