Србија против насилството Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbija-protiv-nasilstvoto/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Sep 2023 18:29:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Србија против насилството Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbija-protiv-nasilstvoto/ 32 32 Блокада на централните улици и говор на опозициски пратеници: Нов протест „Србија против насилството“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/blokada-na-tsentralnite-ulitsi-i-govor-na-opozitsiski-pratenitsi-nov-protest-srbija-protiv-nasilstvoto/ Sat, 23 Sep 2023 18:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=684504

Во Белград се одржа 21. протест „Србија против насилството“, со блокада на централните улици и за првпат со говор на опозициони пратеници кои најавија патување на опозицијата низ Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Пртоестот почна пред Народното собрание, со блокада на улиците до РТС, на таканаречената медиумска траса, како што беше случај и минатата недела.

Претставници на опозицијата претходно доставија барања до раководството на РТС во кои, меѓу другото, бараат застапеност во информативната програма сразмерно на времето што го имаат во парламентот, започнување на нова дебатна емисија во вечерните часови на Првата програма.

На протестот првпат се обратија политичари чии партии се едни од техничките организатори на протестот - пратениците од опозицијата во српското Собрание, Срѓан Миливојевиќ од Демократската партија (ДС) и Александар Јовановиќ Чута од Еколошкото востание. Јовановиќ најави патувањето на опозицијата низ Србија и приклучувањето кон опозицијата во локалните протести, додека Миливојевиќ го фрли јаремот од сцената што го држеше и директно апелираше до Александар Вучиќ „да не глуми и изборите да се одржат пред 31 декември“.

Пратеничките групи на проевропската опозиција на почетокот на неделава го потпишаа „Договорот за победа“, кој подразбира заедничко дејствување за вонредните белградски и парламентарни избори.

Покрај вонредни избори, на протестот остануваат и барањата за одземање на националните фреквенции на телевизиите Пинк и Хепи и затворање на таблоидите кои промовираат говор на омраза и насилство, како и смена на раководството на РТС.

Се бара и смена на членовите на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми како и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и директорот на безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин.

На протестот повикаа проевропските опозициските пратенички групи „Правец Европа“, Демократската партија (ДС), Заедно-Мораме, Зелено-левиот фронт-Не дави го Белград, Еколошкото востание и Народното движење на Србија, наведувајќи дека протестот не е партиски.

Пратеничката група „Правац Европа“ ја сочинуваат Партијата за слобода и правда (ССП), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Движењето за пресврт и синдикатот „Слога“.

The post Блокада на централните улици и говор на опозициски пратеници: Нов протест „Србија против насилството“ appeared first on Република.

]]>

Во Белград се одржа 21. протест „Србија против насилството“, со блокада на централните улици и за првпат со говор на опозициони пратеници кои најавија патување на опозицијата низ Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Пртоестот почна пред Народното собрание, со блокада на улиците до РТС, на таканаречената медиумска траса, како што беше случај и минатата недела. Претставници на опозицијата претходно доставија барања до раководството на РТС во кои, меѓу другото, бараат застапеност во информативната програма сразмерно на времето што го имаат во парламентот, започнување на нова дебатна емисија во вечерните часови на Првата програма. На протестот првпат се обратија политичари чии партии се едни од техничките организатори на протестот - пратениците од опозицијата во српското Собрание, Срѓан Миливојевиќ од Демократската партија (ДС) и Александар Јовановиќ Чута од Еколошкото востание. Јовановиќ најави патувањето на опозицијата низ Србија и приклучувањето кон опозицијата во локалните протести, додека Миливојевиќ го фрли јаремот од сцената што го држеше и директно апелираше до Александар Вучиќ „да не глуми и изборите да се одржат пред 31 декември“. Пратеничките групи на проевропската опозиција на почетокот на неделава го потпишаа „Договорот за победа“, кој подразбира заедничко дејствување за вонредните белградски и парламентарни избори. Покрај вонредни избори, на протестот остануваат и барањата за одземање на националните фреквенции на телевизиите Пинк и Хепи и затворање на таблоидите кои промовираат говор на омраза и насилство, како и смена на раководството на РТС. Се бара и смена на членовите на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми како и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и директорот на безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин. На протестот повикаа проевропските опозициските пратенички групи „Правец Европа“, Демократската партија (ДС), Заедно-Мораме, Зелено-левиот фронт-Не дави го Белград, Еколошкото востание и Народното движење на Србија, наведувајќи дека протестот не е партиски. Пратеничката група „Правац Европа“ ја сочинуваат Партијата за слобода и правда (ССП), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Движењето за пресврт и синдикатот „Слога“.

