средба во Тирана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sredba-vo-tirana/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Jan 2023 15:01:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png средба во Тирана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sredba-vo-tirana/ 32 32 Ориѓански „ќефој“ што во посета му бил „господинот Ахмети“: Имавме прекрасен длабок разговор, фантастичен почеток на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/origanski-kefoj-shto-vo-poseta-mu-bil-gospodinot-ahmeti-imavme-prekrasen-dlabok-razgovor-fantastichen-pochetok-na-godinata/ Wed, 11 Jan 2023 13:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=595813

Како дел од посетата на Тирана, каде албанскиот премиер Еди Рама ги собра претставниците од албанските партии од Македонија, лидерот на ДУИ и придружбата го посетиле и Културниот центар на Македонија во Тирана, со кој раководи еден од Заевите директори, Златко Ориѓански. Музичарот со гордост зборува како го угостил „господинот Али Ахмети“ и дека тој ја почитувал неговата работа во Албанија.

11 јануари 2023, фантастичен почеток на новава година. Во посета на нашиот Културно информативен центар во Тирана, дојде господинот Али Ахмети, заедно со вицепремиерот Артан Груби и нивните помошници, Арбр Адеми и Фатон Ахмети.
Имавме прекрасен и длабок разговор на многу теми, вклучително и нашиот пат кон Европската унија. Благодарам на посетата и големата почит кон мене и мојата работа овде, пишува тој.

The post Ориѓански „ќефој“ што во посета му бил „господинот Ахмети“: Имавме прекрасен длабок разговор, фантастичен почеток на годината appeared first on Република.

]]>

Како дел од посетата на Тирана, каде албанскиот премиер Еди Рама ги собра претставниците од албанските партии од Македонија, лидерот на ДУИ и придружбата го посетиле и Културниот центар на Македонија во Тирана, со кој раководи еден од Заевите директори, Златко Ориѓански. Музичарот со гордост зборува како го угостил „господинот Али Ахмети“ и дека тој ја почитувал неговата работа во Албанија.
11 јануари 2023, фантастичен почеток на новава година. Во посета на нашиот Културно информативен центар во Тирана, дојде господинот Али Ахмети, заедно со вицепремиерот Артан Груби и нивните помошници, Арбр Адеми и Фатон Ахмети. Имавме прекрасен и длабок разговор на многу теми, вклучително и нашиот пат кон Европската унија. Благодарам на посетата и големата почит кон мене и мојата работа овде, пишува тој.

The post Ориѓански „ќефој“ што во посета му бил „господинот Ахмети“: Имавме прекрасен длабок разговор, фантастичен почеток на годината appeared first on Република.

]]>
Гаши ќе одел на средбата кај Рама, имал агенда за политичката корупција во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-ke-odel-na-sredbata-kaj-rama-imal-agenda-za-politichkata-koruptsija-vo-makedonija/ Tue, 10 Jan 2023 14:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=595433

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, чија партија е дел од владејачкото мнозинство, на средбата со албанскиот премиер Еди Рама оди со „сопствена агенда која е поврзана со политичката корупција во Македонија“. Како што соопштуваат од Алтернатива, Гаши ќе биде дел од средбата со Еди Рама вечерва во Тирана на која ќе пристигнат и лидерите на останатите политички партии кои ги застапуваат интересите на албанската етничка заедница, но нема да навлегува во дневно политичките агенди на останатите.

За Гаши, еден од приоритетите е уставниот амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичка корупција.

Алтернатива ја прифати поканата на албанскиот премиер Еди Рама без намера да влегува во дневно политичките агенди на другите поканети. Сакаме да потенцираме дека како партија на иднината сме подготвени да разговараме со секого ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во Cеверна Македонија. Имаме сопствена агенда и за истата очекуваме поддршка од сите присутни. Еден од приоритетите е нашиот Уставен амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичката корупција. Најважно од сè е дека нема нашиот политички капитал да го жртвуваме за амортизирање на ничија партиска криза. Граѓаните треба да бидат спокојни и да бидат сигурни дека Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ќе продолжи да биде нивниот глас, соопштија од кабинетот на Гаши.

На средбата која ја свика Еди Рама покрај Гаши ќе присуствуваат лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и на ДПА, Мендух Тачи.

