Сребрена Тракија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srebrena-trakija/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 10:29:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сребрена Тракија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srebrena-trakija/ 32 32 Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-srebrena-trakija-vo-arheoloshkiot-muzej/ Mon, 13 Nov 2023 10:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=700997

Во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје утре ќе биде отворена изложбата „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во земјава.

Во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија, изложбата е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија и ќе биде отворена од страна на високи државни претставници од двете држави. Изложбата со свој поздравен говор ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е покровител на изложбата, а свои обраќања ќе имаат и претседателите на македонското и на бугарското Собрание, Талат Џафери и Росен Димитров Жељазков, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов, се наведува во соопштението од соопшти Археолошкиот музеј.

Изложбата „Северна Тракија“, која е поддржана од Министерството за култура на Македонија и од Министерството за култура на Република Бугарија, покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија.

Изложбата, која го содржи и Тракиското сребро, познато во археолошкиот свет поради својата уникатност и извонредна уметничка изработка, досега била претставена во повеќе музејски центри во Европа и во светот, а поставката, која се изложува во Скопје, претставува најкомплексна и најобемна презентација на наодите кои ја претставуваат тракиската култура и цивилизација.

Презентацијата на изложбата „Северна Тракија“ во Скопје претставува продолжување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН и Археолошкиот музеј на Република Македонија и се реализира по одличното претставување на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија, Бугарија.

 

The post Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј appeared first on Република.

]]>

Во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје утре ќе биде отворена изложбата „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во земјава.
Во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија, изложбата е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија и ќе биде отворена од страна на високи државни претставници од двете држави. Изложбата со свој поздравен говор ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е покровител на изложбата, а свои обраќања ќе имаат и претседателите на македонското и на бугарското Собрание, Талат Џафери и Росен Димитров Жељазков, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов, се наведува во соопштението од соопшти Археолошкиот музеј.
Изложбата „Северна Тракија“, која е поддржана од Министерството за култура на Македонија и од Министерството за култура на Република Бугарија, покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија. Изложбата, која го содржи и Тракиското сребро, познато во археолошкиот свет поради својата уникатност и извонредна уметничка изработка, досега била претставена во повеќе музејски центри во Европа и во светот, а поставката, која се изложува во Скопје, претставува најкомплексна и најобемна презентација на наодите кои ја претставуваат тракиската култура и цивилизација. Презентацијата на изложбата „Северна Тракија“ во Скопје претставува продолжување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН и Археолошкиот музеј на Република Македонија и се реализира по одличното претставување на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија, Бугарија.  

The post Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј appeared first on Република.

]]>