српски општини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srpski-opshtini/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 08:33:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png српски општини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srpski-opshtini/ 32 32 ЕУ ја поздрави одлуката за гласање за разрешување на градоначалниците Албанци во српските општини во северно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-ja-pozdravi-odlukata-za-glasane-za-razreshuvane-na-gradonachalnitsite-albantsi-vo-srpskite-opshtini-vo-severno-kosovo/ Sat, 09 Mar 2024 08:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=752880

Шефот на Канцеларијата на Европска Унија во Косово, Томаш Суниог, го поздрави одредувањето на датумот (21 април) од страна на Централната изборна комисија на Косово (КИЦ) за гласање за разрешување на градоначалниците во четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Суниог, на неговата официјална страница на платформата „Икс“ напиша дека ЕУ го цени процесот на верификација на потписите од петицијата за разрешување на градоначалниците, како услов што го постави Владата на Албин Курти за нови избори во четирите општини и додаде дека очекува од ЦИК да создаде услови за слободно и фер гласање.

Сега е од суштинско значење ЦИК да ги направи потребните подготовки за да обезбеди непречен процес и да создаде услови за слободно и фер гласање, напиша Суниог, нагласувајќи дека „ЕУ е подготвена да понуди поддршка во текот на овој процес“.

Централната изборна комисија на Косово вчера донесе одлука гласањето за разрешување на градоначалниците Албанци во четирите општини во северно Косово - Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Cеверна Митровица, во кои мнозинството го сочинуваат етнички Срби, да се одржи на 21 април.

Актуелните градоначалници, кандидирани од партиите на косовските Албанци, беа избрани на вонредните избори во април минатата година, кои беа бојкотирани од српската заедница.

Процесот на гласање за разрешување на градоначалник е објаснет во Управната инструкција на Министерството за администрација и локална самоуправа. Гласањето за ова прашање треба да се одржи најдоцна 45 дена по потврдата дека е исполнета квотата од 20 проценти на потписници на петиција за покренување гласање за разрешување на градоначалниците.

Доколку 50 отсто плус еден од граѓаните заведени во избирачките списоци гласаат за смена на градоначалникот, тогаш се смета дека тој е разрешен од функцијата. Потоа, резултатот се испраќа до претседателката на Косово, Вјоса Османи, која има законски рок од 30 до 45 дена да распише вонредни избори.

Во случај при гласањето да не се достигне бројката од 50 отсто, иницијативата се смета за неуспешна и, според управната инструкција, нова иницијатива може да се покрене дури по 12 месеци.

Минатиот април косовските Срби ги бојкотира локалните избори во четирите општини во северно од Косово, населено со мнозинство Срби, по што, со исклучително мала излезност на гласачите, победија кандидатите на албанските партии.

Влегувањето на новите градоначалници со асистенција на полицијата во општинските згради во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во мај минатата година предизвика протести на тамошните Срби, при што дојде и до судири меѓу демонстрантите и припадниците на КФОР.

ЕУ и САД побараа градоначалниците да поднесат оставки и да се организираат нови локални избори на кои ќе се гарантира учество на косовските Срби. Меѓутоа, Владата на Албин Курти одби да ги разреши и донесе одлука вонредни избори да се распишат по гласање на избирачите за разрешување на актуелните градоначалници Албанци.

ЕУ и САД воведоа санкции кон Косово поради неисполнувањето на нивните барања и порачаа дека истите ќе ги укинат откако ќе се одржат демократски избори во северно Косово со учество на српското население. Санкциите сè уште се во сила.

