срѓан керим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srgjan-kerim/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 19:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png срѓан керим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srgjan-kerim/ 32 32 Керим: „Скопиа“ не е провокација? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kerim-skopia-ne-e-provokatsija/ Mon, 20 May 2024 19:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=780260

Поранешниот министер за надворешни работи и дипломат Срѓан Керим, зборувајќи за заклетвата на шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова, рече дека „претседател на држава кој полага заклетва пред својот Парламент, пред своите граѓани и пред својот народ не може да направи гаф кога го изговара името на државата Македонија“, посочувајќи дека пораката што таа сакала да ја упати била внатрешно-политичка односно кон мнозинствотот граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција или некоја друга земја.

Ако барате порака тогаш јас ја читам како внатрешно - политичка, а не надворешно - политичка затоа што една од основните одлики и карактеристики на демократијата е мнозинството. Госпоѓата Сиљановска Давкова беше избрана со огромен број на гласови на мнозинство на граѓаните на оваа држава и поради тоа тој гест беше наменет на нив, а не да се провоцира ни Грција ни никој друг, рече Керим во тема на денот на ТВ Сител.

Ако треба да одговори како дипломат, рече тој, дипломатски е да се седне на маса и да се разговара.

Има причина да разговараме затоа што ако ние провоцираме со тоа што го употребуваме името Македонија што е тогаш употребата на „Скопиа“ цело време од грчка страна кога зборуваат за нашата земја. Нели е и тоа провокација, праша Керим.

Се што ќе излезе од Скопје или од Македонија, вели поранешниот министер, подлага на еден диоптер од Брисел и ние треба да бидеме постојано фрустрирани, укочени, да пазиме што зборуваме и што ќе кажеме за тоа да не не одалечи од Брисел

The post Керим: „Скопиа“ не е провокација? appeared first on Република.

]]>

Керим за Украина: Како претседавачи на ОБСЕ можеме да понудиме медијација, да се почне да се разговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/kerim-za-ukraina-kako-pretsedavachi-na-obse-mozheme-da-ponudime-medijatsija-da-se-pochne-da-se-razgovara/ Tue, 24 Jan 2023 19:08:36 +0000 https://republika.mk/?p=600612

Во конфликтот меѓу Русија и Украина сега нема ни разговори, сега зборува оружјето, но мора да се почне да се разговара и тоа ако го постигнеме како чекор, тоа ќе биде голем успех за нас, за нашата дипломатија и за Македонија, оценува поранешниот шеф на дипломатијата и претседател на 62. Генерално собрание на ОН академик Срѓан Керим.

Се разбира не е само до претседавачот. Претседавачот има можност да иницира. За нас како претседавач би било добро да нудиме варијанти на медијација и разговор. Секоја дипломатска активност па и оваа се мери со чекори. Ние не можеме ништо сензационално радикално да понудиме, но можеме да понудиме чекор по чекор, да се дојде до разговор. Сега нема ни разговори, сега зборува оружјето, но мора да се почне да се разговара и тоа ако го постигнеме како чекор тоа е голем успех за нас, за нашата дипломатија и за Македонија, а не да некој сега очекува дека Македонија како претседавач ќе понуди решение од кое сите ќе паѓаат во несвест, ниту пак да се оценува неправично нашето претседавање како неуспех затоа што ОБСЕ е во тотален хаос. ОБСЕ не може Господ, што би рекле нашите стари, да го реши, а не Македонија, вели Керим на прашањето што може Македонија да направи како претседавач со оваа најголема светска регионална безбедносна организација

Според него, добро е што од наша страна е формулирано прашањето дека се работи за луѓето, тоа е слоганот кој ние го понудивме бидејќи и во овој случај се работи пред се за луѓето, затоа што Русија и Украина се соседи и тие ќе мора да живеат едни до други.

