средба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sredba/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 17:34:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png средба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sredba/ 32 32 Сиљановска Давкова го информираше Филипче за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-go-informirashe-filipche-za-nejzinoto-viduvane-na-evrointegratsijata-i-mozhnite-reshenija-za-otpochnuvane-na-pregovorite-so-evropskata-unija/ Tue, 26 Nov 2024 20:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=842049

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби.

Во разговорот Венко Филипче ја информираше претседателката за актуелните партиски промени врзани за изборот и конституирањето на новите партиски органи и функционери.

Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја нагласи потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда.

Претседателката го информираше за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија.

The post Сиљановска Давкова го информираше Филипче за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија appeared first on Република.

]]>

Филипче и Силјановска Давкова разговарале за состојбата во безбедносните структури и евроинтеграциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-i-siljanovska-davkova-razgovarale-za-sostojbata-vo-bezbednosnite-strukturi-i-evrointegratsiite/ Tue, 26 Nov 2024 16:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=842040

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“. Разговарале и за процесот на евроинтеграциите и најави дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција што ќе ја обезбеди Владата.

– И укажав на ризикот. Сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, ако се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото, дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби, изјави Филипче по средбата која ја оцени како пријатна, пријателска и конструктивна со цел натамошна конструктивна соработка.

Филипче порача дека ваква форма на политички дијалог на претседателката треба да прерасне во редовни средби.

Средбата ја побарол тој по последната седница на Комисијата за европски прашања каде  имала изглагање претседателката и го изнела искуството од  Нациопналниот совет за евроинтеграции.

Прашан дали на средбата добил информации за деблокада на евроинтеграциите и разговорите на Силјановска со бугарскиот претседател Румен Радев повтори дека СДСМ ќе поддржи секоја подобрена позиција која што Владата ќе ја обезбеди согласно ветувањата и обидите.

– Ја иформирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ, сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа од  бугарска страна, од раководството на тогашниот премиер Петков, не било прифатено. Повторувам која било подобрена позиција ние ќе ја поддржиме, рече Филипче.

За да дадат поддршка во Собранието на предлог за уставни измени со одложено дејство рече дека „треба да добијат потврда дека тоа е возможно.

– Многу опции , многу варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав состаноци коишто и тогашниот премиер Ковачевски, и тогашниот наш преговарач Маричиќ ми укажаа кои работи се обиделе да ги направат, што било возможно, што не било возможно. Ние успеавме да го направиме тоа. Сите други обиди меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не го прифатила. Што и да направи сегашната Влада, што  ги подобри нашите позиции ние тоа го поддржуваме, изјави Филипче.

The post Филипче и Силјановска Давкова разговарале за состојбата во безбедносните структури и евроинтеграциите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“. Разговарале и за процесот на евроинтеграциите и најави дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција што ќе ја обезбеди Владата.
– И укажав на ризикот. Сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, ако се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото, дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби, изјави Филипче по средбата која ја оцени како пријатна, пријателска и конструктивна со цел натамошна конструктивна соработка. Филипче порача дека ваква форма на политички дијалог на претседателката треба да прерасне во редовни средби. Средбата ја побарол тој по последната седница на Комисијата за европски прашања каде  имала изглагање претседателката и го изнела искуството од  Нациопналниот совет за евроинтеграции. Прашан дали на средбата добил информации за деблокада на евроинтеграциите и разговорите на Силјановска со бугарскиот претседател Румен Радев повтори дека СДСМ ќе поддржи секоја подобрена позиција која што Владата ќе ја обезбеди согласно ветувањата и обидите. – Ја иформирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ, сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа од  бугарска страна, од раководството на тогашниот премиер Петков, не било прифатено. Повторувам која било подобрена позиција ние ќе ја поддржиме, рече Филипче. За да дадат поддршка во Собранието на предлог за уставни измени со одложено дејство рече дека „треба да добијат потврда дека тоа е возможно. – Многу опции , многу варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав состаноци коишто и тогашниот премиер Ковачевски, и тогашниот наш преговарач Маричиќ ми укажаа кои работи се обиделе да ги направат, што било возможно, што не било возможно. Ние успеавме да го направиме тоа. Сите други обиди меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не го прифатила. Што и да направи сегашната Влада, што  ги подобри нашите позиции ние тоа го поддржуваме, изјави Филипче.  

The post Филипче и Силјановска Давкова разговарале за состојбата во безбедносните структури и евроинтеграциите appeared first on Република.

]]>
Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-i-komesarot-tokura-preku-memorandumot-za-sorabotka-gi-zblizhuvame-makedonskata-i-japonskata-kultura-2/ Tue, 26 Nov 2024 16:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=841993

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Владата оствари билатерална средба со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава. По средбатаЉутков и Токура потпишаа Меморандум за соработка во областа на културатакој е прв билатерален документ во оваа сфера меѓу двете држави.

