сребрен медал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srebren-medal/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:42:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сребрен медал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srebren-medal/ 32 32 Дејан Георгиевски со сребро ја отвори новата олимписка сезона https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-georgievski-so-srebro-ja-otvori-novata-olimpiska-sezona/ Sun, 29 Sep 2024 19:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=820833

Дејан Георгиевски со две доминантни победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија дојде до финале на Тирана Опен Г1. Во финалето македонскиот таеквондист тесно загуби од Сотириос од Грција и освои сребрен медал.

Во финалето Македонецот се бореше со мала повреда која се надеваме дека за многу скоро ќе ја санираме. Убав почеток со значајни бодови за олимпискиот ранкинг, објави Борче Костовски, тренерот на Георгиевски.

Важно да се истакне дека Дејан го елиминира белорусинот Плонис кој на олимписките квалификации за Париз го спечи нашиот репрезентативец да обезбеди норма.

The post Дејан Георгиевски со сребро ја отвори новата олимписка сезона appeared first on Република.

]]>

Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-shahist-toni-lazov-olimpiski-vitseshampion/ Sun, 22 Sep 2024 19:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=818803

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10 до 22 септември во Будимпешта.

Лазов, кој го почна турнирот со рејтинг 2360, освои 7,5 поени од осум партии и со рејтинг-перформанс 2763 заврши втор на втората табла, зад олимпискиот првак, велемајсторот Таи Даи Ван Нгујен од Чешка со 2783, а бронзата му припадна на Едиз Ѓурел од Турција со 2755.

Пред 24-годишниот неготинец капитулираа велемајсторите Качпер Пјорун (рејтинг 2599) од Полска и Јаник Пелетје (2526) од Швајцарија, ИМ Аделард Баи (2378) од Тајван, ФИДЕ-мајсторите Диого Алјо (2192) од Зеленортските Острови и Рикардо Ернесто Чавез (2185) од Ел Салвадор, кандидат-мајсторот Џејмисон Едрих Као (2125) од Хонгконг и Коси Тиери Егбе (1847) од Того. Единственото реми го забележа против ВМ Јорден ван Хорест (2696) од Холандија.

Ова е четврти поединечен медал за Македонија на шаховските олимпијади по бронзениот на учителот на Лазов, ВМ Трајко Недев, во Ереван 1996 со 8 поени од 11 партии како резерва, златниот на ВМ Драгољуб Јаќимовиќ на третата табла во Истанбул 2000 со 7/9 и среброто на ВМ Владимир Георгиев на третата табла во Калвија (Шпанија) со 9/12.

Македонија во Будимпешта го освои 61. место во конкуренција на 188 машки селекции со 6 победи и 5 порази.

Златниот медал ѝ припадна на Индија, сребрениот на САД, а бронзениот на Узбекистан.

The post Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион appeared first on Република.

]]>

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10 до 22 септември во Будимпешта. Лазов, кој го почна турнирот со рејтинг 2360, освои 7,5 поени од осум партии и со рејтинг-перформанс 2763 заврши втор на втората табла, зад олимпискиот првак, велемајсторот Таи Даи Ван Нгујен од Чешка со 2783, а бронзата му припадна на Едиз Ѓурел од Турција со 2755. Пред 24-годишниот неготинец капитулираа велемајсторите Качпер Пјорун (рејтинг 2599) од Полска и Јаник Пелетје (2526) од Швајцарија, ИМ Аделард Баи (2378) од Тајван, ФИДЕ-мајсторите Диого Алјо (2192) од Зеленортските Острови и Рикардо Ернесто Чавез (2185) од Ел Салвадор, кандидат-мајсторот Џејмисон Едрих Као (2125) од Хонгконг и Коси Тиери Егбе (1847) од Того. Единственото реми го забележа против ВМ Јорден ван Хорест (2696) од Холандија. Ова е четврти поединечен медал за Македонија на шаховските олимпијади по бронзениот на учителот на Лазов, ВМ Трајко Недев, во Ереван 1996 со 8 поени од 11 партии како резерва, златниот на ВМ Драгољуб Јаќимовиќ на третата табла во Истанбул 2000 со 7/9 и среброто на ВМ Владимир Георгиев на третата табла во Калвија (Шпанија) со 9/12. Македонија во Будимпешта го освои 61. место во конкуренција на 188 машки селекции со 6 победи и 5 порази. Златниот медал ѝ припадна на Индија, сребрениот на САД, а бронзениот на Узбекистан.

