ССНМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ssnm/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 15:15:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ССНМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ssnm/ 32 32 ССНМ: Да запрат прес-конференциите на отворено среде топлотен бран https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ssnm-da-zaprat-pres-konferentsiite-na-otvoreno-srede-toploten-bran/ Sat, 13 Jul 2024 15:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=796448

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) апелира до политичките чинители во земјава да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од топлотниот бран.

Во услови на портокалово ниво на опасност од високите температури, Владата, меѓу другото, препорача да се избегнува престој на отворено во период од 11:00 од 17:00 часот – мерка која не ја почитуваат ниту владини претставници, ниту претставници на политичките партии.

Сметаме дека и владините претставниците и партиите треба да внимаваат на временскиот интервал кога ги закажуваат изјавите за медиумите, или пак, доколку е неопходно да се одржуваат во период од 11 до 17 часот, настаните да се организираат во затворени и климатизирани простории.

ССНМ претходно апелираше и самите медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, особено на оние новинари и медиумски работници што мораат да известуваат на отворено.

Новинарите и медиумските работници по службена должност мора секогаш да се на терен и да известуваат при секакви временски услови и токму затоа треба да се внимава и соодветно на условите да се постапува при извршување на работните задачи.

Сметаме дека ниту еден работник не треба да биде изложуван на непотребен ризик по здравјето при извршувањето на своите обврски.

 

The post ССНМ: Да запрат прес-конференциите на отворено среде топлотен бран appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) апелира до политичките чинители во земјава да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од топлотниот бран. Во услови на портокалово ниво на опасност од високите температури, Владата, меѓу другото, препорача да се избегнува престој на отворено во период од 11:00 од 17:00 часот – мерка која не ја почитуваат ниту владини претставници, ниту претставници на политичките партии. Сметаме дека и владините претставниците и партиите треба да внимаваат на временскиот интервал кога ги закажуваат изјавите за медиумите, или пак, доколку е неопходно да се одржуваат во период од 11 до 17 часот, настаните да се организираат во затворени и климатизирани простории. ССНМ претходно апелираше и самите медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, особено на оние новинари и медиумски работници што мораат да известуваат на отворено. Новинарите и медиумските работници по службена должност мора секогаш да се на терен и да известуваат при секакви временски услови и токму затоа треба да се внимава и соодветно на условите да се постапува при извршување на работните задачи. Сметаме дека ниту еден работник не треба да биде изложуван на непотребен ризик по здравјето при извршувањето на своите обврски.  

The post ССНМ: Да запрат прес-конференциите на отворено среде топлотен бран appeared first on Република.

]]>
ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-i-ssnm-preku-soopshtenie-baraat-izvinuvane-od-bogdan-ilievski-potoa-ja-spushtija-topkata/ Tue, 11 Jun 2024 18:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=786695

Во само неколку часа, два различни ставови. ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, пред камерата на Алфа спуштање на топката. Откако претходно побараа кривична одговорност поради објавата на Фејсбук и реакциите под неа, во која Илиевски сподели кратко видео од интервју од друга телевизија на кое пишуваше само „Добро, зошто?“.

Преку соопштение денеска побараа извинување на новинарот и автор на емисија на Алфа, велејќи дека станува збор за јавна личност од национална телевизија.

Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме, се вели во соопштението од ССНМ и ЗНМ.

Во писмената реакција на ЗНМ не е објаснето како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката. Обврска на тој што некого обвинува дека сторил кривично или друго со закон казниво дело, е да докажува. Во случајот, докажувањето на „јасната намера“ е клучно. Проблемот очигледно е во тоа што е буквално невозможно во двата збора во Богдановиот коментар да се детектира било каква, а најмалку „јасна намера“.

Само неколку часа по објавувањето на ова соопштение, сосем друга реторика на првиот човек на ЗНМ. Младен Чадиковски вели воопшто не мислеле на Илиевски, туку за еден од коментарите под неговата објава.

Значи сакам да расчистиме една работа, пријавата на ЗНМ до Министерството за внатрешни работи е за коментарот, односно за лицето од коментарот оставен под постот кој што беше напишан, а не за Богдан Илиевски. Само сакам да дополнам, бидејќи на некој начин тоа се спинуваше во јавноста, што навистина не е добро или се создаде недоразбирање во јавноста, еве добра прилика сега тоа да го расчистиме, изјави Чадиковски.

Но, и самите објави на ЗНМ поттикнуваат говор на омраза. Пред неколку дена токму на оваа тема на нивниот профил на социјалните мрежи имаше коментар кој гласеше „Тој Богдан, Бетмен треба да биде запален на клада“. Првиот човек на ЗНМ вели дека не реагирале се уште, бидејќи коментарот бил кратко објавен, па го виделе многу доцна.

Јас проверив утрово со моите колеги од канцеларијата, бидејќи ние сите постови кои што содржат говор на омраза ги бришеме веднаш. Според нашите сознанија тој коментар стоел само една минута и веројатно поставувачот самиот го избришал. (ЗНАЧИ НЕМАТЕ ПРИЈАВА?) Не, тој коментар ние го немаме видено, го видовме отпосле, меѓутоа ќе го пријавиме и го осудуваме јавно секој говор на омраза, изјави Чадиковски.

Инаку, Илиевски најави дека ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Вели сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, поради тоа бара симболична оштета од 1984 евра, како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел, во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR39CPQio3g1hO216fSs_bWPBHo6ASXgsOoqvnwEIx4fb11VbMvwYAlHbRw_aem_ARa9fWW4ZZOd0ZSkSnCVPO_CF8zlRs9VlPipf3SxPea0nIrEBOR9GOss0tq0gTtIrAM2V9L-6obrQtpSEXHrkYD_

The post ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката appeared first on Република.

]]>

Во само неколку часа, два различни ставови. ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, пред камерата на Алфа спуштање на топката. Откако претходно побараа кривична одговорност поради објавата на Фејсбук и реакциите под неа, во која Илиевски сподели кратко видео од интервју од друга телевизија на кое пишуваше само „Добро, зошто?“. Преку соопштение денеска побараа извинување на новинарот и автор на емисија на Алфа, велејќи дека станува збор за јавна личност од национална телевизија.
Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме, се вели во соопштението од ССНМ и ЗНМ.
Во писмената реакција на ЗНМ не е објаснето како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката. Обврска на тој што некого обвинува дека сторил кривично или друго со закон казниво дело, е да докажува. Во случајот, докажувањето на „јасната намера“ е клучно. Проблемот очигледно е во тоа што е буквално невозможно во двата збора во Богдановиот коментар да се детектира било каква, а најмалку „јасна намера“. Само неколку часа по објавувањето на ова соопштение, сосем друга реторика на првиот човек на ЗНМ. Младен Чадиковски вели воопшто не мислеле на Илиевски, туку за еден од коментарите под неговата објава.
Значи сакам да расчистиме една работа, пријавата на ЗНМ до Министерството за внатрешни работи е за коментарот, односно за лицето од коментарот оставен под постот кој што беше напишан, а не за Богдан Илиевски. Само сакам да дополнам, бидејќи на некој начин тоа се спинуваше во јавноста, што навистина не е добро или се создаде недоразбирање во јавноста, еве добра прилика сега тоа да го расчистиме, изјави Чадиковски.
Но, и самите објави на ЗНМ поттикнуваат говор на омраза. Пред неколку дена токму на оваа тема на нивниот профил на социјалните мрежи имаше коментар кој гласеше „Тој Богдан, Бетмен треба да биде запален на клада“. Првиот човек на ЗНМ вели дека не реагирале се уште, бидејќи коментарот бил кратко објавен, па го виделе многу доцна.
Јас проверив утрово со моите колеги од канцеларијата, бидејќи ние сите постови кои што содржат говор на омраза ги бришеме веднаш. Според нашите сознанија тој коментар стоел само една минута и веројатно поставувачот самиот го избришал. (ЗНАЧИ НЕМАТЕ ПРИЈАВА?) Не, тој коментар ние го немаме видено, го видовме отпосле, меѓутоа ќе го пријавиме и го осудуваме јавно секој говор на омраза, изјави Чадиковски.
Инаку, Илиевски најави дека ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Вели сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, поради тоа бара симболична оштета од 1984 евра, како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел, во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/   https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR39CPQio3g1hO216fSs_bWPBHo6ASXgsOoqvnwEIx4fb11VbMvwYAlHbRw_aem_ARa9fWW4ZZOd0ZSkSnCVPO_CF8zlRs9VlPipf3SxPea0nIrEBOR9GOss0tq0gTtIrAM2V9L-6obrQtpSEXHrkYD_

The post ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката appeared first on Република.