Украина има право како и секоја земја да избира свој пат како држава во рамки на својот суверенитет и територијален интегритет. Конечно Европа мора во ваква една ситуација да сериозно размислува, да си ги преиспита и реши односите со Русија. Русија е наш сосед, над 80 милиони Руси живеат во географски европскиот дел на Русија. Според тоа, ние сме први соседи и европјани сите заедно, изјави Керим на новинарско прашање по промоцијата на неговата нова книга „Светот без граници“.

Тој на промоцијата посочи дека дипломатијата моментално гледана низ денешна призма, е во исклучителна тешка ситуација и немоќна. Како човек кој посветил на таа професија повеќе од половина на својот животен век, Керим порача дека е потребно и мора да ја вратиме дипломатијата на голема сцена, и тоа мултилатералната дипломатија.

Ако немаме доверба во себе и во својата креативна моќ тогаш добра ноќ. Но, не е време за добра ноќ, туку е време за непреспиени ноќи, за ангажирање на нашите мозоци, креативност, без оглед дали доаѓаме од големи и мали земји. Овие рушевини што ги доживува Украина, украинскиот народ речиси година дена, оваа војна на европска почва која беше незамислена пред 10, 15, 20 години, треба да ни биде голема опомена дека мора да ја вратиме дипломатијата на голема сцена, и тоа мултилатералната дипломатија. Затоа е и одговорноста на Македонија сега голема што претседава со ОБСЕ, затоа што мора да се најдат патишта да се врз рушевините на ова што сега го гледаме, отворат нови градилишта, а има многу градилишта кои треба да се отворат, вели Керим.

Тој при тоа, меѓу другото ги спомна трансатлантскиот сојуз меѓу Америка и Европа, односно ЕУ и огромната дискрепанца меѓу геополитичкото позиционирање и геоекономското позиционирање, и како да се продлабочи европската интеграција односно како да се позиционира ЕУ во денешниот променет свет кој на ништо не наликува на оној во 45-та година кога се формирани ОН, а кои вели ни самите ОН веќе не идат по чекор со времето, бидејќи, Советот за безбедност стана опсолентен и немоќен. Мора да се редефинираат и односите меѓу ЕУ, Европа и Русија.

На став е дека поради сериозните предизвици со кои е соочена ЕУ трпи и Западниот Балкан, а не само поради тоа дали сме бавни во реформите, дали првната држава се уште не функционира како што треба. Брисел, вели тој, треба да се позиционира и во однос на Русија и на Америка.

-Русија е наш сосед. Односите меѓу ЕУ и Европа и Русија мора да се дефинираат. Не можеме да бидеме противници, непријатели. Тоа никако не оди заедно. Нешто од тоа мора да се случи. И затоа треба да се седне серозно да се размислува да се преговара дали тоа ќе биде во рамките на ОБСЕ, дали во некои други трети. Тоа се отворени прашања. Но тие прашања се поставуваат, смета Керим.

Тој уверува дека вреди да се преговара, да се реформираат меѓународните организации, вклучувајќи ги тука и ОН, оти една минута на мир повеќе вреди од сто години војување и тоа бескрајно.

Во воведот за својата книга Керим вели дека им е посветена на сите хуманисти и на луѓето што се чувствуваат граѓани на светот.

-Да се биде граѓанин на светот, а така и јас лично се чувствувам, не е никаква привилегија. Напротив, тоа е величенствено чувство дека ѝ припаѓаш на нашата планета. На олицетворението на совршенството. Таа припадност се претвора во чувство на „одговорност за целината“, а не само за „своето“. Тоа воедно е и влог и верба во иднината во која постапно, но сигурно, ќе надвладее универзалната свест. Затоа што Универзумот е нашата смисла на животот, смислата на нашето постоење и вечна енигма што нè мотивира да се откриваме себеси, другите и целото наше опкружување, ќе рече Керим.

