ссмртност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ssmrtnost/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 10:37:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ссмртност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ssmrtnost/ 32 32 Не е точно дека има зголемена смртност, нема 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, рече разрешениот д-р Шокаровски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ne-e-tochno-deka-ima-zgolemena-smrtnost-nema-170-fantomski-patsienti-ova-e-orkestriran-napad-za-da-se-unishti-drzhavnata-kardiohirurgija-reche-razresheniot-d-r-shokarovski/ Wed, 29 May 2024 10:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=782736

Не е точно дека има зголемена смртност на Клиниката за кардиохирургија, нема наводни 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство изјави денеска на прес-конфренцијата разрешениот директор на Клиниката д-р Марјан Шокаровски.

Тој кажа дека неговото разрешување е незаконско, бидејќи во техничка Влада, не може ниту да се именуваат, ниту да се разрешуваат директори.

Дел од медиумите пишуваа дека на Универзитетска клиника за државна кардиохирургија е зголемена смртноста откако тој е назначен за директор. Министерот за здравство Илир Демири  во понедленикот, на прес-конфренција соопшти дека го разрешил д-р Шокаровски од функцијата директор на Клиниката, бидејќи, како што рече, добил извештај од комисијата што ја формирал дека е зголемена смртноста на Клиниката, за 170 пациенти нема отпусни листи и умреници во „Мој термин“ и имало нарушени меѓучовечки односи на Клиниката.

Нема фантомски пациенти. Сите пациенти имаат отпусно писмо на хартија и историја на хартија. Така е законски. Тоа што ги нема во ‘Мој термин‘ е поради софтверски проблем помеѓу нашата и платформата на ‘Мој термин‘. Тоа не е од сега, со месеци е тој проблем, рече Шокаровски.

Според д-р Шокаровски, ова е оркестриран напад со цел да се уништи државната кардиохирургија. Тој кажа дека министерот Демири ја разрешил и Александра Ефтимова, координатор за развојот на кардиоваскуларната хирургија при министерството за здравство и истовремено и го раскинал договорот на координаторот за трансплантација при Министерството Адријана Георгиев.

[caption id="attachment_782738" align="alignnone" width="1600"] Д-р Шокаревски: Членовите на комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Клиниката и да ги толкуваат бројките, се доктори кои немаат никаков контакт со кардиохирушки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата[/caption]

Оттука се наметна нашето прашање, дали се работи за оркестриран напад против државната кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство. Која е потребата на министерот во заминување да направи вакво пореметување на една успешна приказна? Кому тоа му одговара?, праша тој.

За извештајот на комисијата на кој се повика министерот, Шокаровски вели дека не му бил доставен. Но, според неговите информации, го правеле лица кои не се врзани со кардиохирургија и кардиохируршки пациенти.

Членовите на комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Клиниката и да ги толкуваат бројките, се доктори кои немаат никаков контакт со кардиохирушки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата, кажа Шокаровски, додавајќи дека еден од членовите на комисијата бил кандидат за директор на Кардиохирургија пред шест месеци, со што се доведува во прашање неговата објективност.

На прес-конфренцијата на која присустуваше и дел од персолналот на Клиниката беше презентирана статисика која покажува дека постои тренд на намалување на смртноста низ месеците.

Последните 5 месеци покажуваат дека нашата смртност е пониска од предвидената, подобри сме од она што се очекува, истакна Шокаровски.

Доцент д-р Васил Папастиев ја објасни статистиката која беше презентирана пред новинарите и кажа дека не е зголемена смртноста, напротив, намалена е, но е зголемена комплексноста на здравствените проблеми на пациентите.

За обвинувањата дека на Кардиохирургија се нарушени човечките односи д-р Надица Мехмедовиќ кажа дека на Клиниката клиника работи врвен персонал кој пожртвувано се бори за секој пациент и нема простор за такво нешто.