]]>
ЗНМ и ССНМ: Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-i-ssnm-bogdan-ilievski-javno-da-se-izvini-na-lepa-dhundeva-za-veruvame-nenamerniot-poteg-od-negova-strana/ Tue, 11 Jun 2024 11:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=786556

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) согласно своите статути постојано ги застапуваат и ги штитат правата на своите членови, како и правото на слобода на изразување и слобода на говор.

Со оглед на тоа што минатата недела имаше пријава до двете организации од новинарката Лепа Џундева за говор на омраза и сериозни закани упатени кон неа на статус/коментар објавен на профилот на Богдан Илиевски на социјалната мрежа Фејсбук, двете организации јавно повикаа дека таквите напади и закани се недозволиви и сериозно можат да ја загрозат безбедноста, но и животот на колешката. Загриженоста за растечкиот број на напади и закани, особено кон новинарките преку социјалните мрежи двете организации ја адресираат веќе подолго време.

За статусот на Илиевски кој се состоеше од два збора „Добро, зошто?“, пропратен со само мал од дел од интервјуто на колешката Џундева со грчки пратеник, оценката на двете организации беше дека во актуелниот контекст поттикнал коментари кои ја загрозија нејзината сигурност. Земено беше предвид дека Илиевски како јавна личност која води емисија на телевизија со национална концесија, а притоа е и активен на социјалните мрежи на кои што има значителен број на следбеници, треба да биде свесен дека неговите зборови, врамувања, посочувања и контексти може да предизвикаат последици, како што впрочем и се случи.

Поттикнувањето говор на омраза и закани кои може да доведат до насилство не мора да биде направено со директни зборови што се јасен говор на омраза. Илиевски е јавна личност, чии општествени и политички ставови се исто така познати поради неговото учество во јавниот живот. Токму поради тоа и одговорноста на јавните личности за јавно искажаниот збор е поголема.

Врамувањето на колешката во конкретниот контекст, со коментар со пропратен линк од дел од интервјуто кое таа го направила со грчки пратеник, укажува на сосема јасна намера таа да се изложи во негативен контекст. Значењето, пак, на јавно искажаниот збор во овој случај е особено засилено поради тоа што се наоѓаме во сензитивен период во кој емоциите во јавноста се на високо ниво поради сѐ уште актуелната тема за употреба или неупотреба на името Македонија и реакциите и жалбите од Грција. Двете организации во овој случај потенцираат дека за нив е од исклучителна важност слободата на изразување да остане неприкосновена, без разлика дали во општеството постојат различни мислења околу некоја тема од јавен интерес.

Оттука, потребно е да се истакне дека посочувањето од Илиевски поттикна огромен број коментари од трети лица во кои има повици за насилство, говор на омраза врз политичка, национална и родова основа, како и експлицитни закани по животот на новинарката Џундева.

Затоа овој случај беше пријавен и во Министерството за внатрешни работи, односно беше посочен коментар под статусот на Илиевски кој претставува сериозно загрозување на безбедноста на Џундева. Тој коментар, кој истовремено од група на други корисници беше поддржан и промовиран содржи експлицитни навреди, повикува на „сечење јазик“ и сексуално насилство.

Укажуваме дека за сличен коментар во кој повторно наративот беше „сечење јазици на новинари“ на Фејсбук-профилот на ЗНМ, Основното јавно обвинителство презеде дејствија кои резултираа со правосилна пресуда од страна на Основниот кривичен суд на штета на авторот.

Оттука, сметаме дека доколку ја повлечеме јавната осуда за говорот на омраза кон новинарките ќе ги прекршиме основите на кои овие организации се поставени, како што се одбраната на интегритетот и безбедноста на нашите членови.

Безбедноста на медиумските работници според стандардите на Советот на Европа, во кои Македонија е членка, како и на Европската федерација на новинари во која ЗНМ и ССНМ се членки, претставува основа на слободата на изразување и слободата на говор.

Потсетуваме дека за вакви случаи имаме активен меморандум за соработка со Министерство за внатрешни работи на Македонија како и Протокол за безбедност на новинарите (со фокус на новинарките) на интернет усогласен со МВР.

Одлуката за вакви и слични реакции поминува низ протокол во организациите кој е воспоставен со цел коректна и прецизна оценка на случаите на напади врз новинарите и медиумските работници и не е дело на поединци.

Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме. Интересот на ЗНМ и ССНМ е сплотена новинарска фела, толеранција и почит за пример во општеството.

За крај, ЗНМ и ССНМ се дополнително загрижени што по јавната реакција, наместо поддршка за Џундева, се огласија поединци кои ги искривуваат изнесените факти за случајот, а со тоа ја зголемуваат тенденцијата на напади врз жени во општеството и одново поттикнуваат вербални деликти кон Џундева. Во случајов беа забележани и непријателски коментари кон Илиевски, кои исто така ги осудуваме, а тие се последица од присутната поларизација во општеството за конкретното прашање.

Двете организации уште еднаш укажуваат дека новинарите, без разлика на нивните лични ставови, треба професионално и ослободени од притисоци да известуваат за овие прашања без притоа да се изложуваат на говор на омраза или да се врамуваат во одреден политички контекст, велат од Здружение на новинари на Македонија и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/

The post ЗНМ и ССНМ: Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) согласно своите статути постојано ги застапуваат и ги штитат правата на своите членови, како и правото на слобода на изразување и слобода на говор. Со оглед на тоа што минатата недела имаше пријава до двете организации од новинарката Лепа Џундева за говор на омраза и сериозни закани упатени кон неа на статус/коментар објавен на профилот на Богдан Илиевски на социјалната мрежа Фејсбук, двете организации јавно повикаа дека таквите напади и закани се недозволиви и сериозно можат да ја загрозат безбедноста, но и животот на колешката. Загриженоста за растечкиот број на напади и закани, особено кон новинарките преку социјалните мрежи двете организации ја адресираат веќе подолго време. За статусот на Илиевски кој се состоеше од два збора „Добро, зошто?“, пропратен со само мал од дел од интервјуто на колешката Џундева со грчки пратеник, оценката на двете организации беше дека во актуелниот контекст поттикнал коментари кои ја загрозија нејзината сигурност. Земено беше предвид дека Илиевски како јавна личност која води емисија на телевизија со национална концесија, а притоа е и активен на социјалните мрежи на кои што има значителен број на следбеници, треба да биде свесен дека неговите зборови, врамувања, посочувања и контексти може да предизвикаат последици, како што впрочем и се случи. Поттикнувањето говор на омраза и закани кои може да доведат до насилство не мора да биде направено со директни зборови што се јасен говор на омраза. Илиевски е јавна личност, чии општествени и политички ставови се исто така познати поради неговото учество во јавниот живот. Токму поради тоа и одговорноста на јавните личности за јавно искажаниот збор е поголема. Врамувањето на колешката во конкретниот контекст, со коментар со пропратен линк од дел од интервјуто кое таа го направила со грчки пратеник, укажува на сосема јасна намера таа да се изложи во негативен контекст. Значењето, пак, на јавно искажаниот збор во овој случај е особено засилено поради тоа што се наоѓаме во сензитивен период во кој емоциите во јавноста се на високо ниво поради сѐ уште актуелната тема за употреба или неупотреба на името Македонија и реакциите и жалбите од Грција. Двете организации во овој случај потенцираат дека за нив е од исклучителна важност слободата на изразување да остане неприкосновена, без разлика дали во општеството постојат различни мислења околу некоја тема од јавен интерес. Оттука, потребно е да се истакне дека посочувањето од Илиевски поттикна огромен број коментари од трети лица во кои има повици за насилство, говор на омраза врз политичка, национална и родова основа, како и експлицитни закани по животот на новинарката Џундева. Затоа овој случај беше пријавен и во Министерството за внатрешни работи, односно беше посочен коментар под статусот на Илиевски кој претставува сериозно загрозување на безбедноста на Џундева. Тој коментар, кој истовремено од група на други корисници беше поддржан и промовиран содржи експлицитни навреди, повикува на „сечење јазик“ и сексуално насилство. Укажуваме дека за сличен коментар во кој повторно наративот беше „сечење јазици на новинари“ на Фејсбук-профилот на ЗНМ, Основното јавно обвинителство презеде дејствија кои резултираа со правосилна пресуда од страна на Основниот кривичен суд на штета на авторот. Оттука, сметаме дека доколку ја повлечеме јавната осуда за говорот на омраза кон новинарките ќе ги прекршиме основите на кои овие организации се поставени, како што се одбраната на интегритетот и безбедноста на нашите членови. Безбедноста на медиумските работници според стандардите на Советот на Европа, во кои Македонија е членка, како и на Европската федерација на новинари во која ЗНМ и ССНМ се членки, претставува основа на слободата на изразување и слободата на говор. Потсетуваме дека за вакви случаи имаме активен меморандум за соработка со Министерство за внатрешни работи на Македонија како и Протокол за безбедност на новинарите (со фокус на новинарките) на интернет усогласен со МВР. Одлуката за вакви и слични реакции поминува низ протокол во организациите кој е воспоставен со цел коректна и прецизна оценка на случаите на напади врз новинарите и медиумските работници и не е дело на поединци. Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме. Интересот на ЗНМ и ССНМ е сплотена новинарска фела, толеранција и почит за пример во општеството. За крај, ЗНМ и ССНМ се дополнително загрижени што по јавната реакција, наместо поддршка за Џундева, се огласија поединци кои ги искривуваат изнесените факти за случајот, а со тоа ја зголемуваат тенденцијата на напади врз жени во општеството и одново поттикнуваат вербални деликти кон Џундева. Во случајов беа забележани и непријателски коментари кон Илиевски, кои исто така ги осудуваме, а тие се последица од присутната поларизација во општеството за конкретното прашање. Двете организации уште еднаш укажуваат дека новинарите, без разлика на нивните лични ставови, треба професионално и ослободени од притисоци да известуваат за овие прашања без притоа да се изложуваат на говор на омраза или да се врамуваат во одреден политички контекст, велат од Здружение на новинари на Македонија и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/

