средба во Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sredba-vo-ohrid/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Mar 2023 22:02:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png средба во Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sredba-vo-ohrid/ 32 32 Борел: Охридскиот договорот не беше потпишан од правни причини, но е правнообврзувачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borel-ohridskiot-dogovorot-ne-beshe-potpishan-od-pravni-prichini-no-e-pravnoobvrzuvachki/ Mon, 20 Mar 2023 22:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=621815

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово, постигнат на средбата во Охрид, станал правно обврзувачки во моментот кога Европската унија излезе со соопштение.

- Договорот не беше потпишан од правни причини, но двете страни се согласија дека мојата изјава (по состанокот во Охрид) претставува заложба за двете страни целосно да се посветат на обврските што произлегуваат од овој договор и неговата имплементација, рече Борел по средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Тој додаде дека ова е важна пресвртница во процесот на нормализација на односите, што создава „нов статус кво во дијалогот“, пренесува Радио Слободна Европа.

Борел денеска ги информираше шефовите на европските дипломатии за исходот од средбата меѓу лидерите на Косово и Србија, Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид на 18 март.

Тој нагласи дека ЕУ ќе го следи процесот на имплементација на се што е договорено и додаде дека има итни работи кои мора веднаш да се спроведат, како што е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово.

- Договорот мора да се спроведе според одреден календар. Овој календар бара секоја страна да го направи својот дел. Не треба да градиме куќа од покривот, туку од итните работи. Има работи кои се многу итни, рече Борел.

Во Анексот (за имплементација), јасно е наведено дека Косово веднаш ќе се ангажира за формирањето на Заедницата на Косово, потенцираше Борел.

- Шефот на европската дипломатија не сакаше да ги коментира изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ден по средбата во Охрид изјави дека нема да спроведе делови од договорот поврзани со членството на Косово во Обединетите нации.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во Брисел повтори дека неговата земја ќе ги спроведува само оние делови од договорот што не допираат до државните црвени линии, односно меѓусебно признавање и столче во ОН за Косово.

Србија и Косово на средбата во Охрид го договорија Анексот за имплементација на Спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Беше договорено и овие документи да станат составен дел на процесот за приклучување на Србија и Косово во Европската Унија.

The post Борел: Охридскиот договорот не беше потпишан од правни причини, но е правнообврзувачки appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово, постигнат на средбата во Охрид, станал правно обврзувачки во моментот кога Европската унија излезе со соопштение. - Договорот не беше потпишан од правни причини, но двете страни се согласија дека мојата изјава (по состанокот во Охрид) претставува заложба за двете страни целосно да се посветат на обврските што произлегуваат од овој договор и неговата имплементација, рече Борел по средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Тој додаде дека ова е важна пресвртница во процесот на нормализација на односите, што создава „нов статус кво во дијалогот“, пренесува Радио Слободна Европа. Борел денеска ги информираше шефовите на европските дипломатии за исходот од средбата меѓу лидерите на Косово и Србија, Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид на 18 март. Тој нагласи дека ЕУ ќе го следи процесот на имплементација на се што е договорено и додаде дека има итни работи кои мора веднаш да се спроведат, како што е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово. - Договорот мора да се спроведе според одреден календар. Овој календар бара секоја страна да го направи својот дел. Не треба да градиме куќа од покривот, туку од итните работи. Има работи кои се многу итни, рече Борел. Во Анексот (за имплементација), јасно е наведено дека Косово веднаш ќе се ангажира за формирањето на Заедницата на Косово, потенцираше Борел. - Шефот на европската дипломатија не сакаше да ги коментира изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ден по средбата во Охрид изјави дека нема да спроведе делови од договорот поврзани со членството на Косово во Обединетите нации. Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во Брисел повтори дека неговата земја ќе ги спроведува само оние делови од договорот што не допираат до државните црвени линии, односно меѓусебно признавање и столче во ОН за Косово. Србија и Косово на средбата во Охрид го договорија Анексот за имплементација на Спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Беше договорено и овие документи да станат составен дел на процесот за приклучување на Србија и Косово во Европската Унија.

The post Борел: Охридскиот договорот не беше потпишан од правни причини, но е правнообврзувачки appeared first on Република.

]]>
Дачиќ: Србија ќе го спроведе Охридскиот договор до своите црвени линии https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-srbija-ke-go-sprovede-ohridskiot-dogovor-do-svoite-tsrveni-linii/ Mon, 20 Mar 2023 20:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=621788

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека неговата земја е подготвена да го спроведе договорот постигнат во Охрид, но до црвените линии.

- А нашите црвени линии, она со што не се согласуваме, нашата резервираност и на што имаме право и се изземаме од тоа -  е взаемно признавање: без признавање на Косово и без членство на Косово во Обединетите нации, изјави Дачиќ во Брисел, каде што учествува на донаторска конференција за собирање средства за Турција и Сирија.

Шефот на српската дипломатија рече дека во Охрид се зачувани српските национални интереси, јавува Радио Слободна Европа.

Тој додаде дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово ќе биде правно обврзувачко за Приштина.

Процесот на дијалог, според него, е само во насока на нормализирање на односите и ништо повеќе од тоа.

