српски државјанин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srpski-drzavjanin/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 16:24:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png српски државјанин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srpski-drzavjanin/ 32 32 Косово со притвор за српски државјанин за учество во протестите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-so-pritvor-za-srpski-drzhavjanin-za-uchestvo-vo-protestite/ Sun, 12 May 2024 16:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=777369

Основниот суд во Приштина соопшти денеска дека на српски државјанин, идентификуван со инцијалите С.М., му одредил едномесечен притвор поради постоење сомневања дека ги сторил кривичните дела „Здружување со цел противуставна дејност“, „Загрозување на лица под меѓународна заштита“, „Учество во толпа што врши кривично дело и хулиганство“ и „Напад врз службено лице“, поврзани со нередите од мај минатата година во Звечан во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Судот наведува дека „постојат правни причини за определување притвор, имајќи ги предвид начинот и околностите во кои се сторени кривичните дела, особено општествената опасност на кривичните дела, последиците од кои многу припадници на КФОР, полициски службеници, новинари и други граѓани се повредени“, а причинети се и „бројни материјални штети од опожарување и физички оштетувања.

С.М. е осомничен дека со група други осомничени учествувал во протестите организирани на 29.05.2023 година пред зградата на општина Звечан, нападнале припадници на КФОР и припадници на косовската полиција, како и користеле пена за блокирање на вентилацијата на полициски автомобил во кој во тие моменти биле заробени полициски службеници, а целта на пријавениот била да го спречи снабдувањето со кислород на овие полицајци, сериозно загрозувајќи ги нивните животи, со што дејствијата на овој обвинет ги исполнуваат сите елементите на кривичните дела за кои е осомничен, се наведува во судското соопштение.

Според образложението за определување притвор, доказите доволно покажуваат дека обвинетиот, доколку му се дозволи да се брани на слобода, ќе се обиде да ги промени доказите за кривичното дело, влијаејќи врз други осомничени кои се на слобода, како и други потенцијални сведоци“.

Во конкретниот случај постои и ризик од бегство на обвинетиот, тој лесно може да избега, имајќи го предвид фактот дека е државјанин на Србија и доколку биде ослободен може да избега, така што во овој случај определување притвор е неопходно и повеќе од оправдано, се наведува во соопштението.

The post Косово со притвор за српски државјанин за учество во протестите appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Приштина соопшти денеска дека на српски државјанин, идентификуван со инцијалите С.М., му одредил едномесечен притвор поради постоење сомневања дека ги сторил кривичните дела „Здружување со цел противуставна дејност“, „Загрозување на лица под меѓународна заштита“, „Учество во толпа што врши кривично дело и хулиганство“ и „Напад врз службено лице“, поврзани со нередите од мај минатата година во Звечан во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Судот наведува дека „постојат правни причини за определување притвор, имајќи ги предвид начинот и околностите во кои се сторени кривичните дела, особено општествената опасност на кривичните дела, последиците од кои многу припадници на КФОР, полициски службеници, новинари и други граѓани се повредени“, а причинети се и „бројни материјални штети од опожарување и физички оштетувања.
С.М. е осомничен дека со група други осомничени учествувал во протестите организирани на 29.05.2023 година пред зградата на општина Звечан, нападнале припадници на КФОР и припадници на косовската полиција, како и користеле пена за блокирање на вентилацијата на полициски автомобил во кој во тие моменти биле заробени полициски службеници, а целта на пријавениот била да го спречи снабдувањето со кислород на овие полицајци, сериозно загрозувајќи ги нивните животи, со што дејствијата на овој обвинет ги исполнуваат сите елементите на кривичните дела за кои е осомничен, се наведува во судското соопштение.
Според образложението за определување притвор, доказите доволно покажуваат дека обвинетиот, доколку му се дозволи да се брани на слобода, ќе се обиде да ги промени доказите за кривичното дело, влијаејќи врз други осомничени кои се на слобода, како и други потенцијални сведоци“.
Во конкретниот случај постои и ризик од бегство на обвинетиот, тој лесно може да избега, имајќи го предвид фактот дека е државјанин на Србија и доколку биде ослободен може да избега, така што во овој случај определување притвор е неопходно и повеќе од оправдано, се наведува во соопштението.

The post Косово со притвор за српски државјанин за учество во протестите appeared first on Република.

]]>
Српски државјанин шверцувал сириски мигранти низ Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/srpski-drzhavjanin-shvertsuval-siriski-migranti-niz-makedonija/ Mon, 23 Oct 2023 16:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=694277

На наплатна станица Смоквица е уапсен М.С.(28) од Србија. При контрола на патничко возило „форд мондео“ со српска национална ознака, кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Сирија.

