срцеви заболувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srcevi-zaboluvanja/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 08:29:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png срцеви заболувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srcevi-zaboluvanja/ 32 32 Модерна: Вакцините против рак и срцеви заболувања ќе бидат готови до 2030 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moderna-vaktsinite-protiv-rak-i-srtsevi-zaboluvana-ke-bidat-gotovi-do-2030-godina/ Sat, 08 Apr 2023 08:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=628573

Водечката американска фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека е уверена оти вакцините против рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести, како и други состојби ќе бидат готови до 2030 година, објави денеска „Гардијан“.

Главниот медицински директор на Модерна, д-р Пол Бартон, рече дека верува оти компанијата ќе може да понуди вакцини против „сите видови болести“ за само пет години. Компанијата, која ја произведе водечката вакцина против коронавирусот, сега развива вакцини против рак кои таргетираат различни видови тумори.

„Ќе ја имаме таа вакцина и ќе биде многу ефикасна и ќе спаси стотици илјади, ако не и милиони животи. Мислам дека ќе можеме да им понудиме персонализирани вакцини против рак, против многу различни видови тумори на луѓето ширум светот“, истакна Бартон.

Тој рече дека повеќе респираторни инфекции може да бидат покриени со една вакцина, што ќе им овозможи на луѓето да бидат заштитени од коронавирус, грип и респираторен синцицијален вирус (RSV), додека терапии со mRNA може да бидат достапни за ретки болести за кои во моментов нема лек. Терапиите базирани на mRNA се засноваат на поттикнување на клетките да произведат протеин кој предизвикува имунолошки одговор против болеста.

„Мислам дека ќе имаме терапии засновани на mRNA за ретки болести кои претходно биле неизлечиви и мислам дека за 10 години ќе се приближиме до свет каде што всушност ќе може да ја идентификувате генетската причина за болеста и да се излекува сè користејќи технологија базирана на mRNA“, објави Бартон.

Вакцината за рак базирана на mRNA ќе го предупреди имунолошкиот систем за ракот што веќе расте во телото на пациентот, за да може да го нападне и уништи, без да ги уништи здравите клетки.

Научниците, пак, предупредуваат дека забрзаниот напредок постигнат во последните три години ќе биде залуден, доколку не се задржи високото ниво на инвестиции.

The post Модерна: Вакцините против рак и срцеви заболувања ќе бидат готови до 2030 година appeared first on Република.

]]>

Водечката американска фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека е уверена оти вакцините против рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести, како и други состојби ќе бидат готови до 2030 година, објави денеска „Гардијан“. Главниот медицински директор на Модерна, д-р Пол Бартон, рече дека верува оти компанијата ќе може да понуди вакцини против „сите видови болести“ за само пет години. Компанијата, која ја произведе водечката вакцина против коронавирусот, сега развива вакцини против рак кои таргетираат различни видови тумори.
„Ќе ја имаме таа вакцина и ќе биде многу ефикасна и ќе спаси стотици илјади, ако не и милиони животи. Мислам дека ќе можеме да им понудиме персонализирани вакцини против рак, против многу различни видови тумори на луѓето ширум светот“, истакна Бартон.
Тој рече дека повеќе респираторни инфекции може да бидат покриени со една вакцина, што ќе им овозможи на луѓето да бидат заштитени од коронавирус, грип и респираторен синцицијален вирус (RSV), додека терапии со mRNA може да бидат достапни за ретки болести за кои во моментов нема лек. Терапиите базирани на mRNA се засноваат на поттикнување на клетките да произведат протеин кој предизвикува имунолошки одговор против болеста. „Мислам дека ќе имаме терапии засновани на mRNA за ретки болести кои претходно биле неизлечиви и мислам дека за 10 години ќе се приближиме до свет каде што всушност ќе може да ја идентификувате генетската причина за болеста и да се излекува сè користејќи технологија базирана на mRNA“, објави Бартон. Вакцината за рак базирана на mRNA ќе го предупреди имунолошкиот систем за ракот што веќе расте во телото на пациентот, за да може да го нападне и уништи, без да ги уништи здравите клетки. Научниците, пак, предупредуваат дека забрзаниот напредок постигнат во последните три години ќе биде залуден, доколку не се задржи високото ниво на инвестиции.