The post ЗНМ и ССНМ: Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна appeared first on Република.

]]>
Предупредување за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за време на претстојните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predupreduvane-za-rizik-od-zloupotreba-na-javni-pari-vo-onlajn-prostorot-za-vreme-na-pretstojnite-izbori/ Fri, 08 Mar 2024 13:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=752688

Платеното политичко рекламирање и понатаму може да биде предмет на партиско медиумска корупција или злоупотреба. Очекуваните измени во Изборната регулатива за кои се залагаа и се залагаат еснафските новинарски и медиумски организации не беа земени предвид за претстојниве избори. Останаа старите проблематични решенија во законот и покрај забелешките кои беа дадени на креаторите на законските решенија на повеќе консултативни средби на работните групи, сметаат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Според нив, актуелните решенија повторно се на штета и на професионалните медиуми и на граѓаните. Еснафските организации остануваат на ставот, односно предлозите дадени во работните групи дека политичките кампањи не треба да се финансираат од државниот буџет.

-Како последица на ова, во моментов има пријавено 249 онлајн медиуми кај Државната изборна комисија за државно финансирање за партиско-политички реклами во изборната кампања. Сомнително е тоа што дел од нив се сајтови со непознат сопственик или без импресум, новоформирани портали за кои се отвора сомнеж дека се наменски формирани само за да добијат пари за кампањата, како и портали кои не објавуваат информации од поширок јавен интерес, се вели во денешното соопштение.

За да се спречи злоупотреба на јавни средства од страна на фантомски медиуми и да се избегне дезинформирање на граѓаните за изборниот процес, потребно е да се направат итни измени во Законот за медиуми за создавање регистар на онлајн медиумите во Македонија. За овие законски измени ЗНМ, ССНМ и СЕММ, како што нагласуваат, повеќе пати му имаат укажано на МИОА како надлежно министерство, но очигледно има недостаток од политичка волја за конструктивни законски решенија.

Исто така, укажуваме дека во рамките на проектот „ЕУ за слобода на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“, поддржан од ЕУ, нов Закон за медиуми е изготвен во декември 2023 година од страна на домашни и меѓународни експерти и предаден до МИОА. Зо овој нов предлог закон претходеа широки консултации со повеќе чинители од медиумскиот сектор. Основните цели на предлог законот, во согласност со европските стандарди, се формирање јавен регистар на онлајн медиуми со цел спречување или намалување на злоупотребите на овие медиуми од страна на политичките партии, подобрување на социо-економскиот статус на новинарите и медиумските работници преку воведување на контролни механизми, зголемување на транспарентноста во медиумската сопственост и поддршка за плурализмот во медиумите со цел да се заштити јавниот интерес, се додава во соопштението.

Според ЗНМ, СЕЕМ и ССНМ, немањето на политичка волја за усвојување нов Закон за медиумите (што беше обврска до крајот на 2023) ќе се одрази негативно во однос на позицијата на Македонија на светските индекси за слободата на медиумите. Укажуваме дека усвојувањето на новиот Закон за медиумите во Собранието, а потоа и неговото спроведување ќе ја гарантира независноста на медиумите и правата на новинарите и ќе демонстрира дека МИОА и Собранието се ангажирани кон позитивни евро-интегративни процеси.

Оттаму бараат политичките партии застапени во собранието во најскоро време да пристапат кон разгледување и усвојување на новиот закон за медиуми.

 

The post Предупредување за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за време на претстојните избори appeared first on Република.

]]>

Платеното политичко рекламирање и понатаму може да биде предмет на партиско медиумска корупција или злоупотреба. Очекуваните измени во Изборната регулатива за кои се залагаа и се залагаат еснафските новинарски и медиумски организации не беа земени предвид за претстојниве избори. Останаа старите проблематични решенија во законот и покрај забелешките кои беа дадени на креаторите на законските решенија на повеќе консултативни средби на работните групи, сметаат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Според нив, актуелните решенија повторно се на штета и на професионалните медиуми и на граѓаните. Еснафските организации остануваат на ставот, односно предлозите дадени во работните групи дека политичките кампањи не треба да се финансираат од државниот буџет. -Како последица на ова, во моментов има пријавено 249 онлајн медиуми кај Државната изборна комисија за државно финансирање за партиско-политички реклами во изборната кампања. Сомнително е тоа што дел од нив се сајтови со непознат сопственик или без импресум, новоформирани портали за кои се отвора сомнеж дека се наменски формирани само за да добијат пари за кампањата, како и портали кои не објавуваат информации од поширок јавен интерес, се вели во денешното соопштение. За да се спречи злоупотреба на јавни средства од страна на фантомски медиуми и да се избегне дезинформирање на граѓаните за изборниот процес, потребно е да се направат итни измени во Законот за медиуми за создавање регистар на онлајн медиумите во Македонија. За овие законски измени ЗНМ, ССНМ и СЕММ, како што нагласуваат, повеќе пати му имаат укажано на МИОА како надлежно министерство, но очигледно има недостаток од политичка волја за конструктивни законски решенија.
Исто така, укажуваме дека во рамките на проектот „ЕУ за слобода на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“, поддржан од ЕУ, нов Закон за медиуми е изготвен во декември 2023 година од страна на домашни и меѓународни експерти и предаден до МИОА. Зо овој нов предлог закон претходеа широки консултации со повеќе чинители од медиумскиот сектор. Основните цели на предлог законот, во согласност со европските стандарди, се формирање јавен регистар на онлајн медиуми со цел спречување или намалување на злоупотребите на овие медиуми од страна на политичките партии, подобрување на социо-економскиот статус на новинарите и медиумските работници преку воведување на контролни механизми, зголемување на транспарентноста во медиумската сопственост и поддршка за плурализмот во медиумите со цел да се заштити јавниот интерес, се додава во соопштението.
Според ЗНМ, СЕЕМ и ССНМ, немањето на политичка волја за усвојување нов Закон за медиумите (што беше обврска до крајот на 2023) ќе се одрази негативно во однос на позицијата на Македонија на светските индекси за слободата на медиумите. Укажуваме дека усвојувањето на новиот Закон за медиумите во Собранието, а потоа и неговото спроведување ќе ја гарантира независноста на медиумите и правата на новинарите и ќе демонстрира дека МИОА и Собранието се ангажирани кон позитивни евро-интегративни процеси. Оттаму бараат политичките партии застапени во собранието во најскоро време да пристапат кон разгледување и усвојување на новиот закон за медиуми.  