- Мислам дека ова е продолжение на она што го започнавме пред десет години и во овој поглед е многу важно да се знае дека ова е договор за натамошни чекори во нормализацијата на односите, а не за прашањата за статусот, потенцира Дачиќ.

The post Дачиќ: Србија ќе го спроведе Охридскиот договор до своите црвени линии appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека неговата земја е подготвена да го спроведе договорот постигнат во Охрид, но до црвените линии.
- А нашите црвени линии, она со што не се согласуваме, нашата резервираност и на што имаме право и се изземаме од тоа -  е взаемно признавање: без признавање на Косово и без членство на Косово во Обединетите нации, изјави Дачиќ во Брисел, каде што учествува на донаторска конференција за собирање средства за Турција и Сирија.
Шефот на српската дипломатија рече дека во Охрид се зачувани српските национални интереси, јавува Радио Слободна Европа. Тој додаде дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово ќе биде правно обврзувачко за Приштина. Процесот на дијалог, според него, е само во насока на нормализирање на односите и ништо повеќе од тоа. - Мислам дека ова е продолжение на она што го започнавме пред десет години и во овој поглед е многу важно да се знае дека ова е договор за натамошни чекори во нормализацијата на односите, а не за прашањата за статусот, потенцира Дачиќ.

The post Дачиќ: Србија ќе го спроведе Охридскиот договор до своите црвени линии appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Договорот во Охрид е за регионално помирување и забрзан влез на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eskobar-dogovorot-vo-ohrid-e-za-regionalno-pomiruvane-i-zabrzan-vlez-na-zapaden-balkan-vo-eu/ Mon, 20 Mar 2023 15:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=621673

САД уште еднаш укажаа дека целосно го подржуваат зачленувањето на Македонија во ЕУ, и сакаат земјата да стане полноправна членка на Унијата што побргу, но ги следат многу внимателно и постапките на Косово и Србија за имплементација на договореното во Охрид, и ќе продолжат со активна подршка за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград, истакна специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На денешниот брифинг за новинарите по повод успешната средба и договорот постигнат во Охрид, Ескобар изјави дека сите земји од регионот заслужуваат забрзан влез во ЕУ, но дека тоа нема да биде можно без регионално помирување и меѓусебно признавање.

Тој укажа дека и покрај тоа што во Охрид не се потпиша ништо, договор постои и тој ќе се третира целосно сериозно и е правно издржан. 

-Ова е законска обврска договорена како од Србија така и од Косово. И Европоската Унија потврди дека има договор, а тоа го потврдија и двајцата лидери. И навистина е не е потребно да се фокусираме на потписите, договорот е тука и ќе продолжиме напред, изјави Ескобар. 

Тој рече дека земјите од регионот се европски, нивната култура и историја се европски и укажа дека со „напорите на Македонија да биде домаќин и учесник во меѓународна мировна конференција која заврши успешно, регионот може да влијае позитивно на сопствената стабилност и безбедност, а со тоа и пошироко на европската безбедност“. 

- Мојата порака до Европската Унија е дека Западен Балкан е област на можности, не област на ризик, рече Ескобар. 

Тој одговори потврдно на прашање од новинар дали Србија и Косово треба да го гледаат како успешен пример договорот од Преспа склучен меѓу Македонија и Грција. Рече дека тоа е „најуспешниот модел за меѓуетничка хармонија во регионот“. 

-Во случајот со Србија и Косово, се надеваме дека тие ќе ги следат односите меѓу Грција и Македонија како добар пример. Всушност, имаше многу симболизам во Македонија, земја која има добри односи како со Србија така и сКосово... (Договорот од Преспа) е најуспешниот модел за меѓуетничка хармонија во регионот и имаше бројни причини зошто Охрид беше избран... И мило ми е што се постигна успех и што средбата се случи таму, изјави Ескобар. 

САД, посочи Ескобар, знаат дека Русија со употреба на медиумска дезинформација и онлајн активности е вклучена во опозицијата на овој план за нормализација на односите, но и во попречувањето на евроатлантската интеграција на сите земји од регионот. 

-Постои огромна количина на руско злонамерно влијание во овој процес, смета Ескопар. Укажа дека во регионот постојат поединци и групи кои го подржуваат рускиот наратив, но, како што наведе, „овој проблем е локален за кој треба локални решенија и е долготраен, а Русија се обидува да создаде проблеми внатре во постоечките проблеми, да става препреки на евроатланстката интеграција на регионот“. 

-Но реално, проблемите остануваат и се проблеми на регионот и треба да бидат решени преку она што треба да се случи, а тоа е регионално помирување. Можам да кажам дека за време на преговорите во текот на денот, Русија ниту беше спомената ниту беше присутна, и ако таа испрати некакви пораки преку викендот тие не беа ефектиивни. Имаше успешна завршница и поставивме мошне успешна насока за регионално помирување. И сметам дека тоа е позитивно, рече Ескобар. 

САД се надеваат дека Косово, кое е дел од европската семејство, ќе биде признато од сите останати земји од Европа, вклучително и петте кои се уште не го признале (Грција, Кипар, Шпанија, Словачка и Романија).

