срцев удар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srcev-udar/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 07:50:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png срцев удар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srcev-udar/ 32 32 Славел злато, па добил срцев удар: Избегната трагедија на ЛОИ во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/slavel-zlato-pa-dobil-srtsev-udar-izbegnata-tragedija-na-loi-vo-pariz/ Mon, 12 Aug 2024 07:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=805677

Узбекистанецот Тулкин Киличев доживеал срцев удар и за малку ќе починел на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои синоќа свечено беа затворени во Париз. Како што пишуваат медиумите, животот му го спасиле колегите од бртанскиот тим.

Во четвртокот на 8 август Хасанбој Дусматов стана олимписки шампион, а Тулкин Киличев за малку ќе умрел. На селекторот Киличев за време на прославата му се слошило, имал инфаркт, а животот му го спасиле колегите тренери од британската боксерска репрезентација.

Се се случувало во просториите на тенискиот центар Ролан Гарос, каде се одржуваше турнирот во бокс на ОИ во Париз.

Британците навремено реагирале, му пружиле прва помош и веднаш повикале лекарска екипа.

The post Славел злато, па добил срцев удар: Избегната трагедија на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Узбекистанецот Тулкин Киличев доживеал срцев удар и за малку ќе починел на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои синоќа свечено беа затворени во Париз. Како што пишуваат медиумите, животот му го спасиле колегите од бртанскиот тим. Во четвртокот на 8 август Хасанбој Дусматов стана олимписки шампион, а Тулкин Киличев за малку ќе умрел. На селекторот Киличев за време на прославата му се слошило, имал инфаркт, а животот му го спасиле колегите тренери од британската боксерска репрезентација. Се се случувало во просториите на тенискиот центар Ролан Гарос, каде се одржуваше турнирот во бокс на ОИ во Париз. Британците навремено реагирале, му пружиле прва помош и веднаш повикале лекарска екипа.

The post Славел злато, па добил срцев удар: Избегната трагедија на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>
1,8 милијарди возрасни ризикуваат да заболат од рак, срцев и мозочен удар поради недовона физичка активност https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/1-8-milijardi-vozrasni-rizikuvaat-da-zabolat-od-rak-srtsev-i-mozochen-udar-poradi-nedovona-fizichka-aktivnost/ Wed, 26 Jun 2024 08:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=790867

Речиси 1,8 милијарди возрасни луѓе ширум светот се изложени на опасност од болести, како што се рак, срцев и мозочен удар, поради недоволна физичка активност, а оваа состојба и натаму се влошува. Според ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО), параметарот за недостаток на физичка активност на светско ниво се зголемил за пет отсто меѓу 2010 и 2022 година.

Новите откритија ја истакнуваат пропуштената можност за намалување на опасноста од рак и срцеви заболувања и подобрување на психичката благосостојба, ако физичката активност е помала. Мораме да ја обновиме нашата посветеност за зголемување на нивото физичка активност и да ѝ дадеме приоритет, решителност во зајакнување на политиките и поголемо финансирање, за да ја промениме оваа загрижувачка насока, истакна генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Речиси една третина (31 насто) од постарите возрасни лица ширум светот не вежбаат доволно, во споредба со 24 отсто во 2000 година и 26 отсто во 2010 година.

Физичката неактивност е тивка закана за глобалното здравје којашто значително ги влошува хроничните болести. Доколку физичката активност стане подостапна и попријатна за сите, може значително да ја намалиме опасноста од незаразни болести и да создадеме поздраво и попродуктивно општество, рече Ригер Крех, директор на Одделот за поттикнување на здравјето на СЗО.

Панајота Митру, директор за истражување, политика и иновации во Светскиот фонд за истражување на ракот, го опиша извештајот како „повик за будење до светот“ дека треба повеќе да се направи за луѓето да бидат поактивни.

Владите треба да признаат дека физичката активност е исклучително важна за менталното и физичкото здравје, а тука спаѓа и спречувањето неколку видови рак и помагањето во тоа луѓето да одржат здрава тежина, додаде таа.

Научниот труд, објавен во списанието „Лансет“ (Lancet), покажува дека недостатокот на вежбање го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2, деменција и рак. СЗО препорачува возрасните да прават 150 минути умерени или 75 минути енергични физички вежби неделно.

Примери за умерена физичка активност се: брзо одење, домашните работи, возење велосипед со брзина од 16 - 19 км/ч. Примери за интензивна физичка активност: трчање со повеќе од 10 км/ч, копање во дворот, брз велосипед, фудбал, кошарка и тенис.

The post 1,8 милијарди возрасни ризикуваат да заболат од рак, срцев и мозочен удар поради недовона физичка активност appeared first on Република.

]]>

Речиси 1,8 милијарди возрасни луѓе ширум светот се изложени на опасност од болести, како што се рак, срцев и мозочен удар, поради недоволна физичка активност, а оваа состојба и натаму се влошува. Според ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО), параметарот за недостаток на физичка активност на светско ниво се зголемил за пет отсто меѓу 2010 и 2022 година.
Новите откритија ја истакнуваат пропуштената можност за намалување на опасноста од рак и срцеви заболувања и подобрување на психичката благосостојба, ако физичката активност е помала. Мораме да ја обновиме нашата посветеност за зголемување на нивото физичка активност и да ѝ дадеме приоритет, решителност во зајакнување на политиките и поголемо финансирање, за да ја промениме оваа загрижувачка насока, истакна генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Речиси една третина (31 насто) од постарите возрасни лица ширум светот не вежбаат доволно, во споредба со 24 отсто во 2000 година и 26 отсто во 2010 година.
Физичката неактивност е тивка закана за глобалното здравје којашто значително ги влошува хроничните болести. Доколку физичката активност стане подостапна и попријатна за сите, може значително да ја намалиме опасноста од незаразни болести и да создадеме поздраво и попродуктивно општество, рече Ригер Крех, директор на Одделот за поттикнување на здравјето на СЗО.
Панајота Митру, директор за истражување, политика и иновации во Светскиот фонд за истражување на ракот, го опиша извештајот како „повик за будење до светот“ дека треба повеќе да се направи за луѓето да бидат поактивни.
Владите треба да признаат дека физичката активност е исклучително важна за менталното и физичкото здравје, а тука спаѓа и спречувањето неколку видови рак и помагањето во тоа луѓето да одржат здрава тежина, додаде таа.
Научниот труд, објавен во списанието „Лансет“ (Lancet), покажува дека недостатокот на вежбање го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2, деменција и рак. СЗО препорачува возрасните да прават 150 минути умерени или 75 минути енергични физички вежби неделно. Примери за умерена физичка активност се: брзо одење, домашните работи, возење велосипед со брзина од 16 - 19 км/ч. Примери за интензивна физичка активност: трчање со повеќе од 10 км/ч, копање во дворот, брз велосипед, фудбал, кошарка и тенис.

The post 1,8 милијарди возрасни ризикуваат да заболат од рак, срцев и мозочен удар поради недовона физичка активност appeared first on Република.

]]>
Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/najgolem-broj-srtsevi-udari-se-sluchuvaat-vo-son-vo-utrinskite-chasovi/ Wed, 12 Jun 2024 19:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=786868

Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, тн. РЕМ-фаза на спиењето, покажува истражување на научниците од Харвард. РЕМ-спиењето, т.е. „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан.

