среда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sreda/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 08:03:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png среда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sreda/ 32 32 Среда е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sreda-e-neraboten-den-za-graganite-od-pravoslavna-veroispoved/ Fri, 23 Aug 2024 08:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=809287

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

 

The post Среда е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед appeared first on Република.

]]>

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.  

The post Среда е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед appeared first on Република.

]]>
Утре погледнете кон небото: Првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-poglednete-kon-neboto-prvata-sreda-po-veligden-ima-posebna-mok-eve-shto-treba-da-napravite-koga-ke-se-smrachi/ Tue, 07 May 2024 08:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=774944

Неделата по Велигден е полна со бројни убави обичаи и верувања. Утрешниот ден, првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда. Постарите велат дека утре вечер треба да се гледа во небото. Ако е ведро, без облаци и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија.

Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека утре по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.

Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија – да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало.

Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која ѝ е посветена, па оттука грешникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш…

Денот утре се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на тој ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло. Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.

The post Утре погледнете кон небото: Првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи appeared first on Република.

]]>

Неделата по Велигден е полна со бројни убави обичаи и верувања. Утрешниот ден, првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда. Постарите велат дека утре вечер треба да се гледа во небото. Ако е ведро, без облаци и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија. Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека утре по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда. Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија – да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало. Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која ѝ е посветена, па оттука грешникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш… Денот утре се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на тој ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло. Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.

The post Утре погледнете кон небото: Првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи appeared first on Република.

]]>
Владика Петар: На гласањето во среда да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladika-petar-na-glasaneto-vo-sreda-da-napravime-vistinski-izbor-megu-dobroto-i-zloto-megu-boga-i-gavolot/ Sun, 05 May 2024 16:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=774560

„И како што по Адама сите умираат, така и по Христа сите ќе оживеат (ќе воскреснат)“ (1 Кор. 15, 22)

Возљубени, браќа и сестри, во Христа Воскреснатиот!

Велигден е! Осамна најсветлиот ден во историјата на човечкиот род. Христос осудениот, се јави како Судија на светот. Телото на Распнатиот Христос, само три дена остана во гробот. Неговото шамарано и исплукано Лице, блесна како сонце, а лутите рани светнаа како ѕвезди. Неговото, во ужасни рани Тело, се појави во прекрасна убавина и се облече во небесна слава. Накажаниот Христос се покажа како семоќен Господар на небесата и на земјата и како Животодавец. Неправедно осудениот, стана праведен Судија на живите и мртвите и Спасител на светот.

Христос Воскресе! И наместо трновиот венец на Неговата Глава – блеска венецот на Царот на славата; осамениот на Крстот – опколен е од ангелски војски; удрен беше пастирот и овците (учениците) се разбегаа, а денес половина милијарда следбеници Го слават. Тесниот гроб стана причина Нему да Му се посветат стотици илјади храмови по целата земја. Крвта од раните Негови, стана Животворен пијалок на верните. Тогаш непознатиот – сега е најпознат. Тогаш загадочниот – сега е клуч на сите загатки. Тогаш најодалечениот – сега е најблизок на секое човечко срце.

Возљубени чеда во Воскреснатиот Победник!

Денес е Пасха Господова, а Пасха значи премин од смрт кон живот, односно Воскресение – Велигден. Тоа е празник над празниците и празнување над празнувањата. Како што сонцето ги надминува ѕвездите, така и Велигден неискажливо ги надминува сите други празнувања, не само човечки и земни, туку и Христови. Така, и оваа велигденска ноќ имаме прекрасна светлина; со сјајот на таа светлина, се озарени сите наши храмови и сите наши домови; луѓе од сите професии и од сите класи, млади и стари, со многубројни свеќи ја осветлуваат ноќта како што сонцето со својата силна светлина го осветлува целиот свет. Оваа велигденска светлина е многу блескава и сјајна, затоа што го славиме Христовото Воскресение, кое е реалност, кое што го измири целиот свет со себе и ни ги отвори портите на рајот, давајќи ни живот вечен.

