србија - русија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbija-rusija/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 19:53:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png србија - русија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbija-rusija/ 32 32 Вучиќ: Србија нема да го смени ставот, никој нема да ја уценува https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-srbija-nema-da-go-smeni-stavot-nikoj-nema-da-ja-utsenuva/ Thu, 11 Apr 2024 19:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=765086

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите дека францускиот претседател побарал Србија да воведе санкции кон Русија.

Макрон рече дека мораме да воведеме санкции кон Русија и дека ова е уцена. Дозволете ми да ви го повторам ставот што го искажавме осум дена по почетокот на конфликтот во Украина, тој важи и денес, вели Вучиќ

Србија, додава тој е горда на својата позиција.

Е мала по население, но е голема во душата. Србија нема да ја смени својата позиција и никој нема да ја уценува, изјави Вучиќ.

The post Вучиќ: Србија нема да го смени ставот, никој нема да ја уценува appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за стопанство: Треба да ѝ воведеме санкции на Русија, ова не се издржува https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-minister-za-stopanstvo-treba-da-vovedeme-sanktsii-na-rusija-ova-ne-se-izdrzhuva/ Tue, 14 Mar 2023 10:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=619484

Српскиот министер за економија Раде Баста ја разбранува српската политичка јавност со предлог Србија да воведе санкции кон Русија, што е прва отворена изјава за санкции на владин претставник по инвазијата на Украина и отстапување од официјалната позиција на Белград.

Во соопштението за медиумите, министерот оцени дека Србија „веќе плаќа висока цена затоа што не воведува санкции против Русија“ и дека „ова станува неодржливо“, а неговата најава предизвика оградување на Единствена Србија (ЈС), од чија коалициска листа влезе во Владата на Ана Брнабиќ, и барања од коалициските партнери тој да поднесе оставка.

„Нашата земја веќе плаќа висока цена поради невоведувањето санкции на Русија и тоа станува неиздржливо. Јас како министер за стопанство гледам колкав притисок се врши врз претседателот на Србија Александар Вучиќ, а не можам да прифатам ние да молчиме. Затоа сум за воведување санкции против Русија, стојам со претседателот Вучиќ во одбраната на државните и националните интереси и имам апсолутна доверба во него. Затоа од владата на Србија и сите министри барам да се изјаснат по ова прашање“, напиша Баста.

Потсети дека и Србија низ историјата била соочена со санкции и дека народот трпел тешки економски последици. Тврди дека токму од тие причини Србија сè уште не ѝ вовела санкции на Русија и дека се надевале дека ќе „надвладее разумот и дека двете страни ќе седнат на преговарачка маса“.

„За жал, со текот на времето соочени сме со една нова реалност. На конфликтот не му се гледа крајот, а разум како да снемало. Во конфликтот на големите секогаш страдаат малите држави и среде глобалните превирања Србија е соочена со страшни притисоци“, предупреди Баста.

„Од почетокот на војната ја осудуваме руската агресија на Украина, но истовремено ги штитиме националните интереси во односите со Руската Федерација. Поради тоа не се придруживме на првиот бран земји кои воведоа санкции на земјата агресор. Сепак, ситуацијата со секој ден повеќе се комплицира, а западните земји остро ѝ замеруваат на Србија за тоа што не се приклучува на санкциите“, додаде српскиот министер.

Оцени дека српската власт на чело со Вучиќ ќе направи се за да ги зачува мирот и стабилноста.

„Економијата е клучна за Србија и затоа како министер за стопанство укажувам дека и покрај тешката надворешнополитичка ситуација мораме да го зачуваме економскиот раст и да се бориме нашите граѓани подобро да живеат. Србија има своја сериозна, одговорна и самостојна политика и ќе продолжи да ги штити своите граѓани“, заклучи Баста.

Единствена Србија е дел од коалицијата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) предводена од шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, која веќе неколку изборни циклуси е во коалиција со Српската напредна партија (СНС) на актуелниот шеф на државата, Александар Вучиќ.

На сугестијата на Баста прва реагираше неговата партија ЕС, посочувајќи дека тоа е негова „лична позиција“, а не на партијата чиј член е и дека таа е „против воведување санкции за кого и да е“ и дека решението за војната во Украина „треба да е на преговарачка маса“.

Движењето на социјалистите (ПС) на Александар Вулин, исто така член на владејачката коалиција, побара Баста да поднесе оставка затоа што сака Србија да се приклучи на „незаконските санкции против Руската Федерација“.

Српскиот претседател Вучиќ одбива да се приклучи кон санкциите против Русија, но на почетокот на февруари, о текот на дискисијата за ситуацијта во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија, на претениците им порача дека „најверојатно ќе мора да воведат санкции“ против Русија, додавајќи дека тој со тоа „не е одушевен“, но дека Белград „веќе ја плаќа цената“ што тоа не го сторил порано.

Кремљ на тоа реагираше наведувајќи дека „разбира оти раководството на Србија е под невиден притисок од Западот“ и дека „ја цени позицијата на претседателот Александар Вучиќ, надевајќи се на натамошно подобрување на односите меѓу двете земји.

СНС на Вучиќ засега не го коментираше предлогот на српскиот министер за економија.