Новите сознанија и податоци покажуваат дека 40 отсто од сите срцеви удари воопшто, се случуваат меѓу шест часот наутро и пладнето, а првите три часа по будењето ризикот од срцев удар е тројно зголемен.

Научниците тоа го објаснуваат со присуството на голем број фактори поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем коишто доведуваат до стегање на крвните садови и зголемено трошење кислород во телото во утринските часови, што предизвикува и намалено снабдување на срцето со кислород.

Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope).

Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.

The post Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови appeared first on Република.

]]>

Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, тн. РЕМ-фаза на спиењето, покажува истражување на научниците од Харвард. РЕМ-спиењето, т.е. „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан. Новите сознанија и податоци покажуваат дека 40 отсто од сите срцеви удари воопшто, се случуваат меѓу шест часот наутро и пладнето, а првите три часа по будењето ризикот од срцев удар е тројно зголемен. Научниците тоа го објаснуваат со присуството на голем број фактори поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем коишто доведуваат до стегање на крвните садови и зголемено трошење кислород во телото во утринските часови, што предизвикува и намалено снабдување на срцето со кислород. Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope). Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.

The post Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови appeared first on Република.

]]>
СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-kardiovaskularnite-bolesti-se-odgovorni-za-40-otsto-od-smrtnite-sluchai-vo-evropa/ Wed, 15 May 2024 08:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=778172

Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација(СЗО), апелирајќи до Европејците да го намалат внесот на сол.

Тоа изнесува 10.000 смртни случаи дневно, или четири милиони годишно.

„Спроведувањето насочени политики за намалување на внесот на сол за 25 отсто би можело да спаси околу 900.000 животи од кардиоваскуларни болести до 2030 година“, посочува Ханс Клуге, директор на европската филијала на СЗО.

Во Европа, секој трет возрасен човек на возраст од 30 до 79 години страда од хипертензија, често поради големо консумирање сол.

Педесет и една од 53 земји во европскиот регион на СЗО имаат просечен дневен внес на сол над препорачаниот максимум на СЗО од пет грама, или една кафена лажичка, главно поради преработената храна и грицките.

„Високиот внес на сол го зголемува крвниот притисок, кој е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести како што се срцев удар и мозочен удар“, соопшти СЗО.

Европа има највисока преваленца на крвен притисок во светот, се вели во извештајот.

The post СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа appeared first on Република.

]]>

Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација(СЗО), апелирајќи до Европејците да го намалат внесот на сол. Тоа изнесува 10.000 смртни случаи дневно, или четири милиони годишно. „Спроведувањето насочени политики за намалување на внесот на сол за 25 отсто би можело да спаси околу 900.000 животи од кардиоваскуларни болести до 2030 година“, посочува Ханс Клуге, директор на европската филијала на СЗО. Во Европа, секој трет возрасен човек на возраст од 30 до 79 години страда од хипертензија, често поради големо консумирање сол. Педесет и една од 53 земји во европскиот регион на СЗО имаат просечен дневен внес на сол над препорачаниот максимум на СЗО од пет грама, или една кафена лажичка, главно поради преработената храна и грицките. „Високиот внес на сол го зголемува крвниот притисок, кој е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести како што се срцев удар и мозочен удар“, соопшти СЗО. Европа има највисока преваленца на крвен притисок во светот, се вели во извештајот.

The post СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа appeared first on Република.

]]>
Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на малата Данка починл од срцев удар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dalibor-dragijevik-bratot-na-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-malata-danka-pochinl-od-srtsev-udar/ Sun, 07 Apr 2024 14:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=763478

Далибор Драгијевиќ (40), братот на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на Данка Илиќ (2), починал од срцев удар, дознава „Блиц“.

Далибор починал во Полициската управа во Бор откако рано утринава му се слошило.

Далибор Драгијевиќ (40) во саботата заедно со неговиот татко Раде добија притвор до 48 часа поради сомнение дека му помогнале на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен за убиството на Данка Илиќ.

The post Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на малата Данка починл од срцев удар appeared first on Република.

]]>

Далибор Драгијевиќ (40), братот на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на Данка Илиќ (2), починал од срцев удар, дознава „Блиц“. Далибор починал во Полициската управа во Бор откако рано утринава му се слошило. Далибор Драгијевиќ (40) во саботата заедно со неговиот татко Раде добија притвор до 48 часа поради сомнение дека му помогнале на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен за убиството на Данка Илиќ.

The post Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на малата Данка починл од срцев удар appeared first on Република.

]]>
Диетата 16:8 станува сè попопуларна, a крие голема опасност: Не почнувајте ја додека не се консултирате со лекар https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dietata-16-8-stanuva-se-popopularna-a-krie-golema-opasnost-ne-pochnuvajte-ja-dodeka-ne-se-konsultirate-so-lekar/ Wed, 27 Mar 2024 10:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=759236

Повремениот пост или намерното ограничување на часовите во текот на кои човекот ги троши своите дневни калории, веќе неколку години се користи за слабеење. Меѓутоа, најновото истражување сега покажа дека тоа може да доведе до зголемен ризик од срцев и мозочен удар, пишува „Дејли мејл“.

Луѓето кои следат една од најпопуларните временски ограничени стратегии на исхрана, повремениот пост 16:8, може да имаат поголем ризик од кардиоваскуларни болести и смрт од оние кои не постат или не користат други техники на постење, покажува новото истражување. Повременото постење 16:8 значи дека човек пости 16 часа, додека јаде останатите осум часа од денот.

Повреметнио пост е многу популарен кај познатите личности, меѓу кои британскиот премиер Риши Сунак, Илон Маск и Џенифер Анистон, кои велат дека тоа им помага да останат во форма, пишува „Дејли мејл“.

Истражувачите набљудувале група од 20.000 возрасни луѓе кои одговарале на прашања за нивните шеми на исхрана за годишната Национална анкета за здравјето и исхраната помеѓу 2003 и 2018 година.

Тие откриле дека учесниците кои практикувале повремен пост 16:8 имале 91 отсто поголема веројатност да умрат од кардиоваскуларни болести отколку оние кои не практикувале ваков тип на постење.

Исто така, оние со постоечки кардиоваскуларни болести, кои ги потрошиле сите свои калории во период од осум и 10 часа, имале 66 отсто поголем ризик од смрт од срцеви болести и мозочен удар.

Покрај фактот дека временски ограничената исхрана не го намалува ризикот од смрт од која било причина, истражувачите исто така забележале дека луѓето заболени од рак кои не постеле и кои ги консумирале своите дневни калории во период од 16 часа, всушност имале помал ризик од умирање од рак од оние кои јаделе во ограничена временска рамка.

Студијата опфати голем примерок, набљудувајќи ги поединците во просек осум години. Меѓутоа, начинот на кој се собираа информациите можеби ги ограничи наодите и точноста на студијата со оглед на тоа дека шемите на исхрана може да се променат со текот на времето – рекла кардиологот Мишел Рутенштајн, која не беше вклучена во студијата.

Покрај тоа, набљудувачките студии како што е ова не можат да докажат причина и последица. Меѓутоа, ова не се единствените ограничувања.