The post ЕУ ја поздрави одлуката за гласање за разрешување на градоначалниците Албанци во српските општини во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Шефот на Канцеларијата на Европска Унија во Косово, Томаш Суниог, го поздрави одредувањето на датумот (21 април) од страна на Централната изборна комисија на Косово (КИЦ) за гласање за разрешување на градоначалниците во четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Суниог, на неговата официјална страница на платформата „Икс“ напиша дека ЕУ го цени процесот на верификација на потписите од петицијата за разрешување на градоначалниците, како услов што го постави Владата на Албин Курти за нови избори во четирите општини и додаде дека очекува од ЦИК да создаде услови за слободно и фер гласање.
Сега е од суштинско значење ЦИК да ги направи потребните подготовки за да обезбеди непречен процес и да создаде услови за слободно и фер гласање, напиша Суниог, нагласувајќи дека „ЕУ е подготвена да понуди поддршка во текот на овој процес“.
Централната изборна комисија на Косово вчера донесе одлука гласањето за разрешување на градоначалниците Албанци во четирите општини во северно Косово - Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Cеверна Митровица, во кои мнозинството го сочинуваат етнички Срби, да се одржи на 21 април. Актуелните градоначалници, кандидирани од партиите на косовските Албанци, беа избрани на вонредните избори во април минатата година, кои беа бојкотирани од српската заедница. Процесот на гласање за разрешување на градоначалник е објаснет во Управната инструкција на Министерството за администрација и локална самоуправа. Гласањето за ова прашање треба да се одржи најдоцна 45 дена по потврдата дека е исполнета квотата од 20 проценти на потписници на петиција за покренување гласање за разрешување на градоначалниците. Доколку 50 отсто плус еден од граѓаните заведени во избирачките списоци гласаат за смена на градоначалникот, тогаш се смета дека тој е разрешен од функцијата. Потоа, резултатот се испраќа до претседателката на Косово, Вјоса Османи, која има законски рок од 30 до 45 дена да распише вонредни избори. Во случај при гласањето да не се достигне бројката од 50 отсто, иницијативата се смета за неуспешна и, според управната инструкција, нова иницијатива може да се покрене дури по 12 месеци. Минатиот април косовските Срби ги бојкотира локалните избори во четирите општини во северно од Косово, населено со мнозинство Срби, по што, со исклучително мала излезност на гласачите, победија кандидатите на албанските партии. Влегувањето на новите градоначалници со асистенција на полицијата во општинските згради во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во мај минатата година предизвика протести на тамошните Срби, при што дојде и до судири меѓу демонстрантите и припадниците на КФОР. ЕУ и САД побараа градоначалниците да поднесат оставки и да се организираат нови локални избори на кои ќе се гарантира учество на косовските Срби. Меѓутоа, Владата на Албин Курти одби да ги разреши и донесе одлука вонредни избори да се распишат по гласање на избирачите за разрешување на актуелните градоначалници Албанци. ЕУ и САД воведоа санкции кон Косово поради неисполнувањето на нивните барања и порачаа дека истите ќе ги укинат откако ќе се одржат демократски избори во северно Косово со учество на српското население. Санкциите сè уште се во сила.

The post ЕУ ја поздрави одлуката за гласање за разрешување на градоначалниците Албанци во српските општини во северно Косово appeared first on Република.

]]>
Канцеларијата на ЕУ бара што поскоро да има вонредни избори во северно Косово со безусловно учество на Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kantselarijata-na-eu-bara-shto-poskoro-da-ima-vonredni-izbori-vo-severno-kosovo-so-bezuslovno-uchestvo-na-srbite/ Mon, 21 Aug 2023 20:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=674357

Шефот на Канцеларијата на Европската Унија на Косово, Томас Суниог, се заложи за што поскоро одржување вонредни градоначалнички избори во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средба со министерот за локална самоуправа во владата на Косово, Елберт Красниќи, Суниог преку својата страница на Твитер порача дека на изборите е неопходно целосно и безусловно учество на претставниците на тамошните Срби.

Разговаравме за предвремените избори во северно Косово со минисерот Елберт Красниќи. Повторив дека предвремените избори треба да се организираат што поскоро во четирите општини и со целосно, сеопфатно и безусловно учество на косовските Срби“, напиша Суниог.

Косовските Срби во април годинава ги бојкотираа локалните избори, на кои победија кандидати на партиите на косовските Албанци, по што уследија протести во четирите општини, по што премиерот Албин Курти ангажира специјална полиција за заштита на новоизбраните градоначалници.

Европската Унија и САД воведоа санкции кон владата на Курти, со барање за повлекување на специјалците и организирање предвремени избори со учество на претставниците на косовските Срби.

The post Канцеларијата на ЕУ бара што поскоро да има вонредни избори во северно Косово со безусловно учество на Србите appeared first on Република.