The post Предупредување за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за време на претстојните избори appeared first on Република.

]]>
ССНМ со реакција за Ковачевски, предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssnm-so-reaktsija-za-kovachevski-predupreduva-na-vnimatelnost-vo-javnite-nastapi-na-politicharite/ Tue, 20 Feb 2024 18:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=746252

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите, особено кога коментирајќи состојби во општеството влегуваат во сегментот на уредувачката политика на медиумите.

ССНМ смета дека е недозволиво политичари од највисок ранг да етикетираат медиуми и да оценуваат новинарски производи само затоа што не им се допаѓа содржината.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во неговиот јавен говор пред присутните на партиска трибина директно нападна една национална телевизија поради тоа што во својата информативна програма пренела одредено расположение на граѓани, односно искажано незадоволство на студентите од висината на студентскиот оброк.

 

Потсетуваме дека со замолчувањето на медиумите, се замолчува гласот на граѓаните, а ваквите вербални таргетирања од политичари чијшто збор треба да има тежина може да предизвика и ограничување на слободата на медиумите.

 

Политичарите мора да имаат поголемо чувство за последиците од нивните јавно искажани зборови кои допираат до одреден број на нивни следбеници и со тоа создаваат атмосфера за негативни чувства кон новинарите и медиумите, кои што според искуството речиси секогаш резултирале со вербални, па дури и со физички напад врз медиумските професионалци, се вели во реакцијата на синдикатот на новинари.

The post ССНМ со реакција за Ковачевски, предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите, особено кога коментирајќи состојби во општеството влегуваат во сегментот на уредувачката политика на медиумите. ССНМ смета дека е недозволиво политичари од највисок ранг да етикетираат медиуми и да оценуваат новинарски производи само затоа што не им се допаѓа содржината.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во неговиот јавен говор пред присутните на партиска трибина директно нападна една национална телевизија поради тоа што во својата информативна програма пренела одредено расположение на граѓани, односно искажано незадоволство на студентите од висината на студентскиот оброк.   Потсетуваме дека со замолчувањето на медиумите, се замолчува гласот на граѓаните, а ваквите вербални таргетирања од политичари чијшто збор треба да има тежина може да предизвика и ограничување на слободата на медиумите.   Политичарите мора да имаат поголемо чувство за последиците од нивните јавно искажани зборови кои допираат до одреден број на нивни следбеници и со тоа создаваат атмосфера за негативни чувства кон новинарите и медиумите, кои што според искуството речиси секогаш резултирале со вербални, па дури и со физички напад врз медиумските професионалци, се вели во реакцијата на синдикатот на новинари.

The post ССНМ со реакција за Ковачевски, предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите appeared first on Република.

]]>
Протест на ЗНМ и ССНМ: Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-znm-i-ssnm-nashata-rabota-e-za-vo-javnost-a-ne-za-pred-kolegite/ Fri, 17 Nov 2023 12:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=702512

„Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите", „Новинарството на удар, ние сме обединети", „Модуларно судство", „Цензори во име на моќниците" и „Осудени за вистината" се дел од паролите со кои денеска пред Граѓанскиот суд во Скопје новинарите одржаа протест поради пресудата за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Протестот е организиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Биљана Настеска Каланоска од ЗНМ на протесот изјави дека ќе испратат барање до судиите од граѓанскиот и апелациониот суд за поголемо разбирање и сериозност, внимателност во постапките и тужбите против новинарите и медиумските работници во државата.

Бараме со голема сериозност да се земаат во предвид одлуките на Советот за етика во медиумите на Македонија, како и одлуките на Советот на честа во насока на кредибилитетот и интегритетот на новинарите и медиумските работници во државата, додаде Настеска Каланоска.

Како што потенцираше, постои можност за организирање на обуки за градење на капацитетите на судиите за да се избегнат вакви ситуации со девалвирање и омаловажување на интегритетот на новинарите.

[caption id="attachment_702516" align="alignnone" width="679"] фото: МИА[/caption]

Новинарот Сеад Ризвановиќ на протестот изјави дека не може некој во државата да оценува дали се новинари или не. Како што рече, станува збор за скандалозна одлука на судиката и на судот.

Сите ние сме ИРЛ, сите ние сме Сашка Цветковска, ова се работи за сите нас. Скандалозна одлука на судиката, скандалозна на судот, нешто што со години и години се повторува. Се повторува повторно пресудата за 27 април, каде исто така судот оцени дека колегите што биле во Собранието не можеле да докажат дека се новинари. Дали судот учи нешто од историјата, од минатото.. Гледаат ли дека не можат да ја победат слободната мисла, не можат да го победат слободниот говор, порача Ризвановиќ.

Како што рече, целта е да ги замолчат и да не истражуваат. Но, посочи, тоа нема да им успее.

Ние зборуваме во име на граѓаните, во име на луѓето. Ние сме гласот на народот, кога ние зборуваме, зборуваат граѓаните. Кога сакаат да не забранат нас, ги забрануваат граѓаните, додаде Ризвановиќ.

[caption id="attachment_702517" align="alignnone" width="683"] фото: МИА[/caption]

Новинарот Горан Теменугов на протестот порача дека истражувачото новинарство е многу значајно, а судиите треба да си ја знаат работата.

Проблемот е што некој сака да не дефинира, да не озакони кој може, а кој не може да биде новинар. Слободните новинари се сржта на истражувањето и новинарството каде што обработуваме теми кои се многу важни за јавноста и со кои ги штитиме граѓаните. Ние слободните новинари, „фриленсерите“ кои се финансираме странично а не од реклами, сме точно на браникот на јавниот интерес на браникот на граѓаните, додае Теменугов.

 

The post Протест на ЗНМ и ССНМ: Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите appeared first on Република.

]]>

„Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите", „Новинарството на удар, ние сме обединети", „Модуларно судство", „Цензори во име на моќниците" и „Осудени за вистината" се дел од паролите со кои денеска пред Граѓанскиот суд во Скопје новинарите одржаа протест поради пресудата за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Протестот е организиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Биљана Настеска Каланоска од ЗНМ на протесот изјави дека ќе испратат барање до судиите од граѓанскиот и апелациониот суд за поголемо разбирање и сериозност, внимателност во постапките и тужбите против новинарите и медиумските работници во државата.
Бараме со голема сериозност да се земаат во предвид одлуките на Советот за етика во медиумите на Македонија, како и одлуките на Советот на честа во насока на кредибилитетот и интегритетот на новинарите и медиумските работници во државата, додаде Настеска Каланоска.
Како што потенцираше, постои можност за организирање на обуки за градење на капацитетите на судиите за да се избегнат вакви ситуации со девалвирање и омаловажување на интегритетот на новинарите. [caption id="attachment_702516" align="alignnone" width="679"] фото: МИА[/caption] Новинарот Сеад Ризвановиќ на протестот изјави дека не може некој во државата да оценува дали се новинари или не. Како што рече, станува збор за скандалозна одлука на судиката и на судот.
Сите ние сме ИРЛ, сите ние сме Сашка Цветковска, ова се работи за сите нас. Скандалозна одлука на судиката, скандалозна на судот, нешто што со години и години се повторува. Се повторува повторно пресудата за 27 април, каде исто така судот оцени дека колегите што биле во Собранието не можеле да докажат дека се новинари. Дали судот учи нешто од историјата, од минатото.. Гледаат ли дека не можат да ја победат слободната мисла, не можат да го победат слободниот говор, порача Ризвановиќ.
Како што рече, целта е да ги замолчат и да не истражуваат. Но, посочи, тоа нема да им успее.
Ние зборуваме во име на граѓаните, во име на луѓето. Ние сме гласот на народот, кога ние зборуваме, зборуваат граѓаните. Кога сакаат да не забранат нас, ги забрануваат граѓаните, додаде Ризвановиќ.
[caption id="attachment_702517" align="alignnone" width="683"] фото: МИА[/caption] Новинарот Горан Теменугов на протестот порача дека истражувачото новинарство е многу значајно, а судиите треба да си ја знаат работата.
Проблемот е што некој сака да не дефинира, да не озакони кој може, а кој не може да биде новинар. Слободните новинари се сржта на истражувањето и новинарството каде што обработуваме теми кои се многу важни за јавноста и со кои ги штитиме граѓаните. Ние слободните новинари, „фриленсерите“ кои се финансираме странично а не од реклами, сме точно на браникот на јавниот интерес на браникот на граѓаните, додае Теменугов.
 