Овие наоди се во спротивност со многу претходни студии кои откриваат придобивки од временски ограничената исхрана за кардиоваскуларното и метаболичкото здравје – рекол кардиологот Ченг-Хан Чен, кој не бил вклучен во студијата.

Тој додал дека може да постојат разлики во основните карактеристики во групите со ограничено време на исхрана, што би можело да ги објасни овие изненадувачки наоди. Разликите во демографијата и карактеристиките помеѓу овие групи (особено помеѓу групата која јадела помалку од осум часа и другите), како и пристрасноста во сеќавањето на учесниците на нивните сопствени навики во исхраната, може да влијаат на резултатите.

И прелиминарното истражување на Американското здружение за срце открило дека ограничувањето на оброците на само осум часа дневно е поврзано со 91 отсто зголемен ризик од прерана смрт од кардиоваскуларни болести.

Експертите се согласуваат дека постојат малку долгорочни истражувања за луѓето кои практикуваат повремен пост, така што овие истражувања се од клучно значење за понатамошно разбирање на ефектите од постот. Оваа студија покажува дека повременото постење може да им помогне на луѓето да изгубат тежина на краток рок, но не обезбедува трајни кардиоваскуларни придобивки.

The post Диетата 16:8 станува сè попопуларна, a крие голема опасност: Не почнувајте ја додека не се консултирате со лекар appeared first on Република.

]]>

Повремениот пост или намерното ограничување на часовите во текот на кои човекот ги троши своите дневни калории, веќе неколку години се користи за слабеење. Меѓутоа, најновото истражување сега покажа дека тоа може да доведе до зголемен ризик од срцев и мозочен удар, пишува „Дејли мејл“. Луѓето кои следат една од најпопуларните временски ограничени стратегии на исхрана, повремениот пост 16:8, може да имаат поголем ризик од кардиоваскуларни болести и смрт од оние кои не постат или не користат други техники на постење, покажува новото истражување. Повременото постење 16:8 значи дека човек пости 16 часа, додека јаде останатите осум часа од денот. Повреметнио пост е многу популарен кај познатите личности, меѓу кои британскиот премиер Риши Сунак, Илон Маск и Џенифер Анистон, кои велат дека тоа им помага да останат во форма, пишува „Дејли мејл“. Истражувачите набљудувале група од 20.000 возрасни луѓе кои одговарале на прашања за нивните шеми на исхрана за годишната Национална анкета за здравјето и исхраната помеѓу 2003 и 2018 година. Тие откриле дека учесниците кои практикувале повремен пост 16:8 имале 91 отсто поголема веројатност да умрат од кардиоваскуларни болести отколку оние кои не практикувале ваков тип на постење. Исто така, оние со постоечки кардиоваскуларни болести, кои ги потрошиле сите свои калории во период од осум и 10 часа, имале 66 отсто поголем ризик од смрт од срцеви болести и мозочен удар. Покрај фактот дека временски ограничената исхрана не го намалува ризикот од смрт од која било причина, истражувачите исто така забележале дека луѓето заболени од рак кои не постеле и кои ги консумирале своите дневни калории во период од 16 часа, всушност имале помал ризик од умирање од рак од оние кои јаделе во ограничена временска рамка.
Студијата опфати голем примерок, набљудувајќи ги поединците во просек осум години. Меѓутоа, начинот на кој се собираа информациите можеби ги ограничи наодите и точноста на студијата со оглед на тоа дека шемите на исхрана може да се променат со текот на времето – рекла кардиологот Мишел Рутенштајн, која не беше вклучена во студијата.
Покрај тоа, набљудувачките студии како што е ова не можат да докажат причина и последица. Меѓутоа, ова не се единствените ограничувања. Овие наоди се во спротивност со многу претходни студии кои откриваат придобивки од временски ограничената исхрана за кардиоваскуларното и метаболичкото здравје – рекол кардиологот Ченг-Хан Чен, кој не бил вклучен во студијата. Тој додал дека може да постојат разлики во основните карактеристики во групите со ограничено време на исхрана, што би можело да ги објасни овие изненадувачки наоди. Разликите во демографијата и карактеристиките помеѓу овие групи (особено помеѓу групата која јадела помалку од осум часа и другите), како и пристрасноста во сеќавањето на учесниците на нивните сопствени навики во исхраната, може да влијаат на резултатите. И прелиминарното истражување на Американското здружение за срце открило дека ограничувањето на оброците на само осум часа дневно е поврзано со 91 отсто зголемен ризик од прерана смрт од кардиоваскуларни болести. Експертите се согласуваат дека постојат малку долгорочни истражувања за луѓето кои практикуваат повремен пост, така што овие истражувања се од клучно значење за понатамошно разбирање на ефектите од постот. Оваа студија покажува дека повременото постење може да им помогне на луѓето да изгубат тежина на краток рок, но не обезбедува трајни кардиоваскуларни придобивки.  

The post Диетата 16:8 станува сè попопуларна, a крие голема опасност: Не почнувајте ја додека не се консултирате со лекар appeared first on Република.

]]>
Како грипот е поврзан со инфарктот? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-gripot-e-povrzan-so-infarktot/ Wed, 14 Feb 2024 10:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=743975

Грипот е поврзан и со инфарктот. Истражување покажало дека луѓето болни од грип, се изложени во првата недела од болеста на шест пати поголем ризик од срцев удар. Овој ризик е особено зголемен кај возрасни луѓе, истакнуваат авторите на истражувањето објавено во “Њу Ингланд џурнал оф медисин”.

Ова истражување ги потврдува претходните кои ја покажуваат врската меѓу грипот, инфаркт и зголемената смртност.

Овие резултати се важни, бидејќи го потврдуваат постоењето на врска помеѓу грипот и инфарктот на миокардот и го зајакнуваат значењето на вакцинацијата против грип”, вели Џеф Квон од Институтот за хемиски науки и јавно здравје во Онтарио, Канада.

Студијата се базира на речиси 20.000 лабораториски потврдени случаи на грип помеѓу 2009 и 2014 година. Меѓу нив, 332 биле хоспитализирани со срцев удар истата година. Ризикот е поголем во текот на првите седум дена по инфекцијата, особено ако е за стари лица инфицирани со вирусот на инфлуенца тип Б, како и оние кои немаат срцев удар.

The post Како грипот е поврзан со инфарктот? appeared first on Република.

]]>

Грипот е поврзан и со инфарктот. Истражување покажало дека луѓето болни од грип, се изложени во првата недела од болеста на шест пати поголем ризик од срцев удар. Овој ризик е особено зголемен кај возрасни луѓе, истакнуваат авторите на истражувањето објавено во “Њу Ингланд џурнал оф медисин”. Ова истражување ги потврдува претходните кои ја покажуваат врската меѓу грипот, инфаркт и зголемената смртност.
Овие резултати се важни, бидејќи го потврдуваат постоењето на врска помеѓу грипот и инфарктот на миокардот и го зајакнуваат значењето на вакцинацијата против грип”, вели Џеф Квон од Институтот за хемиски науки и јавно здравје во Онтарио, Канада.
Студијата се базира на речиси 20.000 лабораториски потврдени случаи на грип помеѓу 2009 и 2014 година. Меѓу нив, 332 биле хоспитализирани со срцев удар истата година. Ризикот е поголем во текот на првите седум дена по инфекцијата, особено ако е за стари лица инфицирани со вирусот на инфлуенца тип Б, како и оние кои немаат срцев удар.  