The post Ескобар: Договорот во Охрид е за регионално помирување и забрзан влез на Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

Вархеји: Посветеноста за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е храбар чекор кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varheji-posvetenosta-za-normalizatsija-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina-e-hrabar-chekor-kon-eu/ Sun, 19 Mar 2023 15:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=621264

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека посветеноста на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина покажува храброст и решителност на патот кон Европската унија.
Вархеји на својот Твитер профил им честиташе на Белград и Приштина по завршувањето на вчерашниот дијалог во Охрид под покровителство на ЕУ.

Тој напиша дека „ЕУ е подготвена да ги поддржи двете страни во процесот на имплементација“.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, синоќа во Охрид, по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека двете страни постигнале договор за имплементацискиот анекс на Договорот за патот кон нормализација на односите.

„Конечно, по 12 часа, имаме договор како да го имплементираме договорот што Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел“, изјави Борел во Охрид.

The post Вархеји: Посветеноста за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е храбар чекор кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека посветеноста на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина покажува храброст и решителност на патот кон Европската унија. Вархеји на својот Твитер профил им честиташе на Белград и Приштина по завршувањето на вчерашниот дијалог во Охрид под покровителство на ЕУ. Тој напиша дека „ЕУ е подготвена да ги поддржи двете страни во процесот на имплементација“. Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, синоќа во Охрид, по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека двете страни постигнале договор за имплементацискиот анекс на Договорот за патот кон нормализација на односите. „Конечно, по 12 часа, имаме договор како да го имплементираме договорот што Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел“, изјави Борел во Охрид.

The post Вархеји: Посветеноста за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е храбар чекор кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Tрилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trilateralnata-sredba-na-borel-i-lajchak-so-vuchik-i-kurti/ Sat, 18 Mar 2023 16:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=621041

Во Охрид попладнево почна трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград - Приштина, Мирослав Лајчак.
На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и со Лајчак.

Најавено е дека Борел по денешната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Охрид ќе се обрати пред медиумите и ќе ги информира за резултатите од разговорите, но нема да одговара на прашања.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано појасни дека станува збор за „вообичаена практика“ што се применува после секоја рунда од дијалогот во Брисел.
Стано рече дека не знае кога ќе завршат денешните средби.

The post Tрилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти appeared first on Република.

]]>

Во Охрид попладнево почна трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград - Приштина, Мирослав Лајчак. На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и со Лајчак. Најавено е дека Борел по денешната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Охрид ќе се обрати пред медиумите и ќе ги информира за резултатите од разговорите, но нема да одговара на прашања. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано појасни дека станува збор за „вообичаена практика“ што се применува после секоја рунда од дијалогот во Брисел. Стано рече дека не знае кога ќе завршат денешните средби.

The post Tрилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти appeared first on Република.

]]>
Дијалогот Белград-Приштина во Охрид е потврда дека земјава е фактор на стабилност на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dijalogot-belgrad-prishtina-vo-ohrid-e-potvrda-deka-zemjava-e-faktor-na-stabilnost-na-balkanot/ Sat, 18 Mar 2023 16:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=621037

Денешното одржување на дијалогот на високо ниво за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во Охрид се најголема потврда дека Македонија во овој момент е фактор на стабилност на Балканот, што го потврдивме преку нашето зачленување во НАТО, преку отворањето на преговорите со ЕУ и преку тоа земјава претседавач со најголемата регионална безбедносна организација - ОБСЕ во веројатно најтешката година за Европа по Втората светска војна, вели во интервју за МИА премиерот Димитар Ковачевски.

- Ова секако дека е од исклучителна важност на нашата држава со оглед на тоа дека ние сме пример дека низ дијалог и низ дипломатски средства во 21 век треба да се решаваат предизвиците помеѓу соседните држави. Очекуваме разговорите да бидат, да се водат во добар во дух и коишто се водат практично за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, а коишто на крајот треба да резултираат со интеграција на целиот регион во Европската унија, нагласува премиерот.

[caption id="attachment_620964" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]

Според него, доказ за значењето на земјава уште една потврда е и тоа што вчера првпат се одржа состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Скопје, од неговото прво заседание пред 22 години во Брисел.

- Советот испрати многу јасни пораки за тоа дека нашата држава напредува во процесот на европските интеграции. Разговаравме во детали за се она што го направивме во текот на изминатата година. А изминатата година на полето на евроинтеграциите за нас е една од најуспешните. После 17 години чекање успеавме да ги отпочнеме преговорите со Европската унија, да ја одржиме првата Меѓувладина конференција, минатата година го потпишавме во октомври Договорот со ФРОНТЕКС каде што за првпат македонскиот јазик заедно со сите други 24 јазици на Европската унија стои на еден ист договор потпишан помеѓу нашата држава и Европската унија, потенцира Ковачевски.

[caption id="attachment_620938" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]

Тој нагласува дека се добиени позитивни оценки од претставниците на ЕУ и во однос на скрининг процесот што е во тек.