Во изјавата за медиумите, министерот Љутков посетата на јапонскиот комесар за култура ја оцени како историска, бидејќи, како што нагласи, сите наши заложби за продлабочување на блиските и пријателски односи со Јапонија, во оваа година кога се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи, се материјализираат со потпишувањето на Меморандумот за културна соработка.

Министерот за култура и туризам изрази очекување дека директната комуникација ќе овозможи реципрочни гостувања на ансамбли и репродуктивни уметници од музичко-сценската и театарската дејност, соработка меѓу музеите, галериите и уметничките центри, како и размена на искуства во управувањето на локалитетите кои се впишани на Листата на светското наследство на УНЕСКО, со оглед на тоа што Јапонија има впишано вкупно 26 локалитети.

Љутков ја нагласи можноста за соработка и во филмската дејност, имајќи го предвид фактот дека во Токио секоја година се одржува големиот филмски фестивал чиј еден од програмските директори е и Андријана Цветковиќ, на која ѝ упати благодарност за нејзиниот целокупен ангажман во реализацијата на оваа посета, но и за нејзиниот влог во градењето на односите меѓу двете држави, како прв резидентен амбасадор во Јапонија.

Упатувајќи благодарност за целокупната јапонска помош за нашата држава преку различни донации, грантови и проекти што го стимулираат нашиот економски, социјален и културен развој, министерот Љутков изрази уверување дека и во иднина ќе се реализираат уште многу иницијативи и проекти кои ќе ги унапредат нашите односи.

На средбата, министерот Љутков го запозна комесарот Токура и со претстојното претставување на нашата држава во рамките на  EXPO OSAKA 2025 година, каде што во чест на одбележувањето на 60-годишнината од проектот на големиот Кензо Танге за реконструкција на централното подрачје на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во Јапонија ќе биде презентирана и изложбена поставка која ќе ги претстави особеностите на овој проект, а ќе има и други значајни програмски содржини, настапи на нашите реномирани уметници.

Јапонскиот комесар за културни врски, Токура, во изјавата за медиумите потенцираше дека потпишувањето на Меморандумот во година кога се одбележуваат три децении од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји претставува огромен поттик за развој на соработката која ги покрива сите сфери од културата и уметноста.

За време на работната посета на нашата држава, комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, ќе ја посети и Филхармонијата, каде што ќе се сретне со репродуктивни уметници, а во текот на утрешниот ден ќе ги посети и Музејот на македонската борба за самостојност и Старата скопска чаршија, каде што во Даут-пашиниот амам ќе ја разгледа изложбата на македонскиот сликар Вангел Коџоман. Денеска во 18 часот во Македонскиот народен театар, министерот Љутков и комесарот Токура ќе присуствуваат на концерт на Оркестарот за џез-музика, во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Јапонија.

The post Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура appeared first on Република.

Лидерот на СДСМ на средба со претседателката Сиљановска-Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liderot-na-sdsm-na-sredba-so-pretsedatelkata-silanovska-davkova/ Tue, 26 Nov 2024 08:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=841805

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба.

Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ.

The post Лидерот на СДСМ на средба со претседателката Сиљановска-Давкова appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ.

The post Лидерот на СДСМ на средба со претседателката Сиљановска-Давкова appeared first on Република.

]]>
Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-murtezani-strand-vo-helsinki-ispolnuvane-na-reformskite-kriteriumi-no-i-obezbeduvane-jasna-eu-perspektiva-za-regionot/ Fri, 22 Nov 2024 12:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=840805

Во рамки на работната посета на Финска, министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со министерот за европски прашања на Република Финска, Јоаким Странд, на која се разговараше за перспективите на Македонија и земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за важноста на процесот на проширување на ЕУ како стратешка цел за стабилноста и напредокот на регионот.
Министерот Муртезани се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка на Финска за европската иднина на Македонија, која не се манифестира само преку политичката поддршка, туку и преку конкретна техничка и експертска помош. Муртезани ја подвлече важноста на реализираните Tвининг проекти, кои досега вклучија седум успешни иницијативи со учество на фински експерти.
МЕП Муртезани истакна дека Македонија е силно посветена на европскиот пат и дека напредокот на земјата во реформските процеси заслужува континуирана поддршка од земјите-членки на Унијата. Соговорниците разговараа за тековните активности во контекст на реформите во клучните области, како владеење на правото, зајакнување на демократските институции и јавната администрација. Муртезани информираше за напредокот на Македонија во усогласувањето со европските стандарди, како и за подготвеноста на земјата да го отвори првиот Кластер „Фундаментални вредности“ во преговорите со ЕУ.
Соговорниците изразија интерес за интензивирање на соработката во рамките на нови Tвининг проекти, коишто ќе ги опфатат областите на реформирање на јавната администрација, понатамошниот развој на дигитализацијата и зајакнување на организационите и институционални капацитети за процесот на преговарање за пристапување во Унијата. Муртезани и Странд констатираа дека исполнувањето на реформските критериуми е клучно, но и дека процесот на пристапување кон Унијата мора да остане динамичен и опиплив, за да се задржи мотивацијата на граѓаните и владите на земјите-кандидатки.

