српско МВР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srpsko-mvr/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 16:04:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png српско МВР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srpsko-mvr/ 32 32 Српското МВР предупреди да не се отвараат СМС или Е-маил пораки со „фишинг“ измама https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskoto-mvr-predupredi-da-ne-se-otvaraat-sms-ili-e-mail-poraki-so-fishing-izmama/ Tue, 12 Mar 2024 16:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=754106

Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР) денеска ги повика граѓаните да не отвораат линкови во СМС или е-маил пораки кои бараат од нив да ги „ажурираат“ личните податоци поради наводна испорака или плаќање и да не стапуваат во комуникација со испраќачите на такви пораки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Станува збор за „фишинг“ пораки чија цел е кражба на лични и чувствителни податоци за да се добие противправна имотна корист, соопшти МВР на социјалните мрежи.

Пример за таква порака е: „Пакетот пристигна и е складиран, ве молиме ажурирајте ја вашата адреса во рок од 12 часа или ќе ги изгубиме вашите артикли“, што е придружена со насочување да кликнете на линкот каде што тоа наводно може да се направи.

Српските власти препорачуваат доколку некој го отворил линкот во пораката и ги оставил личните податоци, веднаш да ја извести Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Од српското МВР посочуваат дека личните податоци на Интернет треба да се споделат само во исклучителни случаи, кога претходно ќе се провери валидноста на физичките или правните лица кои ги бараат податоците.

The post Српското МВР предупреди да не се отвараат СМС или Е-маил пораки со „фишинг“ измама appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР) денеска ги повика граѓаните да не отвораат линкови во СМС или е-маил пораки кои бараат од нив да ги „ажурираат“ личните податоци поради наводна испорака или плаќање и да не стапуваат во комуникација со испраќачите на такви пораки, јави дописникот на МИА од Белград.
-Станува збор за „фишинг“ пораки чија цел е кражба на лични и чувствителни податоци за да се добие противправна имотна корист, соопшти МВР на социјалните мрежи.
Пример за таква порака е: „Пакетот пристигна и е складиран, ве молиме ажурирајте ја вашата адреса во рок од 12 часа или ќе ги изгубиме вашите артикли“, што е придружена со насочување да кликнете на линкот каде што тоа наводно може да се направи. Српските власти препорачуваат доколку некој го отворил линкот во пораката и ги оставил личните податоци, веднаш да ја извести Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград. Од српското МВР посочуваат дека личните податоци на Интернет треба да се споделат само во исклучителни случаи, кога претходно ќе се провери валидноста на физичките или правните лица кои ги бараат податоците.

The post Српското МВР предупреди да не се отвараат СМС или Е-маил пораки со „фишинг“ измама appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Српското МВР ќе донесе одлука за Еуропрајд 96 часа пред планираниот собир https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-srpskoto-mvr-kje-donese-odluka-za-europrajd-96-chasa-pred-planiraniot-sobir/ Sat, 10 Sep 2022 08:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=549351

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи „во согласност со Уставот и законите“ ќе донесе одлука за ЛГБТ настанот Европрајд, 96 часа пред планираниот собир.

На прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека државата „нема да измислува глупости“ за да го забрани настанот поради епидемијата на мајмунски сипаници.

Нема да си играме и да се исмеваме со нашите граѓани, да ги понижуваме луѓето кои се наши деца, наши браќа и сестри, но никогаш нема да ја разберам неверојатната неодговорност на оние кои, од една речиси неважна тема, или тема која е важно само за еден дел од општеството, направи крстоносна војна, рече Вучиќ.

Тој повтори дека безбедносната ситуација е „тешка“ и дека државата не сака да дојде до судири.

Можно е да има големи немири во кои нашата сила би требало да биде поголема, а ние сакаме да го избегнеме тоа, рече Вучиќ.

Зборувајќи за најавите за собир на противниците на Еуропрајд, Вучиќ рече дека „иронично им се заблагодарува на сите херои“ кои, како што рече, не чекаат на премините кон Косово туку „во парковите да ги нападнат оние што се различни од нив“.

Да не зборувам колку е неморално да си даваме право да шетаме каде и кога сакаме, а да го браниме тоа на една група, како да не се наши граѓани, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Српското МВР ќе донесе одлука за Еуропрајд 96 часа пред планираниот собир appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи „во согласност со Уставот и законите“ ќе донесе одлука за ЛГБТ настанот Европрајд, 96 часа пред планираниот собир. На прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека државата „нема да измислува глупости“ за да го забрани настанот поради епидемијата на мајмунски сипаници.