- Исто така, беа испратени многу јасни пораки во однос на тоа дека ние имаме јасна преговарачка рамка која што е усвоена од страна на сите 27 земји членки на Европската унија и дека нашите преговори се одвиваат во рамки на таа преговарачка рамка и врз основа на критериумите коишто произлегуваат од критериумите за пристапување кон Европската унија, додава Ковачевски.

Премиерот во видеоинтревјуто за МИА што во целост ќе биде објавено попладнево говори и за уставните измени, како и за мерките ѓто ги презема Владата за справување со економската и енергетската криза.

The post Дијалогот Белград-Приштина во Охрид е потврда дека земјава е фактор на стабилност на Балканот appeared first on Република.

Почна заедничкиот состанок Вучиќ – Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-zaednichkiot-sostanok-vuchik-kurti/ Sat, 18 Mar 2023 15:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=621033

Заедничкиот состанок на кој учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и претставници на Европската унија (ЕУ) почна во Охрид.

Претходно, шефот за надворешна политика на ЕУ и пратеникот на Унијата за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти.

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ.

The post Почна заедничкиот состанок Вучиќ – Курти appeared first on Република.

]]>

Заедничкиот состанок на кој учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и претставници на Европската унија (ЕУ) почна во Охрид. Претходно, шефот за надворешна политика на ЕУ и пратеникот на Унијата за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти. Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ.

The post Почна заедничкиот состанок Вучиќ – Курти appeared first on Република.

]]>
Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borel-ochite-na-eu-i-na-zapaden-balkan-deneska-se-vpereni-vo-ohrid/ Sat, 18 Mar 2023 10:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=620957

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, оцени дека очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се насочени кон Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.

По интензивната шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина, со претседателот на Србија и Албин Курти ќе разговараме за имплементацијата на анексот - составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите, напиша Борел на Твитер.

Борел, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак има одвени средби во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, по што е предвидена планирана трилатерална средба.

The post Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид appeared first on Република.

Курти: Нема готов текст, следствено нема договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-nema-gotov-tekst-sledstveno-nema-dogovor/ Sat, 18 Mar 2023 10:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=620951

Оптимист сум, внимателен сум и ќе направиме се за Репулика Косово, уставноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, јавниот и народниот интерес за сите граѓани без разлика, бидејќи јас сум премиер на Републиката и на сите граѓани, истакна косовскиот премиер Албин Курти за косовските медиуми по средбата со лидерот на Демократската ујина за интеграција Али Ахмети.

Охридското Езеро е тектонско езеро, па е тивко и убаво место. Во оваа прилика, освен што сум оптимист, дојдов со намера и добра волја дека договорот постигнат претходно, кој за жал не беше потпишан во Брисел на 27 февруари, ќе продолжи преку разговори за планот за имплементација и на овој начин да се заврши договорот за нормализација, рече Курти.

Курти потенцираше дека ќе продолжуваат разговорите за планот за имлементација , бидејќи, како што рече, нема готов текст.

Се додека нема готов текст, не може да има завршување на разгоровите, па додека нема завршување на разговорите не може да има договор. Јас сум тука за принципиелен, отворен, сериозен дијалог кој треба да резултира со фоговор, а договор значи конечен и договорен текст. Не дојдов тука за разговори за разговори, туку на разговори за договори, рече Курти.

The post Курти: Нема готов текст, следствено нема договор appeared first on Република.

Пендаровски: Позитивна вест од разговорите во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за инволвираните страни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-pozitivna-vest-od-razgovorite-vo-ohrid-ke-bide-dobra-za-tseliot-region-ne-samo-za-involviranite-strani/ Sat, 18 Mar 2023 10:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=620948

Позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани. Тоа денеска од Охрид го порача претседателот Стево Пендаровски, во врска со средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, што под покровителство на ЕУ се одржува во Охрид.

За текот на разговорите и очекувањата од нив, Пендаровски рече дека не може да даде каква било проценка бидејќи, како што рече „не сме дел од преговорите, туку само домаќини“.

Имав средби со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти, но само се поздравив со нив и им посакав успешна работа. Тоа кажувам, не можам да знам, бидејќи не сум на маса на преговорите. Македнија е само домаќин и ве уверувам дека ќе бидеме одлични домаќини. Претпоставувам дека тоа макар малку може да придонесе за позитивен исход од овие разговори, рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Позитивна вест од разговорите во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за инволвираните страни appeared first on Република.

]]>

Позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани. Тоа денеска од Охрид го порача претседателот Стево Пендаровски, во врска со средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, што под покровителство на ЕУ се одржува во Охрид. За текот на разговорите и очекувањата од нив, Пендаровски рече дека не може да даде каква било проценка бидејќи, како што рече „не сме дел од преговорите, туку само домаќини“.
Имав средби со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти, но само се поздравив со нив и им посакав успешна работа. Тоа кажувам, не можам да знам, бидејќи не сум на маса на преговорите. Македнија е само домаќин и ве уверувам дека ќе бидеме одлични домаќини. Претпоставувам дека тоа макар малку може да придонесе за позитивен исход од овие разговори, рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Позитивна вест од разговорите во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за инволвираните страни appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Обраќање на Ковачевски во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-obrakane-na-kovachevski-vo-ohrid/ Sat, 18 Mar 2023 09:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=620942

Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски по и официјалниот почеток на состанокот на високо ниво во рамки на дијалогот Белград-Приштина под покровителство на ЕУ, што се одржува во Охрид:

The post ВО ЖИВО: Обраќање на Ковачевски во Охрид appeared first on Република.