Христос Воскресе, и со Своето Воскресение на сите луѓе и на целиот свет животот го осмисли. Он ни покажа дека човекот без Бога е мртов и останува во смртта. Христос воскресна од мртвите и ја победи смртта, заради нас, обезбедувајќи му на човекот бесмртност. Неговото Воскресение е најважниот настан во историјата на човештвото и целиот свет.

Доколку Христос не воскреснеше, каков ќе беше нашиот живот? Тој ќе беше краток пат од купелот до гробот, пат полн со трње, страдање и ужас. Но, со Воскреснатиот Христос, сè се менува, односно сите ние се менуваме и стануваме бесмртни луѓе и битија, кои се посилни од смртта. И така, човекот стана посилен од смртта! Тоа е победа, единствената вистинска победа на овој свет, бидејќи Господ е Единствениот Вистински Победник во сите векови. Доколку не воскреснеше Господ, сè ќе беше залудно. Каква полза од сонцето и од небото, ако сите луѓе завршат со смрт и нашата последна станица би бил гробот! Светиот апостол Павле вели: „Ако Христос не воскреснеше, празна е нашата проповед, празна е нашата вера“ (1. Кор. 15,14).

Возљубени браќа и сестри во Христа Распнатиот и Воскреснатиот!

Христос нашиот Бог, со распнувањето на Крстот и вкусувајќи смрт, ја уништи смртта со Својата смрт, а потоа со душата и со Крстот слезе во адот, за да ги избави Адама и старозаветните праведници од адот. Откако ги скрши резињата на вратите на адот, повторно влезе со Својата душа во Своето тело и Воскресна од мртвите.

Воскресението Христово е и наше воскресение, како што и славата Христова е и наша слава.

Отворајќи го Својот гроб, со Воскресението, Христос ги отвори и гробовите на сите луѓе. Земјава, која беше огромна гробница на сите луѓе, во која имаше труб до труб, мртовец до мртвовец, страдалник до страдалник, грев до грев, се измени, зашто Христовиот гроб стана извор на животот со Неговото Воскресение, кое е извор на нашето воскресение од мртвите, па така смртниот човек станува бесмртен, а земјата ја заменува Царството Небесно, во кое царува Троичниот Бог, а во него се: Мајката Божја, Небесните Сили и Сите Свети.

Најмили наши чеда во Христа Преобразителот и Спасителот!

Во оваа Светла Воскресенска Седмица, во нашата земја Македонија се одржуваат избори. Граѓаните на Македонија ќе изберат Претседател на државата и пратеници во Парламентот. Нашиот народ е мудар и знае да направи правилен избор. На новоизбраниот Претседател, пратениците и на Владата, им посакуваме успех во извршувањето на одговорните задачи за добробитот на сите граѓани на нашата Татковина. Како одговорни за извршувањето на вашата должност, особено вам на православните пратеници, ви укажуваме да не заборавите дека доследно и крајно одговорно треба да се грижите, да не бидат во ништо запоставени духовните, културните, националните и општочовечките вредности, кои извираат од учењето на нашата Света Православна Вера и Црква.

Не заборавајте при донесувањето на врвните одлуки за доброто на граѓаните и општеството да се сообразувате со погоре посочените упатства, имајќи ги предвид зборовите на апостолот Петар и другите Апостоли: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 5, 29), односно да се спротивставите, по секоја цена, на сè што е спротивно на Божјите и природните закони, како и на Божјата волја, заради вашето и спасението на сите луѓе.

Граѓаните, пак, особено оние од Православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи кои што се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот.

Празникољубци! Во оваа прилика, сакаме да обрнеме внимание и да укажаме на еден друг, уште побитен, посуштински и спасоносен избор.