The post Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот appeared first on Република.

]]>

Во рамки на работната посета на Финска, министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со министерот за европски прашања на Република Финска, Јоаким Странд, на која се разговараше за перспективите на Македонија и земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за важноста на процесот на проширување на ЕУ како стратешка цел за стабилноста и напредокот на регионот. Министерот Муртезани се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка на Финска за европската иднина на Македонија, која не се манифестира само преку политичката поддршка, туку и преку конкретна техничка и експертска помош. Муртезани ја подвлече важноста на реализираните Tвининг проекти, кои досега вклучија седум успешни иницијативи со учество на фински експерти. МЕП Муртезани истакна дека Македонија е силно посветена на европскиот пат и дека напредокот на земјата во реформските процеси заслужува континуирана поддршка од земјите-членки на Унијата. Соговорниците разговараа за тековните активности во контекст на реформите во клучните области, како владеење на правото, зајакнување на демократските институции и јавната администрација. Муртезани информираше за напредокот на Македонија во усогласувањето со европските стандарди, како и за подготвеноста на земјата да го отвори првиот Кластер „Фундаментални вредности“ во преговорите со ЕУ. Соговорниците изразија интерес за интензивирање на соработката во рамките на нови Tвининг проекти, коишто ќе ги опфатат областите на реформирање на јавната администрација, понатамошниот развој на дигитализацијата и зајакнување на организационите и институционални капацитети за процесот на преговарање за пристапување во Унијата. Муртезани и Странд констатираа дека исполнувањето на реформските критериуми е клучно, но и дека процесот на пристапување кон Унијата мора да остане динамичен и опиплив, за да се задржи мотивацијата на граѓаните и владите на земјите-кандидатки.

The post Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот appeared first on Република.

]]>
Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detsata-i-adolestsentite-pobaraa-podobar-sistem-za-sledene-na-zagaduvaneto-na-vozduhot-digitalna-infrastruktura-vo-site-uchilishta-i-poveke-mozhnsti-za-rabota-na-sredba-so-vladata-na-visoko-nivo/ Wed, 20 Nov 2024 13:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=839973

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени.

Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ.

“Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки."

„Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“

Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад.

Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики.

Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници.

„Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија.

Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени. Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ. “Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки." „Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“ Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад. Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики. Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници. „Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија. Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>
Интерес за економска соработка со Казахстан, средба на Сиљановска Давкова со казахстанскиот претседател Токајев во Баку https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/interes-za-ekonomska-sorabotka-so-kazahstan-sredba-na-silanovska-davkova-so-kazahstanskiot-pretsedatel-tokajev-vo-baku/ Wed, 13 Nov 2024 14:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=837260

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Џомарт Токајев. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави и беа разменети мислења за актуелните геополитички состојби, како и за регионалната улога на двете држави, соопшти нејзиниот кабинет.

Како мост помеѓу Азија и Европа, претседателката го поздравила придонесот на Казахстан и нивното значително влијание во глобални рамки, при што изразила подготвеност за продолжување на кооперативноста и конструктивноста во рамки на меѓународните организации, особено во Обединетите Нации и ОБСЕ.

На средбата меѓу двајцата претседатели станало збор и за можностите за соработка во сферата на културата, науката и образованието, за што претседателката Сиљановска Давкова нагласила дека е потребно унапредување на правната рамка, интензивирање на политичкиот дијалог, почести средби, размена на посети и лични контакти.

Во таа насока, претседателката изразила интерес за максимизирање на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за конкретизирање на соработката во градежниот, енергетскиот сектор, ИТ секторот и во туризмот.

Во разговорите било поздравено отворањето на Амбасадата на Казахстан во Скопје, како значен чекор во продлабочување на севкупните билатерални односи.

The post Интерес за економска соработка со Казахстан, средба на Сиљановска Давкова со казахстанскиот претседател Токајев во Баку appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Џомарт Токајев. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави и беа разменети мислења за актуелните геополитички состојби, како и за регионалната улога на двете држави, соопшти нејзиниот кабинет. Како мост помеѓу Азија и Европа, претседателката го поздравила придонесот на Казахстан и нивното значително влијание во глобални рамки, при што изразила подготвеност за продолжување на кооперативноста и конструктивноста во рамки на меѓународните организации, особено во Обединетите Нации и ОБСЕ. На средбата меѓу двајцата претседатели станало збор и за можностите за соработка во сферата на културата, науката и образованието, за што претседателката Сиљановска Давкова нагласила дека е потребно унапредување на правната рамка, интензивирање на политичкиот дијалог, почести средби, размена на посети и лични контакти. Во таа насока, претседателката изразила интерес за максимизирање на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за конкретизирање на соработката во градежниот, енергетскиот сектор, ИТ секторот и во туризмот. Во разговорите било поздравено отворањето на Амбасадата на Казахстан во Скопје, како значен чекор во продлабочување на севкупните билатерални односи.