И Вучиќ пристигна во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-vuchik-pristigna-vo-ohrid/ Sat, 18 Mar 2023 09:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=620936

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при што посакувајќи му добредојде и успешни разговори, ја потврди важноста која земјава ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво меѓу Белград и Приштина посветен на нормализација на односите.

Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот.

Во соопштението се вели дека Македонија е пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните и дека земјата преку решителни чекори обезбедила пред сѐ безбедност и континуиран развој, и „од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи“.

Двајцата соговрници се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите.

Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, се додава во соопштението.

https://youtube.com/watch?v=N__Kq0mY-Hg&feature=shares

The post И Вучиќ пристигна во Охрид appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при што посакувајќи му добредојде и успешни разговори, ја потврди важноста која земјава ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво меѓу Белград и Приштина посветен на нормализација на односите. Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот. Во соопштението се вели дека Македонија е пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните и дека земјата преку решителни чекори обезбедила пред сѐ безбедност и континуиран развој, и „од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи“. Двајцата соговрници се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите. Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, се додава во соопштението. https://youtube.com/watch?v=N__Kq0mY-Hg&feature=shares

The post И Вучиќ пристигна во Охрид appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ги пречека Борел и Лајчак во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-gi-precheka-borel-i-lajchak-vo-ohrid/ Sat, 18 Mar 2023 09:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=620925

Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина во Охрид, ги пречека високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград - Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На дијалогот посветен на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на Европската Унија, учествуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на Ковачевски со Борел и Лајчак беше истакната взамената заложба за решавање на сите отворени прашања по пат на дијалог, за што „Македонија е одличен пример“.

Сите досегашни преземени чекори и разрешени прашања по пат на отворен дијалог, обезбедија пред сѐ безбедност и континуиран развој, а Cеверна Македонија од заробена и изолирана држава денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи, земја со обезбедени услови за напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните, се наведува во соопштението.

Ковачевски, и неговите соговорници се согласија дека местото на Западен Балкан е во Европската Унија особено во услови на геополитички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на европскиот континент.

Во тој контекст изразија задоволство од отвореноста на Србија и Косово по пат на дијалог да ги решаваат отворените прашања во име на подобра иднина за целиот Западен Балкан, каде конфликтите и несогласувањата треба да се остават за минатото време, се додава во соопштението.

https://youtube.com/watch?v=br-XcBP3GwI&feature=shares

The post Ковачевски ги пречека Борел и Лајчак во Охрид appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина во Охрид, ги пречека високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград - Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. На дијалогот посветен на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на Европската Унија, учествуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на Ковачевски со Борел и Лајчак беше истакната взамената заложба за решавање на сите отворени прашања по пат на дијалог, за што „Македонија е одличен пример“.
Сите досегашни преземени чекори и разрешени прашања по пат на отворен дијалог, обезбедија пред сѐ безбедност и континуиран развој, а Cеверна Македонија од заробена и изолирана држава денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи, земја со обезбедени услови за напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните, се наведува во соопштението.
Ковачевски, и неговите соговорници се согласија дека местото на Западен Балкан е во Европската Унија особено во услови на геополитички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на европскиот континент.
Во тој контекст изразија задоволство од отвореноста на Србија и Косово по пат на дијалог да ги решаваат отворените прашања во име на подобра иднина за целиот Западен Балкан, каде конфликтите и несогласувањата треба да се остават за минатото време, се додава во соопштението.
https://youtube.com/watch?v=br-XcBP3GwI&feature=shares

The post Ковачевски ги пречека Борел и Лајчак во Охрид appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се сретна со Курти во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-sretna-so-kurti-vo-ohrid/ Sat, 18 Mar 2023 09:07:23 +0000 https://republika.mk/?p=620922

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид оствари билатерална средба со неговиот косовски колега Албин Курти, кој допатува во земјава за да учествува на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што се одржува по покровителство на ЕУ.

Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски му посака добредојде и успешни разговори на Курти, како важен чекор за консолидација на регионот и неговата европска интеграција.

Премиерот Ковачевски го поздрави учеството на Косово во дијалогот со Србија и во однос на актуелниот европски предлог за нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово, заеднички беше заклучено дека е исклучително важно да се вложат сите напори за изнаоѓање решение и забрзување на евро-интегративниот процес, кој е важен за сите земји од Западен Балкан, се наведува во соопштението.

На средбата, Ковачевски нагласил дека Македонија е пример за земја која по пат на добрососедство, дијалог и компромис постигна историски договори кои го трасираа патот на нашата земја кон Европската Унија и НАТО.

Токму тој пристап обезбеди членство во НАТО, одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во јули минатата година, како и целосна заштита на македонскиот јазик, идентитет и македонските идентитетски обележја, се наведува во соопштението.

Ковачевски ја реафирмирал поддршката на Македонија на евроатлантските аспирации на Косово и подготвеноста да даде свој придонес во оваа насока.