The post Протест на ЗНМ и ССНМ: Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите appeared first on Република.

]]>
ССНМ и ЗНМ: Го осудуваме однесувањето на владините претставници кон новинарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ssnm-i-znm-go-osuduvame-odnesuvaneto-na-vladinite-pretstavnitsi-kon-novinarite/ Sat, 14 Oct 2023 10:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=691122

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудуваат односот на премиерот Димитар Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања во македонската влада, Фатмир Битиќи кон колегата од Алфа ТВ, Матеја Петровски.

Едно навидум едноставно прашање, кое треба да добие едноставен одговор, од страна на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, беше искористено од вицепремиерот Битиќи за некоректно однесување кон репортер коj одговорил на владината покана за следење на денешниот настан.

На новинарско прашање упатено до премиерот Ковачевски во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори дали остануваат на ставот дека нема да има заедно парламентарни и претседателски избори и дали се спремни како влада ако не успеат изборите целата држава да биде во рацете на политичката партија ДУИ, вицепремиерот Битиќи го напушти пресот, а премиерот Ковачевски истакна дека прашањето било апсолутно некоректно.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници и Здружението на новинари на Македонија предупредуваат дека овој начин на комуникација, мора да запре затоа што новинарските прашања се професионална задача на репортерите, а одговорите се обврска на избраните функционери кои им ги должат на граѓаните.

The post ССНМ и ЗНМ: Го осудуваме однесувањето на владините претставници кон новинарите appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудуваат односот на премиерот Димитар Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања во македонската влада, Фатмир Битиќи кон колегата од Алфа ТВ, Матеја Петровски. Едно навидум едноставно прашање, кое треба да добие едноставен одговор, од страна на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, беше искористено од вицепремиерот Битиќи за некоректно однесување кон репортер коj одговорил на владината покана за следење на денешниот настан. На новинарско прашање упатено до премиерот Ковачевски во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори дали остануваат на ставот дека нема да има заедно парламентарни и претседателски избори и дали се спремни како влада ако не успеат изборите целата држава да биде во рацете на политичката партија ДУИ, вицепремиерот Битиќи го напушти пресот, а премиерот Ковачевски истакна дека прашањето било апсолутно некоректно. Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници и Здружението на новинари на Македонија предупредуваат дека овој начин на комуникација, мора да запре затоа што новинарските прашања се професионална задача на репортерите, а одговорите се обврска на избраните функционери кои им ги должат на граѓаните.

The post ССНМ и ЗНМ: Го осудуваме однесувањето на владините претставници кон новинарите appeared first on Република.

]]>
Протестот на вработените во МИА ставен во мирување во очекување на исполнување на ветувањето на премиерот Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protestot-na-vrabotenite-vo-mia-staven-vo-miruvane-vo-ochekuvane-na-ispolnuvane-na-vetuvaneto-na-premierot-kovachevski/ Tue, 08 Aug 2023 15:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=670081

Вработените во Медиумската Информативна Агенција – МИА, организирани од репрезентативниот синдикат на Агенцијата СМИА и ССНМ очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да го одржи ветувањето кое го даде во интервјуто за МИА дека на наредна седница на Влада ќе го усвои предлогот за зголемување на платите на вработените во државната новинска Агенција. До тогаш протестот се става во мирување.

Доколку не биде исполнето ветувањето на премиерот до наредната седница, вработените преку синдикатот ќе ја отпочнат постапката за штрајк, а тоа значи блокада на работата, односно МИА нема да продуцира вести. Штрајкот ќе се одржува пред Владата според однапред предвидена динамика.

На состанок со вработените, менаџментот на МИА информираше дека точката за зголемување на платите на седницата на Влада на 1 август 2023 година е тргната од дневен ред со образложение дека МИА треба да го усогласи финансискиот план со Министерството за финансии и да достави нова одлука со барање за покачување на бодот. Ова според менаџментот веќе било направено.

Потсетуваме дека МИА бара одобрување за покачување на платите за кои има сопствени средства од предвидениот буџет и од остварена добивка која секоја година е се поголема од претходната. Поради фактот дека новинарите во МИА не ги опфати ниту едно покачување во минатите години, нема да го прифатиме процентот на веќе понуденото зголемување на платите како во јавниот сектор.

 

The post Протестот на вработените во МИА ставен во мирување во очекување на исполнување на ветувањето на премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Вработените во Медиумската Информативна Агенција – МИА, организирани од репрезентативниот синдикат на Агенцијата СМИА и ССНМ очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да го одржи ветувањето кое го даде во интервјуто за МИА дека на наредна седница на Влада ќе го усвои предлогот за зголемување на платите на вработените во државната новинска Агенција. До тогаш протестот се става во мирување. Доколку не биде исполнето ветувањето на премиерот до наредната седница, вработените преку синдикатот ќе ја отпочнат постапката за штрајк, а тоа значи блокада на работата, односно МИА нема да продуцира вести. Штрајкот ќе се одржува пред Владата според однапред предвидена динамика. На состанок со вработените, менаџментот на МИА информираше дека точката за зголемување на платите на седницата на Влада на 1 август 2023 година е тргната од дневен ред со образложение дека МИА треба да го усогласи финансискиот план со Министерството за финансии и да достави нова одлука со барање за покачување на бодот. Ова според менаџментот веќе било направено. Потсетуваме дека МИА бара одобрување за покачување на платите за кои има сопствени средства од предвидениот буџет и од остварена добивка која секоја година е се поголема од претходната. Поради фактот дека новинарите во МИА не ги опфати ниту едно покачување во минатите години, нема да го прифатиме процентот на веќе понуденото зголемување на платите како во јавниот сектор.  

The post Протестот на вработените во МИА ставен во мирување во очекување на исполнување на ветувањето на премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>
ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-ssnm-i-semm-za-javni-narativi-shto-stimuliraat-omraza-i-agresija-mora-da-ima-odgovornost/ Mon, 20 Feb 2023 15:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=611162

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Укажуваме дека слободата на говор подразбира одговорност и постоење на висока свест за демократските начела и за слободите, правата и обврските во едно отворено општество. Кога слободата на говор се претвора или провоцира криминални дејствија или каков било тип на нарушување на граѓанските и човекови права, тогаш тоа не е слобода туку е агресија и така треба да се третира.

Укажуваме дека професионалните еснафски организации никогаш нема да прифатат ваков начин на комуникација во јавниот простор. Без оглед на тоа што лицата, во конкретниов случај, ниту биле, ниту се наши членови, чувствуваме потреба да предупредиме дека ова може да остави сериозни последици на јавноста, посебно на младата публика. Говорот на омраза како и говорот што поттикнува насилство и креира предрасуди не е и не смее да биде нормален во јавната комуникација.

Во вакви ситуации нужно е надлежните институции да преземат итни мерки со цел да покаже дека не се толерира неказнивност при груба злоупотреба на јавниот говор во интернет просторот. Оттука, ја поздравуваме брзата и транспарентна реакција на МВР и Обвинителството и очекуваме во најбрз рок да има судска постапка со која ќе се покаже дека ваков тип на злоупотреби подлежат на санкции.

Освен ова, укажуваме дека одговорноста за тоа кој и каква содржина за публиката креира ја имаат компаниите кои преку платена реклама своите производи ги промовираат на вакви платформи. Рекламерите треба да знаат дека имаат општествена одговорност и дека свесно поддржување на вакви содржини ги прави соучесници во промоција на искривени вредности во нарушувањето на граѓанските права. Затоа потребно е тие јавно да се оградат од ваквиот јавен наратив, да ја преиспитаат својата соработка и во иднина да внимаваат каде се рекламираат.