The post Како грипот е поврзан со инфарктот? appeared first on Република.

]]>
Мајката на убиениот грчки навивач доживеа срцев удар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/majkata-na-ubieniot-grchki-navivach-dozhivea-srtsev-udar/ Tue, 08 Aug 2023 15:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=670083

Грчкиот навивач на АЕК, 29-годишниот Михаил, вчера беше убиен со нож во Атина при пресметката со хулиганите на Динамо Загреб.

Медиумите од нашиот јужен сосед пишуваат дека мајката на Михаил доживеала срцев удар откако дознала дека нејзиниот син е мртов. Според информациите, таа со возило на Итна помош веднаш била пренесена во болница.

Натпреварот меѓу АЕК и Динамо во Атина е одложен и ќе се одигра на 19 август.

The post Мајката на убиениот грчки навивач доживеа срцев удар appeared first on Република.

]]>

Грчкиот навивач на АЕК, 29-годишниот Михаил, вчера беше убиен со нож во Атина при пресметката со хулиганите на Динамо Загреб. Медиумите од нашиот јужен сосед пишуваат дека мајката на Михаил доживеала срцев удар откако дознала дека нејзиниот син е мртов. Според информациите, таа со возило на Итна помош веднаш била пренесена во болница. Натпреварот меѓу АЕК и Динамо во Атина е одложен и ќе се одигра на 19 август.  

The post Мајката на убиениот грчки навивач доживеа срцев удар appeared first on Република.

]]>
СМО предупредува на ризик од срцев удар и смрт поради жештините https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/smo-predupreduva-na-rizik-od-srtsev-udar-i-smrt-poradi-zheshtinite/ Mon, 24 Jul 2023 18:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=664852

Топлотниот бран што ја зафати северната хемисфера се очекува да се засили оваа недела, што ќе предизвика пораст на ноќните температури и ќе доведе до зголемен ризик од срцев удар и смрт, соопшти во вторникот Светската метеоролошка организација (СМО).

„Температурите во Северна Америка, Азија и низ Северна Африка и Медитеранот ќе бидат над 40 степени Целзиусови неколку дена оваа недела, бидејќи топлотниот бран ќе се засилува“, се вели во соопштението на СМО.

Најниските ноќни температури ќе достигнат нови максимуми што ќе создаде ризик од пораст на бројот на срцеви удари и смртни случаи.

„Иако најголем дел од вниманието е насочено кон максималните дневни температури, ноќните температури носат најголеми здравствени ризици, особено за ранливите групи“, предупредува СМО.

Зборувајќи пред новинарите во Женева, научник специјализиран за проучување на топлотните бранови рече дека високите температури што моментално ја погодуваат Европа сигурно ќе продолжат да растат.

„Медитеранскиот топлотен бран е голем, но не е ништо како оној во Северна Африка. Во оваа фаза се развива во Европа“, рече Џон Наирн, виш советник на СМО за екстремни горештини.

Врвот на топлотниот бран во Европа се очекува на италијанските острови Сицилија и Сардинија.

Според Европската вселенска агенција (ESA), температурите на овие острови би можеле да достигнат 48 степени Целзиусови.

Европскиот рекорд го држи Сицилија, каде во 2021 година се измерени 48,8 степени Целзиусови.

The post СМО предупредува на ризик од срцев удар и смрт поради жештините appeared first on Република.

Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srtsev-udar-ama-ne-od-infuzijata-obduktsiskiot-naod-iskluchi-lekarska-greshka-za-smrtta-na-malata-jana/ Tue, 20 Jun 2023 19:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=653497

Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Судска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето.

Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици.

Ние остануваме на ставот дека се работи за лекарска грешка. Го добивме наодот од судска медицина. Чекаме да се изјасни обвинителството, потоа ќе видиме што ќе преземеме понатаму, дали ќе бараме странска експертиза, ќе одиме до крај колку што ни се можностите. Девојчето немаше симптоми на бронхопневмонија, доколку беше така ќе имаше константна температура, кашлица, тешко дишење, а ние го однесовме на нозе на болница. Откако ја прими инфузијата крвта се направи партал – вели мајката Кристина Христовска.

Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, вели дека не се совпаѓаат податоците за прележан ковид и за времето кога настанала смртта кај девојчето. Па, денес побара од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана.

The post Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана appeared first on Република.

]]>

Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Судска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето. Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици.
Ние остануваме на ставот дека се работи за лекарска грешка. Го добивме наодот од судска медицина. Чекаме да се изјасни обвинителството, потоа ќе видиме што ќе преземеме понатаму, дали ќе бараме странска експертиза, ќе одиме до крај колку што ни се можностите. Девојчето немаше симптоми на бронхопневмонија, доколку беше така ќе имаше константна температура, кашлица, тешко дишење, а ние го однесовме на нозе на болница. Откако ја прими инфузијата крвта се направи партал – вели мајката Кристина Христовска.
Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, вели дека не се совпаѓаат податоците за прележан ковид и за времето кога настанала смртта кај девојчето. Па, денес побара од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана.

The post Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана appeared first on Република.

]]>
Научно поткрепено: Фатален срцев удар најчесто се случува на овој ден од неделата… https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nauchno-potkrepeno-fatalen-srtsev-udar-najchesto-se-sluchuva-na-ovoj-den-od-nedelata/ Wed, 07 Jun 2023 19:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=648980

Понеделниците се чини дека се лоши за вашето срце, покажа новото истражување на Британската фондација за срце. Најопасниот тип на срцев удар, познат како СТЕМИ, е поверојатно да се случи во понеделник отколку кој било друг ден во неделата. Истражувачите биле изненадени кога откриле невообичаено зголемување на срцевите удари STEMI и во недела, пренесува New York Post.

„Сега треба да откриеме што е тоа за одредени денови во неделата што ги прави поверојатни“, рече професорот Сер Нилеш Самани, медицински директор на Британската фондација за срце, во соопштението за печатот.

„Ова може да им помогне на лекарите подобро да ја разберат оваа смртоносна состојба бидејќи би можеле да спасиме повеќе животи во иднина“.

Постојат некои докази дека зголемувањето на срцевите удари STEMI е поврзано со хормоните на стрес.

„Ова најверојатно се должи на стресот од враќањето на работа“, рече кардиологот д-р Џек Лафан од фондот за здравствена и социјална грижа во Белфаст, „Зголемениот стрес води до зголемено ниво на хормонот на стрес кортизол, кој е поврзан со поголем ризик од срцеви заболувања.“

СТЕМИ, или миокарден инфаркт со покачување на ST, се јавува кога една од артериите што го снабдуваат срцевиот мускул со крв е блокирана, според Клиниката во Кливленд. Поради оваа блокада, срцевиот мускул почнува да умира, а ослабеното срце не може да пумпа крв во остатокот од телото. СТЕМИ обично се третира со итна ангиопластика, процедура за повторно отворање на блокираните артерии. Околу 38% од луѓето кои одат во итна помош со блокирани срцеви артерии се дијагностицирани со СТЕМИ.