The post Српскиот министер за стопанство: Треба да ѝ воведеме санкции на Русија, ова не се издржува appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за економија Раде Баста ја разбранува српската политичка јавност со предлог Србија да воведе санкции кон Русија, што е прва отворена изјава за санкции на владин претставник по инвазијата на Украина и отстапување од официјалната позиција на Белград. Во соопштението за медиумите, министерот оцени дека Србија „веќе плаќа висока цена затоа што не воведува санкции против Русија“ и дека „ова станува неодржливо“, а неговата најава предизвика оградување на Единствена Србија (ЈС), од чија коалициска листа влезе во Владата на Ана Брнабиќ, и барања од коалициските партнери тој да поднесе оставка.
„Нашата земја веќе плаќа висока цена поради невоведувањето санкции на Русија и тоа станува неиздржливо. Јас како министер за стопанство гледам колкав притисок се врши врз претседателот на Србија Александар Вучиќ, а не можам да прифатам ние да молчиме. Затоа сум за воведување санкции против Русија, стојам со претседателот Вучиќ во одбраната на државните и националните интереси и имам апсолутна доверба во него. Затоа од владата на Србија и сите министри барам да се изјаснат по ова прашање“, напиша Баста.
Потсети дека и Србија низ историјата била соочена со санкции и дека народот трпел тешки економски последици. Тврди дека токму од тие причини Србија сè уште не ѝ вовела санкции на Русија и дека се надевале дека ќе „надвладее разумот и дека двете страни ќе седнат на преговарачка маса“.
„За жал, со текот на времето соочени сме со една нова реалност. На конфликтот не му се гледа крајот, а разум како да снемало. Во конфликтот на големите секогаш страдаат малите држави и среде глобалните превирања Србија е соочена со страшни притисоци“, предупреди Баста.
„Од почетокот на војната ја осудуваме руската агресија на Украина, но истовремено ги штитиме националните интереси во односите со Руската Федерација. Поради тоа не се придруживме на првиот бран земји кои воведоа санкции на земјата агресор. Сепак, ситуацијата со секој ден повеќе се комплицира, а западните земји остро ѝ замеруваат на Србија за тоа што не се приклучува на санкциите“, додаде српскиот министер. Оцени дека српската власт на чело со Вучиќ ќе направи се за да ги зачува мирот и стабилноста.
„Економијата е клучна за Србија и затоа како министер за стопанство укажувам дека и покрај тешката надворешнополитичка ситуација мораме да го зачуваме економскиот раст и да се бориме нашите граѓани подобро да живеат. Србија има своја сериозна, одговорна и самостојна политика и ќе продолжи да ги штити своите граѓани“, заклучи Баста.
Единствена Србија е дел од коалицијата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) предводена од шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, која веќе неколку изборни циклуси е во коалиција со Српската напредна партија (СНС) на актуелниот шеф на државата, Александар Вучиќ. На сугестијата на Баста прва реагираше неговата партија ЕС, посочувајќи дека тоа е негова „лична позиција“, а не на партијата чиј член е и дека таа е „против воведување санкции за кого и да е“ и дека решението за војната во Украина „треба да е на преговарачка маса“. Движењето на социјалистите (ПС) на Александар Вулин, исто така член на владејачката коалиција, побара Баста да поднесе оставка затоа што сака Србија да се приклучи на „незаконските санкции против Руската Федерација“. Српскиот претседател Вучиќ одбива да се приклучи кон санкциите против Русија, но на почетокот на февруари, о текот на дискисијата за ситуацијта во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија, на претениците им порача дека „најверојатно ќе мора да воведат санкции“ против Русија, додавајќи дека тој со тоа „не е одушевен“, но дека Белград „веќе ја плаќа цената“ што тоа не го сторил порано. Кремљ на тоа реагираше наведувајќи дека „разбира оти раководството на Србија е под невиден притисок од Западот“ и дека „ја цени позицијата на претседателот Александар Вучиќ, надевајќи се на натамошно подобрување на односите меѓу двете земји. СНС на Вучиќ засега не го коментираше предлогот на српскиот министер за економија.

The post Српскиот министер за стопанство: Треба да ѝ воведеме санкции на Русија, ова не се издржува appeared first on Република.

]]>
Коњуфца: Со новото раководство Србија јасно ја потврдува тесната поврзаност со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/konjufca-so-novoto-rakovodstvo-srbija-jasno-ja-potvrduva-tesnata-povrzanost-so-rusija/ Mon, 24 Oct 2022 16:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=565045

Претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца не верува дека набргу може да се очекува договор меѓу Косово и Србија, со оглед на „новата политичка констелација“, односно по објавувањето на имињата кои во иднина треба да ги водат министерствата и другите државни институции во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во неговото денешно обраќање на Форумот за надворешни работи и безбедност (ФАС Форум), Коњуфца рече дека „реконструкцијата на политичката каста во Србија“ јасно покажува дека таа држава е тесно поврзана со Русија.

Со оваа политичка констелација на Србија воопшто не сум оптимист за брзо постигнување на договор со Белград, рече Коњуфца на форумот чија тема беше „Новата геополитика по руската агресија на Украина“.

Според спикерот на косовското Собрание, со новото државно раководство на Србија, предводено од претседателот Александар Вучиќ, „Србија веќе јасно испрати порака … за тоа кој е нивниот правец“.

Ова ќе има влијание и на сите значајни процеси во Западен Балкан, рече Коњуфца.

Издвојувајќи го именувањето на досегашниот министер за внатрешни работи, Александар Вулин на чело на Безбодносно-информативната агенција (БИА) и на досегашниот собраниски спикер, Ивица Дачиќ за шеф на српската дипломатија, Коњуфца рече дека сега сите значајни структури на српската држава се тесно поврзани со Русија.

Сите српски структури, значајните структури на безбедноста, разузнавањето, полицијата, војската, внатрешната политика … се фатени од личности кои отворено ја бранат ориентацијата на Србија кон натамошно јакнење на врските со Русија, рече Коњуфца.

The post Коњуфца: Со новото раководство Србија јасно ја потврдува тесната поврзаност со Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца не верува дека набргу може да се очекува договор меѓу Косово и Србија, со оглед на „новата политичка констелација“, односно по објавувањето на имињата кои во иднина треба да ги водат министерствата и другите државни институции во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во неговото денешно обраќање на Форумот за надворешни работи и безбедност (ФАС Форум), Коњуфца рече дека „реконструкцијата на политичката каста во Србија“ јасно покажува дека таа држава е тесно поврзана со Русија.
Со оваа политичка констелација на Србија воопшто не сум оптимист за брзо постигнување на договор со Белград, рече Коњуфца на форумот чија тема беше „Новата геополитика по руската агресија на Украина“.
Според спикерот на косовското Собрание, со новото државно раководство на Србија, предводено од претседателот Александар Вучиќ, „Србија веќе јасно испрати порака … за тоа кој е нивниот правец“.
Ова ќе има влијание и на сите значајни процеси во Западен Балкан, рече Коњуфца.
Издвојувајќи го именувањето на досегашниот министер за внатрешни работи, Александар Вулин на чело на Безбодносно-информативната агенција (БИА) и на досегашниот собраниски спикер, Ивица Дачиќ за шеф на српската дипломатија, Коњуфца рече дека сега сите значајни структури на српската држава се тесно поврзани со Русија.
Сите српски структури, значајните структури на безбедноста, разузнавањето, полицијата, војската, внатрешната политика … се фатени од личности кои отворено ја бранат ориентацијата на Србија кон натамошно јакнење на врските со Русија, рече Коњуфца.

The post Коњуфца: Со новото раководство Србија јасно ја потврдува тесната поврзаност со Русија appeared first on Република.

]]>
Ќе воведе ли Србија санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-vovede-li-srbija-sankcii-protiv-rusija/ Fri, 21 Oct 2022 06:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=563855

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера зборуваше за ситуацијата во Украина и Русија, како и за воведувањето санкции против Русија.

Тој објасни дека заменик-министерот за надворешни работи на Русија, кој не е под санкции, дошол во Белград на консултации со руските амбасадори во регионот и нагласил дека тоа никој не го крие, како што најавуваат некои медиуми и политичари.

И сега велат дека сме криеле нешто. Дојдоа со редовен авион, се сретнаа и со Селаковиќ, кој му посака среќа. Немав формален состанок, но имавме еден вид работен појадок, бидејќи овој човек го познавам долго време. И сега би сакал луѓето да ми дозволат да кажам, одредени медиуми објавија дека „Вучиќ му рекол на Грушко дека Србија е под голем притисок“. се поставува прашањето, кога би сакал да ја сокријам средбата со него, што би сакал да се сокрие. Па, можеби, за да ја спасиме Србија. Па зошто ме осудивте мене, претседателот на вашата земја. Што сте вие, професионални осудувачи, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија е посветена на Европа, но дека некои сакаат да ни кажат дека не смееме да имаме ни трошка независност.