На промоцијата на „Свет без граници“ се обратија професорите и поранешни амбасадори Васко, Наумовски, Звонимир Јанкуловски и Ивица Боцевски во улога на модератор, а беа прочитани и поздравни писма некогашниот сојузен министер за надворешни работи Будимир Лончар и од актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

The post Керим за Украина: Како претседавачи на ОБСЕ можеме да понудиме медијација, да се почне да се разговара appeared first on Република.

]]>

Во конфликтот меѓу Русија и Украина сега нема ни разговори, сега зборува оружјето, но мора да се почне да се разговара и тоа ако го постигнеме како чекор, тоа ќе биде голем успех за нас, за нашата дипломатија и за Македонија, оценува поранешниот шеф на дипломатијата и претседател на 62. Генерално собрание на ОН академик Срѓан Керим.
Се разбира не е само до претседавачот. Претседавачот има можност да иницира. За нас како претседавач би било добро да нудиме варијанти на медијација и разговор. Секоја дипломатска активност па и оваа се мери со чекори. Ние не можеме ништо сензационално радикално да понудиме, но можеме да понудиме чекор по чекор, да се дојде до разговор. Сега нема ни разговори, сега зборува оружјето, но мора да се почне да се разговара и тоа ако го постигнеме како чекор тоа е голем успех за нас, за нашата дипломатија и за Македонија, а не да некој сега очекува дека Македонија како претседавач ќе понуди решение од кое сите ќе паѓаат во несвест, ниту пак да се оценува неправично нашето претседавање како неуспех затоа што ОБСЕ е во тотален хаос. ОБСЕ не може Господ, што би рекле нашите стари, да го реши, а не Македонија, вели Керим на прашањето што може Македонија да направи како претседавач со оваа најголема светска регионална безбедносна организација
Според него, добро е што од наша страна е формулирано прашањето дека се работи за луѓето, тоа е слоганот кој ние го понудивме бидејќи и во овој случај се работи пред се за луѓето, затоа што Русија и Украина се соседи и тие ќе мора да живеат едни до други.
Украина има право како и секоја земја да избира свој пат како држава во рамки на својот суверенитет и територијален интегритет. Конечно Европа мора во ваква една ситуација да сериозно размислува, да си ги преиспита и реши односите со Русија. Русија е наш сосед, над 80 милиони Руси живеат во географски европскиот дел на Русија. Според тоа, ние сме први соседи и европјани сите заедно, изјави Керим на новинарско прашање по промоцијата на неговата нова книга „Светот без граници“.
Тој на промоцијата посочи дека дипломатијата моментално гледана низ денешна призма, е во исклучителна тешка ситуација и немоќна. Како човек кој посветил на таа професија повеќе од половина на својот животен век, Керим порача дека е потребно и мора да ја вратиме дипломатијата на голема сцена, и тоа мултилатералната дипломатија.
Ако немаме доверба во себе и во својата креативна моќ тогаш добра ноќ. Но, не е време за добра ноќ, туку е време за непреспиени ноќи, за ангажирање на нашите мозоци, креативност, без оглед дали доаѓаме од големи и мали земји. Овие рушевини што ги доживува Украина, украинскиот народ речиси година дена, оваа војна на европска почва која беше незамислена пред 10, 15, 20 години, треба да ни биде голема опомена дека мора да ја вратиме дипломатијата на голема сцена, и тоа мултилатералната дипломатија. Затоа е и одговорноста на Македонија сега голема што претседава со ОБСЕ, затоа што мора да се најдат патишта да се врз рушевините на ова што сега го гледаме, отворат нови градилишта, а има многу градилишта кои треба да се отворат, вели Керим.
Тој при тоа, меѓу другото ги спомна трансатлантскиот сојуз меѓу Америка и Европа, односно ЕУ и огромната дискрепанца меѓу геополитичкото позиционирање и геоекономското позиционирање, и како да се продлабочи европската интеграција односно како да се позиционира ЕУ во денешниот променет свет кој на ништо не наликува на оној во 45-та година кога се формирани ОН, а кои вели ни самите ОН веќе не идат по чекор со времето, бидејќи, Советот за безбедност стана опсолентен и немоќен. Мора да се редефинираат и односите меѓу ЕУ, Европа и Русија. На став е дека поради сериозните предизвици со кои е соочена ЕУ трпи и Западниот Балкан, а не само поради тоа дали сме бавни во реформите, дали првната држава се уште не функционира како што треба. Брисел, вели тој, треба да се позиционира и во однос на Русија и на Америка. -Русија е наш сосед. Односите меѓу ЕУ и Европа и Русија мора да се дефинираат. Не можеме да бидеме противници, непријатели. Тоа никако не оди заедно. Нешто од тоа мора да се случи. И затоа треба да се седне серозно да се размислува да се преговара дали тоа ќе биде во рамките на ОБСЕ, дали во некои други трети. Тоа се отворени прашања. Но тие прашања се поставуваат, смета Керим. Тој уверува дека вреди да се преговара, да се реформираат меѓународните организации, вклучувајќи ги тука и ОН, оти една минута на мир повеќе вреди од сто години војување и тоа бескрајно. Во воведот за својата книга Керим вели дека им е посветена на сите хуманисти и на луѓето што се чувствуваат граѓани на светот. -Да се биде граѓанин на светот, а така и јас лично се чувствувам, не е никаква привилегија. Напротив, тоа е величенствено чувство дека ѝ припаѓаш на нашата планета. На олицетворението на совршенството. Таа припадност се претвора во чувство на „одговорност за целината“, а не само за „своето“. Тоа воедно е и влог и верба во иднината во која постапно, но сигурно, ќе надвладее универзалната свест. Затоа што Универзумот е нашата смисла на животот, смислата на нашето постоење и вечна енигма што нè мотивира да се откриваме себеси, другите и целото наше опкружување, ќе рече Керим. На промоцијата на „Свет без граници“ се обратија професорите и поранешни амбасадори Васко, Наумовски, Звонимир Јанкуловски и Ивица Боцевски во улога на модератор, а беа прочитани и поздравни писма некогашниот сојузен министер за надворешни работи Будимир Лончар и од актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