Оваа нова студија, претставена на конференцијата на Британското кардиоваскуларно друштво во Манчестер, се надоврзува на истражувањето за времето и причините за срцевите удари. Студијата од 2005 година покажа дека срцевите удари од „Син понеделник“ се почести кај мажите и се поврзани со консумирање алкохол.

„Знаеме дека срцевите напади се случуваат почесто во зима и во раните утрински часови“, рече Лафан, „Истиот ефект се забележува и кај стапката на мозочен удар. Претходните студии покажаа и поголема стапка на срцеви удари во деновите по летното сметање на времето. Точниот механизам на овие варијации не е познат, но претпоставуваме дека тоа е поврзано со тоа како деноноќниот ритам влијае на циркулирачките хормони кои можат да влијаат за срцев удар и мозочен удар.“

The post Научно поткрепено: Фатален срцев удар најчесто се случува на овој ден од неделата… appeared first on Република.

]]>

Понеделниците се чини дека се лоши за вашето срце, покажа новото истражување на Британската фондација за срце. Најопасниот тип на срцев удар, познат како СТЕМИ, е поверојатно да се случи во понеделник отколку кој било друг ден во неделата. Истражувачите биле изненадени кога откриле невообичаено зголемување на срцевите удари STEMI и во недела, пренесува New York Post.
„Сега треба да откриеме што е тоа за одредени денови во неделата што ги прави поверојатни“, рече професорот Сер Нилеш Самани, медицински директор на Британската фондација за срце, во соопштението за печатот. „Ова може да им помогне на лекарите подобро да ја разберат оваа смртоносна состојба бидејќи би можеле да спасиме повеќе животи во иднина“.
Постојат некои докази дека зголемувањето на срцевите удари STEMI е поврзано со хормоните на стрес.
„Ова најверојатно се должи на стресот од враќањето на работа“, рече кардиологот д-р Џек Лафан од фондот за здравствена и социјална грижа во Белфаст, „Зголемениот стрес води до зголемено ниво на хормонот на стрес кортизол, кој е поврзан со поголем ризик од срцеви заболувања.“
СТЕМИ, или миокарден инфаркт со покачување на ST, се јавува кога една од артериите што го снабдуваат срцевиот мускул со крв е блокирана, според Клиниката во Кливленд. Поради оваа блокада, срцевиот мускул почнува да умира, а ослабеното срце не може да пумпа крв во остатокот од телото. СТЕМИ обично се третира со итна ангиопластика, процедура за повторно отворање на блокираните артерии. Околу 38% од луѓето кои одат во итна помош со блокирани срцеви артерии се дијагностицирани со СТЕМИ. Оваа нова студија, претставена на конференцијата на Британското кардиоваскуларно друштво во Манчестер, се надоврзува на истражувањето за времето и причините за срцевите удари. Студијата од 2005 година покажа дека срцевите удари од „Син понеделник“ се почести кај мажите и се поврзани со консумирање алкохол.
„Знаеме дека срцевите напади се случуваат почесто во зима и во раните утрински часови“, рече Лафан, „Истиот ефект се забележува и кај стапката на мозочен удар. Претходните студии покажаа и поголема стапка на срцеви удари во деновите по летното сметање на времето. Точниот механизам на овие варијации не е познат, но претпоставуваме дека тоа е поврзано со тоа како деноноќниот ритам влијае на циркулирачките хормони кои можат да влијаат за срцев удар и мозочен удар.“

The post Научно поткрепено: Фатален срцев удар најчесто се случува на овој ден од неделата… appeared first on Република.

]]>
Се фати за гради, се затетерави и падна: Српскиот фудбалер Гудељ колабираше на терен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/se-fati-za-gradi-se-zateteravi-i-padna-srpskiot-fudbaler-gudel-kolabirashe-na-teren/ Sun, 26 Mar 2023 09:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=623751

Српскиот фудбалер, Драгиша Гудељ, е хоспитализиран откако синоќа загуби свест за време на натпреварот од третата шпанска лига меѓу Кордоба и Расинг Ферол.

Фудбалерот на Кордоба и брат на српскиот репрезентативец, Немања Гудељ, колабираше на теренот во 13 минута од натпреварот, но лекарите со брза интервенција го вратија во свесна состојба и итно го пренесоа во болница.

Фудбалскиот клуб Кордоба соопшти дека здравствената состојба на 26-годишниот српски дефанзивец е стабилна, но е задржан во болница на детални испитувања.

The post Се фати за гради, се затетерави и падна: Српскиот фудбалер Гудељ колабираше на терен appeared first on Република.

]]>

Српскиот фудбалер, Драгиша Гудељ, е хоспитализиран откако синоќа загуби свест за време на натпреварот од третата шпанска лига меѓу Кордоба и Расинг Ферол. Фудбалерот на Кордоба и брат на српскиот репрезентативец, Немања Гудељ, колабираше на теренот во 13 минута од натпреварот, но лекарите со брза интервенција го вратија во свесна состојба и итно го пренесоа во болница. Фудбалскиот клуб Кордоба соопшти дека здравствената состојба на 26-годишниот српски дефанзивец е стабилна, но е задржан во болница на детални испитувања.

The post Се фати за гради, се затетерави и падна: Српскиот фудбалер Гудељ колабираше на терен appeared first on Република.

]]>
Д-р Николов: По пандемијата за трипати е зголемен бројот на срцеви удари https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-nikolov-po-pandemijata-za-tripati-e-zgolemen-brojot-na-srtsevi-udari/ Sat, 25 Mar 2023 10:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=623503

Началникот на Одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, Сашко Николов, во интервју за МИА вели дека по ковид пандемијата е зголемен бројот на срцеви удари.

Како што посочува д-р Николов, анализите на македонските кардиолози, но и на европските и светски здруженија, покажуваат дека срцевите удари се зголемиле за трипати повеќе од пред пандемијата.

Инфарктите на белодробието, ако сме имале по 20 пациенти годишно, сега имаме по 15 месечно, тие што ги евидентираме и нотираме. Инфаркти на долни екстремитети, заболување на крвните садови на нозете за четири пати повеќе, тромбоза на длабоките вени на површните вени, масовно зголемено. Тромбоза на цревни артерии, огромно зголемување, појава на мозочни инфаркти кај млади луѓе зголемено за петпати. Сето тоа е резултат на пандемијата. Пандемијата кога почна сите ние мислевме дека е вирусно заболување, односно тоа е вирусно заболување, тоа е респираторно вирусно заболување, ги напаѓа белите дробови, вели Николов.

Тој посочува дека како што одминуваше пандемијата лекарите сфатиле дека ковид вирусот влегува преку респирторните патишта, меѓутоа цел на напад му се мускулестите делови на крвните садови. Во овој постковид период зголеменен е бројот на интервенции и на одделите за кардиологија и неврологија.