Имено, ние како слободни битија, создадени по Божјиот образ и подобие, го поседуваме дарот на слободната волја и имаме можност слободно да одлучуваме и избираме. Во нашиот живот често сме биле пред избор, уште од најмала возраст. Така, избиравме која играчка ја сакаме, со кои другарчиња ќе играме и ќе се дружиме, кој спорт ќе го избереме, во кое училиште ќе се запишеме, на кој факултет ќе студираме, кого или која ќе ги избереме за брачен другар/ка, какво возило, стан или куќа ќе купиме итн. Сето ова е во ред.

Но, пред секој човек, пред секој од нас, во овој живот, се поставени неколку клучни избори: ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?

Кога сме пред овој избор, да се потсетиме на Христовите зборови: „Јас Сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14, 6). „Јас Сум добриот Пастир, Кој ја полага душата Своја за овците“ (Јован 10, 11); „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8, 12); „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3, 16). И сега, ќе се одлучиме ли да Го следиме Бога и да се уподобуваме на Него, или, пак, ќе се одлучиме за спротивното т.е. ќе ја искористиме ли нашата, од Бога дарувана слобода, за да го следиме ѓаволот, отфрлајќи Го Бога.

Богочовекот Исус Христос го победи ѓаволот, гревот и смртта. И тоа, ги победи заради нас. И воскресна, обезбедувајќи ни живот вечен. Ѓаволот, неговите демони, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме; дали ќе учествуваме во победата на Христа Воскреснатиот, или, во поразот на ѓаволот. Никакви други победи или порази, не се толку важни на овој свет, и никаков друг посуштински избор немаме. Значи, или ќе бидеме со Христа и Неговата Црква или со ѓаволот и неговите лажни, телесни, преодни и минливи уживања и наслади во овој свет. Одлуката е само наша. Затоа да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот, прифаќајќи ги доброто и Бога, а отфрлајќи го злото и ѓаволот. Ако го направиме тој избор, ние навистина ќе бидеме слободни, бидејќи нема да му робуваме на злото и ѓаволот.

Возљубени чеда во воскресенската радост!

Христос нашиот Бог беше жртвуван за нас, како Јагне заклан беше, и подаден на сите верни, заради простување на гревовите и живот вечен. Ете, и сега и во иднина, нè повикува сите да пристапиме кон приготвената Божја трпеза, на која е Он, Божјото Јагне. Да земеме учество во Пасхата; да не се лишуваме од оваа спасоносна и неискажлива Тајна; да пристапиме и да се насладиме со Животворниот Леб и Животворниот пијалок – Телото и Крвта Христови. Ете, со таква гозба, со таква трпеза, со такво празнување нè угостува Оној, Кој заради нас претрпе страдања, умре и Воскресна.

Да се радуваме возљубени празникољупци и да се прегрнеме еден со друг; да се просветлиме и да си простиме сè заради Воскресението. Амин!

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Ваш постојанен молитвеник пред Христа Воскреснатиот,

Митрополит Преспанско-пелагониски и

Администратор Австралиски и Новозеландски

† Петар

 

The post Владика Петар: На гласањето во среда да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот appeared first on Република.