Се додека не постои егзистенцијална закана за Србија и нејзините граѓани, ние ќе ја водиме политиката што ја одредува Советот за национална безбедност. Доколку нешто се промени, отворено ќе им кажеме на граѓаните сè. Горд сум што водиме независна политика 240 дена, нагласи Вучиќ.

Тој посочи дека Србија не и должи ништо на Русија, но дека треба да се сети што направи Москва во 2015 година и дека треба да се сети како Русија и Кина го штитат интегритетот на Србија во ОН.

Го правиме тоа затоа што имаме почит кон себе. Барам морална, правна, беспрекорно чиста позиција за земјата што најмногу ја сакам. Барам позиција за Србија. Ние сме под санкции со децении, тој истакна.

Вучиќ потсети дека Здравко Понош во истото студио рекол дека нема да воведе санкции против Русија, а Вучиќ ќе ги воведе на 3 април.

Тој рече дека нема санкции, а неговото „можеби ќе се обидеме“ е многу построго од нивното најсилно да.

Нивниот збор не вреди ништо, а мојот значи, и се почитува во светот. Кога ќе дадам збор и ќе кажам дека ќе го решиме прашањето за визите, видовте дека почнавме. Ќе правиме што ќе кажеме, рече претседателот.

The post Ќе воведе ли Србија санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера зборуваше за ситуацијата во Украина и Русија, како и за воведувањето санкции против Русија. Тој објасни дека заменик-министерот за надворешни работи на Русија, кој не е под санкции, дошол во Белград на консултации со руските амбасадори во регионот и нагласил дека тоа никој не го крие, како што најавуваат некои медиуми и политичари.
И сега велат дека сме криеле нешто. Дојдоа со редовен авион, се сретнаа и со Селаковиќ, кој му посака среќа. Немав формален состанок, но имавме еден вид работен појадок, бидејќи овој човек го познавам долго време. И сега би сакал луѓето да ми дозволат да кажам, одредени медиуми објавија дека „Вучиќ му рекол на Грушко дека Србија е под голем притисок“. се поставува прашањето, кога би сакал да ја сокријам средбата со него, што би сакал да се сокрие. Па, можеби, за да ја спасиме Србија. Па зошто ме осудивте мене, претседателот на вашата земја. Што сте вие, професионални осудувачи, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија е посветена на Европа, но дека некои сакаат да ни кажат дека не смееме да имаме ни трошка независност.
Се додека не постои егзистенцијална закана за Србија и нејзините граѓани, ние ќе ја водиме политиката што ја одредува Советот за национална безбедност. Доколку нешто се промени, отворено ќе им кажеме на граѓаните сè. Горд сум што водиме независна политика 240 дена, нагласи Вучиќ.
Тој посочи дека Србија не и должи ништо на Русија, но дека треба да се сети што направи Москва во 2015 година и дека треба да се сети како Русија и Кина го штитат интегритетот на Србија во ОН.
Го правиме тоа затоа што имаме почит кон себе. Барам морална, правна, беспрекорно чиста позиција за земјата што најмногу ја сакам. Барам позиција за Србија. Ние сме под санкции со децении, тој истакна.
Вучиќ потсети дека Здравко Понош во истото студио рекол дека нема да воведе санкции против Русија, а Вучиќ ќе ги воведе на 3 април. Тој рече дека нема санкции, а неговото „можеби ќе се обидеме“ е многу построго од нивното најсилно да.
Нивниот збор не вреди ништо, а мојот значи, и се почитува во светот. Кога ќе дадам збор и ќе кажам дека ќе го решиме прашањето за визите, видовте дека почнавме. Ќе правиме што ќе кажеме, рече претседателот.
 
The post Ќе воведе ли Србија санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Хил: Србите да разберат дека ова не е нивната „мајка Русија“, туку многу поинаква Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hil-srbite-da-razberat-deka-ova-ne-e-nivnata-majka-rusija-tuku-mnogu-poinakva-rusija/ Wed, 19 Oct 2022 08:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=562821

Амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил изјави дека разбира оти Србија има долга и тешка историја на санкции, како и дека САД го разбираат тоа, но дека сепак треба добро да погледнат каде стојат нејзините национални интереси и дека тој е убеден дека пред или подоцна види дека се на Запад, пренесе Бета.

Би ги предупредил Србите да разберат дека ова не е нивната „мајка Русија“, ние си имаме работа со многу поинаква Русија, изјави американскиот амбасадор во синоќешното интервју за РТС.

Хил рече дека знае дека е тешко и дека Србија со децении има добри односи со Русија, но дека ова е многу поинаква Русија, Русија која брутално ги напаѓа соседите и дека Србија треба да се изјасни.

Ако ја погледнете Европа, многу малку земји, ми се чини дека само Белорусија и Србија не воведоа санкции кон Русија. Прашањето е дали Србија сака да остане во тоа друштво. Многу земји воведоа санкции и тоа ги чини. Прашањето е дали санкциите тие можат да влијаат на однесувањето на Русија, но сепак ги донесоа затоа што разбираат дека треба да бидат обединети и да се спротивстават на она што го прави Русија, рече Хил.

Тој додаде дека не мисли дека некој и се заканува на Србија по тоа прашање, туку дека смета дека другите земји бараат од Србија да се изјасни.

Дали ќе седите на оградата меѓу доброто и злото, тоа ли е место за вашиот национален интерес. Луѓето поставуваат тешки прашања, рече тој, додавајќи дека прави разлика помеѓу поставување тешки прашања и закани за Србија.

Зборувајќи за можната помош на САД во случај Србија да биде засегната доколку воведе санкции кон Русија, американскиот амбасадор рече дека неговата земја работи на тоа Србија да има различни снабдувачи со енергија и ќе продолжи да го прави тоа, како и дека тоа е во интерес на двете страни.

Дефинитивно има политички трошок вклучен во цената, и секоја земја, вклучително и Србија, треба да биде загрижена кога снабдувачот на основните потреби за греење и електрична енергија ќе го врзе за нивните политички потреби, како што тоа го прави Русија со Србија и другите, вели тој.

Осврнувајќи се на прашањето за Косово, Хил рече дека разбира оти тоа е големо прашање за народот на Србија, но ги повикува да ја видат разликата меѓу ситуацијата на Косово и моменталната ситуација во Украина.

Разбирам дека ова е големо прашање за народот на Србија. Но, исто така ги повикувам да ја разберат големата разлика помеѓу тоа многу тешко прашање и ситуацијата во која сега имаме голема сила која се однесува поинаку и се обидува да ја искористи за самото нешто што му припаѓа на соседот. И тоа е многу поинаква ситуација. И мислам дека не е добро да се навраќаме на историските сличности, мислам дека треба да се свртиме кон решавање на ситуацијата што ја имаме денес, рече Хил.

The post Хил: Србите да разберат дека ова не е нивната „мајка Русија“, туку многу поинаква Русија appeared first on Република.