Голема е бројката и кај невролозите, особено кај популацијата од 25 години, па нагоре. Мозочни удари кај млади луѓе и тоа е резултат на ковид инфекција врз крвните садови. Многу често викаме поминав ковид, ама немав симптоми. Ти си поминал ковид, немаш симптоми, меѓутоа антигенот од ковидот веќе е закотвен во крвниот сад. Прашање на време е кога тоа ќе почне да прави воспаление, реакција и ќе направи задебелување, пукање на плака во крвниот сад и на крајот инфаркт. Така да оваа ковид инфекција направи една состојба на светското здравство да сфатиме, колку ние не знаеме за новите болести што ни доаѓаат, заради тоа што новите болести се комбинација од заболување, комбинација на вируси што напаѓаат повеќе системи истовремено, вели Николов во видео интервјуто во прес-ценатрот на МИА во Штип, кое во целост ќе се објави утре.

The post Д-р Николов: По пандемијата за трипати е зголемен бројот на срцеви удари appeared first on Република.

]]>

Началникот на Одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, Сашко Николов, во интервју за МИА вели дека по ковид пандемијата е зголемен бројот на срцеви удари. Како што посочува д-р Николов, анализите на македонските кардиолози, но и на европските и светски здруженија, покажуваат дека срцевите удари се зголемиле за трипати повеќе од пред пандемијата.
Инфарктите на белодробието, ако сме имале по 20 пациенти годишно, сега имаме по 15 месечно, тие што ги евидентираме и нотираме. Инфаркти на долни екстремитети, заболување на крвните садови на нозете за четири пати повеќе, тромбоза на длабоките вени на површните вени, масовно зголемено. Тромбоза на цревни артерии, огромно зголемување, појава на мозочни инфаркти кај млади луѓе зголемено за петпати. Сето тоа е резултат на пандемијата. Пандемијата кога почна сите ние мислевме дека е вирусно заболување, односно тоа е вирусно заболување, тоа е респираторно вирусно заболување, ги напаѓа белите дробови, вели Николов.
Тој посочува дека како што одминуваше пандемијата лекарите сфатиле дека ковид вирусот влегува преку респирторните патишта, меѓутоа цел на напад му се мускулестите делови на крвните садови. Во овој постковид период зголеменен е бројот на интервенции и на одделите за кардиологија и неврологија.
Голема е бројката и кај невролозите, особено кај популацијата од 25 години, па нагоре. Мозочни удари кај млади луѓе и тоа е резултат на ковид инфекција врз крвните садови. Многу често викаме поминав ковид, ама немав симптоми. Ти си поминал ковид, немаш симптоми, меѓутоа антигенот од ковидот веќе е закотвен во крвниот сад. Прашање на време е кога тоа ќе почне да прави воспаление, реакција и ќе направи задебелување, пукање на плака во крвниот сад и на крајот инфаркт. Така да оваа ковид инфекција направи една состојба на светското здравство да сфатиме, колку ние не знаеме за новите болести што ни доаѓаат, заради тоа што новите болести се комбинација од заболување, комбинација на вируси што напаѓаат повеќе системи истовремено, вели Николов во видео интервјуто во прес-ценатрот на МИА во Штип, кое во целост ќе се објави утре.

The post Д-р Николов: По пандемијата за трипати е зголемен бројот на срцеви удари appeared first on Република.

]]>
НФЛ-играч во критична состојба по срцев удар за време на натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nfl-igrach-vo-kritichna-sostojba-po-srtsev-udar-za-vreme-na-natprevar/ Tue, 03 Jan 2023 08:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=593000

Играчот на Бафало блуз, Дамар Хамлин е во критична состојба откако доживеа срцев удар за време на натпреварот од 17. коло на НФЛ-лигата против Синсинати бенгалс, соопшти прес-службата на лигата.

Дваесет и четиригодишниот играч заврши на тревникот по контакт со противник. Лекарите истрчале на терен да пружат прва помош, извршиле кардиопулмонална реанимација и користеле дефибрилатор.

Во моментов Хамлин е во болница.

Натпреварот беше прекинат при водство на Синсинати со 7:3.

The post НФЛ-играч во критична состојба по срцев удар за време на натпревар appeared first on Република.

]]>

Играчот на Бафало блуз, Дамар Хамлин е во критична состојба откако доживеа срцев удар за време на натпреварот од 17. коло на НФЛ-лигата против Синсинати бенгалс, соопшти прес-службата на лигата. Дваесет и четиригодишниот играч заврши на тревникот по контакт со противник. Лекарите истрчале на терен да пружат прва помош, извршиле кардиопулмонална реанимација и користеле дефибрилатор. Во моментов Хамлин е во болница. Натпреварот беше прекинат при водство на Синсинати со 7:3.

The post НФЛ-играч во критична состојба по срцев удар за време на натпревар appeared first on Република.

]]>
Едноставен тест што предвидува кобен срцев удар во наредните 3 години: Ова може да ви го спаси животот! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ednostaven-test-shto-predviduva-koben-srcev-udar-vo-narednite-3-godini-ova-moze-da-vi-go-spasi-zivotot/ Mon, 24 Oct 2022 21:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=564936

Тестирањето на крвта веќе се користи во болниците за дијагноза на други состојби, но сега би можело да се користи за поедноставување на начинот на кој се лекуваат пациентите кои се сомневаат на срцев удар.

Експерти од Британската фондација за срце велат дека на секои пет минути, во Велика Британија се прима во болница некој со срцев удар.

Се проценува дека има 1,4 милиони луѓе кои преживеале срцев удар.

Истражувачи од Националниот институт за срце и бели дробови „Империал колеџ Лондон“ откриле дека мерењето на нивоата на Ц-реактивниот протеин (ЦРП), кој укажува на знаци на воспаление, може подобро да идентификува кој е во смртна опасност.

Протеинот може да биде присутен во крвта кај луѓето по срцев удар. Како резултат на тоа, тестот би можел да овозможи да им се дадат поагресивни третмани на оние на кои им се потребни и да бидат под надзор на лекар. А оние што се идентификувани како ниско ризични би можеле да бидат испратени дома.

Моментално, кога лекарите мислат дека човек имал срцев удар, спроведуваат тест на крвта за тропонин – протеин што се ослободува во крвотокот кога срцето е оштетено. Научниците сега тврдат дека мерењето на нивото на ЦРП може да даде најдетална слика што ќе покаже кои пациенти се изложени на најголем ризик.

Истражувачите ги разгледале податоците на повеќе од 250.000 пациенти кои биле примени во болница со сомнеж на срцев удар. Нормалното ниво на ЦРП во крвта е 2мг/л или помалку. Но тие откриле благо покачена мерка од 10 до 15 мг/л кај оние со позитивен тест на тропонин, предвидувајќи повеќе од 35 отсто шанси за смрт три години подоцна.

Резултатите од истражувањето ќе отворат врата за подобар третман на пациентите со срцев удар, кои страдаат од воспаленија опасни по живот.

Иако идентификацијата на оние со поголем ризик од срцев удар е првиот чекор, научниците веруваат дека новиот тест на крвта би можел да доведе до подобри третмани.

Докторот Рамзи Кхамис од Империјал колеџот се надева дека ќе го тестираат антиинфламаторниот лек, колхицин. Веќе е утврдено дека помага во тоа да се сопре насобирањето масни наслаги во артериите, што го зголемува ризикот од срцев удар.

Сега, докторите се надеваат дека ќе им го дадат лекот на пациентите со високо ниво на ЦРП за да се утврди дали може да помогне во зголемувањето на шансите за преживување по срцев удар.