Ковачевски и Курти се согласија дека воените дејствија и раздори карактеристични за Балканот, треба еднаш засекогаш да станат минато, а регионот да се движи кон напредок, добрососедство и градење на силна економија која значи подобар стандард за сите граѓани, се додава во соопштението.

https://youtube.com/watch?v=WUlD-U4-0SU&feature=shares

The post Ковачевски се сретна со Курти во Охрид appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид оствари билатерална средба со неговиот косовски колега Албин Курти, кој допатува во земјава за да учествува на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што се одржува по покровителство на ЕУ. Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски му посака добредојде и успешни разговори на Курти, како важен чекор за консолидација на регионот и неговата европска интеграција.
Премиерот Ковачевски го поздрави учеството на Косово во дијалогот со Србија и во однос на актуелниот европски предлог за нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово, заеднички беше заклучено дека е исклучително важно да се вложат сите напори за изнаоѓање решение и забрзување на евро-интегративниот процес, кој е важен за сите земји од Западен Балкан, се наведува во соопштението.
На средбата, Ковачевски нагласил дека Македонија е пример за земја која по пат на добрососедство, дијалог и компромис постигна историски договори кои го трасираа патот на нашата земја кон Европската Унија и НАТО.
Токму тој пристап обезбеди членство во НАТО, одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во јули минатата година, како и целосна заштита на македонскиот јазик, идентитет и македонските идентитетски обележја, се наведува во соопштението.
Ковачевски ја реафирмирал поддршката на Македонија на евроатлантските аспирации на Косово и подготвеноста да даде свој придонес во оваа насока.
Ковачевски и Курти се согласија дека воените дејствија и раздори карактеристични за Балканот, треба еднаш засекогаш да станат минато, а регионот да се движи кон напредок, добрососедство и градење на силна економија која значи подобар стандард за сите граѓани, се додава во соопштението.
https://youtube.com/watch?v=WUlD-U4-0SU&feature=shares

The post Ковачевски се сретна со Курти во Охрид appeared first on Република.

]]>
Вучиќ на маса со Курти денеска во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vuchik-na-masa-so-kurti-deneska-vo-ohrid/ Sat, 18 Mar 2023 07:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=620906

Како продолжение на дискусијата од 27 февруари во Брисел на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, денеска во Охрид во организација на премиерот Димитар Ковачевски, а под покровителство на Европската унија, ќе се одржи средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти.

Жозеп Борел, високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, како претставници на Брисел ќе се обидат на Вучиќ и на Курти да им ги приближат решенијата што ги предлага Запад во насока на патот кон нормализација на меѓусебните односи.

Официјален Брисел очекува на средбата да се усогласат ставовите за имплементацискиот анекс на договорот, што се смета за составен дел на документот.

Доколку тоа се случи... тогаш Западниот Балкан ќе слави голем чекор напред кон патот на Европската унија, рече Борел завчера во Тирана, каде што учествуваше на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ - Албанија. - Договорот ќе ги постави нивните односи на нова поодржлива основа и ќе обезбеди дека дијалогот ќе продолжи на неговата траекторија кон целосна нормализација, рече Борел, повторувајќи ги неговите објавени блог-коментари.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред патувањето за Охрид изрази надеж дека ќе имa пристоен разговор, со можност да се придвижат работите, но и дека не доаѓа тука со пораки, бидејќи кажал се што имал пред специјалните претставници за дијалог од ЕУ и од САД, Мирослав Лајчак и Гарбиел Ескобар.

Не патувам за Охрид со пораки, туку ги застапувам интересите на државата Србија и нашиот народ на Косово и Метохија, рече Вучиќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-nishto-ne-potpishuvam-vo-ohrid/

Се надевам на пристоен разговор и дека ќе можеме да ги придвижиме работите, а дали тоа ќе се случи или не, не сум премногу оптимист. Што се однесува до Србија, Србија е секогаш подготвена да разговара за компромисни решенија, се друго знаете, ништо не сменети од парламентарните дискусии и заклучоците што ги дојдовме, рече тој

Косовскиот премиер, Албин Курти, и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар во Приштина разговараа за денешната средба во Охрид, при што Курти им се заблагодари на САД и на Ескобар за нивната посветеност и придонес во дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Владата во Приштина соопшти дека предлогот на ЕУ е „прифатен од Косово како добра основа и солидна платформа за движење напред кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со взаемно признавање “.

Посветена, конструктивна и креативна, делегацијата на косовската влада со добра волја и добри намери патува во Охрид, се наведува во соопштението.

https://republika.mk/vesti/balkan/dali-eu-i-sad-mu-podgotvuvaat-na-vuchik-ohridski-ramkoven/

Косово прогласи независност од Белград во 2008 година, што беше призната од повеќето земји на ЕУ, со исклучок на Грција, Шпанија, Романија, Словачка и Кипар.

Од 2011 година Србија и Косово се ангажирани во дијалогот инциран и предводен од Брисел. Во 2013 година тогашните премиери на двете земји, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, го постигнаа т.н. Бриселски договор, но многу елементи од него останаа неимплементирани до денес.