Вучиќ: Не можат по Русија, па удри по Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ne-mozat-po-rusija-pa-udri-po-srbija/ Mon, 17 Oct 2022 12:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=562081

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека европските претставници ја повикуваат Србија да биде „на вистинската страна на историјата“, што, како што кажа, нема врска со аргументи, додавајќи дека земјата „ќе биде во голема неволја“ доколку не воведе санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Деновиве Белград е како во Казабланка, бидејќи „кога има гости од Русија, се откриваат оние од западните служби кои ги следат, и исто кога се тука луѓе од Запад, следени се од истокот, рече Вучиќ на одбележувањето на Денот на Безбедоносно-информативна агенција (БИА) и 20 години од формирањето на оваа разузнавачка агенција.

Денес живееме во време кога активноста на службата е најважна, особено кон надворешниот фактор, нагласи Вучиќ.

Ако мислите дека е доволно Србија да каже дека утре ќе воведе санкции кон Русија, не, пет дена, шест дена ќе не тапкаат по рамо. Денеска тоа им служи да не удираат со стап и чекан по сите форуми, бидејќи не можат тоа да им го направат на посилни и појаки, туку на малата Србија. Па ќе ни прават нас се она за што ја обвинуваат Русија дека им прави на другите. Не би било тоа доволно, верувајте ми. На крајот на краиштата, после се би рекле: ‘Или си за иднината или сакате да бидете на вистинската страна на историјата“… А таа вистинска страна на историјата нема многу врска со аргументите, туку дека сте на нивна страна. Ако не сте на нивна страна, тогаш не сте на вистинската страна на историјата, рече Вучиќ, и се осврна на тоа што значи „вистинска страна на историјата“ од гледна точка на Западот.

Вистинската страна на историјата ви вели да се откажете од Косово и Метохија, бидејќи само така ќе добиете мал подарок, иако нема да ви кажеме точно каков ќе биде тој мал подарок, но сепак ќе биде мал. Ако само помислите да го одбиете самоукинувањето, тогаш сте во проблем. Денеска никој не ми се заканува мене како на Александар Вучиќ поради функцијата претседател на Србија, тие отворено се закануваат на целата наша држава и на нејзиниот опстанок, рече Вучиќ.

Според него, Србија ќе ги укине визите што ги бара ЕУ поради мигрантите.

Нема проблем, ќе ги укинеме визите. Нема проблем, ќе се усогласиме. Проблемот е во Србија? Дали мислите дека тоа ќе биде доволно? Нема ни вест да бидеме за тоа. Дали треба да воведеме санкции затоа што ним им пречи што постои земја која сака да има слободно мислење и која никого не загрозила, праша Вучиќ.

Вучиќ додаде дека ако има друга земја во неволја, тогаш и на нив им е полесно.

Во последните 23 години не сме биле во толку тешка ситуација, а никому ништо да не направивме, заклучи Вучиќ. об/ссм/

The post Вучиќ: Не можат по Русија, па удри по Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека европските претставници ја повикуваат Србија да биде „на вистинската страна на историјата“, што, како што кажа, нема врска со аргументи, додавајќи дека земјата „ќе биде во голема неволја“ доколку не воведе санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Белград.
Деновиве Белград е како во Казабланка, бидејќи „кога има гости од Русија, се откриваат оние од западните служби кои ги следат, и исто кога се тука луѓе од Запад, следени се од истокот, рече Вучиќ на одбележувањето на Денот на Безбедоносно-информативна агенција (БИА) и 20 години од формирањето на оваа разузнавачка агенција. Денес живееме во време кога активноста на службата е најважна, особено кон надворешниот фактор, нагласи Вучиќ. Ако мислите дека е доволно Србија да каже дека утре ќе воведе санкции кон Русија, не, пет дена, шест дена ќе не тапкаат по рамо. Денеска тоа им служи да не удираат со стап и чекан по сите форуми, бидејќи не можат тоа да им го направат на посилни и појаки, туку на малата Србија. Па ќе ни прават нас се она за што ја обвинуваат Русија дека им прави на другите. Не би било тоа доволно, верувајте ми. На крајот на краиштата, после се би рекле: ‘Или си за иднината или сакате да бидете на вистинската страна на историјата“… А таа вистинска страна на историјата нема многу врска со аргументите, туку дека сте на нивна страна. Ако не сте на нивна страна, тогаш не сте на вистинската страна на историјата, рече Вучиќ, и се осврна на тоа што значи „вистинска страна на историјата“ од гледна точка на Западот. Вистинската страна на историјата ви вели да се откажете од Косово и Метохија, бидејќи само така ќе добиете мал подарок, иако нема да ви кажеме точно каков ќе биде тој мал подарок, но сепак ќе биде мал. Ако само помислите да го одбиете самоукинувањето, тогаш сте во проблем. Денеска никој не ми се заканува мене како на Александар Вучиќ поради функцијата претседател на Србија, тие отворено се закануваат на целата наша држава и на нејзиниот опстанок, рече Вучиќ.
Според него, Србија ќе ги укине визите што ги бара ЕУ поради мигрантите.
Нема проблем, ќе ги укинеме визите. Нема проблем, ќе се усогласиме. Проблемот е во Србија? Дали мислите дека тоа ќе биде доволно? Нема ни вест да бидеме за тоа. Дали треба да воведеме санкции затоа што ним им пречи што постои земја која сака да има слободно мислење и која никого не загрозила, праша Вучиќ.
Вучиќ додаде дека ако има друга земја во неволја, тогаш и на нив им е полесно.
Во последните 23 години не сме биле во толку тешка ситуација, а никому ништо да не направивме, заклучи Вучиќ. об/ссм/

The post Вучиќ: Не можат по Русија, па удри по Србија appeared first on Република.

]]>
Борел до Србија: Тешко во ЕУ без санкции кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borel-do-srbija-teshko-vo-eu-bez-sankcii-kon-rusija/ Wed, 12 Oct 2022 18:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=560282

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека процесот за приклучување на Србија во Европската Унија ќе биде тежок доколку Белград не воведе санкции кон Русија.

Борел за телевизијата Н1 изјави дека „за процесот на пристапување во Европската Унија неопходно е усогласување со нејзината надворешна политика“.

– Во извештајот на Европската комисија, гледаме дека Србија, како и Турција, доцнат во однос на усогласувањето со надворешната политика на ЕУ. Падот на усогласеноста во комбинација со блиските односи со режимот на (рускиот претседател Владимир) Путин значи дека нема да имаме друг избор освен да препорачаме проценка на падот на усогласувањето во рамките на Поглавјето 31, рече Борел.

Тој изјави и дека „нема рок“ до кој Србија треба да воведе санкции против Русија и додаде дека Белград „треба да ја следи надворешната политика на ЕУ“.

– Забележавме дека нивото на усогласеност на Србија со надворешната политика на ЕУ се намалува. Ние не сме онаму каде што би сакале да бидеме во нашите односи, потенцираше Борел.