The post Едноставен тест што предвидува кобен срцев удар во наредните 3 години: Ова може да ви го спаси животот! appeared first on Република.

]]>

Тестирањето на крвта веќе се користи во болниците за дијагноза на други состојби, но сега би можело да се користи за поедноставување на начинот на кој се лекуваат пациентите кои се сомневаат на срцев удар. Експерти од Британската фондација за срце велат дека на секои пет минути, во Велика Британија се прима во болница некој со срцев удар. Се проценува дека има 1,4 милиони луѓе кои преживеале срцев удар. Истражувачи од Националниот институт за срце и бели дробови „Империал колеџ Лондон“ откриле дека мерењето на нивоата на Ц-реактивниот протеин (ЦРП), кој укажува на знаци на воспаление, може подобро да идентификува кој е во смртна опасност. Протеинот може да биде присутен во крвта кај луѓето по срцев удар. Како резултат на тоа, тестот би можел да овозможи да им се дадат поагресивни третмани на оние на кои им се потребни и да бидат под надзор на лекар. А оние што се идентификувани како ниско ризични би можеле да бидат испратени дома. Моментално, кога лекарите мислат дека човек имал срцев удар, спроведуваат тест на крвта за тропонин – протеин што се ослободува во крвотокот кога срцето е оштетено. Научниците сега тврдат дека мерењето на нивото на ЦРП може да даде најдетална слика што ќе покаже кои пациенти се изложени на најголем ризик. Истражувачите ги разгледале податоците на повеќе од 250.000 пациенти кои биле примени во болница со сомнеж на срцев удар. Нормалното ниво на ЦРП во крвта е 2мг/л или помалку. Но тие откриле благо покачена мерка од 10 до 15 мг/л кај оние со позитивен тест на тропонин, предвидувајќи повеќе од 35 отсто шанси за смрт три години подоцна. Резултатите од истражувањето ќе отворат врата за подобар третман на пациентите со срцев удар, кои страдаат од воспаленија опасни по живот. Иако идентификацијата на оние со поголем ризик од срцев удар е првиот чекор, научниците веруваат дека новиот тест на крвта би можел да доведе до подобри третмани. Докторот Рамзи Кхамис од Империјал колеџот се надева дека ќе го тестираат антиинфламаторниот лек, колхицин. Веќе е утврдено дека помага во тоа да се сопре насобирањето масни наслаги во артериите, што го зголемува ризикот од срцев удар. Сега, докторите се надеваат дека ќе им го дадат лекот на пациентите со високо ниво на ЦРП за да се утврди дали може да помогне во зголемувањето на шансите за преживување по срцев удар.

The post Едноставен тест што предвидува кобен срцев удар во наредните 3 години: Ова може да ви го спаси животот! appeared first on Република.

]]>
Актерката од „Среќни луѓе“ имала инфаркт: И се слошило среде роденден, се огласи и нејзината ќерка https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/akterkata-od-srekjni-lugje-imala-infarkt-i-se-sloshilo-srede-rodenden-se-oglasi-i-nejzinata-kjerka/ Mon, 05 Sep 2022 08:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=547553

Актерката Наталија Влаховиќ Чуљковиќ доживеала срцев удар.

На Наталија и се слошило во Црна Гора додека била на роденденска забава на сопругата на Жарко Зечевиќ, Мирјана.

Актерката веднаш била хоспитализирана и и биле направени сите детални анализи. Таа се уште е во болница во Црна Гора. Се чека да биде префрлен на лекување во Белград.

Нејзината ќерка, Теа Чуљковиќ, за „курир.рс“ ја потврдува информацијата.

Така е, мајка ми одеднаш доби срцев удар. Само ве замолувам да не разберете во оваа ситуација – вели Теа.

Наталија ги освои срцата на публиката со една мала улога во серијата „Среќни луѓе“, каде што го толкуваше ликот на најдобрата пријателка на познатата Џина, која ја игра Дубравка Мијатовиќ.

The post Актерката од „Среќни луѓе“ имала инфаркт: И се слошило среде роденден, се огласи и нејзината ќерка appeared first on Република.

]]>

Актерката Наталија Влаховиќ Чуљковиќ доживеала срцев удар. На Наталија и се слошило во Црна Гора додека била на роденденска забава на сопругата на Жарко Зечевиќ, Мирјана. Актерката веднаш била хоспитализирана и и биле направени сите детални анализи. Таа се уште е во болница во Црна Гора. Се чека да биде префрлен на лекување во Белград. Нејзината ќерка, Теа Чуљковиќ, за „курир.рс“ ја потврдува информацијата.
Така е, мајка ми одеднаш доби срцев удар. Само ве замолувам да не разберете во оваа ситуација – вели Теа.
Наталија ги освои срцата на публиката со една мала улога во серијата „Среќни луѓе“, каде што го толкуваше ликот на најдобрата пријателка на познатата Џина, која ја игра Дубравка Мијатовиќ.  

The post Актерката од „Среќни луѓе“ имала инфаркт: И се слошило среде роденден, се огласи и нејзината ќерка appeared first on Република.

]]>
Боксер почина кога доби срцев напад во рингот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/bokser-pochina-koga-dobi-srcev-napad-vo-ringot/ Tue, 17 May 2022 18:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=503478

Муса Јамак, германскиот боксер со турско потекло, починал во саботата откако колабирал во рингот во грачето Гархинг во близината на Минхен, јавуваат германските медиуми.

Јамак, кој имал 8-0 скор со осум нокаути како професионалец, боксува со Хамза Вандера од Уганда, се обиде да се врати во рингот на стартот на третата рунда, по што ја загуби свеста. Според германската полиција, првата помош имала проблем да стигне до арената поради гужвата пред салата.

38-годишниот Јамак стана професионалец во 2017 година, а минатиот ноември го освои интернационалниот ВБФ појас во средно-тепка категорија, победувајќи го Белорусинот Сиерхај Хулијакевич.

The post Боксер почина кога доби срцев напад во рингот appeared first on Република.

]]>

Муса Јамак, германскиот боксер со турско потекло, починал во саботата откако колабирал во рингот во грачето Гархинг во близината на Минхен, јавуваат германските медиуми. Јамак, кој имал 8-0 скор со осум нокаути како професионалец, боксува со Хамза Вандера од Уганда, се обиде да се врати во рингот на стартот на третата рунда, по што ја загуби свеста. Според германската полиција, првата помош имала проблем да стигне до арената поради гужвата пред салата. 38-годишниот Јамак стана професионалец во 2017 година, а минатиот ноември го освои интернационалниот ВБФ појас во средно-тепка категорија, победувајќи го Белорусинот Сиерхај Хулијакевич.

The post Боксер почина кога доби срцев напад во рингот appeared first on Република.

]]>
Братот на Тот: Денис почина од срцев удар, доста со лажните информации! https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/bratot-na-tot-denis-pochina-od-srcev-udar-dosta-so-laznite-informacii/ Fri, 08 Apr 2022 21:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=485618

Братот на починатиот ракометар на Бутел, Борис Тот се огласи преку социјалните мрежи ставајќи крај на постојаните шпекулации околу причините за смртта на 27-годишниот Денис Тот.