The post Модерна: Вакцините против рак и срцеви заболувања ќе бидат готови до 2030 година appeared first on Република.

]]>
Д-р Николов: По пандемијата за трипати е зголемен бројот на срцеви удари https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-nikolov-po-pandemijata-za-tripati-e-zgolemen-brojot-na-srtsevi-udari/ Sat, 25 Mar 2023 10:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=623503

Началникот на Одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, Сашко Николов, во интервју за МИА вели дека по ковид пандемијата е зголемен бројот на срцеви удари.

Како што посочува д-р Николов, анализите на македонските кардиолози, но и на европските и светски здруженија, покажуваат дека срцевите удари се зголемиле за трипати повеќе од пред пандемијата.

Инфарктите на белодробието, ако сме имале по 20 пациенти годишно, сега имаме по 15 месечно, тие што ги евидентираме и нотираме. Инфаркти на долни екстремитети, заболување на крвните садови на нозете за четири пати повеќе, тромбоза на длабоките вени на површните вени, масовно зголемено. Тромбоза на цревни артерии, огромно зголемување, појава на мозочни инфаркти кај млади луѓе зголемено за петпати. Сето тоа е резултат на пандемијата. Пандемијата кога почна сите ние мислевме дека е вирусно заболување, односно тоа е вирусно заболување, тоа е респираторно вирусно заболување, ги напаѓа белите дробови, вели Николов.

Тој посочува дека како што одминуваше пандемијата лекарите сфатиле дека ковид вирусот влегува преку респирторните патишта, меѓутоа цел на напад му се мускулестите делови на крвните садови. Во овој постковид период зголеменен е бројот на интервенции и на одделите за кардиологија и неврологија.

Голема е бројката и кај невролозите, особено кај популацијата од 25 години, па нагоре. Мозочни удари кај млади луѓе и тоа е резултат на ковид инфекција врз крвните садови. Многу често викаме поминав ковид, ама немав симптоми. Ти си поминал ковид, немаш симптоми, меѓутоа антигенот од ковидот веќе е закотвен во крвниот сад. Прашање на време е кога тоа ќе почне да прави воспаление, реакција и ќе направи задебелување, пукање на плака во крвниот сад и на крајот инфаркт. Така да оваа ковид инфекција направи една состојба на светското здравство да сфатиме, колку ние не знаеме за новите болести што ни доаѓаат, заради тоа што новите болести се комбинација од заболување, комбинација на вируси што напаѓаат повеќе системи истовремено, вели Николов во видео интервјуто во прес-ценатрот на МИА во Штип, кое во целост ќе се објави утре.

The post Д-р Николов: По пандемијата за трипати е зголемен бројот на срцеви удари appeared first on Република.

]]>

Началникот на Одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, Сашко Николов, во интервју за МИА вели дека по ковид пандемијата е зголемен бројот на срцеви удари. Како што посочува д-р Николов, анализите на македонските кардиолози, но и на европските и светски здруженија, покажуваат дека срцевите удари се зголемиле за трипати повеќе од пред пандемијата.
Инфарктите на белодробието, ако сме имале по 20 пациенти годишно, сега имаме по 15 месечно, тие што ги евидентираме и нотираме. Инфаркти на долни екстремитети, заболување на крвните садови на нозете за четири пати повеќе, тромбоза на длабоките вени на површните вени, масовно зголемено. Тромбоза на цревни артерии, огромно зголемување, појава на мозочни инфаркти кај млади луѓе зголемено за петпати. Сето тоа е резултат на пандемијата. Пандемијата кога почна сите ние мислевме дека е вирусно заболување, односно тоа е вирусно заболување, тоа е респираторно вирусно заболување, ги напаѓа белите дробови, вели Николов.
Тој посочува дека како што одминуваше пандемијата лекарите сфатиле дека ковид вирусот влегува преку респирторните патишта, меѓутоа цел на напад му се мускулестите делови на крвните садови. Во овој постковид период зголеменен е бројот на интервенции и на одделите за кардиологија и неврологија.
Голема е бројката и кај невролозите, особено кај популацијата од 25 години, па нагоре. Мозочни удари кај млади луѓе и тоа е резултат на ковид инфекција врз крвните садови. Многу често викаме поминав ковид, ама немав симптоми. Ти си поминал ковид, немаш симптоми, меѓутоа антигенот од ковидот веќе е закотвен во крвниот сад. Прашање на време е кога тоа ќе почне да прави воспаление, реакција и ќе направи задебелување, пукање на плака во крвниот сад и на крајот инфаркт. Така да оваа ковид инфекција направи една состојба на светското здравство да сфатиме, колку ние не знаеме за новите болести што ни доаѓаат, заради тоа што новите болести се комбинација од заболување, комбинација на вируси што напаѓаат повеќе системи истовремено, вели Николов во видео интервјуто во прес-ценатрот на МИА во Штип, кое во целост ќе се објави утре.