The post Интерес за економска соработка со Казахстан, средба на Сиљановска Давкова со казахстанскиот претседател Токајев во Баку appeared first on Република.

]]>
Средба Сиљановска Давкова – Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-silanovska-davkova-radev-bilateralnite-sporovi-da-se-reshavaat-vo-ramki-na-printsipite-i-vrednostite-na-eu/ Wed, 13 Nov 2024 14:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=837061

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан.

Во разговорот кој траеше еден час и се одвиваше во конструктивна атмосфера се разговараше за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.

Двајцата соговорници ги изложија своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции.

Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија.

Таа нагласи дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.

Бугарскиот претседател Радев укажа на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.

Во разговорот двајцата соговорници се согласија за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

The post Средба Сиљановска Давкова – Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот кој траеше еден час и се одвиваше во конструктивна атмосфера се разговараше за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес. Двајцата соговорници ги изложија своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции. Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија. Таа нагласи дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа. Бугарскиот претседател Радев укажа на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање. Во разговорот двајцата соговорници се согласија за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

The post Средба Сиљановска Давкова – Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-i-tramp-deneska-ke-imaat-sredba-vo-belata-kuka/ Wed, 13 Nov 2024 10:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=837096

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат. Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време и се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација.

Денешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп. Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни - непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка, јави ДПА.

На 11 септември и двајцата присуствуваа на комеморативен настан во Њујорк, но не зборуваа меѓу себе.

The post Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат. Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време и се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација. Денешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп. Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни - непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка, јави ДПА. На 11 септември и двајцата присуствуваа на комеморативен настан во Њујорк, но не зборуваа меѓу себе.

The post Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова се сретна со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-se-sretna-so-orban-ungarija-ostanuva-silen-poddrzhuvach-na-makedonija/ Tue, 12 Nov 2024 15:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=836893

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план и за македонските аспирации за членство во Европската Унија.

На средбата беше констатирано дека Унгарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поддршката што Унгарија ја дава во повеќе области, вклучувајќи ги европските аспирации на нашата држава, како и фактот што прашањето за проширувањето е високо на агендата на тековното унгарско претседателство со Европската Унија.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и изрази надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани

The post Сиљановска Давкова се сретна со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија appeared first on Република.

Николов: УИ за ПЕТ ќе имплементира нови радиофармацевтици за зголемување на нивото на здравствена заштита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolov-ui-za-pet-ke-implementira-novi-radiofarmatsevtitsi-za-zgolemuvane-na-nivoto-na-zdravstvena-zashtita/ Mon, 11 Nov 2024 15:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=836421

Со директорите на ФЗОМ, Клековски и Аџигогов одржавме состанок во Универзитетскиот институт за позитроно - емисиона томографија, каде со директорката д-р Маневска разговаравме за можноста за зголемување на капацитетите на овој центар, напиша на својот фејсбук профил Игор Николов

Целта е намалување на листата на чекање, особено на највулнерабилната група на пациенти - онколошките.
Како единствен ваков центар на регионот, УИ за ПЕТ се стреми кон имплементирање на нови радиофармацевтици, со што ќе се зголеми нивото на здравствена заштита и услугите до пациентите ќе бидат подостапни.
Преку инвестиција во нова опрема нашата интенција е проширување на дијагностичките модалитети, искачување на повисока скала на нуклеарната медицина во нашата земја, на ниво како и во останатите европски и светски центри.

The post Николов: УИ за ПЕТ ќе имплементира нови радиофармацевтици за зголемување на нивото на здравствена заштита appeared first on Република.

]]>

Со директорите на ФЗОМ, Клековски и Аџигогов одржавме состанок во Универзитетскиот институт за позитроно - емисиона томографија, каде со директорката д-р Маневска разговаравме за можноста за зголемување на капацитетите на овој центар, напиша на својот фејсбук профил Игор Николов
Целта е намалување на листата на чекање, особено на највулнерабилната група на пациенти - онколошките. Како единствен ваков центар на регионот, УИ за ПЕТ се стреми кон имплементирање на нови радиофармацевтици, со што ќе се зголеми нивото на здравствена заштита и услугите до пациентите ќе бидат подостапни. Преку инвестиција во нова опрема нашата интенција е проширување на дијагностичките модалитети, искачување на повисока скала на нуклеарната медицина во нашата земја, на ниво како и во останатите европски и светски центри.

The post Николов: УИ за ПЕТ ќе имплементира нови радиофармацевтици за зголемување на нивото на здравствена заштита appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со Синдикатот на здравствени работници: Подобрување на здравствената заштита на пациентите и враќање на достоинството на медицинската професија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-sindikatot-na-zdravstveni-rabotnitsi-podobruvane-na-zdravstvenata-zashtita-na-patsientite-i-vrakane-na-dostoinstvoto-na-meditsinskata-profesija/ Mon, 04 Nov 2024 13:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=834047

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници.