Главниот камен на сопнување во процесот е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што Приштина одбива да го спроведе, стравувајќи дека тоа ќе создаде ентитет сличен на Република Српска во земјата, што потоа ќе ја загрози нејзината функционалност.

Косовскиот премиер, Албин Курти, смета дека основниот договор меѓу Косово и Србија претставува напредок кон взаемно признавање меѓу двете држави. - Сметаме дека целосната нормализација на односите бара такво признавање како централна точка на договорот, вели тој.

Според најавената агенда на разговорите во Охрид, прво се предвидени одвоени средби на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак со двете делегации, а потоа е предвидена и заедничка средба. По завршувањето на средбите во вилите „Билјана“ и „Охрид“, најавено е обраќање на Борел пред медиумите.

Средби со Борел и со Лајчак ќе има и премиерот Ковачески, а најавени се и тет-а-тет средби со Вучиќ и Курти,

Инаку, за средбата има голем интерес кај медиумите од регионот и од целиот свет, со акредитирани 230 новинари и сниматели од бројни медиумски куќи.

За време на одржувањето на состанокот на подрачјето на Охрид на сила ќе бидат соодветни безбедносни мерки, со физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти.

The post Вучиќ на маса со Курти денеска во Охрид appeared first on Република.

]]>

Како продолжение на дискусијата од 27 февруари во Брисел на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, денеска во Охрид во организација на премиерот Димитар Ковачевски, а под покровителство на Европската унија, ќе се одржи средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти. Жозеп Борел, високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, како претставници на Брисел ќе се обидат на Вучиќ и на Курти да им ги приближат решенијата што ги предлага Запад во насока на патот кон нормализација на меѓусебните односи. Официјален Брисел очекува на средбата да се усогласат ставовите за имплементацискиот анекс на договорот, што се смета за составен дел на документот.
Доколку тоа се случи... тогаш Западниот Балкан ќе слави голем чекор напред кон патот на Европската унија, рече Борел завчера во Тирана, каде што учествуваше на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ - Албанија. - Договорот ќе ги постави нивните односи на нова поодржлива основа и ќе обезбеди дека дијалогот ќе продолжи на неговата траекторија кон целосна нормализација, рече Борел, повторувајќи ги неговите објавени блог-коментари.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред патувањето за Охрид изрази надеж дека ќе имa пристоен разговор, со можност да се придвижат работите, но и дека не доаѓа тука со пораки, бидејќи кажал се што имал пред специјалните претставници за дијалог од ЕУ и од САД, Мирослав Лајчак и Гарбиел Ескобар.
Не патувам за Охрид со пораки, туку ги застапувам интересите на државата Србија и нашиот народ на Косово и Метохија, рече Вучиќ.
https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-nishto-ne-potpishuvam-vo-ohrid/
Се надевам на пристоен разговор и дека ќе можеме да ги придвижиме работите, а дали тоа ќе се случи или не, не сум премногу оптимист. Што се однесува до Србија, Србија е секогаш подготвена да разговара за компромисни решенија, се друго знаете, ништо не сменети од парламентарните дискусии и заклучоците што ги дојдовме, рече тој
Косовскиот премиер, Албин Курти, и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар во Приштина разговараа за денешната средба во Охрид, при што Курти им се заблагодари на САД и на Ескобар за нивната посветеност и придонес во дијалогот меѓу Приштина и Белград. Владата во Приштина соопшти дека предлогот на ЕУ е „прифатен од Косово како добра основа и солидна платформа за движење напред кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со взаемно признавање “.
Посветена, конструктивна и креативна, делегацијата на косовската влада со добра волја и добри намери патува во Охрид, се наведува во соопштението.
https://republika.mk/vesti/balkan/dali-eu-i-sad-mu-podgotvuvaat-na-vuchik-ohridski-ramkoven/ Косово прогласи независност од Белград во 2008 година, што беше призната од повеќето земји на ЕУ, со исклучок на Грција, Шпанија, Романија, Словачка и Кипар. Од 2011 година Србија и Косово се ангажирани во дијалогот инциран и предводен од Брисел. Во 2013 година тогашните премиери на двете земји, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, го постигнаа т.н. Бриселски договор, но многу елементи од него останаа неимплементирани до денес. Главниот камен на сопнување во процесот е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што Приштина одбива да го спроведе, стравувајќи дека тоа ќе создаде ентитет сличен на Република Српска во земјата, што потоа ќе ја загрози нејзината функционалност. Косовскиот премиер, Албин Курти, смета дека основниот договор меѓу Косово и Србија претставува напредок кон взаемно признавање меѓу двете држави. - Сметаме дека целосната нормализација на односите бара такво признавање како централна точка на договорот, вели тој. Според најавената агенда на разговорите во Охрид, прво се предвидени одвоени средби на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак со двете делегации, а потоа е предвидена и заедничка средба. По завршувањето на средбите во вилите „Билјана“ и „Охрид“, најавено е обраќање на Борел пред медиумите. Средби со Борел и со Лајчак ќе има и премиерот Ковачески, а најавени се и тет-а-тет средби со Вучиќ и Курти, Инаку, за средбата има голем интерес кај медиумите од регионот и од целиот свет, со акредитирани 230 новинари и сниматели од бројни медиумски куќи. За време на одржувањето на состанокот на подрачјето на Охрид на сила ќе бидат соодветни безбедносни мерки, со физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти.