The post Борел до Србија: Тешко во ЕУ без санкции кон Русија appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека процесот за приклучување на Србија во Европската Унија ќе биде тежок доколку Белград не воведе санкции кон Русија. Борел за телевизијата Н1 изјави дека „за процесот на пристапување во Европската Унија неопходно е усогласување со нејзината надворешна политика“. – Во извештајот на Европската комисија, гледаме дека Србија, како и Турција, доцнат во однос на усогласувањето со надворешната политика на ЕУ. Падот на усогласеноста во комбинација со блиските односи со режимот на (рускиот претседател Владимир) Путин значи дека нема да имаме друг избор освен да препорачаме проценка на падот на усогласувањето во рамките на Поглавјето 31, рече Борел. Тој изјави и дека „нема рок“ до кој Србија треба да воведе санкции против Русија и додаде дека Белград „треба да ја следи надворешната политика на ЕУ“. – Забележавме дека нивото на усогласеност на Србија со надворешната политика на ЕУ се намалува. Ние не сме онаму каде што би сакале да бидеме во нашите односи, потенцираше Борел.

The post Борел до Србија: Тешко во ЕУ без санкции кон Русија appeared first on Република.

]]>
Србија планира изградба и поврзување со нафтоводот „Дружба“ во Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-planira-izgradba-i-povrzuvanje-so-naftovodot-druzba-vo-ungarija/ Fri, 07 Oct 2022 16:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=558515

Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта, јави дописникот на МИА од Белград.

– За Србија да има сигурност во снабдувањето со сирова нафта која се преработува во рафинеријата Панчево и ги задоволува потребите на домашниот пазар, неопходно е да се има можност за набавка на нафта од повеќе правци. Министерството веќе ја предвиде оваа можност и во својот инвестициски план вклучи соодветни проекти кои вклучуваат изградба на нови нафтоводи, покрај постојниот Јадрански нафтовод (ЈАНАФ), се наведува во соопштението од Министерството за енергетика.

Планот е да се обезбеди диверзификација на снабдувањето со сурова нафта преку поврзување со нафтоводот „Дружба“.

Како што се објаснува во соопштението, постојат две опции за приклучување на нафтоводот „Дружба“. Првата е изградба на нафтовод до Сегед, до Алџа. Трасата на тој нафтовод, кој би обезбедил делумен капацитет за снабдување на рафинеријата во Панчево, би била долга околу 128 километри, од кои 104 километри се на територијата на Србија, а проценетата вредност на инвестицијата е 83 милиони евра или 64 милиони за изградба на територијата на Србија.

Друга опција за приклучување на нафтоводот „Дружба“ кај Будимпешта е изградбата на нафтовод долг 400 километри од Нови Сад до Шазсаломбата, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 240 милиони евра.

Поврзувањето со нафтоводот „Дружба“ значи и можност пазарот во Србија и понатаму да може да купува само руска сурова нафта.

Двете опции се анализираат и во согласност со ефикасноста и вредноста на инвестицијата, временските рамки и условите под кои може да се изврши диверзификација, очекуваме Владата на Србија да донесе соодветни одлуки за изградба на нов нафтовод. Капацитетот на нафтоводот би бил усогласен со преработувачкиот капацитет на домашната рафинерија во Панчево, посочуваат од Министерството за рударство и енергетика.

Нафтоводот „Дружба“ е најдолгиот нафтовод во Европа и во светот. Започнува во регионот Самара во Русија, поминува низ Брајанс и потоа се дели на северни и јужни цевководи, поминувајќи низ териториите на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Латвија и Литванија, наведуваат од Министерството за енергетика.

The post Србија планира изградба и поврзување со нафтоводот „Дружба“ во Унгарија appeared first on Република.

]]>

Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта, јави дописникот на МИА од Белград.
– За Србија да има сигурност во снабдувањето со сирова нафта која се преработува во рафинеријата Панчево и ги задоволува потребите на домашниот пазар, неопходно е да се има можност за набавка на нафта од повеќе правци. Министерството веќе ја предвиде оваа можност и во својот инвестициски план вклучи соодветни проекти кои вклучуваат изградба на нови нафтоводи, покрај постојниот Јадрански нафтовод (ЈАНАФ), се наведува во соопштението од Министерството за енергетика.
Планот е да се обезбеди диверзификација на снабдувањето со сурова нафта преку поврзување со нафтоводот „Дружба“. Како што се објаснува во соопштението, постојат две опции за приклучување на нафтоводот „Дружба“. Првата е изградба на нафтовод до Сегед, до Алџа. Трасата на тој нафтовод, кој би обезбедил делумен капацитет за снабдување на рафинеријата во Панчево, би била долга околу 128 километри, од кои 104 километри се на територијата на Србија, а проценетата вредност на инвестицијата е 83 милиони евра или 64 милиони за изградба на територијата на Србија. Друга опција за приклучување на нафтоводот „Дружба“ кај Будимпешта е изградбата на нафтовод долг 400 километри од Нови Сад до Шазсаломбата, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 240 милиони евра. Поврзувањето со нафтоводот „Дружба“ значи и можност пазарот во Србија и понатаму да може да купува само руска сурова нафта.
Двете опции се анализираат и во согласност со ефикасноста и вредноста на инвестицијата, временските рамки и условите под кои може да се изврши диверзификација, очекуваме Владата на Србија да донесе соодветни одлуки за изградба на нов нафтовод. Капацитетот на нафтоводот би бил усогласен со преработувачкиот капацитет на домашната рафинерија во Панчево, посочуваат од Министерството за рударство и енергетика.
Нафтоводот „Дружба“ е најдолгиот нафтовод во Европа и во светот. Започнува во регионот Самара во Русија, поминува низ Брајанс и потоа се дели на северни и јужни цевководи, поминувајќи низ териториите на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Латвија и Литванија, наведуваат од Министерството за енергетика.

The post Србија планира изградба и поврзување со нафтоводот „Дружба“ во Унгарија appeared first on Република.

]]>
Жесток одговор за Брисел: Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zestok-odgovor-za-brisel-vuchikj-kje-go-soopshti-vo-slednite-72-chasa/ Mon, 26 Sep 2022 21:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=554466

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна во рок од 72 часа, пренесува „Новости“.

Според извори на „Новости“, шефот на државата бил шокиран и лут по изјавата на портпаролот на Европската Унија, Питер Стан, кој денеска рече дека Србија е под надзор на ЕУ поради потпишувањето на планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и на Русија, што неодамна беше потпишан во Њујорк.

Стано денеска даде изјава во врска со потпишувањето на договорот меѓу Србија и Русија.

„Живееме во време кога Русија почна нелегална и нелегитимна инвазија на суверена земја, на соседна Украина… Доколку под овие околности видиме дека Министерството за надворешни работи на Србија прифати консултации, редовни консултации, со Министерството за надворешни работи на земја што врши криминална агресија, тоа е многу јасен знак за нивната намера да ги зајакнат своите врски, дополнително да ги зајакнат односите меѓу Србија и Русија. И тоа е причина за сериозни прашања“, рече Стано.

„Европската Унија им беше јасна на своите партнери, а особено на земјите што се во процес на пристапување, како што е Србија, која е кандидат. Односите со Русија во сегашните околности не може да бидат нормални и деловни. Невозможно е да се соработува со овој режим, кој прави толку многу криминални дела и злосторства, а ние го сфаќаме многу сериозно и го следиме“, нагласи портпаролот на ЕУ.