The post Блокада на централните улици и говор на опозициски пратеници: Нов протест „Србија против насилството“ appeared first on Република.

]]>
„Србија против насилството“ во Белград пред ТВ Пинк, протести и блокади и во 15 други градови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-protiv-nasilstvoto-vo-belgrad-pred-tv-pink-protesti-i-blokadi-i-vo-15-drugi-gradovi/ Sat, 01 Jul 2023 20:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=657290

Деветтиот протест „Србија против насилството“, покрај во Белград, денеска се прошири и во уште 15 други градови, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, каде повеќе десетици илјади граѓани во долга колона долж централниот булевар „Кнез Милош“ се упатија преку Дедиње кон зградата и иформативните студија на ТВ Пинк, во знак на протест што и покрај барањата за укинување на ралните шоуа, како Задруга, ТВ Пинк најви ново ријалити - „Задруга Елита“.

Зградата на ТВ Пинк беше прекриена со големо српско знаме и имаше силно обезбедување, а сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, пред доаѓање на граѓаните, пушташе рок музика. Пред Пинк се појави и осуденикот Кристијан Голубовиќ со маица на која пишуваше „дежурен виновник“.

Насобраните граѓани извикуваа „Робија“, „Жељко крадецу“, „Вучиќу оди си“, фрлаа тоалетна хартија и врз знамето со кое беше прекриен Пинк, емитуваа фотографии со сцени на насилство од реалните шоуа и од спотот за убиството на Оливер Ивановиќ.

Народниот пратеник Александар Јовановиќ Чута за Н1 изјави дека нема да се откаже од протестите и блокадите во наредниот период и им се извини на граѓаните на Србија кои ќе „настрадаат“ поради метежот.

Тој (Александар Вучиќ) постојано го игнорира ова. Добро, тоа е неговиот метод... Ќе видиме што ќе се случи со него кога ќе му го запреме сообраќајот на еден час во екот на туристичката сезона. Реков дека постои таа опција и не се сомневајте дека тоа ќе се случи, истакна Јовановиќ.

Освен во Белград, протести се одржаа и во Смедерево, Суботица, Крагуевац, Лесковац, Шабац, Зрењанин, Пирот, Врање, Жагубица, Краљево, Куршумлија, Јагодина, Прокупље и Темерин, а протестот во Ниш беше одложен.

Вчера беше блокиран автопатот Е-75 во Белград на три места и во Нови Сад на едно место, а протести се одржаа во Нови Сад, Рума, Вршац, Мајданпек, Чачак, Лучани и Заечар.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Опозицијата технички ги организира овие граѓански протести кои почнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги поддржува и учествува на нив.

The post „Србија против насилството“ во Белград пред ТВ Пинк, протести и блокади и во 15 други градови appeared first on Република.