]]>

Шефот на Канцеларијата на Европската Унија на Косово, Томас Суниог, се заложи за што поскоро одржување вонредни градоначалнички избори во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. По средба со министерот за локална самоуправа во владата на Косово, Елберт Красниќи, Суниог преку својата страница на Твитер порача дека на изборите е неопходно целосно и безусловно учество на претставниците на тамошните Срби.
Разговаравме за предвремените избори во северно Косово со минисерот Елберт Красниќи. Повторив дека предвремените избори треба да се организираат што поскоро во четирите општини и со целосно, сеопфатно и безусловно учество на косовските Срби“, напиша Суниог.
Косовските Срби во април годинава ги бојкотираа локалните избори, на кои победија кандидати на партиите на косовските Албанци, по што уследија протести во четирите општини, по што премиерот Албин Курти ангажира специјална полиција за заштита на новоизбраните градоначалници. Европската Унија и САД воведоа санкции кон владата на Курти, со барање за повлекување на специјалците и организирање предвремени избори со учество на претставниците на косовските Срби.

The post Канцеларијата на ЕУ бара што поскоро да има вонредни избори во северно Косово со безусловно учество на Србите appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Една недела му праќаме сигнали, но Курти не сака да ја слуша меѓународната заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/eskobar-edna-nedela-mu-prakame-signali-no-kurti-ne-saka-da-ja-slusha-megunarodnata-zaednitsa/ Sun, 04 Jun 2023 15:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=647692

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, за Би-Би-Си изјави дека ситуацијата на северот на Косово е последица на недостиг на волја на премиерот Албин Курти да ја слуша меѓународната заедница.

Оваа ескалација делумно е резултат на немањето волја од страна на косовската страна да ја слуша меѓународната заедница. Ова непотребно предизвика тензии. Има и други згради од кои може да се работи. Пандемијата на Ковид-19 нѐ научи дека можеме да работиме и од алтернативни локации“, порачува Ескобар.

Тој додава дека напорите на САД да се координираат со Владата на Косово наишле на отпор.

Курти вети дека градоначалниците на северот ќе имаат само технички овластувања додека не се најде решение услугите на граѓаните да бидат функционални, но тоа се претвори во конфликт меѓу оние кои не сакаа новите градоначалници да стапат на функција и тие кој инсистираа градоначалниците да бидат во тие општини од симболични причини“, вели Ескобар.

Тој нагласува дека САД една недела му даваат сигнали на Курти за деескалација на ситуацијата на северот на Косово и потсетува дека се поставени три јасни барања кои мора да бидат исполнети.

Му дадовме многу сигнали, да ги повлече градоначалниците од општинските згради, да ја отстрани косовската полиција од зградите и потоа итно да влезе во процедура за формирање на Заедницата на српските општини“, подвлекува Ескобар.

Како што е најавено, Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, во понеделник и вторник ќе престојуваат во Косово и Србија, со цел да се вклучат во деескалација на тензиите на северот на Косово.

The post Ескобар: Една недела му праќаме сигнали, но Курти не сака да ја слуша меѓународната заедница appeared first on Република.

Командант на КФОР: Курти е виновен за кризата со српските општини, ја употреби и полицијата без овластувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/komandant-na-kfor-kurti-e-vinoven-za-krizata-so-srpskite-opshtini-ja-upotrebi-i-politsijata-bez-ovlastuvana/ Sun, 04 Jun 2023 15:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=647687

Косовскиот премиер Албин Курти е виновен за кризата во Косово бидејќи тој „прво ги назначи Албанците за градоначалници на општините што не се признати од српското мнозинство, и покрај советите на целата меѓународна заедница. Потоа следеше едностраниот потег на Владата во Приштина да употреби сила без да се консултира со нас“, изјави командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Растуча за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Италијанскиот генерал нагласува дека „со тоа станала неопходна интервенцијата на КФОР за да се избегне трагедија“ и дека „две години се преземаат чекори кои влечат наназад и сега е доста со еднострани акции“.

Мисијата на НАТО не може и не смее да се смета за покритие и заштита на едностраните потези кои ја поткопуваат многу кревката рамнотежа“, јасно порачува командантот на КФОР во интервјуто со новинарот на „Кориере дела сера“ од Приштина.