The post Жесток одговор за Брисел: Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна во рок од 72 часа, пренесува „Новости“. Според извори на „Новости“, шефот на државата бил шокиран и лут по изјавата на портпаролот на Европската Унија, Питер Стан, кој денеска рече дека Србија е под надзор на ЕУ поради потпишувањето на планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и на Русија, што неодамна беше потпишан во Њујорк. Стано денеска даде изјава во врска со потпишувањето на договорот меѓу Србија и Русија.
„Живееме во време кога Русија почна нелегална и нелегитимна инвазија на суверена земја, на соседна Украина… Доколку под овие околности видиме дека Министерството за надворешни работи на Србија прифати консултации, редовни консултации, со Министерството за надворешни работи на земја што врши криминална агресија, тоа е многу јасен знак за нивната намера да ги зајакнат своите врски, дополнително да ги зајакнат односите меѓу Србија и Русија. И тоа е причина за сериозни прашања“, рече Стано. „Европската Унија им беше јасна на своите партнери, а особено на земјите што се во процес на пристапување, како што е Србија, која е кандидат. Односите со Русија во сегашните околности не може да бидат нормални и деловни. Невозможно е да се соработува со овој режим, кој прави толку многу криминални дела и злосторства, а ние го сфаќаме многу сериозно и го следиме“, нагласи портпаролот на ЕУ.

The post Жесток одговор за Брисел: Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа appeared first on Република.

]]>
Вулин oд Москва: Србија единствена во Европа која не е дел од антируска хистерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vulin-od-moskva-srbija-edinstvena-vo-evropa-koja-ne-e-del-od-antiruska-histerija/ Mon, 22 Aug 2022 15:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=542908

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, кој е во официјална посета на Москва, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и со директорите на „Ростех“ и „Рособоронекспорт“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вулин во разговорот со Лавров истакна дека Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ не го заборава вековното братство и дека Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Руската Федерација и не стана дел од антируската хистерија.

Тој изјави дека Сергеј Лавров е искрен пријател на Србија и на српскиот народ, изразувајќи голема благодарност до Русија за доследно почитување на суверенитетот и интегритетот на Србија и „непризнавањето на лажната држава Косово“.

Вулин истакна дека Србија е независна земја која сама ги избира своите пријатели и дека длабоко жали што министерот Лавров во јуни беше спречен да го посети Белград по волја на други земји, посочувајќи дека со тоа се прекршени сите принципи на меѓународното право.

Лавров изјави дека руската држава ќе продолжи да ја поддржува Србија во зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет.

Србија, рече Вулин, никогаш нема да ја заборави помошта на Русија и рускиот претседател Владимир Путин, кои на повик на претседателот Вучиќ го спречија усвојувањето на британската резолуција во Обединетите нации во 2015 година, според која Србите требаше да бидат прогласени за геноциден народ.

На средбата меѓу српскиот и рускиот министер беше истакнато дека Србија и Русија и во време на големи предизвици имаат исклучителни дипломатски односи и успешна билатерална соработка, како што претседателот Вучиќ и претседателот Путин имаат исклучително добри лични односи.

Вулин во Русија се сретна и со генералниот директор на „Ростех“, генерал-полковник Сергеј Чемезов и со генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Александар Михејев, со кои разговараше за продолжување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Србија и компанијата „Ростех“.

Вулин посочил дека односите и соработката меѓу Србија и Русија се на високо ниво, исто како и личните односи на српскиот и рускиот претседател, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Српскиот министер за внатрешни работи нагласи дека набавката на техничката опрема што ја произведува „Ростех“ е исклучително важна за подобрување на капацитетите на МВР и за уште поголема ефикасност на српската полиција.

Генералниот директор на „Ростех“, генерал-полковник Сергеј Чемезов, кој е долгогодишен близок пријател и соработник на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претходно во Москва го одликуваше Александар Вулин со медал за неговиот исклучителен придонес во развојот на соработка меѓу МВР на Србија и „Ростех“.

Како што е соопштено, државниот секретар на МВР Бојан Јоциќ, командантот на жандармеријата Дејан Луковиќ, заменик-началникот на Одделот за меѓународна соработка на МВР Маја Јештровиќ и координаторот во Секторот за меѓународна соработка Милош Анѓиќ добија ордени од директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Дмитриј Шугаев за подобрување на воено-техничката соработка.

The post Вулин oд Москва: Србија единствена во Европа која не е дел од антируска хистерија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, кој е во официјална посета на Москва, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и со директорите на „Ростех“ и „Рособоронекспорт“, јави дописникот на МИА од Белград. Вулин во разговорот со Лавров истакна дека Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ не го заборава вековното братство и дека Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Руската Федерација и не стана дел од антируската хистерија. Тој изјави дека Сергеј Лавров е искрен пријател на Србија и на српскиот народ, изразувајќи голема благодарност до Русија за доследно почитување на суверенитетот и интегритетот на Србија и „непризнавањето на лажната држава Косово“. Вулин истакна дека Србија е независна земја која сама ги избира своите пријатели и дека длабоко жали што министерот Лавров во јуни беше спречен да го посети Белград по волја на други земји, посочувајќи дека со тоа се прекршени сите принципи на меѓународното право. Лавров изјави дека руската држава ќе продолжи да ја поддржува Србија во зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет. Србија, рече Вулин, никогаш нема да ја заборави помошта на Русија и рускиот претседател Владимир Путин, кои на повик на претседателот Вучиќ го спречија усвојувањето на британската резолуција во Обединетите нации во 2015 година, според која Србите требаше да бидат прогласени за геноциден народ. На средбата меѓу српскиот и рускиот министер беше истакнато дека Србија и Русија и во време на големи предизвици имаат исклучителни дипломатски односи и успешна билатерална соработка, како што претседателот Вучиќ и претседателот Путин имаат исклучително добри лични односи. Вулин во Русија се сретна и со генералниот директор на „Ростех“, генерал-полковник Сергеј Чемезов и со генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Александар Михејев, со кои разговараше за продолжување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Србија и компанијата „Ростех“. Вулин посочил дека односите и соработката меѓу Србија и Русија се на високо ниво, исто како и личните односи на српскиот и рускиот претседател, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Српскиот министер за внатрешни работи нагласи дека набавката на техничката опрема што ја произведува „Ростех“ е исклучително важна за подобрување на капацитетите на МВР и за уште поголема ефикасност на српската полиција. Генералниот директор на „Ростех“, генерал-полковник Сергеј Чемезов, кој е долгогодишен близок пријател и соработник на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претходно во Москва го одликуваше Александар Вулин со медал за неговиот исклучителен придонес во развојот на соработка меѓу МВР на Србија и „Ростех“. Како што е соопштено, државниот секретар на МВР Бојан Јоциќ, командантот на жандармеријата Дејан Луковиќ, заменик-началникот на Одделот за меѓународна соработка на МВР Маја Јештровиќ и координаторот во Секторот за меѓународна соработка Милош Анѓиќ добија ордени од директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Дмитриј Шугаев за подобрување на воено-техничката соработка.

The post Вулин oд Москва: Србија единствена во Европа која не е дел од антируска хистерија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Знаат дека не ѝ можат ништо на Русија, па ајде сега да се изживуваме врз малата Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-znaat-deka-ne-mozat-nishto-na-rusija-pa-ajde-sega-da-se-izzivuvame-vrz-malata-srbija/ Tue, 07 Jun 2022 15:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=512290

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, своето незадоволство од откажаната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јавно го истакна во интервјуто дадено за националната телевизија на неговата земја (РТС).