The post Керим за Украина: Како претседавачи на ОБСЕ можеме да понудиме медијација, да се почне да се разговара appeared first on Република.

]]>
Срѓан Керим: Македонија заслужува поинаков третман од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srgan-kerim-makedonija-zasluzhuva-poinakov-tretman-od-eu/ Tue, 24 Jan 2023 17:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=600587

Ситуацијата со Бугарија треба да се реши на начин што ќе мора со Брисел сериозно да се разговара и Брисел да најде формули и начини како што ја убеди Словенија во спорот со Хрватска да не ја блокира на патот кон ЕУ, тоа да го направи и во случајот со Бугарија. Ако Македонија е синоним за мир и стабилноста во овој регион сега кога имаме војна во Украина и во Европа, Македонија заслужува поинаков третман од ова мрцварење и гњавење кое на ништо не личи.  

Ова го изјави поранешниот шеф на дипломатијата и претседавач на 62 Генерално собрание на ОН  академик д-р Срѓан Керим, на новинарско прашање по промоцијата во Скопје на неговата нова книга „Свет без граници“.

Јас мислам дека оваа ситуација со Бугарија треба да се реши на начин што ќе мора со Брисел сериозно да се разговара за некои работи кои во претходниот период беа гледани како, да ги наречеме преседани, но никому не направија пречка да влезе во ЕУ. Имаме пример на Словенија и Хрватска. Тие имаат далеку неспоредливо посериозен проблем територијален, и Словенија едно време сметаше дека тоа треба да биде пречка за влегување на Хрватска во ЕУ. Брисел најде формули и начини да ја убеди Словенија тоа да не биде така и да продолжи да се решава прашањето. Никаква причина не постои со оглед на референците на Македонија во претходните 20 години почнувајќи од кризата 2001 година кога во кризниот менаџмент со ЕУ не само што го решивме меѓуетничкиот конфликт на домашен план, туку добивме како прва земја од Западниот Балкан Спогодба за стабилизација и асоцијација. Не може тие работи да се игнорираат ако правиме историјат на нашите односи и гледаме денес ситуација со Бугарија. Ова со Бугарија што се чини мислам дека не служи на чест никому, ниту на ЕУ, ниту на Бугарија, ни никому, во целава оваа ситуација, вели Керим прашан како да излеземе од оваа комплицирана ситуација со Бугарија.