]]>

„И како што по Адама сите умираат, така и по Христа сите ќе оживеат (ќе воскреснат)“ (1 Кор. 15, 22) Возљубени, браќа и сестри, во Христа Воскреснатиот! Велигден е! Осамна најсветлиот ден во историјата на човечкиот род. Христос осудениот, се јави како Судија на светот. Телото на Распнатиот Христос, само три дена остана во гробот. Неговото шамарано и исплукано Лице, блесна како сонце, а лутите рани светнаа како ѕвезди. Неговото, во ужасни рани Тело, се појави во прекрасна убавина и се облече во небесна слава. Накажаниот Христос се покажа како семоќен Господар на небесата и на земјата и како Животодавец. Неправедно осудениот, стана праведен Судија на живите и мртвите и Спасител на светот. Христос Воскресе! И наместо трновиот венец на Неговата Глава – блеска венецот на Царот на славата; осамениот на Крстот – опколен е од ангелски војски; удрен беше пастирот и овците (учениците) се разбегаа, а денес половина милијарда следбеници Го слават. Тесниот гроб стана причина Нему да Му се посветат стотици илјади храмови по целата земја. Крвта од раните Негови, стана Животворен пијалок на верните. Тогаш непознатиот – сега е најпознат. Тогаш загадочниот – сега е клуч на сите загатки. Тогаш најодалечениот – сега е најблизок на секое човечко срце. Возљубени чеда во Воскреснатиот Победник! Денес е Пасха Господова, а Пасха значи премин од смрт кон живот, односно Воскресение – Велигден. Тоа е празник над празниците и празнување над празнувањата. Како што сонцето ги надминува ѕвездите, така и Велигден неискажливо ги надминува сите други празнувања, не само човечки и земни, туку и Христови. Така, и оваа велигденска ноќ имаме прекрасна светлина; со сјајот на таа светлина, се озарени сите наши храмови и сите наши домови; луѓе од сите професии и од сите класи, млади и стари, со многубројни свеќи ја осветлуваат ноќта како што сонцето со својата силна светлина го осветлува целиот свет. Оваа велигденска светлина е многу блескава и сјајна, затоа што го славиме Христовото Воскресение, кое е реалност, кое што го измири целиот свет со себе и ни ги отвори портите на рајот, давајќи ни живот вечен. Христос Воскресе, и со Своето Воскресение на сите луѓе и на целиот свет животот го осмисли. Он ни покажа дека човекот без Бога е мртов и останува во смртта. Христос воскресна од мртвите и ја победи смртта, заради нас, обезбедувајќи му на човекот бесмртност. Неговото Воскресение е најважниот настан во историјата на човештвото и целиот свет. Доколку Христос не воскреснеше, каков ќе беше нашиот живот? Тој ќе беше краток пат од купелот до гробот, пат полн со трње, страдање и ужас. Но, со Воскреснатиот Христос, сè се менува, односно сите ние се менуваме и стануваме бесмртни луѓе и битија, кои се посилни од смртта. И така, човекот стана посилен од смртта! Тоа е победа, единствената вистинска победа на овој свет, бидејќи Господ е Единствениот Вистински Победник во сите векови. Доколку не воскреснеше Господ, сè ќе беше залудно. Каква полза од сонцето и од небото, ако сите луѓе завршат со смрт и нашата последна станица би бил гробот! Светиот апостол Павле вели: „Ако Христос не воскреснеше, празна е нашата проповед, празна е нашата вера“ (1. Кор. 15,14). Возљубени браќа и сестри во Христа Распнатиот и Воскреснатиот! Христос нашиот Бог, со распнувањето на Крстот и вкусувајќи смрт, ја уништи смртта со Својата смрт, а потоа со душата и со Крстот слезе во адот, за да ги избави Адама и старозаветните праведници од адот. Откако ги скрши резињата на вратите на адот, повторно влезе со Својата душа во Своето тело и Воскресна од мртвите. Воскресението Христово е и наше воскресение, како што и славата Христова е и наша слава. Отворајќи го Својот гроб, со Воскресението, Христос ги отвори и гробовите на сите луѓе. Земјава, која беше огромна гробница на сите луѓе, во која имаше труб до труб, мртовец до мртвовец, страдалник до страдалник, грев до грев, се измени, зашто Христовиот гроб стана извор на животот со Неговото Воскресение, кое е извор на нашето воскресение од мртвите, па така смртниот човек станува бесмртен, а земјата ја заменува Царството Небесно, во кое царува Троичниот Бог, а во него се: Мајката Божја, Небесните Сили и Сите Свети. Најмили наши чеда во Христа Преобразителот и Спасителот! Во оваа Светла Воскресенска Седмица, во нашата земја Македонија се одржуваат избори. Граѓаните