Погледнете ги сите од нашето опкружување, нивните медиуми и политичарите. Во Србија ни пристигнаа повеќе медиуми од не знам кога претходно, чекајќи да нападнат и да ја оцрнат Србија. А што тоа Србија лошо направила? На кого тоа нешто лошо му направивме или нашето одбивање да бидеме дел од глутницата на некого му предузвика главоболка? Тие знаат дека не ѝ можат ништо на Русија и тоа не ги загрижува, па ајде сега да се изживуваме врз малата Србија, од Карл Билт до Хрватска, посочи Вучиќ.

Тој посочи дека со Лавров имал да разговара на многу теми.

Како на Србите да им кажете дека Русија нема да биде наш пријател? Ние сакаме да разговараме на голем број на теми, сакав да го прашам Лавров кога ќе го добиеме противпожарниот хеликоптер, за побрзо да ги гаснеме пожарите во целиот регион, додаде тој.

Вучиќ истакна и дека се радува на најавената посета на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој наредната недела ќе допатува во Белград.

Имам многу лошо чувство за приликите во светот, но наше е да се бориме и да ја зачуваме нашата земја и да живееме нормално, колку тоа го дозволуваат приликите, а не само да преживуваме, заклучи српскиот претседател.

Посетата на Лавров на Белград, беше откажана откако Македонија, Црна Гора и Бугарија не издадоа дозвола за прелет за авионот на рускиот министер, преку нивна територија.

The post Вучиќ: Знаат дека не ѝ можат ништо на Русија, па ајде сега да се изживуваме врз малата Србија appeared first on Република.

Вучиќ се слушна со Путин, договорија испорака на гас за три години со непроменети услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-se-slushna-so-putin-dogovorija-isporaka-na-gas-za-tri-godini-so-nepromeneti-uslovi/ Sun, 29 May 2022 11:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=508256

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска околу единаесет часот разговарале телефонски. Вучиќ објави дека со Путин договориле поволна цена на гасот за Србија.

Имавме многу добар разговор. Најважна тема беа нашите билатерални односи. За нас беше важен истекот на договорот за гас по десет години. Она што можам да ви го кажам е дека се договоривме за главните елементи кои се многу поволни за Србија. Се договоривме да потпишеме договор за три години, а не за еден месец како што предвидуваа некои. Друг важен елемент е формулата да остане иста, така што цената ќе биде многу поволна за нашата земја. Останува да се договориме со Гаспром на количини, соопшти Вучиќ.

Во објавеното соопштение од Кремљ се вели дека Русија ќе продолжи непречено да испорачува гас за Србија.

Одржан е телефонски разговор меѓу претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ… Беше договорено, меѓу другото, Русија да продолжи со непречена испорака на природен гас за Србија, се вели во соопштението.

Актуелниот договор за испорака на руски гас истекува на 31 мај, а Вучиќ претходно најави дека на разговорите со Путин ќе го постави прашањето за количината на испораките на гас, цените и безбедноста на снабдувањето на нашата земја со овој енергенс.

The post Вучиќ се слушна со Путин, договорија испорака на гас за три години со непроменети услови appeared first on Република.

Вулин: Србија нема да воведува санкции кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vulin-srbija-nema-da-voveduva-sankcii-kon-rusija/ Sat, 28 May 2022 16:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=508067

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека Србија нема воведено и нема да воведе санкции кон Русија.

„Европа е збир на територии, не е збир на држави, ниту некој нешто ги прашува, ниту тие самите одлучуваат, другите ги избираат своите пријатели и непријатели. Србија е една од последните земји во Европа, земја која не воведе санкции кон Русија и нема да воведе санкции кон Русија“, рече тој.

Вулин рече дека Србите, без разлика каде живеат, мора да бидат „единствен политички народ“ и заедно да носат одлуки за националните прашања.

The post Вулин: Србија нема да воведува санкции кон Русија appeared first on Република.

Лавров доаѓа во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lavrov-doagja-vo-belgrad/ Fri, 27 May 2022 15:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=507726

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доаѓа во посета на Белград на 7 јуни, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е најавено, тој ќе има средби со српскиот државен врв, а се очекува на средбата со претседателот Александар Вучиќ да стане збор за сите горливи теми, од настаните во Украина и позицијата на Србија кон оваа криза, преку ситуацијата во регионот и економската соработка во контекст на санкциите што Западот ги воведе на Русија.

Шефот на руската дипломатија доаѓа во време на голем притисок врз Србија да воведе санкции кон Русија, но и пред најавените разговори во недела меѓу Александар Вучиќ и Владимир Путин за гасот.

Ова е прва посета на висок руски функционер на Србија од избувнувањето на украинската криза, а доаѓа во време кога Европската унија го подготвува најтешкиот пакет санкции, кои Србија, како единствена држава во Европа, досега се нема приклучено.

Лавров треба да присуствува и на приемот по повод Денот на Русија, што ќе го организира руската амбасада во Белград на 7 јуни.

The post Лавров доаѓа во Белград appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доаѓа во посета на Белград на 7 јуни, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е најавено, тој ќе има средби со српскиот државен врв, а се очекува на средбата со претседателот Александар Вучиќ да стане збор за сите горливи теми, од настаните во Украина и позицијата на Србија кон оваа криза, преку ситуацијата во регионот и економската соработка во контекст на санкциите што Западот ги воведе на Русија. Шефот на руската дипломатија доаѓа во време на голем притисок врз Србија да воведе санкции кон Русија, но и пред најавените разговори во недела меѓу Александар Вучиќ и Владимир Путин за гасот. Ова е прва посета на висок руски функционер на Србија од избувнувањето на украинската криза, а доаѓа во време кога Европската унија го подготвува најтешкиот пакет санкции, кои Србија, како единствена држава во Европа, досега се нема приклучено. Лавров треба да присуствува и на приемот по повод Денот на Русија, што ќе го организира руската амбасада во Белград на 7 јуни.

The post Лавров доаѓа во Белград appeared first on Република.

]]>
Вучиќ објави дали Србија ќе ѝ воведе санкции на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-objavi-dali-srbija-kje-vovede-sankcii-na-rusija/ Wed, 25 May 2022 20:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=506924

Српскиот претседател Александар Вучиќ откри детали од разговорите на Светскиот економски форум.

Како што рече, главна тема на собирот во Давос и натаму била Украина, а на прашањето дали на средбите со светските лидери забележал дека негодуваат за добрите односи меѓу Србија и Русија. Вучиќ рече дека сите му замеруваат.

Зборувајќи за тоа што барале од него, Вучиќ вели дека знаат дека не е толку лесно.

„Тие кажуваат која е нивната идеја и што очекуваат, а што ќе бараат, односно ... Како да дојдат да кажат - ајде да воведеме санкции или убаво да излеземе. Како да го побараат тоа? Работете така. Можеше да биде додека Србија не стане држава“, вели Вучиќ.