The post Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион appeared first on Република.

]]>
Катерина Ацевска освои сребрен медал на Европскиот џиу џицу куп во Белгија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/katerina-atsevska-osvoi-srebren-medal-na-evropskiot-dhiu-dhitsu-kup-vo-belgija/ Sun, 10 Mar 2024 13:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=753325

Катерина Ацевска постигна голем успех на Европскиот џиу џицу куп во Беверен, Белгија, во дициплината фајтинг над 70 килограми освојувајќи го сребрениот медал во сениорска конкуренција.

Ацевска во финалето се сретна со Емма Летте од Шведска при што загуби со опон 0-50.

На Купот настапуваат 311 учесници со 313 натпреварувачки влезови од 29 држави.

Резултати:
Катерина  Ацевска  – Фредерика Маза (Италија) 50-0 фул ипон
Катерина  Ацевска  – Антигони Алифери (Грција) 50-0 (14-4 предадена)
Полуфинале
Катерина  Ацевска  – Бијанка Фајхтлбауер (Австрија) 5-0
Финале
Катерина  Ацевска  – Емма Летте (Шведска) 0-50

The post Катерина Ацевска освои сребрен медал на Европскиот џиу џицу куп во Белгија appeared first on Република.

]]>

Катерина Ацевска постигна голем успех на Европскиот џиу џицу куп во Беверен, Белгија, во дициплината фајтинг над 70 килограми освојувајќи го сребрениот медал во сениорска конкуренција. Ацевска во финалето се сретна со Емма Летте од Шведска при што загуби со опон 0-50. На Купот настапуваат 311 учесници со 313 натпреварувачки влезови од 29 држави. Резултати: Катерина  Ацевска  – Фредерика Маза (Италија) 50-0 фул ипон Катерина  Ацевска  – Антигони Алифери (Грција) 50-0 (14-4 предадена) Полуфинале Катерина  Ацевска  – Бијанка Фајхтлбауер (Австрија) 5-0 Финале Катерина  Ацевска  – Емма Летте (Шведска) 0-50

The post Катерина Ацевска освои сребрен медал на Европскиот џиу џицу куп во Белгија appeared first on Република.

]]>
Дејан Георгиевски освои сребрен медал во Букурешт https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-georgievski-osvoi-srebren-medal-vo-bukuresht/ Mon, 30 Oct 2023 07:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=696100

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија, откако го откажа настапот во финалето поради повреда на раката.

Георгиевски оствари три убедливи победи со резултат 2-0 во рунди против Белгиецот Мануел Полет, Украинецот Андриј Харбар и Турчинот Емре Кталмиш.

Речиси две рунди Георгиевски се бореше со повредена рака против Кталмиш, но успеа да победи и да се закити со сребрениот медал.

Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни од блиску не е забележан од како Македонија е самостојна држава, за само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1, освои четири медали, и тоа две златни и две сребрени“, соопшти Македонската таеквондо федерација.

The post Дејан Георгиевски освои сребрен медал во Букурешт appeared first on Република.

]]>

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија, откако го откажа настапот во финалето поради повреда на раката. Георгиевски оствари три убедливи победи со резултат 2-0 во рунди против Белгиецот Мануел Полет, Украинецот Андриј Харбар и Турчинот Емре Кталмиш. Речиси две рунди Георгиевски се бореше со повредена рака против Кталмиш, но успеа да победи и да се закити со сребрениот медал.
Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни од блиску не е забележан од како Македонија е самостојна држава, за само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1, освои четири медали, и тоа две златни и две сребрени“, соопшти Македонската таеквондо федерација.
 
The post Дејан Георгиевски освои сребрен медал во Букурешт appeared first on Република.

]]>
Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srebren-medal-i-dve-olimpiski-pofalbi-za-makedonskiot-tim-na-evropskata-juniorska-olimpijada-po-informatika/ Sat, 24 Sep 2022 12:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=553786

Еден сребрен медал и две олимписки пофалби добија учесниците на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува онлајн под домаќинство на Украина.

Дамјан Давков од Штип со освојување на сребрениот медал влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува веќе шест години по ред.

