Срѓан Ивановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srgan-ivanovik/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 08:59:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Срѓан Ивановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srgan-ivanovik/ 32 32 Разговор со новинарот и писател Срѓан Ивановиќ во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-novinarot-i-pisatel-srgan-ivanovik-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Wed, 02 Oct 2024 08:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=821662

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје утре (3 октомври) во 19 часот ќе се одржи разговор со Срѓан Ивановиќ, автор на книгата на месецот „Писмa од лудница“. Разговорот е дел од третиот циклус на големата кампања „Читаме современи македонски автори“.

„Писма од лудница“ е загадочен политички трилер за уделот на агентите на УДБА во зачувувањето, односно во уривањето на југословенската заедница на народите и крвавиот раскол на идеологијата позната како „братство и единство“. Главното дејство во романот се плете околу навидум обични, љубовни писма што ги праќала дамнешна пациентка од психијатриска болница и кои ќе ги поврзат приказните на младиот стажант-психијатар Војдан и старецот Илија.

Срѓан Ивановиќ речиси целиот професионален век работи во медиумите. Неговата новинарска кариера почнува во 1996 година, во телевизијата „Сител“. Неговите колумни се објавувани и преобјавувани во повеќе медиуми. Одржува обуки и предавања на тема медиумска писменост и уметноста на јавниот настап. Романот „Писма од лудница“ е негов втор роман, а своето авторско деби го има во 2015 година со романот „Крвава уметност“.

„Писма од лудница“ влезе во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година. Објавена е во издание на Арс Ламина.

Разговорот со Ивановиќ ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели (закажан за 30 октомври) се препознатливите активности на големата кампања „Читаме современи македонски автори“, која започна во септември 2022 година. Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје токму за оваа кампања го доби признанието Промотор на читачката култура што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

 

The post Разговор со новинарот и писател Срѓан Ивановиќ во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје утре (3 октомври) во 19 часот ќе се одржи разговор со Срѓан Ивановиќ, автор на книгата на месецот „Писмa од лудница“. Разговорот е дел од третиот циклус на големата кампања „Читаме современи македонски автори“. „Писма од лудница“ е загадочен политички трилер за уделот на агентите на УДБА во зачувувањето, односно во уривањето на југословенската заедница на народите и крвавиот раскол на идеологијата позната како „братство и единство“. Главното дејство во романот се плете околу навидум обични, љубовни писма што ги праќала дамнешна пациентка од психијатриска болница и кои ќе ги поврзат приказните на младиот стажант-психијатар Војдан и старецот Илија. Срѓан Ивановиќ речиси целиот професионален век работи во медиумите. Неговата новинарска кариера почнува во 1996 година, во телевизијата „Сител“. Неговите колумни се објавувани и преобјавувани во повеќе медиуми. Одржува обуки и предавања на тема медиумска писменост и уметноста на јавниот настап. Романот „Писма од лудница“ е негов втор роман, а своето авторско деби го има во 2015 година со романот „Крвава уметност“. „Писма од лудница“ влезе во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година. Објавена е во издание на Арс Ламина. Разговорот со Ивановиќ ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели (закажан за 30 октомври) се препознатливите активности на големата кампања „Читаме современи македонски автори“, која започна во септември 2022 година. Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје токму за оваа кампања го доби признанието Промотор на читачката култура што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.  

The post Разговор со новинарот и писател Срѓан Ивановиќ во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>