]]>

Деветтиот протест „Србија против насилството“, покрај во Белград, денеска се прошири и во уште 15 други градови, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, каде повеќе десетици илјади граѓани во долга колона долж централниот булевар „Кнез Милош“ се упатија преку Дедиње кон зградата и иформативните студија на ТВ Пинк, во знак на протест што и покрај барањата за укинување на ралните шоуа, како Задруга, ТВ Пинк најви ново ријалити - „Задруга Елита“. Зградата на ТВ Пинк беше прекриена со големо српско знаме и имаше силно обезбедување, а сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, пред доаѓање на граѓаните, пушташе рок музика. Пред Пинк се појави и осуденикот Кристијан Голубовиќ со маица на која пишуваше „дежурен виновник“. Насобраните граѓани извикуваа „Робија“, „Жељко крадецу“, „Вучиќу оди си“, фрлаа тоалетна хартија и врз знамето со кое беше прекриен Пинк, емитуваа фотографии со сцени на насилство од реалните шоуа и од спотот за убиството на Оливер Ивановиќ. Народниот пратеник Александар Јовановиќ Чута за Н1 изјави дека нема да се откаже од протестите и блокадите во наредниот период и им се извини на граѓаните на Србија кои ќе „настрадаат“ поради метежот.
Тој (Александар Вучиќ) постојано го игнорира ова. Добро, тоа е неговиот метод... Ќе видиме што ќе се случи со него кога ќе му го запреме сообраќајот на еден час во екот на туристичката сезона. Реков дека постои таа опција и не се сомневајте дека тоа ќе се случи, истакна Јовановиќ.
Освен во Белград, протести се одржаа и во Смедерево, Суботица, Крагуевац, Лесковац, Шабац, Зрењанин, Пирот, Врање, Жагубица, Краљево, Куршумлија, Јагодина, Прокупље и Темерин, а протестот во Ниш беше одложен. Вчера беше блокиран автопатот Е-75 во Белград на три места и во Нови Сад на едно место, а протести се одржаа во Нови Сад, Рума, Вршац, Мајданпек, Чачак, Лучани и Заечар. Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа. Опозицијата технички ги организира овие граѓански протести кои почнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги поддржува и учествува на нив.

The post „Србија против насилството“ во Белград пред ТВ Пинк, протести и блокади и во 15 други градови appeared first on Република.

]]>
Осмиот протест Србија против насилството во Белград и во уште девет други градови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmiot-protest-srbija-protiv-nasilstvoto-vo-belgrad-i-vo-ushte-devet-drugi-gradovi/ Sat, 24 Jun 2023 20:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=654816

Осмиот протест Србија против насилството, покрај Белград каде се собраа помалку граѓани отколку изминатите протести, денеска се прошири и во уште девет други градови, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што беше најавено, протести се одржаа во Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Шабац, Крагуевац, Кралево, Ниш, Пирот и Лесковац, а во текот на неделата протести се одржаа и во Чачак, Смедерево, Валево, Лучани.

Протестот во Белград, по говорот на студентите почна од платотото пред Народното собрание, каде граѓаните се упатија во долга колона, исполнувајќи го централниот булевар Кнез Милош кон Славија и Автокоманда, каде беше блокиран автопатот, извикувајќи „Оставки“ и „Вучиќу оди си“.

Претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, на протестот „Србија против насилството“ рече дека граѓаните само бараат да живеат нормално во државата без каква било форма на насилство и омраза.

Тој порача дека нема да има откажување од барањата на протестот и дека, како што оцени, „властите како да не разбрале добро што очекуваат граѓаните од нив“.

-Со барањето за дебата во парламентот баравме институционален начин да се исполни тоа што го бараат граѓаните, а властите тоа го сфатија како можност да најдат изговори да не го направат тоа, рече Лутовац.

Според него, тоа е погрешен пристап и граѓаните и опозицијата, која технички ги организира собирите, ќе истрајат на барањата на протестите.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив.

The post Осмиот протест Србија против насилството во Белград и во уште девет други градови appeared first on Република.

]]>

Осмиот протест Србија против насилството, покрај Белград каде се собраа помалку граѓани отколку изминатите протести, денеска се прошири и во уште девет други градови, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград. Како што беше најавено, протести се одржаа во Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Шабац, Крагуевац, Кралево, Ниш, Пирот и Лесковац, а во текот на неделата протести се одржаа и во Чачак, Смедерево, Валево, Лучани. Протестот во Белград, по говорот на студентите почна од платотото пред Народното собрание, каде граѓаните се упатија во долга колона, исполнувајќи го централниот булевар Кнез Милош кон Славија и Автокоманда, каде беше блокиран автопатот, извикувајќи „Оставки“ и „Вучиќу оди си“. Претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, на протестот „Србија против насилството“ рече дека граѓаните само бараат да живеат нормално во државата без каква било форма на насилство и омраза. Тој порача дека нема да има откажување од барањата на протестот и дека, како што оцени, „властите како да не разбрале добро што очекуваат граѓаните од нив“. -Со барањето за дебата во парламентот баравме институционален начин да се исполни тоа што го бараат граѓаните, а властите тоа го сфатија како можност да најдат изговори да не го направат тоа, рече Лутовац. Според него, тоа е погрешен пристап и граѓаните и опозицијата, која технички ги организира собирите, ќе истрајат на барањата на протестите. Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа. Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив.

