србија - ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbija-eu/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 07:07:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png србија - ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbija-eu/ 32 32 Демостат: Србија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година доколку го прифати европскиот план за косовското прашање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/demostat-srbija-ke-bide-chlenka-na-eu-do-2030-godina-dokolku-go-prifati-evropskiot-plan-za-kosovskoto-prashane/ Tue, 31 Jan 2023 07:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=602490

Јасна перспектива за членството на Србија во Европската Унија, инвестиции во енергетскиот сектор и ослободување од зависноста од Русија во таа област, доаѓање на американски и европски компании се дел од она што Србија би можела да го очекува ако се согласи со предлогот на Западот за решавање на косовското прашање, пишува денеска истражувачко-издавачкиот центар Демостат.

Повикувајќи се на свои дипломатски извори, Демостат додава дека се точни изјавите за можни последици за Србија доколку не го прифати договорот, кои вклучуваат прекин на европската интеграција, запирање и повлекување на инвестициите, враќање на визите, додека аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд би бил под знак прашалник, пренесува Бета.

Според Демостат, претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија на средбата во Белград му рекле на српскиот претседател Александар Вучиќ дека, доколку Србија го прифати европскиот план, може да влезе во ЕУ до 2030 година.

Во меѓувреме, според изворите на овој центар, Србија чекор по чекор би била вклучена во другите европски структури, како што е заедничкиот европски пазар, што подразбира слободен проток на стоки, луѓе, капитал и услуги.

Доколку Белград го отфрли западниот план за Косово и покаже дека не е конструктивен во дијалогот со Приштина, ќе дојде до суспензија и повлекување на европските и американските инвестиции.

„Имено, веќе има компании кои до понатамошно известување ги прекинаа плановите за инвестиции во Србија, пред се поради неусогласеноста на надворешната и безбедносната политика, што повлекува зголемен ризик за водење бизнис во нашата земја. Одбивање на преговори за план за решавање косовското прашање за бизнис заедницата која планира да работи или веќе работи во Србија би било дополнителен црвен аларм“, пишува Демостат.

Не е автентичен француско-германскиот план кој минатата недела се појави во медиумите, ниту конечниот договор што ќе се најде на преговарачка маса, пишува Демостат.

Во договорот ќе има клаузула дека ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нејзиниот пат кон ЕУ и дека во договорот нема да се споменува признавање на Косово или членство во ОН.

The post Демостат: Србија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година доколку го прифати европскиот план за косовското прашање appeared first on Република.

]]>

Јасна перспектива за членството на Србија во Европската Унија, инвестиции во енергетскиот сектор и ослободување од зависноста од Русија во таа област, доаѓање на американски и европски компании се дел од она што Србија би можела да го очекува ако се согласи со предлогот на Западот за решавање на косовското прашање, пишува денеска истражувачко-издавачкиот центар Демостат. Повикувајќи се на свои дипломатски извори, Демостат додава дека се точни изјавите за можни последици за Србија доколку не го прифати договорот, кои вклучуваат прекин на европската интеграција, запирање и повлекување на инвестициите, враќање на визите, додека аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд би бил под знак прашалник, пренесува Бета. Според Демостат, претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија на средбата во Белград му рекле на српскиот претседател Александар Вучиќ дека, доколку Србија го прифати европскиот план, може да влезе во ЕУ до 2030 година. Во меѓувреме, според изворите на овој центар, Србија чекор по чекор би била вклучена во другите европски структури, како што е заедничкиот европски пазар, што подразбира слободен проток на стоки, луѓе, капитал и услуги. Доколку Белград го отфрли западниот план за Косово и покаже дека не е конструктивен во дијалогот со Приштина, ќе дојде до суспензија и повлекување на европските и американските инвестиции. „Имено, веќе има компании кои до понатамошно известување ги прекинаа плановите за инвестиции во Србија, пред се поради неусогласеноста на надворешната и безбедносната политика, што повлекува зголемен ризик за водење бизнис во нашата земја. Одбивање на преговори за план за решавање косовското прашање за бизнис заедницата која планира да работи или веќе работи во Србија би било дополнителен црвен аларм“, пишува Демостат. Не е автентичен француско-германскиот план кој минатата недела се појави во медиумите, ниту конечниот договор што ќе се најде на преговарачка маса, пишува Демостат. Во договорот ќе има клаузула дека ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нејзиниот пат кон ЕУ и дека во договорот нема да се споменува признавање на Косово или членство во ОН.