На средбата отворено се разговараше за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Стана збор за потребата за зголемување на платите но и зголемување на учинокот како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.

Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа.

Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема. Во тој поглед се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза.

Дијалогот меѓу владата и синдикатот продолжува и во наредниот период.

The post Мицкоски се сретна со Синдикатот на здравствени работници: Подобрување на здравствената заштита на пациентите и враќање на достоинството на медицинската професија appeared first on Република.

Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-li-narodnata-banka-sprovede-uspeshni-politiki-za-spravuvane-so-inflatsijata/ Mon, 28 Oct 2024 08:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=831552

Народната банка успешно се справи со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, додека силната регулативна рамка и кредибилноста на централната банка придонесоа за задржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација во чиј состав се гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките што ги презеде Народната банка, заедно со намалувањето на цените на примарните производи на светските берзи, придонесоа за намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември. Се очекува дека просечната стапка на инфлација во 2024 година ќе биде блиску до проекциите на Народната банка од 3,5%. Ова е слична слика со последните прогнози на ММФ, коишто покажуваат просечна инфлација во 2024 година од 3,3%.

Со помош на обемниот сет на мерки што ги презема централната банка преку интервенции на девизниот пазар, каматните стапки и задолжителната резерва, како и со макропрудентните мерки, успеавме да се справиме со инфлацијата и да ја зајакнеме стабилноста на банкарскиот систем. Од една страна, се спречи прекумерното задолжување на граѓаните и компаниите, а од друга се зајакна довербата во домашната валута. Овие мерки придонесоа и за зацврстување на билансите на банките, што е основа за задржување на стабилноста и создавање простор за справување со можните неповолни промени  - истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, беше истакната улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на Народната банка, како едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и макроекономската стабилност во изминатите години во текот на неколку последователни кризи. Според анализата во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот индекс на независноста на централните банки. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. За јакнење на своите практики во поглед на транспарентноста во работењето, Народната банка зеде учество во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот

The post Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Народната банка успешно се справи со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, додека силната регулативна рамка и кредибилноста на централната банка придонесоа за задржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација во чиј состав се гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките што ги презеде Народната банка, заедно со намалувањето на цените на примарните производи на светските берзи, придонесоа за намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември. Се очекува дека просечната стапка на инфлација во 2024 година ќе биде блиску до проекциите на Народната банка од 3,5%. Ова е слична слика со последните прогнози на ММФ, коишто покажуваат просечна инфлација во 2024 година од 3,3%.
Со помош на обемниот сет на мерки што ги презема централната банка преку интервенции на девизниот пазар, каматните стапки и задолжителната резерва, како и со макропрудентните мерки, успеавме да се справиме со инфлацијата и да ја зајакнеме стабилноста на банкарскиот систем. Од една страна, се спречи прекумерното задолжување на граѓаните и компаниите, а од друга се зајакна довербата во домашната валута. Овие мерки придонесоа и за зацврстување на билансите на банките, што е основа за задржување на стабилноста и создавање простор за справување со можните неповолни промени  - истакна Ангеловска-Бежоска.
На средбата со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, беше истакната улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на Народната банка, како едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и макроекономската стабилност во изминатите години во текот на неколку последователни кризи. Според анализата во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот индекс на независноста на централните банки. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. За јакнење на своите практики во поглед на транспарентноста во работењето, Народната банка зеде учество во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот

The post Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-i-sholts-razgovaraa-za-zajaknuvane-na-odbranbenata-sorabotka/ Sat, 19 Oct 2024 16:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=828868

Турција сака да ја зајакне соработката со Германија во набавката на производи од одбранбената индустрија, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Истанбул.

Тој додаде дека Анкара и Берлин се определени за борба против терористичките групи, посебно Курдската работничка партија (ПКК), терористичката организација Фетулах (ФЕТО), кои ја загрозуваат јавната безбедност на Германија.

- Имаме интензивни односи со нашата НАТО сојузничка – Германија во сите можни области помеѓу двете големи држави, посочи Ердоган.

Тој се осврна и на ситуацијата на Блиски Исток, наведувајќи оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има „експанзионистички начин на размислување“ со очигледна намера да го прошири судирот вон неговите моментални граници.

Шолц вети дека Германија ќе ја интензивира одбранбената соработка со Турција. Тој потврди дека германската Влада одобрила испорака на одредено оружје и воена опрема за Турција.

- Турција е сојузник во НАТО и во таа смисла ние носиме одлуки кои водат до конкретни испораки – тоа се подразбира. Неодамна донесовме такви одлуки, а ќе има уште во иднина, истакна Шолц.

Турција е заинтересирана за купување авиони „Еурофајтер тајфун“ кои се заеднички произведени од Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија. Шолц посочи дека во моментов се водат разговори помеѓу Велика Британија и Турција за потенцијална продажба.

Германската продажба на оружје на Турција изминатите години во голема мера беше блокирана од Партијата на зелените, коалицискиот партнер на канцеларот Шолц, поради внатрешно политички притисоци и различните ставови за надворешната политика.