Во извештајот се подвлекува дека „командантот на КФОР се уште е под впечаток на се, бидејќи тоа можеше да предизвика жртви доколку не интервенираа неговите војници, кои се ставија меѓу гневните Срби и косовската воена полиција“.

На прашањето „дали не беше акција на владата која дејствува на нејзина територија“, генералот Растуча одговара дека „не смееме да се преправаме дека има нормална ситуација, бидејќи тоа се одлуки донесени без наша согласност и од засегнатите страни“.

Тоа во никој случај не придонесува за взаемна доверба, штетните последици од таквите потези секогаш мора да се проценуваат, а кога премиерот Курти разговараше со мене, секогаш велеше дека се согласува со таквиот пристап“, објасни командантот на КФОР.

The post Командант на КФОР: Курти е виновен за кризата со српските општини, ја употреби и полицијата без овластувања appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти е виновен за кризата во Косово бидејќи тој „прво ги назначи Албанците за градоначалници на општините што не се признати од српското мнозинство, и покрај советите на целата меѓународна заедница. Потоа следеше едностраниот потег на Владата во Приштина да употреби сила без да се консултира со нас“, изјави командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Растуча за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Италијанскиот генерал нагласува дека „со тоа станала неопходна интервенцијата на КФОР за да се избегне трагедија“ и дека „две години се преземаат чекори кои влечат наназад и сега е доста со еднострани акции“.
Мисијата на НАТО не може и не смее да се смета за покритие и заштита на едностраните потези кои ја поткопуваат многу кревката рамнотежа“, јасно порачува командантот на КФОР во интервјуто со новинарот на „Кориере дела сера“ од Приштина.
Во извештајот се подвлекува дека „командантот на КФОР се уште е под впечаток на се, бидејќи тоа можеше да предизвика жртви доколку не интервенираа неговите војници, кои се ставија меѓу гневните Срби и косовската воена полиција“. На прашањето „дали не беше акција на владата која дејствува на нејзина територија“, генералот Растуча одговара дека „не смееме да се преправаме дека има нормална ситуација, бидејќи тоа се одлуки донесени без наша согласност и од засегнатите страни“.
Тоа во никој случај не придонесува за взаемна доверба, штетните последици од таквите потези секогаш мора да се проценуваат, а кога премиерот Курти разговараше со мене, секогаш велеше дека се согласува со таквиот пристап“, објасни командантот на КФОР.

The post Командант на КФОР: Курти е виновен за кризата со српските општини, ја употреби и полицијата без овластувања appeared first on Република.

]]>
За Курти формирањето на ЗСО не е приоритет, ги повика западните сили да не вршат притисок врз Приштина да прифати формирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-kurti-formiraneto-na-zso-ne-e-prioritet-gi-povika-zapadnite-sili-da-ne-vrshat-pritisok-vrz-prishtina-da-prifati-formirane/ Mon, 06 Feb 2023 09:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=605332

Премиерот на Косово, Аљбин Курти ги повика западните сили да не вршат притисок врз Приштина да прифати формирање на Заедницата на српски општини.

Во интервју за „АП“, Курти рече дека формирањето на ЗСО не е негов приоритет.

Западните сили треба да учат од примерот на Република Српска, која ја водат Србите, а плашејќи се од создавање на слична креација на Косово, тој рече дека Белград го користи создавањето на ЗСО како, како што наведе, оружје против независноста на Косово, пренесува АП.

Курти смета дека ако идејата за етнички засновано здружување на општините се воведе во Западен Балкан, тоа е рецепт за нови конфликти.

Западните сили не треба да вршат притисок врз помалите земји како што е Косово, кои се демократски, тврди тој.

Проблемите меѓу Белград и Приштина можеби се мали и здодевни, но треба да се внимава што се случува во регионот бидејќи, како што оцени, секое погрешно решение на Балканот може и ќе се користи на друго место.

Заемното признавање е централно за секој преговарачки процес, тврди Курти.

Смета дека фокусот треба да се стави на, како што вели подемократска Србија и ослободување од, како што рече, хегемонистичките идеи на Белград.

Курти рече дека владата на Србија треба да ја признае независноста на сите републики на поранешна Југославија за да се „соочи со минатото“ и посочи дека Белград треба повеќе да се сврти кон Европската унија и НАТО, а не кон Русија.