The post Осмиот протест Србија против насилството во Белград и во уште девет други градови appeared first on Република.

]]>
Притвор за новинарот осомничен дека „го обесил“ Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pritvor-za-novinarot-osomnichen-deka-go-obesil-vuchik/ Mon, 05 Jun 2023 19:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=648208

Здружението на новинари на Србија објави дека на новинарот Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена, поради сомнение дека сторил кривично дело повикување на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста, кога, според обвинителството, носел трансапрент и обесена кукла со ликот на Александар Вучиќ на протестот „Србија против насилството“.

Ќерката на новинарот во изјава за медиумите негираше дека куклата ја поставил нејзиниот татко.

Се собравме 15 души на споменикот (Плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше цело време, а на сликите се појавува и кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Транспарентот е се уште кај нас. Го виделе инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата, изјави ќерката.

The post Притвор за новинарот осомничен дека „го обесил“ Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари на Србија објави дека на новинарот Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена, поради сомнение дека сторил кривично дело повикување на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста, кога, според обвинителството, носел трансапрент и обесена кукла со ликот на Александар Вучиќ на протестот „Србија против насилството“. Ќерката на новинарот во изјава за медиумите негираше дека куклата ја поставил нејзиниот татко.
Се собравме 15 души на споменикот (Плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше цело време, а на сликите се појавува и кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Транспарентот е се уште кај нас. Го виделе инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата, изјави ќерката.

The post Притвор за новинарот осомничен дека „го обесил“ Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Во Белград денеска ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-deneska-ke-se-odrzhi-pettiot-protest-srbija-protiv-nasilstvoto/ Sat, 03 Jun 2023 08:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=647318

Во Белград од 18:00 часот пред Собранието на Србија ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“, точно еден месец откако 13-годишник уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија.

Шефот на пратеничката група на Народната партија, Мирослав Алексиќ ги повика граѓаните да донесат цвеќе на протестот, кое ќе го остават во зградата на Претседателството.

Барањата на протестот се разрешување на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и раководството на РТС, затворање на печатените медиуми, укинување на програмите и националните фреквенции на оние медиуми кои промовираат насилство, како и разрешување на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и директорот на БИА Александар Вулин, јави Бета.

на протест повикуваат опозициските пратенички групи Обединети, Народна партија, Демократска партија, Заједно Морамо и Клубот Зелено-левичарски, но нагласуваат дека протестот не е политички.

Протестот првично беше најавен за вчера, но беше поместен за денеска, меѓу другото, бидејќи одредени десничарски организации најавија истовремено собир во центарот на Белград поради ситуацијата на Косово.

Тие организации исто така го преместија собирот за денеска.

The post Во Белград денеска ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“ appeared first on Република.

]]>

Во Белград од 18:00 часот пред Собранието на Србија ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“, точно еден месец откако 13-годишник уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија. Шефот на пратеничката група на Народната партија, Мирослав Алексиќ ги повика граѓаните да донесат цвеќе на протестот, кое ќе го остават во зградата на Претседателството. Барањата на протестот се разрешување на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и раководството на РТС, затворање на печатените медиуми, укинување на програмите и националните фреквенции на оние медиуми кои промовираат насилство, како и разрешување на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и директорот на БИА Александар Вулин, јави Бета. на протест повикуваат опозициските пратенички групи Обединети, Народна партија, Демократска партија, Заједно Морамо и Клубот Зелено-левичарски, но нагласуваат дека протестот не е политички. Протестот првично беше најавен за вчера, но беше поместен за денеска, меѓу другото, бидејќи одредени десничарски организации најавија истовремено собир во центарот на Белград поради ситуацијата на Косово. Тие организации исто така го преместија собирот за денеска.

The post Во Белград денеска ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“ appeared first on Република.

]]>