The post Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>

Турција сака да ја зајакне соработката со Германија во набавката на производи од одбранбената индустрија, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Истанбул. Тој додаде дека Анкара и Берлин се определени за борба против терористичките групи, посебно Курдската работничка партија (ПКК), терористичката организација Фетулах (ФЕТО), кои ја загрозуваат јавната безбедност на Германија. - Имаме интензивни односи со нашата НАТО сојузничка – Германија во сите можни области помеѓу двете големи држави, посочи Ердоган. Тој се осврна и на ситуацијата на Блиски Исток, наведувајќи оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има „експанзионистички начин на размислување“ со очигледна намера да го прошири судирот вон неговите моментални граници. Шолц вети дека Германија ќе ја интензивира одбранбената соработка со Турција. Тој потврди дека германската Влада одобрила испорака на одредено оружје и воена опрема за Турција. - Турција е сојузник во НАТО и во таа смисла ние носиме одлуки кои водат до конкретни испораки – тоа се подразбира. Неодамна донесовме такви одлуки, а ќе има уште во иднина, истакна Шолц. Турција е заинтересирана за купување авиони „Еурофајтер тајфун“ кои се заеднички произведени од Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија. Шолц посочи дека во моментов се водат разговори помеѓу Велика Британија и Турција за потенцијална продажба. Германската продажба на оружје на Турција изминатите години во голема мера беше блокирана од Партијата на зелените, коалицискиот партнер на канцеларот Шолц, поради внатрешно политички притисоци и различните ставови за надворешната политика.  

The post Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>
Трајков на средби со Бретел и Суперти: Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkov-na-sredbi-so-bretel-i-superti-makedonija-nema-vreme-za-chekane-ne-se-otkazhuvame-od-nashata-zatsrtana-tsel/ Thu, 17 Oct 2024 16:46:20 +0000 https://republika.mk/?p=828166

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Брисел се сретна со Сигрид Бретел, Раководител на одделението за Македонија и Албанија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) и Валентина Суперти, директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

Се заблагодарив за континуираната поддршка и одличната соработка која ја имаме со европските институции и честитав за стартот на преговори на нашиот сосед Албанија со Европската Унија, но истовремено упатив жалење што Македoнија повторно остана надвор од европскиот пат и не ги продолжува преговорите за членство во ЕУ, кажа Трајков.

По средбата заменик минисерката истакна дека ова ни дава дополнителен мотив да работиме забрзано и посветено.

Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел, продолжуваме по европскиот пат, затоа што македонските граѓаните заслужуваат подобра иднина, изјави Трајков.

ЗМЕП Трајков е во дводневна работна посета на Брисел.

The post Трајков на средби со Бретел и Суперти: Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел appeared first on Република.

Мицкоски на средба со Олаф Шолц: Разговаравме за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-olaf-sholts-razgovaravme-za-potrebata-da-se-vrednuvaat-nashite-napori-kon-patot-na-eu-kade-za-vlez-predolgo-chekame/ Mon, 14 Oct 2024 16:21:16 +0000 https://republika.mk/?p=826757

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со канцеларoт на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме, за потребата за внесување на енергија и динамизирање на процесите, истакна тој.

Мицкоски порача дека Германија останува да биде наш активен партнер и поддржувач.

The post Мицкоски на средба со Олаф Шолц: Разговаравме за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме appeared first on Република.

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-vitsepremierot-i-minister-stoilkovik-so-ambasadorot-na-obse-kilian-val/ Mon, 14 Oct 2024 14:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=826707

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска остварил работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал.

Затекнатата состојба во Министерството за односи меѓу заедниците, клучните прашања, приоритети, како и идни планови и евентуалната соработка со ОБСЕ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава, биле темите на кои разговарале на денешната средба Стоилковиќ и Вал.

Како што информираат од Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ ја истакнал важноста од комуникацијата со меѓународните заедници од причина што, како што рече, за помалите етнички заедници не постојат подобри адреси.

Стоилковиќ го запознал амбасадорот Вал со што се соочувал во изминатите 100 дена од формирањето на новата Влада и стапувањето на функцијата, но посочил и што е направено во овие 100 дена.

Од злоупотреби на функцијата до злоупотреби во функционирањето за што постојат докази, но она на што сум горд е дека кога ќе се воспостави ред сѐ се може, нагласил Стоилковиќ и истакнал дека е задоволен што веќе е поднесена иницијативата за промена на законот за јазиците на помалите етнички заедници, како и дека е направен стратешки план со кој во следната година ќе им се посвети внимание на помалите етнички заедници.

Нашата соработка со Министерството за односи меѓу заедниците во минатото беше ограничена, но сега сум фокусиран на иднината и мислам дека постојат реални можности за нејзино продлабочување. Треба да ги засукаме ракавите и да се фокусираме на работата со сите етнички заедници, порачал амбасадорот Вал и уште еднаш нагласи дека кон ОБСЕ треба да се гледа како на партнер.