Многу сегменти од државното здравство и образование се засегнати со последните случувања. Ги повикуваме институциите, медицинскиот факултет, министерството за здравство и образование, да реагираат. И после се, ние веруваме во институциите на државата. Воедно бараме да се изврши ревизија на сите дипломи, почнувајќи еве од нашата клиника. Да завршиме еднаш засекогаш со самопромовирање на експерти во кардиоваскуларната медицина, рече д-р Шокаровски.

Д-р Шокаровски беше назначен за директор на Кардихирургија откако лани тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити го разреши д-р Сашко Јовев од директорката позиција на Клиниката.

The post Не е точно дека има зголемена смртност, нема 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, рече разрешениот д-р Шокаровски appeared first on Република.

]]>

Не е точно дека има зголемена смртност на Клиниката за кардиохирургија, нема наводни 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство изјави денеска на прес-конфренцијата разрешениот директор на Клиниката д-р Марјан Шокаровски. Тој кажа дека неговото разрешување е незаконско, бидејќи во техничка Влада, не може ниту да се именуваат, ниту да се разрешуваат директори. Дел од медиумите пишуваа дека на Универзитетска клиника за државна кардиохирургија е зголемена смртноста откако тој е назначен за директор. Министерот за здравство Илир Демири  во понедленикот, на прес-конфренција соопшти дека го разрешил д-р Шокаровски од функцијата директор на Клиниката, бидејќи, како што рече, добил извештај од комисијата што ја формирал дека е зголемена смртноста на Клиниката, за 170 пациенти нема отпусни листи и умреници во „Мој термин“ и имало нарушени меѓучовечки односи на Клиниката.
Нема фантомски пациенти. Сите пациенти имаат отпусно писмо на хартија и историја на хартија. Така е законски. Тоа што ги нема во ‘Мој термин‘ е поради софтверски проблем помеѓу нашата и платформата на ‘Мој термин‘. Тоа не е од сега, со месеци е тој проблем, рече Шокаровски.
Според д-р Шокаровски, ова е оркестриран напад со цел да се уништи државната кардиохирургија. Тој кажа дека министерот Демири ја разрешил и Александра Ефтимова, координатор за развојот на кардиоваскуларната хирургија при министерството за здравство и истовремено и го раскинал договорот на координаторот за трансплантација при Министерството Адријана Георгиев. [caption id="attachment_782738" align="alignnone" width="1600"] Д-р Шокаревски: Членовите на комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Клиниката и да ги толкуваат бројките, се доктори кои немаат никаков контакт со кардиохирушки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата[/caption]
Оттука се наметна нашето прашање, дали се работи за оркестриран напад против државната кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство. Која е потребата на министерот во заминување да направи вакво пореметување на една успешна приказна? Кому тоа му одговара?, праша тој.
За извештајот на комисијата на кој се повика министерот, Шокаровски вели дека не му бил доставен. Но, според неговите информации, го правеле лица кои не се врзани со кардиохирургија и кардиохируршки пациенти.
Членовите на комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Клиниката и да ги толкуваат бројките, се доктори кои немаат никаков контакт со кардиохирушки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата, кажа Шокаровски, додавајќи дека еден од членовите на комисијата бил кандидат за директор на Кардиохирургија пред шест месеци, со што се доведува во прашање неговата објективност.
На прес-конфренцијата на која присустуваше и дел од персолналот на Клиниката беше презентирана статисика која покажува дека постои тренд на намалување на смртноста низ месеците.
Последните 5 месеци покажуваат дека нашата смртност е пониска од предвидената, подобри сме од она што се очекува, истакна Шокаровски.
Доцент д-р Васил Папастиев ја објасни статистиката која беше презентирана пред новинарите и кажа дека не е зголемена смртноста, напротив, намалена е, но е зголемена комплексноста на здравствените проблеми на пациентите. За обвинувањата дека на Кардиохирургија се нарушени човечките односи д-р Надица Мехмедовиќ кажа дека на Клиниката клиника работи врвен персонал кој пожртвувано се бори за секој пациент и нема простор за такво нешто.