Денис синоќа со срцево затајување беше пренесен во скопските клиники по што попладнево и официјално беше потврдено дека не ја издржал најважната битка во животот.

Им благодарам многу на господата новинари на ‘професионално’ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публиците!!!“ – напиша Борис Тот на својот фејсбук профил.

Уште утрово од КАРИЛ за повеќе македонски информативни медиуми нагласија дека на телото на Тот немало видливи знаци на повреда, а на скопската клиника бил донесен со срцево затајување. Попладнево и официјално беше потврдено дека и покрај борбата на лекарите за неговиот живот, младиот ракометар на РК Бутел, за жал, почина на скопските клиники.

https://republika.mk/sport/rakomet/tri-lica-se-uapseni-za-smrtta-na-hrvatskiot-rakometar/

The post Братот на Тот: Денис почина од срцев удар, доста со лажните информации! appeared first on Република.

]]>

Братот на починатиот ракометар на Бутел, Борис Тот се огласи преку социјалните мрежи ставајќи крај на постојаните шпекулации околу причините за смртта на 27-годишниот Денис Тот. Денис синоќа со срцево затајување беше пренесен во скопските клиники по што попладнево и официјално беше потврдено дека не ја издржал најважната битка во животот.
Им благодарам многу на господата новинари на ‘професионално’ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публиците!!!“ – напиша Борис Тот на својот фејсбук профил.
Уште утрово од КАРИЛ за повеќе македонски информативни медиуми нагласија дека на телото на Тот немало видливи знаци на повреда, а на скопската клиника бил донесен со срцево затајување. Попладнево и официјално беше потврдено дека и покрај борбата на лекарите за неговиот живот, младиот ракометар на РК Бутел, за жал, почина на скопските клиники. https://republika.mk/sport/rakomet/tri-lica-se-uapseni-za-smrtta-na-hrvatskiot-rakometar/  

The post Братот на Тот: Денис почина од срцев удар, доста со лажните информации! appeared first on Република.

]]>
Украинските власти тврдат дека Сергеј Шојгу имал срцев удар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-vlasti-tvrdat-deka-sergej-shojgu-imal-srcev-udar/ Fri, 25 Mar 2022 23:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=478713

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи, Антон Герашченко, тврди дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, имал срцев удар.

Шојгу имаше срцев удар и затоа не е во јавноста од средината на март. Доби срцев удар по целосниот неуспех на руската инвазија на Украина. Сега е на рехабилитација во Главната воена болница - напиша Герашченко на Фејсбук.

Вчера руската телевизија го прикажа Шојгу како седи и разговара со Путин. Тој не беше виден во јавноста од 11 март, а се шпекулираше дека е болен, па дури и уапсен.

https://republika.mk/vesti/svet/shojgu-ne-e-viden-so-putin-ushte-od-nivnata-sredba-na-27-fevruari/

Инаку, Путин го потпиша законот за кривична одговорност за лажни информации за руски државни органи кои работат во странство. Законот се однесува на амбасадите, државните обвинителства, Националната гарда, руското Министерство за вонредни ситуации и други.

Казната предвидена со овој закон е иста како и за дискредитирање и ширење лажни вести за руските вооружени сили.

https://republika.mk/vesti/svet/kremlj-gi-negira-glasinite-za-zdravjeto-na-shojgu-ministerot-e-mnogu-zafaten/

The post Украинските власти тврдат дека Сергеј Шојгу имал срцев удар appeared first on Република.

]]>

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи, Антон Герашченко, тврди дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, имал срцев удар.
Шојгу имаше срцев удар и затоа не е во јавноста од средината на март. Доби срцев удар по целосниот неуспех на руската инвазија на Украина. Сега е на рехабилитација во Главната воена болница - напиша Герашченко на Фејсбук.
Вчера руската телевизија го прикажа Шојгу како седи и разговара со Путин. Тој не беше виден во јавноста од 11 март, а се шпекулираше дека е болен, па дури и уапсен. https://republika.mk/vesti/svet/shojgu-ne-e-viden-so-putin-ushte-od-nivnata-sredba-na-27-fevruari/ Инаку, Путин го потпиша законот за кривична одговорност за лажни информации за руски државни органи кои работат во странство. Законот се однесува на амбасадите, државните обвинителства, Националната гарда, руското Министерство за вонредни ситуации и други. Казната предвидена со овој закон е иста како и за дискредитирање и ширење лажни вести за руските вооружени сили. https://republika.mk/vesti/svet/kremlj-gi-negira-glasinite-za-zdravjeto-na-shojgu-ministerot-e-mnogu-zafaten/

The post Украинските власти тврдат дека Сергеј Шојгу имал срцев удар appeared first on Република.

]]>
Пејачот Метјуз Конор доживеал срцев удар додека снимал видео за Tik Tоk https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pejachot-metjuz-konor-doziveal-srcev-udar-dodeka-snimal-video-za-tik-tok/ Thu, 24 Mar 2022 10:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=477611

Метјуз Конор доживеал срцев удар додека снимал видео за Tik Tоk, а сега видеото го споделил на популарна платформа.
На видеото се гледа како пред својот автомобил танцува со песната „The Dance“, а потоа кон крајот колабирал, ја ставил раката на градите, а потоа го почувствувал пулсот. По неколку моменти сфатил дека има срцев удар.

Сепак, навистина го вложив целото мое срце во ова, напишал тој на Тик Ток покрај споменатото видео. Веќе некое време не танцував на музика… Требаше да забележам како ми чука срцето на почетокот – стои во описот.

Метјуз живее во Лос Анџелес, кој првпат се појави на сцената со обработка на песната „Grass Ain’t Greener” на Крис Браун од 2016 година.Подоцна го запознал Кит Урбан во Нешвил, кој му помогнал да напредува во кариерата.
Тој сега има повеќе од 152.000 следбеници на TikTok, на кои редовно им објавува видеа од музичките авантури, без разлика дали се работи за новиот „Cha Cha Slide“ или пеејќи неколку песни во четири октави.

The post Пејачот Метјуз Конор доживеал срцев удар додека снимал видео за Tik Tоk appeared first on Република.

]]>

Метјуз Конор доживеал срцев удар додека снимал видео за Tik Tоk, а сега видеото го споделил на популарна платформа. На видеото се гледа како пред својот автомобил танцува со песната „The Dance“, а потоа кон крајот колабирал, ја ставил раката на градите, а потоа го почувствувал пулсот. По неколку моменти сфатил дека има срцев удар.
Сепак, навистина го вложив целото мое срце во ова, напишал тој на Тик Ток покрај споменатото видео. Веќе некое време не танцував на музика… Требаше да забележам како ми чука срцето на почетокот – стои во описот.
Метјуз живее во Лос Анџелес, кој првпат се појави на сцената со обработка на песната „Grass Ain’t Greener” на Крис Браун од 2016 година.Подоцна го запознал Кит Урбан во Нешвил, кој му помогнал да напредува во кариерата. Тој сега има повеќе од 152.000 следбеници на TikTok, на кои редовно им објавува видеа од музичките авантури, без разлика дали се работи за новиот „Cha Cha Slide“ или пеејќи неколку песни во четири октави.

The post Пејачот Метјуз Конор доживеал срцев удар додека снимал видео за Tik Tоk appeared first on Република.

]]>