The post ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Укажуваме дека слободата на говор подразбира одговорност и постоење на висока свест за демократските начела и за слободите, правата и обврските во едно отворено општество. Кога слободата на говор се претвора или провоцира криминални дејствија или каков било тип на нарушување на граѓанските и човекови права, тогаш тоа не е слобода туку е агресија и така треба да се третира. Укажуваме дека професионалните еснафски организации никогаш нема да прифатат ваков начин на комуникација во јавниот простор. Без оглед на тоа што лицата, во конкретниов случај, ниту биле, ниту се наши членови, чувствуваме потреба да предупредиме дека ова може да остави сериозни последици на јавноста, посебно на младата публика. Говорот на омраза како и говорот што поттикнува насилство и креира предрасуди не е и не смее да биде нормален во јавната комуникација. Во вакви ситуации нужно е надлежните институции да преземат итни мерки со цел да покаже дека не се толерира неказнивност при груба злоупотреба на јавниот говор во интернет просторот. Оттука, ја поздравуваме брзата и транспарентна реакција на МВР и Обвинителството и очекуваме во најбрз рок да има судска постапка со која ќе се покаже дека ваков тип на злоупотреби подлежат на санкции. Освен ова, укажуваме дека одговорноста за тоа кој и каква содржина за публиката креира ја имаат компаниите кои преку платена реклама своите производи ги промовираат на вакви платформи. Рекламерите треба да знаат дека имаат општествена одговорност и дека свесно поддржување на вакви содржини ги прави соучесници во промоција на искривени вредности во нарушувањето на граѓанските права. Затоа потребно е тие јавно да се оградат од ваквиот јавен наратив, да ја преиспитаат својата соработка и во иднина да внимаваат каде се рекламираат.

The post ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност appeared first on Република.

]]>
Во петок марш за одбрана на новинарското достоинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-petok-marsh-za-odbrana-na-novinarskoto-dostoinstvo/ Wed, 15 Feb 2023 15:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=609398

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува сите медиумски професионалци на протестен марш во петок (17.02) кој ќе почне од Владата до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе го изразат нивното незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието.

- Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање
- Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите
- Крај на агресивниот државен пи-ар
- Поддршка за локалните новинари и медиуми
- Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници
- Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници

Петок, 17.02.2023, со почеток во 10:30 часот пред Влада

Рута на движење: Од Влада до Собрание

The post Во петок марш за одбрана на новинарското достоинство appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува сите медиумски професионалци на протестен марш во петок (17.02) кој ќе почне од Владата до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе го изразат нивното незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба. На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието.
- Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање - Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите - Крај на агресивниот државен пи-ар - Поддршка за локалните новинари и медиуми - Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници - Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници
Петок, 17.02.2023, со почеток во 10:30 часот пред Влада Рута на движење: Од Влада до Собрание

The post Во петок марш за одбрана на новинарското достоинство appeared first on Република.

]]>
ССНМ бара Владата под итно да престане со дискредитација на новинарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssnm-bara-vladata-pod-itno-da-prestane-so-diskreditatsija-na-novinarite/ Thu, 02 Feb 2023 17:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=604007

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на недоличниот и дрзок односот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кон новинарите на денешната прес-конференција во Владата, на која тој ги нападна новинарите, омаловажувајќи ја нивната работа, професионалност и компетентност, и напаѓајќи го нивниот интегритет.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на ССНМ:

Во делот предвиден за новинарски прашања Бектеши денеска наместо да одговори околу цените на природниот гас поставено од новинарката од Канал 5, ја обвини за поставување на туѓи новинарски прашања, а на укажувањето на новинарот од Телма ТВ дека на министерот не му е првпат да коментира новинарски прашања и оти тоа е безобразно од негова страна, Бектеши му одговори дека новинарите не се на прес-конеференцијата да коментираат туку да прашуваат.

ССНМ смета дека арогантниот и омаловажувачки однoс на Бектеши кон новинарите денеска не само што е скандалозен и неприфатлив, туку и ја отежнува работата на новинарите и медиумските работници и може да предизвика самоцензура, непријателско однесување кон нив, загрозување на нивната безбедност, како и нарушување на нивниот интегритет.

Синдикатот бара од функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници и да престанат да се впуштаат во оцена за тоа како, и за која цел, тие поставуваат прашања за кои постои јавен интерес.

Денешниот неприфатлив однос на Бектеши кон новинарите е само уште еден во низата на неприфатливи однесувања на политичарите кон нив. кои зачестија во изминатиот период и за кои ССНМ смета деке е време да престанат.

ССНМ сака да ги потсети политичарите и државните функционери дека нивната сензитивност кон новинарските прашања треба да биде многу висока, особено на прашања кои се однесуваат на нивните одлуки кои имаат импликации на буџетот и трошењето на народните пари.

The post ССНМ бара Владата под итно да престане со дискредитација на новинарите appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на недоличниот и дрзок односот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кон новинарите на денешната прес-конференција во Владата, на која тој ги нападна новинарите, омаловажувајќи ја нивната работа, професионалност и компетентност, и напаѓајќи го нивниот интегритет. Во продолжение го пренесуваме соопштението на ССНМ: Во делот предвиден за новинарски прашања Бектеши денеска наместо да одговори околу цените на природниот гас поставено од новинарката од Канал 5, ја обвини за поставување на туѓи новинарски прашања, а на укажувањето на новинарот од Телма ТВ дека на министерот не му е првпат да коментира новинарски прашања и оти тоа е безобразно од негова страна, Бектеши му одговори дека новинарите не се на прес-конеференцијата да коментираат туку да прашуваат. ССНМ смета дека арогантниот и омаловажувачки однoс на Бектеши кон новинарите денеска не само што е скандалозен и неприфатлив, туку и ја отежнува работата на новинарите и медиумските работници и може да предизвика самоцензура, непријателско однесување кон нив, загрозување на нивната безбедност, како и нарушување на нивниот интегритет. Синдикатот бара од функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници и да престанат да се впуштаат во оцена за тоа како, и за која цел, тие поставуваат прашања за кои постои јавен интерес. Денешниот неприфатлив однос на Бектеши кон новинарите е само уште еден во низата на неприфатливи однесувања на политичарите кон нив. кои зачестија во изминатиот период и за кои ССНМ смета деке е време да престанат. ССНМ сака да ги потсети политичарите и државните функционери дека нивната сензитивност кон новинарските прашања треба да биде многу висока, особено на прашања кои се однесуваат на нивните одлуки кои имаат импликации на буџетот и трошењето на народните пари.

The post ССНМ бара Владата под итно да престане со дискредитација на новинарите appeared first on Република.

]]>
ССНМ: Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssnm-etiketiraneto-na-mediumi-od-strana-na-ahmeti-e-opasno/ Mon, 16 Jan 2023 12:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=597496

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој два медиуми – телевизиите Телма и Алфа ги нарече „непријатели на Албанците“.

Ахмети на партиската трибина во Гостивар рече: „Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма – мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-gi-nareche-televiziite-neprijateli-na-albantsite-rakopleskaat-alfa-telma-melma/

ССНМ смета дека ваквиот говор на Ахмети е недозволив и крајно опасен за слободата на говорот и на медиумите во земјава, како и за демократскиот амбиент за кој тој декларативно се залага во изминатите дваесетина години.

ССНМ го осудува начинот на кој Ахмети очигледно се пресметува со дел од медиумите кои критички пишуваат за политиките и дејствувањето на партијата ДУИ која е дел од владеачкото мнозинство, притоа безобразно злоупотребувајќи го албанскиот народ реферирајќи го кон него наводно „непијателско“ дејствување на телевизиите Телма и Алфа.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) уште еднаш сака да потенцира и предупреди дека ваквото квалифицирање на медиумите од страна на политичарите, може да предизвика непријателско однесување кон новинарите и медиумските работници, загрозувајќи ја нивната безбедност.

Потсетуваме на слични изјави на високопозиционирани политичари во минатото кои на ист начин, како Ахмети вчера, етикетираа медими како непријателски, по што се зголемија нападите врз новинарите медиумските работнитници.