на Македонија ќе изберат Претседател на државата и пратеници во Парламентот. Нашиот народ е мудар и знае да направи правилен избор. На новоизбраниот Претседател, пратениците и на Владата, им посакуваме успех во извршувањето на одговорните задачи за добробитот на сите граѓани на нашата Татковина. Како одговорни за извршувањето на вашата должност, особено вам на православните пратеници, ви укажуваме да не заборавите дека доследно и крајно одговорно треба да се грижите, да не бидат во ништо запоставени духовните, културните, националните и општочовечките вредности, кои извираат од учењето на нашата Света Православна Вера и Црква. Не заборавајте при донесувањето на врвните одлуки за доброто на граѓаните и општеството да се сообразувате со погоре посочените упатства, имајќи ги предвид зборовите на апостолот Петар и другите Апостоли: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 5, 29), односно да се спротивставите, по секоја цена, на сè што е спротивно на Божјите и природните закони, како и на Божјата волја, заради вашето и спасението на сите луѓе. Граѓаните, пак, особено оние од Православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи кои што се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот. Празникољубци! Во оваа прилика, сакаме да обрнеме внимание и да укажаме на еден друг, уште побитен, посуштински и спасоносен избор. Имено, ние како слободни битија, создадени по Божјиот образ и подобие, го поседуваме дарот на слободната волја и имаме можност слободно да одлучуваме и избираме. Во нашиот живот често сме биле пред избор, уште од најмала возраст. Така, избиравме која играчка ја сакаме, со кои другарчиња ќе играме и ќе се дружиме, кој спорт ќе го избереме, во кое училиште ќе се запишеме, на кој факултет ќе студираме, кого или која ќе ги избереме за брачен другар/ка, какво возило, стан или куќа ќе купиме итн. Сето ова е во ред. Но, пред секој човек, пред секој од нас, во овој живот, се поставени неколку клучни избори: ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот? Кога сме пред овој избор, да се потсетиме на Христовите зборови: „Јас Сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14, 6). „Јас Сум добриот Пастир, Кој ја полага душата Своја за овците“ (Јован 10, 11); „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8, 12); „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3, 16). И сега, ќе се одлучиме ли да Го следиме Бога и да се уподобуваме на Него, или, пак, ќе се одлучиме за спротивното т.е. ќе ја искористиме ли нашата, од Бога дарувана слобода, за да го следиме ѓаволот, отфрлајќи Го Бога. Богочовекот Исус Христос го победи ѓаволот, гревот и смртта. И тоа, ги победи заради нас. И воскресна, обезбедувајќи ни живот вечен. Ѓаволот, неговите демони, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме; дали ќе учествуваме во победата на Христа Воскреснатиот, или, во поразот на ѓаволот. Никакви други победи или порази, не се толку важни на овој свет, и никаков друг посуштински избор немаме. Значи, или ќе бидеме со Христа и Неговата Црква или со ѓаволот и неговите лажни, телесни, преодни и минливи уживања и наслади во овој свет. Одлуката е само наша. Затоа да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот, прифаќајќи ги доброто и Бога, а отфрлајќи го злото и ѓаволот. Ако го направиме тој избор, ние навистина ќе бидеме слободни, бидејќи нема да му робуваме на злото и ѓаволот. Возљубени чеда во воскресенската радост! Христос нашиот Бог беше жртвуван за нас, како Јагне заклан беше, и подаден на сите верни, заради простување на гревовите и живот вечен. Ете, и сега и во иднина, нè повикува сите да пристапиме кон приготвената Божја трпеза, на која е Он, Божјото Јагне. Да земеме учество во Пасхата; да не се лишуваме од оваа спасоносна и неискажлива Тајна; да пристапиме и да се насладиме со Животворниот Леб и Животворниот пијалок – Телото и Крвта Христови. Ете, со таква гозба, со таква трпеза, со такво празнување нè угостува Оној, Кој заради нас претрпе страдања, умре и Воскресна. Да се радуваме возљубени празникољупци и да се прегрнеме еден со друг; да се просветлиме и да си простиме сè заради Воскресението. Амин! Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ваш постојанен молитвеник пред Христа Воскреснатиот, Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски † Петар  