Тој смета дека Брисел при своите одлуки мора да го земе предвид целокупниот придонес на земјава и вложувањата во мирот и стабилноста во регионот.

Затоа што Македонија после се што направи за ЕУ и за мирот и стабилноста во овој дел на светот, впрочем американскиот државен секретар Колин Пауел во Скопје дојде 2001 година и ги викна сите министри за надворешни работи од целата регија тука на средба која единствено имаше за цел да се зборува за мирот и стабилноста. Значи, ако Македонија е синоним за мир и стабилноста во овој регион сега кога имаме војна во Украина и во Европа Македонија заслужува поинаков третман од ова мрцварење и гњавење кое на ништо не личи, дециден е академик Керим.  

Професорот Нано Ружин коментирајќи го предлогот од вчера одржаниот Совет за национална безбедност, за забрана за пристап на еден европратеник и неколку други лица од Бугарија, оцени дека последните настани навистина ги влошиле билатералните односи, но не очекува дека тоа може да доведе до повторни вета од Бугарија.

Самиот принцип на персона нон грата се однесува на дипломати, но, вели, исто така е проширен и на политичари. Посочи на примерите со Де Гол за Квебек во 1968 или за Курт Валтхајм 1987 година од страна на САД – непријатни работи коишто провоцираат и реципроцитет, вели Ружин.

Секако, дека тоа е првиот степен на загриженост. Значи, ако ние направиме тоа тие ќе ни возвратат.  Втора работа, тоа сепак е иницијатива, се уште не е реално потврдена. И третиот елемент е, ние се наоѓаме во серија на настани коишто навистина ги влошуваат односите меѓу Бугарија и Македонија. Секако, тоа не е добро. Претпоставувам дека ќе има одредени тензии итн., но не верувам дека е можно да дојде до некои нови иницијативи и блокади од повеќе причини. Прво дека се работи за ЕУ, за заедничката надворешна политика на ЕУ. Второ Бугарија нема влада, така што таа е повеќе насочена кон своите избори. И трето, се очекува да се види што ние ќе направиме во овој период, односно на кој начин и како ќе се реализира она што е ветено – промена на Уставот и внесување на останатите етнички заедници во Уставот, вели Ружин.  

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи Антонио Милошоски, пак смета дека во случајот со Бугарија грешката е направена со Договорот за добрососедство од 2017 година и дека и доколку се направат уставни промени можни се нови пречки од Софија на нашиот пат кон ЕУ.

Суштинската грешка е направена во 2017 година кога предност му се даде на времето наместо на квалитетот за потпишување на Договорот помеѓу Македонија и Бугарија во којшто договор нема ниту една посебна гаранција дека отстапките коишто ги бара Бугарија од Македонија ќе значат перспектива за полноправно членство во ЕУ.  И затоа мислам дека фалинките од овој договор овозможуваат и во иднина и по други прашања, па дури и да се внатрешно-политички бугарски теми, да се поставуваат препреки на патот на Македонија кон ЕУ.  Јас мислам дека тоа ќе остане да не следи во овој период на евроинтеграции и, за жал, мислам, е еден недостаток којшто и во иднина ќе има дополнителни политички фактури коишто ќе стигнуваат од соседна Бугарија, вели Милошоски кој е и поранешен шеф на дипломатијата. 

The post Срѓан Керим: Македонија заслужува поинаков третман од ЕУ appeared first on Република.