Премиерот на Косово тврди дека, доколку Белград се ослободи од идејата дека Приштина сè уште и припаѓа на Србија, тој „ќе биде многу подемократски, поевропски“.

Курти додаде дека претходните преговори биле, како што оцени, идеологија за решавање на проблемите, дека секое решение станува се покомплицирано, сè помалку остварливо, а јавноста губи интерес.

Тој смета дека новиот предлог за нормализација на односите е добра рамка и платформа за напредок, „што придонесува за надежта за перспективи за идни преговори и договори“.

The post За Курти формирањето на ЗСО не е приоритет, ги повика западните сили да не вршат притисок врз Приштина да прифати формирање appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Косово, Аљбин Курти ги повика западните сили да не вршат притисок врз Приштина да прифати формирање на Заедницата на српски општини. Во интервју за „АП“, Курти рече дека формирањето на ЗСО не е негов приоритет. Западните сили треба да учат од примерот на Република Српска, која ја водат Србите, а плашејќи се од создавање на слична креација на Косово, тој рече дека Белград го користи создавањето на ЗСО како, како што наведе, оружје против независноста на Косово, пренесува АП. Курти смета дека ако идејата за етнички засновано здружување на општините се воведе во Западен Балкан, тоа е рецепт за нови конфликти. Западните сили не треба да вршат притисок врз помалите земји како што е Косово, кои се демократски, тврди тој. Проблемите меѓу Белград и Приштина можеби се мали и здодевни, но треба да се внимава што се случува во регионот бидејќи, како што оцени, секое погрешно решение на Балканот може и ќе се користи на друго место. Заемното признавање е централно за секој преговарачки процес, тврди Курти. Смета дека фокусот треба да се стави на, како што вели подемократска Србија и ослободување од, како што рече, хегемонистичките идеи на Белград. Курти рече дека владата на Србија треба да ја признае независноста на сите републики на поранешна Југославија за да се „соочи со минатото“ и посочи дека Белград треба повеќе да се сврти кон Европската унија и НАТО, а не кон Русија. Премиерот на Косово тврди дека, доколку Белград се ослободи од идејата дека Приштина сè уште и припаѓа на Србија, тој „ќе биде многу подемократски, поевропски“. Курти додаде дека претходните преговори биле, како што оцени, идеологија за решавање на проблемите, дека секое решение станува се покомплицирано, сè помалку остварливо, а јавноста губи интерес. Тој смета дека новиот предлог за нормализација на односите е добра рамка и платформа за напредок, „што придонесува за надежта за перспективи за идни преговори и договори“.

The post За Курти формирањето на ЗСО не е приоритет, ги повика западните сили да не вршат притисок врз Приштина да прифати формирање appeared first on Република.

]]>
Американскиот амбасадор во Приштина: Владата на Косово итно да почне преговори за формирање на Заедницата на српски општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/amerikanskiot-ambasador-vo-prishtina-vladata-na-kosovo-itno-da-pochne-pregovori-za-formiranje-na-zaednicata-na-srpski-opshtini/ Fri, 11 Nov 2022 13:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=572772

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави на Косово Џефри Ховение ја повика косовската влада итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, пренесува Радио слободна Европа.

Предлогот за Заедницата мора да биде на маса“, кажа Ховение во разговор со новинарите во Приштина.

Одговори и на прашањето за тоа дали ЗСО би можела да биде нешто како ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, кажувајќи дека „тоа не е прикладно, не е пожелно имајќи предвид како Заедницата би функционирала на Косово“.

Одлуката на косовскиот уставен суд дава некои параметри кои обезбедуваат тоа да не биде така. Постојат многу начини на кои владата на Косово може да ја исполни оваа обврска која ја прифати, а да се избегне ситуација како во случајот на Република Српска“.

Тој ја повика владата на Косово за десет месеци да го одложи спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата од српски на таблички со ознака РКС (Република Косово).

Владата на Косово не би требало да почне со казнување на возачите кои возат автомобили со српски таблички“, кажа американскиот амбасадор, кој ова го побарал директно од владата.

