СРЕДНОЛЕНД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srednolend/ За подобро да се разбереме Mon, 01 May 2023 17:53:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СРЕДНОЛЕНД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srednolend/ 32 32 „Средноленд“ на повеќе локации од утре во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/srednolend-na-poveke-lokatsii-od-utre-vo-skopje/ Mon, 01 May 2023 18:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=635835

Утре на Плоштад Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Градски парк – Школка во Скопје, организираат средношколски настан СРЕДНОЛЕНД.

Настанот кој оваа година се одржува од 02-06 Мај за првпат, има за цел да ги промовира талентираните средношколци и нивните училишта, да ги насочи кон вистинските вредности, и да го зголеми интересот кон уметноста и културата.

„Средноленд“ е инициран од професори и ученици од средните училишта во Скопје, организиран од ЈУ “Универзална Сала”, а финансиски поддржан од Град Скопје.

Во рамките на овој повеќедневен настан, учениците ќе имаат можност да го претстават својот талент преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија и филм. СРЕДНОЛЕНД е настан во кој се вклучени ученици и наставници од 5 училишта во Скопје: СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Настанот е од отворен карактер, а целосната програма граѓаните можат да ја погледнат на профилите на социјалните медиуми на Универзална Сала.

The post „Средноленд“ на повеќе локации од утре во Скопје appeared first on Република.

]]>

Утре на Плоштад Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Градски парк – Школка во Скопје, организираат средношколски настан СРЕДНОЛЕНД. Настанот кој оваа година се одржува од 02-06 Мај за првпат, има за цел да ги промовира талентираните средношколци и нивните училишта, да ги насочи кон вистинските вредности, и да го зголеми интересот кон уметноста и културата. „Средноленд“ е инициран од професори и ученици од средните училишта во Скопје, организиран од ЈУ “Универзална Сала”, а финансиски поддржан од Град Скопје. Во рамките на овој повеќедневен настан, учениците ќе имаат можност да го претстават својот талент преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија и филм. СРЕДНОЛЕНД е настан во кој се вклучени ученици и наставници од 5 училишта во Скопје: СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“. Настанот е од отворен карактер, а целосната програма граѓаните можат да ја погледнат на профилите на социјалните медиуми на Универзална Сала.

The post „Средноленд“ на повеќе локации од утре во Скопје appeared first on Република.

]]>