The post Д-р Николов: По пандемијата за трипати е зголемен бројот на срцеви удари appeared first on Република.

]]>
ФДА пријави ризик од воспаление на срцето по вакцината Новавакс против Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fda-prijavi-rizik-od-vospalenie-na-srceto-po-vakcinata-novavaks-protiv-kovid-19/ Sat, 04 Jun 2022 15:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=511106

Американската управата за храна и лекови (ФДА) изрази загриженост за можниот ризик од воспаление на срцето од вакцината за Ковид-19 на Новавакс, дури и кога податоците на компанијата покажаа дека вакцината може да ги намали шансите за лесна до тешка болест.

Студијата на скоро 30.000 пациенти на Новавакс, спроведена помеѓу декември 2020 и септември 2021 година, откри четири случаи на воспаление на срцето наречено миокардитис во рок од 20 дена од земањето вакцина базирана на протеини, според Ројтерс.

„Овие настани предизвикуваат загриженост за причинско-последичната врска со оваа вакцина, слична на асоцијацијата документирана со mRNA вакцините ковид-19“, напишаа вработените во ФДА.

Агенцијата соопшти дека побарала од Новавакс да ги означи миокардитисот и друг вид воспаление наречено перикардитис како „важен идентификуван ризик“ во неговите материјали. Компанијата се уште не се согласила на тоа.

Новавакс, како одговор на безбедносните грижи идентификувани од FDA, рече дека природните настани на миокардитис може да се очекуваат во секоја доволно голема база на податоци.

„Врз основа на нашето толкување на сите клинички податоци кои го поддржуваат NVKS-CoV2373, веруваме дека нема доволно докази за да се воспостави причинско-последична врска“, се вели во соопштението на компанијата.

Еден пациент во студијата пријавил миокардитис откако примил плацебо.

Новавакс рече дека вакцината, NVKS-CoV2373, ќе игра улога во започнувањето на вакцинацијата кај оние кои се двоумеле да имунизираат и дека е започнат едукативен напор за избор на вакцина.

ФДА ги анализираше податоците од студијата Novavax пред варијантите омикрон и делта да станат доминантни видови.

„Врз основа на евалуација на ефикасноста на оваа вакцина во клиничко испитување, веројатно е дека вакцината ќе обезбеди значително ниво на заштита од ковид-19 поради омикрон, особено од тешка форма на заболеност“, велат претставници на ФДА.

Вакцината покажала 90,4 отсто ефикасност во студијата Novavax, која опфатила возрасни ширум САД и Мексико.

The post ФДА пријави ризик од воспаление на срцето по вакцината Новавакс против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Американската управата за храна и лекови (ФДА) изрази загриженост за можниот ризик од воспаление на срцето од вакцината за Ковид-19 на Новавакс, дури и кога податоците на компанијата покажаа дека вакцината може да ги намали шансите за лесна до тешка болест. Студијата на скоро 30.000 пациенти на Новавакс, спроведена помеѓу декември 2020 и септември 2021 година, откри четири случаи на воспаление на срцето наречено миокардитис во рок од 20 дена од земањето вакцина базирана на протеини, според Ројтерс. „Овие настани предизвикуваат загриженост за причинско-последичната врска со оваа вакцина, слична на асоцијацијата документирана со mRNA вакцините ковид-19“, напишаа вработените во ФДА. Агенцијата соопшти дека побарала од Новавакс да ги означи миокардитисот и друг вид воспаление наречено перикардитис како „важен идентификуван ризик“ во неговите материјали. Компанијата се уште не се согласила на тоа. Новавакс, како одговор на безбедносните грижи идентификувани од FDA, рече дека природните настани на миокардитис може да се очекуваат во секоја доволно голема база на податоци. „Врз основа на нашето толкување на сите клинички податоци кои го поддржуваат NVKS-CoV2373, веруваме дека нема доволно докази за да се воспостави причинско-последична врска“, се вели во соопштението на компанијата. Еден пациент во студијата пријавил миокардитис откако примил плацебо. Новавакс рече дека вакцината, NVKS-CoV2373, ќе игра улога во започнувањето на вакцинацијата кај оние кои се двоумеле да имунизираат и дека е започнат едукативен напор за избор на вакцина. ФДА ги анализираше податоците од студијата Novavax пред варијантите омикрон и делта да станат доминантни видови. „Врз основа на евалуација на ефикасноста на оваа вакцина во клиничко испитување, веројатно е дека вакцината ќе обезбеди значително ниво на заштита од ковид-19 поради омикрон, особено од тешка форма на заболеност“, велат претставници на ФДА. Вакцината покажала 90,4 отсто ефикасност во студијата Novavax, која опфатила возрасни ширум САД и Мексико.