Коментарите на Ховение следуваат пет дена откако претставниците на Србите ги напуштија институциите на Косово, вклучувајќи ги парламентот и владата.

Сметаме дека повлекувањето на косовските Срби од косовските институции не е решение за актуелните спорови и загрижени сме дека тоа има потенцијал дополнително да ги крене тензиите на терен. Загрижени сме поради моменталната ситуација и можноста за ескалација, можното насилство, и секако влијанието кое моменталната ситуација ја има на доброто функционирање на државата Косово“, кажа тој, додавајќи дека „сите страни треба да ги намалат тензиите“.

Амбасадорот на САД потврди дека е во тесна комуникација со косовската влада во изминатите денови, но „не може да потврди дали владата ги презела мерките кои ги побарале од нив“.

Наведе дека и Белград и Приштина треба да го имплементираат она што е договорено во Брисел.

Ја охрабруваме владата на Косово да направи сè што е во нејзина моќ да допре до заедниците и оние кои решиле да заминат... така што ќе чувствуваат дека можат да се вратат на она што е договорено – интеграцијата на српската заедница во институциите на власта“, заклучи Ховение.

The post Американскиот амбасадор во Приштина: Владата на Косово итно да почне преговори за формирање на Заедницата на српски општини appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави на Косово Џефри Ховение ја повика косовската влада итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, пренесува Радио слободна Европа.
Предлогот за Заедницата мора да биде на маса“, кажа Ховение во разговор со новинарите во Приштина.
Одговори и на прашањето за тоа дали ЗСО би можела да биде нешто како ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, кажувајќи дека „тоа не е прикладно, не е пожелно имајќи предвид како Заедницата би функционирала на Косово“.
Одлуката на косовскиот уставен суд дава некои параметри кои обезбедуваат тоа да не биде така. Постојат многу начини на кои владата на Косово може да ја исполни оваа обврска која ја прифати, а да се избегне ситуација како во случајот на Република Српска“.
Тој ја повика владата на Косово за десет месеци да го одложи спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата од српски на таблички со ознака РКС (Република Косово).
Владата на Косово не би требало да почне со казнување на возачите кои возат автомобили со српски таблички“, кажа американскиот амбасадор, кој ова го побарал директно од владата.
Коментарите на Ховение следуваат пет дена откако претставниците на Србите ги напуштија институциите на Косово, вклучувајќи ги парламентот и владата.
Сметаме дека повлекувањето на косовските Срби од косовските институции не е решение за актуелните спорови и загрижени сме дека тоа има потенцијал дополнително да ги крене тензиите на терен. Загрижени сме поради моменталната ситуација и можноста за ескалација, можното насилство, и секако влијанието кое моменталната ситуација ја има на доброто функционирање на државата Косово“, кажа тој, додавајќи дека „сите страни треба да ги намалат тензиите“.
Амбасадорот на САД потврди дека е во тесна комуникација со косовската влада во изминатите денови, но „не може да потврди дали владата ги презела мерките кои ги побарале од нив“. Наведе дека и Белград и Приштина треба да го имплементираат она што е договорено во Брисел.
Ја охрабруваме владата на Косово да направи сè што е во нејзина моќ да допре до заедниците и оние кои решиле да заминат... така што ќе чувствуваат дека можат да се вратат на она што е договорено – интеграцијата на српската заедница во институциите на власта“, заклучи Ховение.

The post Американскиот амбасадор во Приштина: Владата на Косово итно да почне преговори за формирање на Заедницата на српски општини appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот на САД во Косово ја повика Владата итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadorot-na-sad-vo-kosovo-ja-povika-vladata-itno-da-pochne-pregovori-za-formiranje-zaednica-na-opshtini-so-srpsko-mnozinstvo/ Thu, 10 Nov 2022 08:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=572138

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефери Ховениер, ја повика Владата на Косово итно да започне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.

Предлогот за Здружението мора да биде на маса“, рече Ховениер во разговор со новинарите во Приштина.

Тој ја повика Владата на Косово и да го одложи за десет месеци спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата од српски со таблички РКС (Република Косово).

Владата на Косово да не почне да ги казнува возачите кои возат автомобили со српски регистарски таблички“, порача амбасадорот.