Како што соопшти МВР, М.С. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител и по негово комплетно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лицето било лишено од слобода од патролен тим од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при РЦ Југ.

The post Српски државјанин шверцувал сириски мигранти низ Македонија appeared first on Република.

]]>

На наплатна станица Смоквица е уапсен М.С.(28) од Србија. При контрола на патничко возило „форд мондео“ со српска национална ознака, кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Сирија. Како што соопшти МВР, М.С. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител и по негово комплетно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицето било лишено од слобода од патролен тим од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при РЦ Југ.

The post Српски државјанин шверцувал сириски мигранти низ Македонија appeared first on Република.

]]>
Две недели Иво живее неподвижен во својот измет, а од февруари чека началничка во МВР да му потпише за документи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dve-nedeli-ivo-zhivee-nepodvizhen-vo-svojot-izmet-a-od-fevruari-cheka-nachalnichka-vo-mvr-da-mu-potpishe-za-dokumenti/ Sat, 24 Jun 2023 17:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=654779

Несреќниот Иво Марковиќ, Србин кој иако има сопствен стан во Карпош 3, нема државјанство живее во агонија на товар на соседите. Бил добар мајстор и чесно заработувал, но лани во ноември го издало здравјето. Му пукнал чир.

Од болницата „Осми Септември“, после операцијата само го оставиле во станот иако знаеле дека му е потребна нега и дека нема кој да се грижи за него. За него е покрената постапка за македонско државјанство, но од февруари се чека началничка во МВР да потпише. Последниве недели, Марковиќ живее во агонија и чека социјален работник, доктор од Брза Помош или некој од МВР да му ги скрати маките, вели прилогот на Алфа снимен во домот на Марковиќ.

Брза помош, итната социјална служба, МВР, Црвен Крст, сите овие институции се известени од страна на соседите, но залудно. Екипата на Алфа ги повика од итната социјална служба и брза помош. И едните другите беа запознаени со случајот и рекоа дека не е во нивна надлежност. Најмногу од се ги интересираше кој се јавува да се пријави. Соседите се очајни. Последната гранка за нив е медиумски да се крене случајот зашто за нив агонијата трае со месеци.

Според раскажувањата на соседите, институциите очекуваат тие да преземат одговорност и да му ги извадат сите документи на Марковиќ за да може да има здравствено осигурување и да биде сместен во институција. Во скопската населба Карпош 3 дошле сите екипи. Соседите зад камера раскажуваат дека докторки од Брза Помош биле згрозени и не ни сакале да влезат внатре поради смрдеата.

Видеото е вознемирувачко ТУКА

The post Две недели Иво живее неподвижен во својот измет, а од февруари чека началничка во МВР да му потпише за документи appeared first on Република.

]]>

Несреќниот Иво Марковиќ, Србин кој иако има сопствен стан во Карпош 3, нема државјанство живее во агонија на товар на соседите. Бил добар мајстор и чесно заработувал, но лани во ноември го издало здравјето. Му пукнал чир. Од болницата „Осми Септември“, после операцијата само го оставиле во станот иако знаеле дека му е потребна нега и дека нема кој да се грижи за него. За него е покрената постапка за македонско државјанство, но од февруари се чека началничка во МВР да потпише. Последниве недели, Марковиќ живее во агонија и чека социјален работник, доктор од Брза Помош или некој од МВР да му ги скрати маките, вели прилогот на Алфа снимен во домот на Марковиќ. Брза помош, итната социјална служба, МВР, Црвен Крст, сите овие институции се известени од страна на соседите, но залудно. Екипата на Алфа ги повика од итната социјална служба и брза помош. И едните другите беа запознаени со случајот и рекоа дека не е во нивна надлежност. Најмногу од се ги интересираше кој се јавува да се пријави. Соседите се очајни. Последната гранка за нив е медиумски да се крене случајот зашто за нив агонијата трае со месеци. Според раскажувањата на соседите, институциите очекуваат тие да преземат одговорност и да му ги извадат сите документи на Марковиќ за да може да има здравствено осигурување и да биде сместен во институција. Во скопската населба Карпош 3 дошле сите екипи. Соседите зад камера раскажуваат дека докторки од Брза Помош биле згрозени и не ни сакале да влезат внатре поради смрдеата. Видеото е вознемирувачко ТУКА

The post Две недели Иво живее неподвижен во својот измет, а од февруари чека началничка во МВР да му потпише за документи appeared first on Република.

]]>