Синдикатот сака да посочи дека на новинарите секогаш приоритет во работењето им е вистината, јавниот интерес, критиката кон политиките на партиите, дејствувањето на партиските функционери, без притоа да праваат поделба по национална, верска и или родова основа.

ССНМ секогаш е на страна и во одбрана на слободата на говор и безбедноста на новинарите и уште еднаш потенцира дека е згрозен од настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој со етикетирање на медиуми кој може да создаде простор за говор на омраза кон медиумите и новинарите.

Исто така, ваквите изјави воопшто не придонесуваат, туку напротив се основа за разгорување на секогаш кревките етнички односи во Македонија.

The post ССНМ: Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој два медиуми – телевизиите Телма и Алфа ги нарече „непријатели на Албанците“. Ахмети на партиската трибина во Гостивар рече: „Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма – мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“. https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-gi-nareche-televiziite-neprijateli-na-albantsite-rakopleskaat-alfa-telma-melma/ ССНМ смета дека ваквиот говор на Ахмети е недозволив и крајно опасен за слободата на говорот и на медиумите во земјава, како и за демократскиот амбиент за кој тој декларативно се залага во изминатите дваесетина години. ССНМ го осудува начинот на кој Ахмети очигледно се пресметува со дел од медиумите кои критички пишуваат за политиките и дејствувањето на партијата ДУИ која е дел од владеачкото мнозинство, притоа безобразно злоупотребувајќи го албанскиот народ реферирајќи го кон него наводно „непијателско“ дејствување на телевизиите Телма и Алфа. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) уште еднаш сака да потенцира и предупреди дека ваквото квалифицирање на медиумите од страна на политичарите, може да предизвика непријателско однесување кон новинарите и медиумските работници, загрозувајќи ја нивната безбедност. Потсетуваме на слични изјави на високопозиционирани политичари во минатото кои на ист начин, како Ахмети вчера, етикетираа медими како непријателски, по што се зголемија нападите врз новинарите медиумските работнитници. Синдикатот сака да посочи дека на новинарите секогаш приоритет во работењето им е вистината, јавниот интерес, критиката кон политиките на партиите, дејствувањето на партиските функционери, без притоа да праваат поделба по национална, верска и или родова основа. ССНМ секогаш е на страна и во одбрана на слободата на говор и безбедноста на новинарите и уште еднаш потенцира дека е згрозен од настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој со етикетирање на медиуми кој може да создаде простор за говор на омраза кон медиумите и новинарите. Исто така, ваквите изјави воопшто не придонесуваат, туку напротив се основа за разгорување на секогаш кревките етнички односи во Македонија.

The post ССНМ: Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно appeared first on Република.

]]>
ЗНМ и ССНМ за кратењето на парите на МИА: Штетно е за јавноста, Агенцијата останува и без дописништвата во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-i-ssnm-za-krateneto-na-parite-na-mia-shtetno-e-za-javnosta-agentsijata-ostanuva-i-bez-dopisnishtvata-vo-stranstvo/ Tue, 27 Dec 2022 16:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=590649

Значителното намалувањето на буџетот на Медиумската информативна агенција (МИА), како и укинувањето на нејзините дописништвата од Вашингтон, Брисел и Атина, ја загрозуваат основната функција на оваа медиумска куќа – реагираа денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на заедничка прес-конференција.

Потребно е Владата да даде итна поддршка во напорите да се изнајде решение за непречено функционирање на странските дописништва на МИА и наместо затворање на постоечките дописништва потребно е уште посилна мрежа на дописници кои ќе работат во интерес на јавноста и во придонес на медиумскиот плурализам за прашања од јавен интерес за граѓаните, посочија претставници на новинарсите здруженија.

Истовремено, беше истакнато дека МИА треба да биде изземена од мерките за штедење, односно да се изнајде начин да не дојде до намалување на буџетот за следната година бидејќи тоа ќе предизвика негитвни последици како за вработените новинари и медиумски работници, така и за квалитетот на содржините и информациите кои произлегуваат од овој медиум.

Со намалување дописничката мрежа директно се влијае и на нарушување на професионалните стандарди на новинарите, со што се губи објективноста при информирањето, се појавува ризик од непроверени, а со тоа и неточни информации. На крајот, жртви ќе бидат граѓаните и јавниот интерес, зошто единствен канал за информирање од овие земји ќе бидат странските канали. Затоа е нужно владата да има разбирање за овој проблем и итно да реагира со цел да се превенира штета, затоа бараме веднаш враќање на парите потребни за нормално функционирање на МИА – изјави претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски.

МИА како генератор на вести и информативен сервис на граѓаните, треба да биде првиот филтер на информации за широката јавност и клучна алатка за борба против дезинформациите кои претставуваат се поголем проблем посебно во ерата на дигиталните медиуми.

За жал и оваа година, пред Нова година наместо да зборуваме за повисоки плати, нови перспективи за медиумските работници, како синдикат и медиумски партнерски здруженија ви се обраќаме јавно со реакција за прекин на работни договори и губење на егзистенцијата. Денес проблемите се во МИА, кои се предизвикани од наметнатите мерки за штедење на владата. Владата наместо да остави позитивен пример во време на криза и да ја зачува егзистенцијата и сигурноста на работните места, токму спротивно, удри врз единствениот медиум за кој е одговорна и го намали буџетот со кој се нарушува тековното работење. Со овој негативен пример владата прикажа негативна пракса која сега непречено може да се применува во приватниот сектор, токму онаму каде што медиумските работници се најранливи – рече претседателот на ССНМ Павле Беловски.

На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Антоновски, актуелниот директор на МИА.

Ние го анализиравме овој процес веќе подолго време. Цела година предупредуваме дека тие буџети кои нам ни се одредуваат се апсолутно несоодветни. Ние зборуваме за одржливост, наместо за инвестирање и развој. Владата постојано ни вели дека ќе го има тоа предвид, закажани се и средби за разговор. Нас ни е јасна поентата на тоа што и претседателот на ЗНМ го истакна, ние покренавме иницијатива, разговаравме со ОБСЕ, да се отвори дебата за измена на закон за медиуми, бидејќи досегашниот концепт за финансирање не е добар. Според нашите анализи, единствено можно решение за финансиска одржливост е закон за МИА, каде што меѓународните организации се понудија да помогнат во тој контекст, ставено е во програмата на ОБСЕ и ЗНМ. Тоа за нас значи некаква стабилност која ќе придонесе на континуитет, наместо да се случи на половина година измена односно повлекување на парите – рече Антоновски.

На прес-конференција беше истакнато и дека согласно со правните анализи кои ги има објавено ЗНМ пред речиси две години најсоодветен начин на организација на МИА е по примерот на МРТВ, чиј основач и надлежна институција пред која полага одговорност, е Собранието. Во таа насока, потребни се законски измени со кои ќе се гарантира дека Владата нема да има влијание во изборот на менаџментот во МИА, а истовремено ќе се обезбеди модел со кој ќе се гарантира финансиската независност во работата на оваа агенција, која според актуевлниот закон е владина, а треба да биде државна агенција.

The post ЗНМ и ССНМ за кратењето на парите на МИА: Штетно е за јавноста, Агенцијата останува и без дописништвата во странство appeared first on Република.