Како што посочуваат од Министерството за односи меѓу заедниците, заклучокот на двајцата соговорници кои меѓу другото зборувале и за политичките и економските прилики во земјава и важноста на брзите пруги кои, како што истакнале, се своевиден мировен проект, беше и дека промената на перцепцијата и заштитата на етничките заедници кои, за жал, се чувствуваат заборавени и можеби не ја чувствуваат државата како своја треба да е заеднички приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците и ОБСЕ. Амбасадорот Вал нагласил дека нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од ОБСЕ.

На крајот од средбата, како што се наведува во соопштението, Стоилковиќ ја истакнал важноста на состанокот по кој се испраќа важна порака до помалите етнички заедници, кои треба да го добијат местото што го заслужуваат и во земјата во која живеат да се чувствуваат како рамноправни граѓани.

The post Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска остварил работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал. Затекнатата состојба во Министерството за односи меѓу заедниците, клучните прашања, приоритети, како и идни планови и евентуалната соработка со ОБСЕ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава, биле темите на кои разговарале на денешната средба Стоилковиќ и Вал. Како што информираат од Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ ја истакнал важноста од комуникацијата со меѓународните заедници од причина што, како што рече, за помалите етнички заедници не постојат подобри адреси. Стоилковиќ го запознал амбасадорот Вал со што се соочувал во изминатите 100 дена од формирањето на новата Влада и стапувањето на функцијата, но посочил и што е направено во овие 100 дена. Од злоупотреби на функцијата до злоупотреби во функционирањето за што постојат докази, но она на што сум горд е дека кога ќе се воспостави ред сѐ се може, нагласил Стоилковиќ и истакнал дека е задоволен што веќе е поднесена иницијативата за промена на законот за јазиците на помалите етнички заедници, како и дека е направен стратешки план со кој во следната година ќе им се посвети внимание на помалите етнички заедници.
Нашата соработка со Министерството за односи меѓу заедниците во минатото беше ограничена, но сега сум фокусиран на иднината и мислам дека постојат реални можности за нејзино продлабочување. Треба да ги засукаме ракавите и да се фокусираме на работата со сите етнички заедници, порачал амбасадорот Вал и уште еднаш нагласи дека кон ОБСЕ треба да се гледа како на партнер.
Како што посочуваат од Министерството за односи меѓу заедниците, заклучокот на двајцата соговорници кои меѓу другото зборувале и за политичките и економските прилики во земјава и важноста на брзите пруги кои, како што истакнале, се своевиден мировен проект, беше и дека промената на перцепцијата и заштитата на етничките заедници кои, за жал, се чувствуваат заборавени и можеби не ја чувствуваат државата како своја треба да е заеднички приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците и ОБСЕ. Амбасадорот Вал нагласил дека нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од ОБСЕ. На крајот од средбата, како што се наведува во соопштението, Стоилковиќ ја истакнал важноста на состанокот по кој се испраќа важна порака до помалите етнички заедници, кои треба да го добијат местото што го заслужуваат и во земјата во која живеат да се чувствуваат како рамноправни граѓани.

The post Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал appeared first on Република.

]]>
Куса средба Мицкоски – Герапетритис на маргините на Самитот на Берлинскиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kusa-sredba-mitskoski-gerapetritis-na-marginite-na-samitot-na-berlinskiot-protses/ Mon, 14 Oct 2024 10:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=826516

Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија имале куса средба на маргините на Самитот на Берлинскиот процес, според фотографиите што на платформата Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР информираа дека Јорго Герапетритис имал куси размени на мислења на Самитот во Берлин и објавија фотографии, а освен со Мицкоски, разговарал и со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.

Шефовите на двете дипломатии минатиот месец ја одржаа нивната прва средба во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Делегацијата на Македонија во Берлин на Самитот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес ја предводи премиерот, а учествуваат и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Премиерот Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговото учество на првата сесија од Берлинскиот процес посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е, како што напиша, „форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот“.

Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина, напиша премиерот.

Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).

Од владата соопштија дека предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски.

The post Куса средба Мицкоски – Герапетритис на маргините на Самитот на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија имале куса средба на маргините на Самитот на Берлинскиот процес, според фотографиите што на платформата Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР информираа дека Јорго Герапетритис имал куси размени на мислења на Самитот во Берлин и објавија фотографии, а освен со Мицкоски, разговарал и со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски. Шефовите на двете дипломатии минатиот месец ја одржаа нивната прва средба во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите Нации. Делегацијата на Македонија во Берлин на Самитот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес ја предводи премиерот, а учествуваат и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Премиерот Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговото учество на првата сесија од Берлинскиот процес посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е, како што напиша, „форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот“. Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина, напиша премиерот. Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO). Од владата соопштија дека предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски.