Македонските тимови при досегашните учества на оваа олимпијада имаат освоено 3 бронзени медали, а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме и одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво, велат од Здружението на информатичарите на Македонија.

Покрај сребрениот медал за Дамјан, одличје олимписка пофалба освоија и Никола Стојковски и Владимир Грчев.

Тимот кој ја претставува нашата земја е составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), информираат од здружението.

Годинава пред македонските информатичари се и Балканска олимпијада по информатика, на почеток на октомври, во Букурешт, Романија и Европската олимпијада за девојки во Анталија, Турција во втората половина на октомври.

The post Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика appeared first on Република.

]]>

Еден сребрен медал и две олимписки пофалби добија учесниците на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува онлајн под домаќинство на Украина. Дамјан Давков од Штип со освојување на сребрениот медал влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува веќе шест години по ред.
Македонските тимови при досегашните учества на оваа олимпијада имаат освоено 3 бронзени медали, а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме и одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво, велат од Здружението на информатичарите на Македонија.
Покрај сребрениот медал за Дамјан, одличје олимписка пофалба освоија и Никола Стојковски и Владимир Грчев.
Тимот кој ја претставува нашата земја е составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), информираат од здружението.
Годинава пред македонските информатичари се и Балканска олимпијада по информатика, на почеток на октомври, во Букурешт, Романија и Европската олимпијада за девојки во Анталија, Турција во втората половина на октомври.

The post Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика appeared first on Република.

]]>
Сребрен медал на Г2 Президент светски куп за Дејан Георгиевски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/srebren-medal-na-g2-prezident-svetski-kup-za-dejan-georgievski/ Tue, 22 Feb 2022 18:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=462128

ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ДЕНЕС СО ГОРД ЛАВОВСКИ ЧЕКОР КОН ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ 2024 !, напиша на својот фејсбук профил Дарко Костовки.

СРЕБРО НА Г2 ПРЕЗИТЕНТ СВЕТСКИ КУП

Најдобриот Македонски спортист со три победи над:

-Ангелопулос од Грција

-Ел Јаизиди од Франција

-Хели од САД

ОСВОИ СРЕБРЕН МЕДАЛ НА ЕДЕН ОД НАЈПРЕСТИЖНИТЕ ТЕКВОНДО ТУРНИРИ ВО СВЕТОТ ПРЕЗИДЕНТ КУП Г2 КОЈ ОВОЈ ПАТ СЕ ОДРЖИ ВО АЛБАНИЈА !

За жал во финалето повторно изгубивме од Владислав Ларин од Русија, но нашето мото е НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД НАШАТА ВРВНА ЦЕЛ !

Овој сребрен медал носи 12,5 бода за нашиот Дејан Георгиевски кои премногу значат за следните олимписки игри во Париз.

Вреди уште еднаш да се спомене и победата на Филип Додевски над олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска.

СЛАВА НА ГОСПОД !

The post Сребрен медал на Г2 Президент светски куп за Дејан Георгиевски appeared first on Република.

]]>

ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ДЕНЕС СО ГОРД ЛАВОВСКИ ЧЕКОР КОН ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ 2024 !, напиша на својот фејсбук профил Дарко Костовки.

СРЕБРО НА Г2 ПРЕЗИТЕНТ СВЕТСКИ КУП Најдобриот Македонски спортист со три победи над: -Ангелопулос од Грција -Ел Јаизиди од Франција -Хели од САД ОСВОИ СРЕБРЕН МЕДАЛ НА ЕДЕН ОД НАЈПРЕСТИЖНИТЕ ТЕКВОНДО ТУРНИРИ ВО СВЕТОТ ПРЕЗИДЕНТ КУП Г2 КОЈ ОВОЈ ПАТ СЕ ОДРЖИ ВО АЛБАНИЈА ! За жал во финалето повторно изгубивме од Владислав Ларин од Русија, но нашето мото е НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД НАШАТА ВРВНА ЦЕЛ ! Овој сребрен медал носи 12,5 бода за нашиот Дејан Георгиевски кои премногу значат за следните олимписки игри во Париз. Вреди уште еднаш да се спомене и победата на Филип Додевски над олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска.

СЛАВА НА ГОСПОД !

The post Сребрен медал на Г2 Президент светски куп за Дејан Георгиевски appeared first on Република.

]]>