На прашањето дали постои можност Србија да ѝ воведе санкции на Русија, Вучиќ рече дека засега нема таква можност.

„Што ќе се случи во иднина, не знам што носи животот и како ќе изгледа се. Не сум од оние кои пцујат и не исполнуваат нешто, претпочитам да не пцујам и да направам нешто. Тој пристап отсекогаш бил „Јас сум многу подобар и отсекогаш сум му верувал на тој пристап многу повеќе од оние кои се колнат во се на светот, знам дека на третиот ден ќе го направат поинаку“, вели Вучиќ.

The post Вучиќ објави дали Србија ќе ѝ воведе санкции на Русија appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ откри детали од разговорите на Светскиот економски форум. Како што рече, главна тема на собирот во Давос и натаму била Украина, а на прашањето дали на средбите со светските лидери забележал дека негодуваат за добрите односи меѓу Србија и Русија. Вучиќ рече дека сите му замеруваат. Зборувајќи за тоа што барале од него, Вучиќ вели дека знаат дека не е толку лесно.
„Тие кажуваат која е нивната идеја и што очекуваат, а што ќе бараат, односно ... Како да дојдат да кажат - ајде да воведеме санкции или убаво да излеземе. Како да го побараат тоа? Работете така. Можеше да биде додека Србија не стане држава“, вели Вучиќ.
На прашањето дали постои можност Србија да ѝ воведе санкции на Русија, Вучиќ рече дека засега нема таква можност.
„Што ќе се случи во иднина, не знам што носи животот и како ќе изгледа се. Не сум од оние кои пцујат и не исполнуваат нешто, претпочитам да не пцујам и да направам нешто. Тој пристап отсекогаш бил „Јас сум многу подобар и отсекогаш сум му верувал на тој пристап многу повеќе од оние кои се колнат во се на светот, знам дека на третиот ден ќе го направат поинаку“, вели Вучиќ.

The post Вучиќ објави дали Србија ќе ѝ воведе санкции на Русија appeared first on Република.

]]>
Хил до Србија: Ако мислите дека Русија ќе помогне за Косово – размислете повторно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hil-do-srbija-ako-mislite-deka-rusija-kje-pomogne-za-kosovo-razmislete-povtorno/ Sun, 01 May 2022 18:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=496121

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил оцени дека САД и ЕУ очекуваат Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, а Белград треба да „преиспита“ доколку верува дека Русија ќе му помогне да го реши косовското прашање, пренесе Бета.

Амбасадорот, кој веќе еден месец е во Белград, во интервју за „Глас на Америка“ објавено денеска изјави дека Србија сама одлучува за санкциите, без притисок, но не кажа дали ќе има последици за српско-американските односи доколку Белград остане на сегашната позиција.

Хил рече дека американскиот сенатор Крис Марфи и неговите колеги и српскиот претседател Александар Вучиќ разговарале за повеќе теми минатата недела, вклучително и за односите меѓу Србија и САД, и рекле дека односите се добри, но и дека може да се направи повеќе.

Една од темите беше ситуацијата во Украина, една од најголемите трагедии во овој век. Затоа, не е чудно што американските претставници презентираа различни аспекти на таа ситуација во комбинација со односите меѓу Србија и ЕУ, рече тој.

Во врска со ова, Хил го појасни во интервјуто, рече тој, „несогласувањето околу извештајот напишан од сенаторот Марфи, каде што луѓето некако сфатија дека тие 60 дена за економско прашање се однесуваа на санкции – што не е точно. Бев таму и не се работеше за санкции“.

Вучиќ ги демантираше и тврдењата дека кога споменал дека за 60 дена ќе одлучува и одговара на една тема, се зборувало за санкции кон Русија.

The post Хил до Србија: Ако мислите дека Русија ќе помогне за Косово – размислете повторно appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил оцени дека САД и ЕУ очекуваат Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, а Белград треба да „преиспита“ доколку верува дека Русија ќе му помогне да го реши косовското прашање, пренесе Бета. Амбасадорот, кој веќе еден месец е во Белград, во интервју за „Глас на Америка“ објавено денеска изјави дека Србија сама одлучува за санкциите, без притисок, но не кажа дали ќе има последици за српско-американските односи доколку Белград остане на сегашната позиција. Хил рече дека американскиот сенатор Крис Марфи и неговите колеги и српскиот претседател Александар Вучиќ разговарале за повеќе теми минатата недела, вклучително и за односите меѓу Србија и САД, и рекле дека односите се добри, но и дека може да се направи повеќе.
Една од темите беше ситуацијата во Украина, една од најголемите трагедии во овој век. Затоа, не е чудно што американските претставници презентираа различни аспекти на таа ситуација во комбинација со односите меѓу Србија и ЕУ, рече тој.
Во врска со ова, Хил го појасни во интервјуто, рече тој, „несогласувањето околу извештајот напишан од сенаторот Марфи, каде што луѓето некако сфатија дека тие 60 дена за економско прашање се однесуваа на санкции – што не е точно. Бев таму и не се работеше за санкции“. Вучиќ ги демантираше и тврдењата дека кога споменал дека за 60 дена ќе одлучува и одговара на една тема, се зборувало за санкции кон Русија.

The post Хил до Србија: Ако мислите дека Русија ќе помогне за Косово – размислете повторно appeared first on Република.

]]>
И Србија гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-srbija-glasashe-za-iskluchuvanje-na-rusija-od-sovetot-za-chovekovi-prava-na-on/ Thu, 07 Apr 2022 20:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=485014

Генералното собрание на ОН гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права. Извештаите за „тешки и систематски прекршувања на човековите права“ од страна на руските војници во Украина беа наведени како формални причини за протерувањето на Русија. За протерувањето гласаа 93 земји, 24 беа против, а 58 беа воздржани.

Меѓу оние што гласаа за исфрлање на Русија од Советот за човекови права беше и Србија, која досега главно се воздржуваше од потези против Кремљ.

И сите други бившојугословенски републики гласаа за исфрлање: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.

24 земји беа против исфрлањето на Русија од Советот на ОН. Тоа се: Алжир, Белорусија, Боливија, Бурунди, Централноафриканската Република, Кина, Конго, Куба, Северна Кореја, Еритреја, Етиопија, Габон, Иран, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Русија, Сирија, Таџикистан, Узбекистан, Виетнам и Зимбабве.

The post И Србија гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права. Извештаите за „тешки и систематски прекршувања на човековите права“ од страна на руските војници во Украина беа наведени како формални причини за протерувањето на Русија. За протерувањето гласаа 93 земји, 24 беа против, а 58 беа воздржани. Меѓу оние што гласаа за исфрлање на Русија од Советот за човекови права беше и Србија, која досега главно се воздржуваше од потези против Кремљ. И сите други бившојугословенски републики гласаа за исфрлање: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. 24 земји беа против исфрлањето на Русија од Советот на ОН. Тоа се: Алжир, Белорусија, Боливија, Бурунди, Централноафриканската Република, Кина, Конго, Куба, Северна Кореја, Еритреја, Етиопија, Габон, Иран, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Русија, Сирија, Таџикистан, Узбекистан, Виетнам и Зимбабве.

The post И Србија гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>