The post Куса средба Мицкоски – Герапетритис на маргините на Самитот на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>
Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ и премиерот Вучевиќ со српската дијаспора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-vitsepremierot-i-minister-stoilkovik-i-premierot-vuchevik-so-srpskata-dijaspora/ Mon, 07 Oct 2024 18:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=823954

Во рамки на денешната официјална посета на земјава делегацијата предводена од премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, а во присуство на заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, оствари средба со дијаспората во Амбасадата на Република Србија во Р. Македонија.

На средбата уште еднаш беа испратени пораки за продлабочување на соработката меѓу двете земји и положбата на српскиот народ во земјава, како и на македонскиот народ во Република Србија.

Чест ми е што можам да ве поздравам, инсистирав на оваа средба затоа што ова, но и фактот дека имаме Србин во Владата на Македонија за нас не е само прашање на симболика, туку суштинско. Добивме уверување дека Коридор 10 е определба на оваа Влада, а зборувавме и за максимално поедноставување на процедурите на границите. Што се однесува до нас, ние сме максимално подготвени да го направиме ова. Многу е важно и Македонија да биде дел од Експо и мило ми е што токму заменик-претседателот и министер Стоилковиќ ќе го води тој проект - истакна на средбата премиерот Вучевиќ и упати апел до српската заедница во земјава во сите различности кои, како што рече, ги имаaт двата народа, да го зачуваат националниот идентитет.

Истото сакам да им го порачам и на Македонците кои живеат во Србија, рече премиерот Вучевиќ.

Денешната посета на премиерот Вучевиќ е круна на неодамнешната подготовителна посета на Белград и сето она што го сработевме во претходниот период - порача заменик-претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Претходно во текот на денот потпретседателот и министер Стоилковиќ го пречека премиерот Вучевиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, по што двајцата поминаа низ шпалир од 18 гардисти.

The post Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ и премиерот Вучевиќ со српската дијаспора appeared first on Република.

]]>

Во рамки на денешната официјална посета на земјава делегацијата предводена од премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, а во присуство на заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, оствари средба со дијаспората во Амбасадата на Република Србија во Р. Македонија. На средбата уште еднаш беа испратени пораки за продлабочување на соработката меѓу двете земји и положбата на српскиот народ во земјава, како и на македонскиот народ во Република Србија.
Чест ми е што можам да ве поздравам, инсистирав на оваа средба затоа што ова, но и фактот дека имаме Србин во Владата на Македонија за нас не е само прашање на симболика, туку суштинско. Добивме уверување дека Коридор 10 е определба на оваа Влада, а зборувавме и за максимално поедноставување на процедурите на границите. Што се однесува до нас, ние сме максимално подготвени да го направиме ова. Многу е важно и Македонија да биде дел од Експо и мило ми е што токму заменик-претседателот и министер Стоилковиќ ќе го води тој проект - истакна на средбата премиерот Вучевиќ и упати апел до српската заедница во земјава во сите различности кои, како што рече, ги имаaт двата народа, да го зачуваат националниот идентитет.
Истото сакам да им го порачам и на Македонците кои живеат во Србија, рече премиерот Вучевиќ.
Денешната посета на премиерот Вучевиќ е круна на неодамнешната подготовителна посета на Белград и сето она што го сработевме во претходниот период - порача заменик-претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.
Претходно во текот на денот потпретседателот и министер Стоилковиќ го пречека премиерот Вучевиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, по што двајцата поминаа низ шпалир од 18 гардисти.

The post Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ и премиерот Вучевиќ со српската дијаспора appeared first on Република.

]]>
Министерот Тошковски имал средба со Македонци во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-toshkovski-imal-sredba-so-makedontsi-vo-albanija/ Fri, 04 Oct 2024 18:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=822864

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Македонската амбасада во Тирана имал средба со Македонци кои живеат во Албанија.

На својот фејсбук-профил Тошковски објави дека имал срдечна средба со нив и можност непосредно да се запознае со нивниот начин на живот и предизвиците и проблемите со кои се соочени.

Ме запознаа и со активностите кои ги преземаат во насока на негување и зачувување на македонската култура и идентитет. Силно верувам дека македонските заедници во странство се важен дел од нашиот национален идентитет. Нивната љубов кон татковината е евидентна. Овие луѓе беа заборавени и затоа одржувањето блиски контакти со нив е од исклучителна важност, а јас секогаш сум подготвен за соработка и поддршка во рамките на моите можности. Мојата врата е секогаш отворена за комуникација и заедничко делување, сè со цел да ги зајакнеме врските помеѓу татковината и нашите граѓани во дијаспората, напиша Тошковски на Фејсбук.

Министерот вели дека работната посетата на Тирана, каде што денеска имал средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа, ја искористил и да се сретне со дел од Македонците што живеат во соседната земја.

The post Министерот Тошковски имал средба со Македонци во Албанија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Македонската амбасада во Тирана имал средба со Македонци кои живеат во Албанија. На својот фејсбук-профил Тошковски објави дека имал срдечна средба со нив и можност непосредно да се запознае со нивниот начин на живот и предизвиците и проблемите со кои се соочени.