средно медицинско училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sredno-medicinsko-uchilishte/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Mar 2023 17:24:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png средно медицинско училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sredno-medicinsko-uchilishte/ 32 32 По пад на таванот: Градоначалникот на Битола бара одговорност од директорката на Средното Медицинското училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-pad-na-tavanot-gradonachalnikot-na-bitola-bara-odgovornost-od-direktorkata-na-srednoto-meditsinskoto-uchilishte/ Tue, 28 Mar 2023 17:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=624782

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ДИРЕКТОРКАТА НА СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ
Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева претпладне ја извести општината, дека утрово во 8.00 часот, паднал таванот во училишните тоалети, за подоцна, Илиева, на прашање од градоначалникот да потврди, дека при падот на таванот била незначително повредена ученичка од училиштето.
Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информираше дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.
Комисијата изготви записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски, го контактираше семејството на повредената ученичка, при што беше информиран дека, ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката. Коњановски, останува во контакт со семејството, а од директорката Наташа Илиева побара одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем.
На крајот на минатата година, од страна на градоначалникот на општина Битола, беа повикани, директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Од страна на директорката Илиева, не беше побарана интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште, стои на официјалната страна на општина Битола.

The post По пад на таванот: Градоначалникот на Битола бара одговорност од директорката на Средното Медицинското училиште appeared first on Република.

]]>

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ДИРЕКТОРКАТА НА СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева претпладне ја извести општината, дека утрово во 8.00 часот, паднал таванот во училишните тоалети, за подоцна, Илиева, на прашање од градоначалникот да потврди, дека при падот на таванот била незначително повредена ученичка од училиштето. Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информираше дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување. Комисијата изготви записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски, го контактираше семејството на повредената ученичка, при што беше информиран дека, ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката. Коњановски, останува во контакт со семејството, а од директорката Наташа Илиева побара одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем. На крајот на минатата година, од страна на градоначалникот на општина Битола, беа повикани, директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Од страна на директорката Илиева, не беше побарана интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште, стои на официјалната страна на општина Битола.

The post По пад на таванот: Градоначалникот на Битола бара одговорност од директорката на Средното Медицинското училиште appeared first on Република.

]]>
СДСМ Арачиново: Со средно медицинско прво градоначалничка, па инспекторка во Царина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-arachinovo-so-sredno-medicinsko-prvo-gradonachalnichka-pa-inspektorka-vo-carina/ Thu, 29 Sep 2022 15:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=555728

Поранешната градоначалничка на Арачиново, од редовите на СДСМ, Миликијa Халими на „Фејсбук“ се пофали дека се вработила во Царинската управа како инспектор во Сектор за контрола и истраги.

Од Царинската управа за „Фокус“ потврдуваат дека Халими е вработена на определено време, а на работното место е со средно образование.

Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, велат од Царина за „Фокус“.

Инаку Халими, спред нејзината официјална биографија има завршено средно образование во Медицинскиот центар во Тетово, Никола Штејн, а потоа се запишала на Педагошкиот факултет, каде дипломирала во 2006 година.

Ниту нејзиното средно ниту високо образование не е соодветно за позицијата која ја има Халими а за која има добиено и полициско овластување кое не би требало да го има според процедурите во институцијата, тврдат извори во Царина за „Експрес“.

Предходно и поранешниот градоначалник на Вевчани од СДСМ, кој беше работник за надгробни споменици, стана инспектор во МВР Охрид.

The post СДСМ Арачиново: Со средно медицинско прво градоначалничка, па инспекторка во Царина appeared first on Република.