The post ФДА пријави ризик од воспаление на срцето по вакцината Новавакс против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Ако после прележувањето на ковид се здебелите три килограми, веднаш јавете се на лекар https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-posle-prelezuvanjeto-na-kovid-se-zdebelite-tri-kilogrami-vednash-javete-se-na-lekar/ Thu, 17 Feb 2022 09:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=459652

Раководителoт на Одделот за срцева слабост и помошник директор на Клиниката за кардиологија КЦС во Белград, проф. д-р Арсен Ристиќ, објаснува кои се сигналите кои телото ви ги праќа како аларм дека нешто не е во ред по прележувањето на ковид-19.

Според неговите податоци, Д-р Ристиќ предупредува дека 20 до 50 отсто од пациентите кои имале ковид потоа ќе се соочат и воспаление на срцевиот мускул, а симптомите кои се знак дека има прблем се зголемен замор, гушење, слаба толеранција на напор и стрес, отоци на нозете или неможност да се лежи на рамна површина без дишењето да се компромитира. Овие компикации може да доведат и до срцев удар, предупредува тој.

Посебно сме загрижени и посветуваме посебно внимание на компликациите кои ги предизвикува ковидот, како згрутчување на крвта во белодробната циркулација, за белодробна емболија, по што може да дојде до пулмонална хипертензија, посочи Ристиќ во утринската програма на Н1.

Според него, тежината на компликациите зависи од варијантата на вирусот која што сте ја прележале - омикрон дава малку поблаги кардиоваскуларни проблеми, а малку поретко предизвикува и пневмонија. Но, вакцинацијата е гаранција дека нема да има компликации, потенцира тој.

Комбинацијата на пневмонија со миокардитис е особено ризична за пациентите. Кога сте вакцинирани, ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул кај ковид е само 11 на сто илјади пациенти, покажаа статистиките од Израел, рече Арсиќ.

На прашањето кои се симптомите за кои треба итно да посетиме лекар, Арсиќ вели дека пациентите кои веќе имаат срцева слабост треба да пријават кога е намалена толеранцијата на напор, болка во градите, замор, отекување на нозете, а особено ако качат повеќе од три килограми во рок од една недела.

Ги советуваме нашите пациенти редовно да се мерат еднаш неделно, да го проверуваат притисокот и пулсот секој втор или трет ден. Било какви нагли промени, особено губење на свеста, се аларм дека треба да се се прегледате, вели докторот.

The post Ако после прележувањето на ковид се здебелите три килограми, веднаш јавете се на лекар appeared first on Република.

]]>

Раководителoт на Одделот за срцева слабост и помошник директор на Клиниката за кардиологија КЦС во Белград, проф. д-р Арсен Ристиќ, објаснува кои се сигналите кои телото ви ги праќа како аларм дека нешто не е во ред по прележувањето на ковид-19. Според неговите податоци, Д-р Ристиќ предупредува дека 20 до 50 отсто од пациентите кои имале ковид потоа ќе се соочат и воспаление на срцевиот мускул, а симптомите кои се знак дека има прблем се зголемен замор, гушење, слаба толеранција на напор и стрес, отоци на нозете или неможност да се лежи на рамна површина без дишењето да се компромитира. Овие компикации може да доведат и до срцев удар, предупредува тој.