Срија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srija/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 17:54:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Срија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srija/ 32 32 Петковиќ: Во Брисел нема напредок во новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkovik-vo-brisel-nema-napredok-vo-novata-runda-dijalog-megu-prishtina-i-belgrad/ Mon, 15 May 2023 20:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=641141

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска во Брисел по новата рунда дијалог со Приштина на техничко ниво изјави дека ништо не е договорено, дека нема напредок и дека косовската страна тврди дека не знае што е тоа Сојуз на српски општини (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ изјави дека разговорите не биле лесни и дека однесувањето на главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими, „било скандалозно“, како што рече, бидејќи дошол неподготвен и одбил да разговара на која било тема.

- Бисљими дојде сам, без документи, а кога требаше да зборуваме за натамошното спроведување на формирањето на ЗСО или за прашањето за исчезнатите и слободата на движење и други важни прашања како што е институционалното насилство, не сакаше да даде какви било конкретни одговори и со неговите упади се обидуваше да го направи дијалогот бесмислен, рече Петковиќ.

Според него, Бисљими не сакал да зборува ниту за енергетиката, на под ги фрлил доказите дека на новинарката на РТС и бил забранет влез во Косово, а повикувањето на повелбата на ОН го оценил како „зборување глупости“, односно, според Петковиќ, тој само сакал да исценира разговор што всушност таму го немало.

Петковиќ оцени дека Приштина уште еднаш покажала дека нема намера да формира ЗСО и повтори дека Бисљими, кому неколкупати му се обратил Албин Курти (премиерот на Косово), рекол дека „не знае што е тоа“.

Новата рунда преговори во Брисел почна утрово со средбата на специјалниот преговарач на ЕУ, Мирослав Лајчак, со српската делегација на чело со Петар Петковиќ.

Ова е прва средба на главните преговарачи на Србија и Косово по средбата на високо ниво меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел.

The post Петковиќ: Во Брисел нема напредок во новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград appeared first on Република.

]]>

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска во Брисел по новата рунда дијалог со Приштина на техничко ниво изјави дека ништо не е договорено, дека нема напредок и дека косовската страна тврди дека не знае што е тоа Сојуз на српски општини (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ изјави дека разговорите не биле лесни и дека однесувањето на главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими, „било скандалозно“, како што рече, бидејќи дошол неподготвен и одбил да разговара на која било тема. - Бисљими дојде сам, без документи, а кога требаше да зборуваме за натамошното спроведување на формирањето на ЗСО или за прашањето за исчезнатите и слободата на движење и други важни прашања како што е институционалното насилство, не сакаше да даде какви било конкретни одговори и со неговите упади се обидуваше да го направи дијалогот бесмислен, рече Петковиќ. Според него, Бисљими не сакал да зборува ниту за енергетиката, на под ги фрлил доказите дека на новинарката на РТС и бил забранет влез во Косово, а повикувањето на повелбата на ОН го оценил како „зборување глупости“, односно, според Петковиќ, тој само сакал да исценира разговор што всушност таму го немало. Петковиќ оцени дека Приштина уште еднаш покажала дека нема намера да формира ЗСО и повтори дека Бисљими, кому неколкупати му се обратил Албин Курти (премиерот на Косово), рекол дека „не знае што е тоа“. Новата рунда преговори во Брисел почна утрово со средбата на специјалниот преговарач на ЕУ, Мирослав Лајчак, со српската делегација на чело со Петар Петковиќ. Ова е прва средба на главните преговарачи на Србија и Косово по средбата на високо ниво меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел.

The post Петковиќ: Во Брисел нема напредок во новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград appeared first on Република.

]]>
Дел од школите во Србија ќе преминат на онлајн настава, ама ме поради корона, туку поради дојавите за бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/del-od-shkolite-vo-srbija-kje-preminat-na-onlajn-nastava-ama-me-poradi-korona-tuku-poradi-dojavite-za-bombi/ Tue, 17 May 2022 08:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=503219

За да се заврши успешно школската година и да нема прекин на наставата, дел од училиштата во Србија ќе преминат на онлајн настава. Овој пат не поради ковид туку поради дојавите за поставени бомби.

Само вчера имаше дојави за бомби во 97 основни и во неколку средни училишта во Белград поради што наставата таму не се одвиваше. Во најголемиот дел од нив, по проверката, било констатирано дека станува збор за лажни дојави.

Утрово министерот за образование Бранко Ружиќ изјави дека, поради ваквите дојави, моделот на настава ќе се приспособува односно таму каде што ситуацијата е безбедна децата ќе продолжат со настава со физичко присуство, а онаму каде што проверката не е завршена, наставата ќе се одвива на далечина.

Ако биде потребно, како што изјави министерот утрово, ќе се примени онлајн моделот за да се заврши учебната година.

Изминатиот период српските власти секојдневно се соочуваат со низа лажни дојави и за во трговски центри, а само вчера, како што информираа тамошните медиуми, освен за во училиштата, имало дојави имало и за поставени бомби на мостови, зоолошка градина, ресторани, железничка станица.

The post Дел од школите во Србија ќе преминат на онлајн настава, ама ме поради корона, туку поради дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>

За да се заврши успешно школската година и да нема прекин на наставата, дел од училиштата во Србија ќе преминат на онлајн настава. Овој пат не поради ковид туку поради дојавите за поставени бомби. Само вчера имаше дојави за бомби во 97 основни и во неколку средни училишта во Белград поради што наставата таму не се одвиваше. Во најголемиот дел од нив, по проверката, било констатирано дека станува збор за лажни дојави. Утрово министерот за образование Бранко Ружиќ изјави дека, поради ваквите дојави, моделот на настава ќе се приспособува односно таму каде што ситуацијата е безбедна децата ќе продолжат со настава со физичко присуство, а онаму каде што проверката не е завршена, наставата ќе се одвива на далечина. Ако биде потребно, како што изјави министерот утрово, ќе се примени онлајн моделот за да се заврши учебната година. Изминатиот период српските власти секојдневно се соочуваат со низа лажни дојави и за во трговски центри, а само вчера, како што информираа тамошните медиуми, освен за во училиштата, имало дојави имало и за поставени бомби на мостови, зоолошка градина, ресторани, железничка станица.

The post Дел од школите во Србија ќе преминат на онлајн настава, ама ме поради корона, туку поради дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>