Срѓан Драгојевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srgjan-dragojevikj/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 15:02:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Срѓан Драгојевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srgjan-dragojevikj/ 32 32 Срѓан Драгојевиќ, режисерот на „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“ денеска промовира книга во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/srgan-dragojevik-rezhiserot-na-rani-nie-ne-sme-angeli-ubavite-sela-ubavo-gorat-i-parada-deneska-promovira-kniga-vo-skopje/ Fri, 19 Apr 2024 16:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=768086

Српскиот режисер  Срѓан Драгојевиќ доаѓа во Скопје по повод првото македонско издание на неговата поезија.

Неговата книга  „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво, или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле претерано мрзливи да читате“ ќе биде промовирана вечер од 19.30 часот во Бистро Комедија.

Книгата ја објави Издавачкиот центар ТРИ, а ќе ја промовира писателката Румена Бужаровска.

-Низ разговор со авторот, Бужаровска  ќе ни ги доближи неговите необични, свежи и револуционерни стихови. Не пропуштајте ја оваа ретка можност да поразговарате со еден необичен човек каков што е Срѓан Драгојевиќ. Неговата книга е едно од изненадувањата на овогодишниот Саем на книгата, каде што и на штандот на ТРИ ќе имаме можност да се сретнеме со него, се наведува во објавата за настанот.

Драгојевиќ е познат по неговите филмови „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“.

The post Срѓан Драгојевиќ, режисерот на „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“ денеска промовира книга во Скопје appeared first on Република.

]]>

Српскиот режисер  Срѓан Драгојевиќ доаѓа во Скопје по повод првото македонско издание на неговата поезија. Неговата книга  „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво, или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле претерано мрзливи да читате“ ќе биде промовирана вечер од 19.30 часот во Бистро Комедија. Книгата ја објави Издавачкиот центар ТРИ, а ќе ја промовира писателката Румена Бужаровска. -Низ разговор со авторот, Бужаровска  ќе ни ги доближи неговите необични, свежи и револуционерни стихови. Не пропуштајте ја оваа ретка можност да поразговарате со еден необичен човек каков што е Срѓан Драгојевиќ. Неговата книга е едно од изненадувањата на овогодишниот Саем на книгата, каде што и на штандот на ТРИ ќе имаме можност да се сретнеме со него, се наведува во објавата за настанот. Драгојевиќ е познат по неговите филмови „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“.

The post Срѓан Драгојевиќ, режисерот на „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“ денеска промовира книга во Скопје appeared first on Република.

]]>
Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slavniot-rezhiser-srgan-dragojevik-gostin-na-tri-na-saemot-na-knigata/ Wed, 17 Apr 2024 07:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=766995

За Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во Спортската сала „Борис Трајковски“, издавачката куќа ТРИ подготви многу новитети од домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови.

Гостин на ТРИ ќе биде славниот режисер Срѓан Драгојевиќ, кој ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“.

ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и автори од регионот кои читателите ќе имаат можност да ги сретнат – пристигнуваат неверојатните есеи на Горан Стефановски „Пофалба на обратноста и други есеи“, како и илустрирано издание на безвременскиот текст „Писмо до внуката“, новиот есеистички наслов на Румена Бужаровска „Господ, па Америка“, романот на годината „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Фрески и гротески“ и „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, како и прирачник за трајно здравје од Маја Волк.

За Саемот ексклузивно пристигнува и новата книга од Робин Шарма „Богатство што не се купува со пари“, како и „Влијание“ од Роберт Чалдини, „Остани безгрижен со Епиктет“ од Јана Капри и Чаран Дијаз и „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл.

 

The post Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

За Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во Спортската сала „Борис Трајковски“, издавачката куќа ТРИ подготви многу новитети од домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. Гостин на ТРИ ќе биде славниот режисер Срѓан Драгојевиќ, кој ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“. ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и автори од регионот кои читателите ќе имаат можност да ги сретнат – пристигнуваат неверојатните есеи на Горан Стефановски „Пофалба на обратноста и други есеи“, како и илустрирано издание на безвременскиот текст „Писмо до внуката“, новиот есеистички наслов на Румена Бужаровска „Господ, па Америка“, романот на годината „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Фрески и гротески“ и „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, како и прирачник за трајно здравје од Маја Волк. За Саемот ексклузивно пристигнува и новата книга од Робин Шарма „Богатство што не се купува со пари“, како и „Влијание“ од Роберт Чалдини, „Остани безгрижен со Епиктет“ од Јана Капри и Чаран Дијаз и „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл.  

The post Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>