Билал Касами, претседател на Движењето Беса, ја прифати поканата, но најверојатно ќе има одвоена средба со албанскиот премиер затоа што одбива да седне на заедничка маса со Ахмети.

The post Гаши ќе одел на средбата кај Рама, имал агенда за политичката корупција во Македонија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, чија партија е дел од владејачкото мнозинство, на средбата со албанскиот премиер Еди Рама оди со „сопствена агенда која е поврзана со политичката корупција во Македонија“. Како што соопштуваат од Алтернатива, Гаши ќе биде дел од средбата со Еди Рама вечерва во Тирана на која ќе пристигнат и лидерите на останатите политички партии кои ги застапуваат интересите на албанската етничка заедница, но нема да навлегува во дневно политичките агенди на останатите. За Гаши, еден од приоритетите е уставниот амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичка корупција.
Алтернатива ја прифати поканата на албанскиот премиер Еди Рама без намера да влегува во дневно политичките агенди на другите поканети. Сакаме да потенцираме дека како партија на иднината сме подготвени да разговараме со секого ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во Cеверна Македонија. Имаме сопствена агенда и за истата очекуваме поддршка од сите присутни. Еден од приоритетите е нашиот Уставен амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичката корупција. Најважно од сè е дека нема нашиот политички капитал да го жртвуваме за амортизирање на ничија партиска криза. Граѓаните треба да бидат спокојни и да бидат сигурни дека Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ќе продолжи да биде нивниот глас, соопштија од кабинетот на Гаши.
На средбата која ја свика Еди Рама покрај Гаши ќе присуствуваат лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и на ДПА, Мендух Тачи. Билал Касами, претседател на Движењето Беса, ја прифати поканата, но најверојатно ќе има одвоена средба со албанскиот премиер затоа што одбива да седне на заедничка маса со Ахмети.

The post Гаши ќе одел на средбата кај Рама, имал агенда за политичката корупција во Македонија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Средба во Тирана се случува на барање на СДСМ и на Димитар Ковачевски за спас на владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-sredba-vo-tirana-se-sluchuva-na-barane-na-sdsm-i-na-dimitar-kovachevski-vo-nadezh-za-spas-na-vladata-no-vladata-ke-padne-i-nema-spas/ Mon, 09 Jan 2023 18:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=595080

Она што е многу побитно е оваа средба и позадината на оваа средба во Тирана. Мислам дека позадината на оваа средба е сериозна паника која што во моментов се јавува во власта. Најмногу кај СДСМ е, колку и да изгледа нетипично за реториката за оваа средба која што деновиве е во јавноста. Јас според мое мислење и сознанија мислам дека оваа средба се случува токму на барање на СДСМ и на Димитар Ковачевски, кои што бараат помош во опстојувањето на оваа Влада, затоа што Владата е пред распад и се обидува на овој начин да добие помош за спас на својата Влада. А, за возврат да реализира политички ако сакате и регионални агенди кои што се на штета на Македонија и македонскиот народ, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Николоски додаде дека СДСМ и Ковачевски се спремни дополнително да одат на штета на македонскиот народ во корист на одредени други агенди и само за да уште некој месец оваа Влада да остане на власт, затоа што тоа е максиумот што може да го добие. И во таа насока СДСМ и Ковачевски бараат гума за спасување кај Еди Рама.

Но, условите се променети и гума за спасување нема да ја добијат затоа што немаат поддршка кај народот и мислам дека утре ќе има само една јалова средба и ќе има само едно сликање и позирање кое што нема да донесе ништо добро на Македонија и само ќе го крене гневот и фрустрацијата кај македонскиот народ што ќе се види на следните избори. Одлуките за Македонија треба да се носат во Македонија и после промената на власта една од првите работи што ќе ги направиме е да прекине оваа пракса за Македонија да се одлучува надвор од Македонија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека одлуките треба да се носат во Собранието, бидејќи тие пратеници ги има избрано народот.

И она што најмногу загрижува, а ја потврдува оваа теза што ја споменав е молкот од страна на СДСМ, кој што збор немаат кажано за оваа средба, нагласи Николоски.

The post Николоски: Средба во Тирана се случува на барање на СДСМ и на Димитар Ковачевски за спас на владата appeared first on Република.