]]>

Значителното намалувањето на буџетот на Медиумската информативна агенција (МИА), како и укинувањето на нејзините дописништвата од Вашингтон, Брисел и Атина, ја загрозуваат основната функција на оваа медиумска куќа – реагираа денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на заедничка прес-конференција. Потребно е Владата да даде итна поддршка во напорите да се изнајде решение за непречено функционирање на странските дописништва на МИА и наместо затворање на постоечките дописништва потребно е уште посилна мрежа на дописници кои ќе работат во интерес на јавноста и во придонес на медиумскиот плурализам за прашања од јавен интерес за граѓаните, посочија претставници на новинарсите здруженија. Истовремено, беше истакнато дека МИА треба да биде изземена од мерките за штедење, односно да се изнајде начин да не дојде до намалување на буџетот за следната година бидејќи тоа ќе предизвика негитвни последици како за вработените новинари и медиумски работници, така и за квалитетот на содржините и информациите кои произлегуваат од овој медиум.
Со намалување дописничката мрежа директно се влијае и на нарушување на професионалните стандарди на новинарите, со што се губи објективноста при информирањето, се појавува ризик од непроверени, а со тоа и неточни информации. На крајот, жртви ќе бидат граѓаните и јавниот интерес, зошто единствен канал за информирање од овие земји ќе бидат странските канали. Затоа е нужно владата да има разбирање за овој проблем и итно да реагира со цел да се превенира штета, затоа бараме веднаш враќање на парите потребни за нормално функционирање на МИА – изјави претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски.
МИА како генератор на вести и информативен сервис на граѓаните, треба да биде првиот филтер на информации за широката јавност и клучна алатка за борба против дезинформациите кои претставуваат се поголем проблем посебно во ерата на дигиталните медиуми.
За жал и оваа година, пред Нова година наместо да зборуваме за повисоки плати, нови перспективи за медиумските работници, како синдикат и медиумски партнерски здруженија ви се обраќаме јавно со реакција за прекин на работни договори и губење на егзистенцијата. Денес проблемите се во МИА, кои се предизвикани од наметнатите мерки за штедење на владата. Владата наместо да остави позитивен пример во време на криза и да ја зачува егзистенцијата и сигурноста на работните места, токму спротивно, удри врз единствениот медиум за кој е одговорна и го намали буџетот со кој се нарушува тековното работење. Со овој негативен пример владата прикажа негативна пракса која сега непречено може да се применува во приватниот сектор, токму онаму каде што медиумските работници се најранливи – рече претседателот на ССНМ Павле Беловски.
На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Антоновски, актуелниот директор на МИА.
Ние го анализиравме овој процес веќе подолго време. Цела година предупредуваме дека тие буџети кои нам ни се одредуваат се апсолутно несоодветни. Ние зборуваме за одржливост, наместо за инвестирање и развој. Владата постојано ни вели дека ќе го има тоа предвид, закажани се и средби за разговор. Нас ни е јасна поентата на тоа што и претседателот на ЗНМ го истакна, ние покренавме иницијатива, разговаравме со ОБСЕ, да се отвори дебата за измена на закон за медиуми, бидејќи досегашниот концепт за финансирање не е добар. Според нашите анализи, единствено можно решение за финансиска одржливост е закон за МИА, каде што меѓународните организации се понудија да помогнат во тој контекст, ставено е во програмата на ОБСЕ и ЗНМ. Тоа за нас значи некаква стабилност која ќе придонесе на континуитет, наместо да се случи на половина година измена односно повлекување на парите – рече Антоновски.
На прес-конференција беше истакнато и дека согласно со правните анализи кои ги има објавено ЗНМ пред речиси две години најсоодветен начин на организација на МИА е по примерот на МРТВ, чиј основач и надлежна институција пред која полага одговорност, е Собранието. Во таа насока, потребни се законски измени со кои ќе се гарантира дека Владата нема да има влијание во изборот на менаџментот во МИА, а истовремено ќе се обезбеди модел со кој ќе се гарантира финансиската независност во работата на оваа агенција, која според актуевлниот закон е владина, а треба да биде државна агенција.

The post ЗНМ и ССНМ за кратењето на парите на МИА: Штетно е за јавноста, Агенцијата останува и без дописништвата во странство appeared first on Република.

]]>
ССНМ: Платите во МИА не смеат да бидат намалени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssnm-platite-vo-mia-ne-smeat-da-bidat-namaleni/ Thu, 13 Oct 2022 12:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=560653

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) испрати допис со барање до Владата на РС Македонија да не се намалуваат платите на новинарите и медиумските работници во Медиумската информативна агенција. ССНМ се спротивставува на планот за намалување на платите и другите додатоци во Медиумската информативна агенција, како дел од владиниот план за фискална одржливост бидејќи планираното намалување негативно ќе влијае врз работата на новинската агенција.

Сметаме дека со најавениот План за фискална одржливост не може да бидат опфатени сите институции што се буџетски корисници поради нивната различна дејност. МИА е акционерско друштво во државна сопственост поради што е опфатена со владиниот план во кој е предвидено намалување на расходите, но предупредуваме дека дејноста која ја извршуваат новинарите и медиумските работници е од јавен интерес и како што е познато во услови на криза дополнително им се зголемува обемот на работа, но и одговорноста за нејзино професионално и објективно извршување.
Укажуваме и дека со намалување на средствата за буџетските корисници се опфатени и новите вработувања, со што исто така ќе се наруши процесот на работа на МИА.
Истовремено, остро се противиме и на делот од планот да се ревидираат колективните договори и сметаме дека на среден и долг рок тоа негативно ќе се одрази врз правата на новинарите и медиумските работници, но и на сите работници во државата.

ССНМ предлага во подготовката на Планот за намалување на расходите да се изнајде модус со кој нема да биде предвидено намалување на платите кои и онака се просечни, а менаџментот на МИА да се спротивстави на укинувањето или намалување на додатоците на плата.

The post ССНМ: Платите во МИА не смеат да бидат намалени appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) испрати допис со барање до Владата на РС Македонија да не се намалуваат платите на новинарите и медиумските работници во Медиумската информативна агенција. ССНМ се спротивставува на планот за намалување на платите и другите додатоци во Медиумската информативна агенција, како дел од владиниот план за фискална одржливост бидејќи планираното намалување негативно ќе влијае врз работата на новинската агенција.
Сметаме дека со најавениот План за фискална одржливост не може да бидат опфатени сите институции што се буџетски корисници поради нивната различна дејност. МИА е акционерско друштво во државна сопственост поради што е опфатена со владиниот план во кој е предвидено намалување на расходите, но предупредуваме дека дејноста која ја извршуваат новинарите и медиумските работници е од јавен интерес и како што е познато во услови на криза дополнително им се зголемува обемот на работа, но и одговорноста за нејзино професионално и објективно извршување. Укажуваме и дека со намалување на средствата за буџетските корисници се опфатени и новите вработувања, со што исто така ќе се наруши процесот на работа на МИА. Истовремено, остро се противиме и на делот од планот да се ревидираат колективните договори и сметаме дека на среден и долг рок тоа негативно ќе се одрази врз правата на новинарите и медиумските работници, но и на сите работници во државата.
ССНМ предлага во подготовката на Планот за намалување на расходите да се изнајде модус со кој нема да биде предвидено намалување на платите кои и онака се просечни, а менаџментот на МИА да се спротивстави на укинувањето или намалување на додатоците на плата.

The post ССНМ: Платите во МИА не смеат да бидат намалени appeared first on Република.

]]>
7 од 10 новинари земаат потпросечна плата, 4 од 10 се со договор на дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/7-od-10-novinari-zemaat-potprosechna-plata-4-od-10-se-so-dogovor-na-delo/ Sun, 01 May 2022 17:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=496114

Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1:3, значи дека имате ризично работно место, вака претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, го започна своето обраќање со цел да потсети на лошиот статус на новинарите и медиумските работници во Македонија.

Тоа се само бројки за судбините на нашите медиумски работници, вели Беловски и нагласува дека работничките права се предусловот за професионално новинарство и дека сигурната работа значи достоинствено новинарство.

Оној кој е социјално обесправен, оној кој е во подредена положба, оној кој е уценет со мизерна плата за опстанок - тој не е слободен! Токму на Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката: Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо. Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која започна 1886-тата и продолжува. Честит Први мај!, пррачаа Беловски и новинарскиот синдикат.

 

The post 7 од 10 новинари земаат потпросечна плата, 4 од 10 се со договор на дело appeared first on Република.

]]>

Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1:3, значи дека имате ризично работно место, вака претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, го започна своето обраќање со цел да потсети на лошиот статус на новинарите и медиумските работници во Македонија. Тоа се само бројки за судбините на нашите медиумски работници, вели Беловски и нагласува дека работничките права се предусловот за професионално новинарство и дека сигурната работа значи достоинствено новинарство.
Оној кој е социјално обесправен, оној кој е во подредена положба, оној кој е уценет со мизерна плата за опстанок - тој не е слободен! Токму на Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката: Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо. Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која започна 1886-тата и продолжува. Честит Први мај!, пррачаа Беловски и новинарскиот синдикат.
 

The post 7 од 10 новинари земаат потпросечна плата, 4 од 10 се со договор на дело appeared first on Република.

]]>