The post Вучиќ на маса со Курти денеска во Охрид appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, Борел и Лајчак пристигнаа во Охрид за претстојниот дијалог помеѓу Србија и Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-borel-i-lajchak-pristignaa-vo-ohrid-za-pretstojniot-dijalog-pomegu-srbija-i-kosovo/ Fri, 17 Mar 2023 19:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=620837

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан Мирослав Лајчак, пристигнаа во Охрид во пресрет на утрешниот дијалог меѓу Србија и Косово, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Ковачевски е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој ќе учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, под покровителство на Европската Унија.

Како дел од агендата на премиерот Ковачевски, тој вечерва ќе има средба со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар и американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер.

Пред почетокот на дијалогот, Ковачевски ќе се сретне со Борел и Лајчак, а ќе одржи и тет-а-тет средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.

Република Cеверна Македонија е избрана за домаќин на овој важен состанок бидејќи е пример за земја која што сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог и во функција на напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Потпишаните договори - Охридскиот, Преспанскиот, како и Договорот за добрососедство, се потврда за трајната заложба преку отворен дијалог да го трасираме патот на сегашниот и идниот развој на земјата. Преку овие јасни чекори кои обезбедија пред сѐ безбедност и континуиран развој, Cеверна Македонија од заробена и изолирана држава денес, пет кратки години подоцна, е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи и почитуван партнер на меѓународната заедница. Државите од Западниот Балкан припаѓаат во Европската Унија и до решенија на сите преостанати отворени прашања ќе се дојде само преку дијалог. Република Cеверна Македонија и натаму ќе продолжи да дава активен придонес во оваа насока, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

The post Ковачевски, Борел и Лајчак пристигнаа во Охрид за претстојниот дијалог помеѓу Србија и Косово appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан Мирослав Лајчак, пристигнаа во Охрид во пресрет на утрешниот дијалог меѓу Србија и Косово, соопшти владината прес-служба. Премиерот Ковачевски е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој ќе учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, под покровителство на Европската Унија. Како дел од агендата на премиерот Ковачевски, тој вечерва ќе има средба со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар и американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер. Пред почетокот на дијалогот, Ковачевски ќе се сретне со Борел и Лајчак, а ќе одржи и тет-а-тет средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.
Република Cеверна Македонија е избрана за домаќин на овој важен состанок бидејќи е пример за земја која што сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог и во функција на напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Потпишаните договори - Охридскиот, Преспанскиот, како и Договорот за добрососедство, се потврда за трајната заложба преку отворен дијалог да го трасираме патот на сегашниот и идниот развој на земјата. Преку овие јасни чекори кои обезбедија пред сѐ безбедност и континуиран развој, Cеверна Македонија од заробена и изолирана држава денес, пет кратки години подоцна, е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи и почитуван партнер на меѓународната заедница. Државите од Западниот Балкан припаѓаат во Европската Унија и до решенија на сите преостанати отворени прашања ќе се дојде само преку дијалог. Република Cеверна Македонија и натаму ќе продолжи да дава активен придонес во оваа насока, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

The post Ковачевски, Борел и Лајчак пристигнаа во Охрид за претстојниот дијалог помеѓу Србија и Косово appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Ништо не потпишувам во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-nishto-ne-potpishuvam-vo-ohrid/ Fri, 17 Mar 2023 19:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=620833

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на продолжението на разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид „нема да потпише ништо“, туку дека „ќе разговара за нормализација на односите“.

На митингот во Сремска Митровица, Вучиќ рече дека Белград мора да разговара со властите во Приштина, „особено затоа што многу од нив сакаат да го скршат столбот на слободна, слободарска и независна Србија“.

На митингот во Сремска Митровица, кој се одржа во исто време со собирот на десничарските опозициски партии во Белград против француско-германскиот план за Косово, Вучиќ изјави дека „не можат да го уценуваат“.

„Но, ние ги знаеме нашите црвени линии во секое време...Сега повеќе од кога било ни треба мудрост, потребен ни е мир, не неодговорност“.

The post Вучиќ: Ништо не потпишувам во Охрид appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на продолжението на разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид „нема да потпише ништо“, туку дека „ќе разговара за нормализација на односите“. На митингот во Сремска Митровица, Вучиќ рече дека Белград мора да разговара со властите во Приштина, „особено затоа што многу од нив сакаат да го скршат столбот на слободна, слободарска и независна Србија“. На митингот во Сремска Митровица, кој се одржа во исто време со собирот на десничарските опозициски партии во Белград против француско-германскиот план за Косово, Вучиќ изјави дека „не можат да го уценуваат“. „Но, ние ги знаеме нашите црвени линии во секое време...Сега повеќе од кога било ни треба мудрост, потребен ни е мир, не неодговорност“.

The post Вучиќ: Ништо не потпишувам во Охрид appeared first on Република.

]]>