србија - нато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbija-nato/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Aug 2022 16:47:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png србија - нато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbija-nato/ 32 32 Хил: Србија ќе влезе во НАТО кога тоа ќе го сакаат нејзините граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hil-srbija-kje-vleze-vo-nato-koga-toa-kje-go-sakaat-nejzinite-gragjani/ Thu, 11 Aug 2022 16:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=539224

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека НАТО јасно ставил до знаење дека доколку сака Србија може да стане дел Алијансата, но нагласи дека тоа ќе се случи кога тоа ќе го посакаат нејзините граѓани.

„Ние имаме голема почит за Србија, нејзината армија и нејзиното раководство и би сакале да ја видиме Србија не само како пријател и партнер, туку и како сојузник“, рече Хил како одговор на едно од прашањата што до него ги поставуваа граѓани преку социјалните мрежи.

Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина и опасноста од конфликт, Хил изрази уверување дека „има многу поголема можност за вистински напредок во дијалогот отколку за проблеми“.

„Очигледно е дека Белград и Приштина треба да направат повеќе во решавањето на спорните прашања. Имаат доста добри посредници од ЕУ, а и САД се многу активни. Едвај чекам да видам некаков напредок и мислам дека сите можеме да се заложиме за тоа и да се погрижиме сите да бидат на ниво на задачата и да гледаат напред“, додаде тој.

Коментирајќи го фактот дека Србија е единствената европска земја што не сака да воведе санкции кон Русија, Хил рече дека е очигледно дека Србија има поинаков однос кон санкциите кон Русија од САД и нејзините европски партнери.

„Но, мислам дека е важно да се концентрираме на работите за кои се согласуваме и да се обидеме заеднички да одиме напред“, додаде тој.

Запрашан зошто САД го поддржуваат интегритетот на Украина, но не и на Србија, Хил рече дека ситуацијата во Украина е сосема поинаква и тешко споредлива. аб/

The post Хил: Србија ќе влезе во НАТО кога тоа ќе го сакаат нејзините граѓани appeared first on Република.

]]>

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека НАТО јасно ставил до знаење дека доколку сака Србија може да стане дел Алијансата, но нагласи дека тоа ќе се случи кога тоа ќе го посакаат нејзините граѓани. „Ние имаме голема почит за Србија, нејзината армија и нејзиното раководство и би сакале да ја видиме Србија не само како пријател и партнер, туку и како сојузник“, рече Хил како одговор на едно од прашањата што до него ги поставуваа граѓани преку социјалните мрежи. Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина и опасноста од конфликт, Хил изрази уверување дека „има многу поголема можност за вистински напредок во дијалогот отколку за проблеми“. „Очигледно е дека Белград и Приштина треба да направат повеќе во решавањето на спорните прашања. Имаат доста добри посредници од ЕУ, а и САД се многу активни. Едвај чекам да видам некаков напредок и мислам дека сите можеме да се заложиме за тоа и да се погрижиме сите да бидат на ниво на задачата и да гледаат напред“, додаде тој. Коментирајќи го фактот дека Србија е единствената европска земја што не сака да воведе санкции кон Русија, Хил рече дека е очигледно дека Србија има поинаков однос кон санкциите кон Русија од САД и нејзините европски партнери. „Но, мислам дека е важно да се концентрираме на работите за кои се согласуваме и да се обидеме заеднички да одиме напред“, додаде тој. Запрашан зошто САД го поддржуваат интегритетот на Украина, но не и на Србија, Хил рече дека ситуацијата во Украина е сосема поинаква и тешко споредлива. аб/

The post Хил: Србија ќе влезе во НАТО кога тоа ќе го сакаат нејзините граѓани appeared first on Република.

]]>
Србија со години е близок партнер на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-so-godini-e-blizok-partner-na-nato/ Wed, 10 Aug 2022 08:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=538624

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Северноатлантската алијанса е долгорочен и близок партнер со Србија, велејќи дека партнерството се заснова на политички дијалог и практична соработка, со целосно почитување на државната политика на Србија на воена неутралност.

„Нашиот политички дијалог се манифестира на различни начини. Тоа ги вклучува моите контакти со претседателот Александар Вучиќ и другите политички лидери и редовните интеракции со српските колеги, меѓу кои е и мојот заменик-помошник за политички прашања и безбедносна политика и шеф на Канцеларијата за воени врски на НАТО во Белград. Ги вклучува и добро воспоставените односи меѓу командантот на КФОР и српскиот началник на Генералштабот“, изјави Столтенберг за подгорички „Вијести“.

Тој вели дека ваквите односи овозможуваат конструктивен дух и меѓусебно почитување „што треба да продолжи“.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека Алијансата ќе продолжи целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, пренесе Танјуг.

The post Србија со години е близок партнер на НАТО appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Северноатлантската алијанса е долгорочен и близок партнер со Србија, велејќи дека партнерството се заснова на политички дијалог и практична соработка, со целосно почитување на државната политика на Србија на воена неутралност.
„Нашиот политички дијалог се манифестира на различни начини. Тоа ги вклучува моите контакти со претседателот Александар Вучиќ и другите политички лидери и редовните интеракции со српските колеги, меѓу кои е и мојот заменик-помошник за политички прашања и безбедносна политика и шеф на Канцеларијата за воени врски на НАТО во Белград. Ги вклучува и добро воспоставените односи меѓу командантот на КФОР и српскиот началник на Генералштабот“, изјави Столтенберг за подгорички „Вијести“.
Тој вели дека ваквите односи овозможуваат конструктивен дух и меѓусебно почитување „што треба да продолжи“. Генералниот секретар на НАТО истакна дека Алијансата ќе продолжи целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, пренесе Танјуг.

The post Србија со години е близок партнер на НАТО appeared first on Република.

]]>