Изјавата на Ховениер доаѓа пет дена откако српските претставници ги напуштија косовските институции, вклучително и Парламентот и Владата.

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа најави дека денеска на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе отпатува во Париз за да учествува на Форумот за мир и ја најави можноста за трилатерална средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој исто така е поканет.

Тој додаде дека на маса има два предлози, неговиот за општата рамка на договорот претставен на средбата на 18 август 2022 година во Брисел, како и француско-германскиот предлог поддржан од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Добрососедските односи меѓу Косово и Србија ќе се засноваат на еднакви права, се вели во документот што го објави медиумската мрежа специјализирана за политиките на Европската унија (ЕУ), Еурактив.

Овој медиум пренесува дека станува збор за таканаречениот германско-француски план за решавање на спорот меѓу Србија и Косово.

Во текстот чија автентичност не можеше да ја потврди балканскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) до објавувањето на оваа информација, се посочува дека Косово и Србија ќе се водат од заедничките аспирации за членство во ЕУ.

Објавениот план има вкупно девет точки каде, меѓу другото, се нагласува дека двете земји ќе ги решаваат сите меѓусебни спорови „исклучиво со мирни средства и ќе се воздржат од закани или употреба на сила“.

Тие ја потврдуваат неповредливоста на границата/граничната линија што постои меѓу нив и се обврзуваат целосно да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет“, се вели во соопштението.

Исто така, се додава дека Косово и Србија произлегуваат од претпоставката дека ниту една од двете страни не може да ја претставува другата во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име.

Според горенаведеното, и Косово и Србија ќе ги промовираат мирните односи на Западен Балкан и ќе придонесат за регионалната безбедност и соработка во Европа.

Од двете земји се очекува да дејствуваат со взаемно почитување на јурисдикцијата на секоја страна.

The post Амбасадорот на САД во Косово ја повика Владата итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефери Ховениер, ја повика Владата на Косово итно да започне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.
Предлогот за Здружението мора да биде на маса“, рече Ховениер во разговор со новинарите во Приштина.
Тој ја повика Владата на Косово и да го одложи за десет месеци спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата од српски со таблички РКС (Република Косово).
Владата на Косово да не почне да ги казнува возачите кои возат автомобили со српски регистарски таблички“, порача амбасадорот.
Изјавата на Ховениер доаѓа пет дена откако српските претставници ги напуштија косовските институции, вклучително и Парламентот и Владата. Косовскиот премиер Албин Курти синоќа најави дека денеска на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе отпатува во Париз за да учествува на Форумот за мир и ја најави можноста за трилатерална средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој исто така е поканет. Тој додаде дека на маса има два предлози, неговиот за општата рамка на договорот претставен на средбата на 18 август 2022 година во Брисел, како и француско-германскиот предлог поддржан од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Добрососедските односи меѓу Косово и Србија ќе се засноваат на еднакви права, се вели во документот што го објави медиумската мрежа специјализирана за политиките на Европската унија (ЕУ), Еурактив. Овој медиум пренесува дека станува збор за таканаречениот германско-француски план за решавање на спорот меѓу Србија и Косово. Во текстот чија автентичност не можеше да ја потврди балканскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) до објавувањето на оваа информација, се посочува дека Косово и Србија ќе се водат од заедничките аспирации за членство во ЕУ. Објавениот план има вкупно девет точки каде, меѓу другото, се нагласува дека двете земји ќе ги решаваат сите меѓусебни спорови „исклучиво со мирни средства и ќе се воздржат од закани или употреба на сила“.
Тие ја потврдуваат неповредливоста на границата/граничната линија што постои меѓу нив и се обврзуваат целосно да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет“, се вели во соопштението.
Исто така, се додава дека Косово и Србија произлегуваат од претпоставката дека ниту една од двете страни не може да ја претставува другата во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име. Според горенаведеното, и Косово и Србија ќе ги промовираат мирните односи на Западен Балкан и ќе придонесат за регионалната безбедност и соработка во Европа. Од двете земји се очекува да дејствуваат со взаемно почитување на јурисдикцијата на секоја страна.

The post Амбасадорот на САД во Косово ја повика Владата итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство appeared first on Република.

]]>