]]>

Поранешната градоначалничка на Арачиново, од редовите на СДСМ, Миликијa Халими на „Фејсбук“ се пофали дека се вработила во Царинската управа како инспектор во Сектор за контрола и истраги. Од Царинската управа за „Фокус“ потврдуваат дека Халими е вработена на определено време, а на работното место е со средно образование.
Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, велат од Царина за „Фокус“.
Инаку Халими, спред нејзината официјална биографија има завршено средно образование во Медицинскиот центар во Тетово, Никола Штејн, а потоа се запишала на Педагошкиот факултет, каде дипломирала во 2006 година. Ниту нејзиното средно ниту високо образование не е соодветно за позицијата која ја има Халими а за која има добиено и полициско овластување кое не би требало да го има според процедурите во институцијата, тврдат извори во Царина за „Експрес“. Предходно и поранешниот градоначалник на Вевчани од СДСМ, кој беше работник за надгробни споменици, стана инспектор во МВР Охрид.

The post СДСМ Арачиново: Со средно медицинско прво градоначалничка, па инспекторка во Царина appeared first on Република.

]]>
Груби им ја одзеде училишната зграда на тетовските гимназијалци од македонска настава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-im-ja-odzede-uchilishnata-zgrada-na-tetovskite-gimnazijalci-od-makedonska-nastava/ Fri, 26 Aug 2022 13:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=544481

Со одлука донесена на 20 јули оваа година, а потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби, се одзема една зграда од тетовската гимназија во која учат учениците од македонска настава и објектот му се доделува на тетовскиот Катастар, објави СДК.МК.

Македонските ученици од тетовската гимназија сега учат во два објекти од старото медицинско училиште, па ако се реализира оваа одлука , односно ако им се одземе едната зграда, тогаш околу 80 ученици ќе останат без можност за натамошно школување во гимназијата, бидејќи ќе нема каде да ја следат наставата. На ваквата одлука остро реагира градоначалникот на Тетово Билал Касами кој вели дека ова е само одмазда на ДУИ, но и на СДСМ за претрпениот пораз на последните избори за Совет на општина Тетово.

Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал одлука, со која старата зграда на медицинскиот училиштен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово. Како што може да се види, со оваа одлука, овој објект без потреба и без никаква претходна консултација, се дава на користење на Катастарот. Оваа одлука ја оценуваме како самоволна и како одмазда со казнување на образованиот процес и учениците од Тетово, знаејќи дека во овој објект се држи настава. Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување - изјави градоначалникот Касами на денешната прес-конференција.

The post Груби им ја одзеде училишната зграда на тетовските гимназијалци од македонска настава appeared first on Република.

]]>

Со одлука донесена на 20 јули оваа година, а потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби, се одзема една зграда од тетовската гимназија во која учат учениците од македонска настава и објектот му се доделува на тетовскиот Катастар, објави СДК.МК. Македонските ученици од тетовската гимназија сега учат во два објекти од старото медицинско училиште, па ако се реализира оваа одлука , односно ако им се одземе едната зграда, тогаш околу 80 ученици ќе останат без можност за натамошно школување во гимназијата, бидејќи ќе нема каде да ја следат наставата. На ваквата одлука остро реагира градоначалникот на Тетово Билал Касами кој вели дека ова е само одмазда на ДУИ, но и на СДСМ за претрпениот пораз на последните избори за Совет на општина Тетово.
Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал одлука, со која старата зграда на медицинскиот училиштен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово. Како што може да се види, со оваа одлука, овој објект без потреба и без никаква претходна консултација, се дава на користење на Катастарот. Оваа одлука ја оценуваме како самоволна и како одмазда со казнување на образованиот процес и учениците од Тетово, знаејќи дека во овој објект се држи настава. Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување - изјави градоначалникот Касами на денешната прес-конференција.

The post Груби им ја одзеде училишната зграда на тетовските гимназијалци од македонска настава appeared first on Република.

]]>
Битолчанец фатен како краде нафта од средното медицинско училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanec-faten-kako-kradi-nafta-od-srednoto-medicinsko-uchilishte/ Tue, 29 Mar 2022 10:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=480259

Во Битола утрово во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола, кој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште.

Како што информираа од МВР, кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

The post Битолчанец фатен како краде нафта од средното медицинско училиште appeared first on Република.

]]>

Во Битола утрово во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола, кој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Како што информираа од МВР, кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

The post Битолчанец фатен како краде нафта од средното медицинско училиште appeared first on Република.

]]>