The post Владика Петар: На гласањето во среда да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот appeared first on Република.

]]>
Од среда доаѓа студен бран, ќе има пороен дожд и силен ветер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-sreda-doaga-studen-bran-ke-ima-poroen-dozhd-i-silen-veter/ Mon, 15 Apr 2024 16:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=766378

Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.

Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на овој период врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

Во Скопје од среда до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината во среда врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи.

Од петок до почетокот на следната седмица ќе има поголем пад на температурата со повремени врнежи од дожд.

 

The post Од среда доаѓа студен бран, ќе има пороен дожд и силен ветер appeared first on Република.

]]>

Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР. Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на овој период врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период. Во Скопје од среда до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината во среда врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи. Од петок до почетокот на следната седмица ќе има поголем пад на температурата со повремени врнежи од дожд.  

The post Од среда доаѓа студен бран, ќе има пороен дожд и силен ветер appeared first on Република.

]]>
Координација во Владата за лидерската средба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koordinatsija-vo-vladata-za-liderskata-sredba/ Sat, 03 Jun 2023 15:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=647441

Во Владата се одржува координација, во кој формат, на која локација и кога точно ќе се случи лидерската средба меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, објави ТВ24.

Како што објавува ТВ 24, во однос на локацијата не е исклучено таа да биде на неутрална, надвор од владината зграда.

Според првичните информации лидерската би требало да се случи во среда.

The post Координација во Владата за лидерската средба appeared first on Република.

]]>

Во Владата се одржува координација, во кој формат, на која локација и кога точно ќе се случи лидерската средба меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, објави ТВ24. Како што објавува ТВ 24, во однос на локацијата не е исклучено таа да биде на неутрална, надвор од владината зграда. Според првичните информации лидерската би требало да се случи во среда.

The post Координација во Владата за лидерската средба appeared first on Република.

]]>
Од среда до сабота изменет сообраќаен режим во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-sreda-do-sabota-izmenet-soobrakjaen-rezim-vo-skopje/ Tue, 19 Apr 2022 07:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=490345

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

 

The post Од среда до сабота изменет сообраќаен режим во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.  

The post Од среда до сабота изменет сообраќаен режим во Скопје appeared first on Република.

]]>
Јануарските пензии на сметките ќе легнат од среда https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/januarskite-penzii-na-smetkite-kje-legnat-od-sreda/ Fri, 21 Jan 2022 08:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=447415

Владата вчера на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година.

Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари 2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 јануари 2022 година, а за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јануари 2022 година.

За пензиите, пак, со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јанаури 2022 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 јануари 2022 година.

Владата на седницата за државен секретар на Министерството за внатрешни работи ја именуваше Магдалена Несторовска, која што и досега ја извршуваше оваа должност, а Сашо Тасевски го назначи за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, кој, исто така, и досега беше на оваа должност.

The post Јануарските пензии на сметките ќе легнат од среда appeared first on Република.

]]>

Владата вчера на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари 2022 година. Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 јануари 2022 година, а за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јануари 2022 година. За пензиите, пак, со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јанаури 2022 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 јануари 2022 година. Владата на седницата за државен секретар на Министерството за внатрешни работи ја именуваше Магдалена Несторовска, која што и досега ја извршуваше оваа должност, а Сашо Тасевски го назначи за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, кој, исто така, и досега беше на оваа должност.

The post Јануарските пензии на сметките ќе легнат од среда appeared first on Република.

]]>