The post Демостат: Србија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година доколку го прифати европскиот план за косовското прашање appeared first on Република.

]]>
Жесток одговор за Брисел: Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zestok-odgovor-za-brisel-vuchikj-kje-go-soopshti-vo-slednite-72-chasa/ Mon, 26 Sep 2022 21:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=554466

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна во рок од 72 часа, пренесува „Новости“.

Според извори на „Новости“, шефот на државата бил шокиран и лут по изјавата на портпаролот на Европската Унија, Питер Стан, кој денеска рече дека Србија е под надзор на ЕУ поради потпишувањето на планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и на Русија, што неодамна беше потпишан во Њујорк.

Стано денеска даде изјава во врска со потпишувањето на договорот меѓу Србија и Русија.

„Живееме во време кога Русија почна нелегална и нелегитимна инвазија на суверена земја, на соседна Украина… Доколку под овие околности видиме дека Министерството за надворешни работи на Србија прифати консултации, редовни консултации, со Министерството за надворешни работи на земја што врши криминална агресија, тоа е многу јасен знак за нивната намера да ги зајакнат своите врски, дополнително да ги зајакнат односите меѓу Србија и Русија. И тоа е причина за сериозни прашања“, рече Стано.

„Европската Унија им беше јасна на своите партнери, а особено на земјите што се во процес на пристапување, како што е Србија, која е кандидат. Односите со Русија во сегашните околности не може да бидат нормални и деловни. Невозможно е да се соработува со овој режим, кој прави толку многу криминални дела и злосторства, а ние го сфаќаме многу сериозно и го следиме“, нагласи портпаролот на ЕУ.

The post Жесток одговор за Брисел: Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна во рок од 72 часа, пренесува „Новости“. Според извори на „Новости“, шефот на државата бил шокиран и лут по изјавата на портпаролот на Европската Унија, Питер Стан, кој денеска рече дека Србија е под надзор на ЕУ поради потпишувањето на планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и на Русија, што неодамна беше потпишан во Њујорк. Стано денеска даде изјава во врска со потпишувањето на договорот меѓу Србија и Русија.
„Живееме во време кога Русија почна нелегална и нелегитимна инвазија на суверена земја, на соседна Украина… Доколку под овие околности видиме дека Министерството за надворешни работи на Србија прифати консултации, редовни консултации, со Министерството за надворешни работи на земја што врши криминална агресија, тоа е многу јасен знак за нивната намера да ги зајакнат своите врски, дополнително да ги зајакнат односите меѓу Србија и Русија. И тоа е причина за сериозни прашања“, рече Стано. „Европската Унија им беше јасна на своите партнери, а особено на земјите што се во процес на пристапување, како што е Србија, која е кандидат. Односите со Русија во сегашните околности не може да бидат нормални и деловни. Невозможно е да се соработува со овој режим, кој прави толку многу криминални дела и злосторства, а ние го сфаќаме многу сериозно и го следиме“, нагласи портпаролот на ЕУ.

The post Жесток одговор за Брисел: Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа appeared first on Република.

]]>
Рама – Руте: Србија треба итно да се внесе во ЕУ наместо да се остави на влијанието на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-rute-srbija-treba-itno-da-se-vnese-vo-eu-namesto-da-se-ostavi-na-vlijanieto-na-rusija/ Tue, 05 Jul 2022 10:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=524150

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека регионалната иницијатива Отворен Балкан ќе помогне, меѓу другото, да ја одвои Србија од Русија односно Москва да нема повеќе влијание врз Белград. Рама порача дека Србија треба да влезе во ЕУ наместо да се остави на влијанието на Русија, пренесува Перископи.

Русија има јасно влијание внатре, има некои традиционални врски. Сметам дека треба да ја земеме Србија со нас и да не ја оставиме под руско влијание . Отворениот Балкан помогна, како и ставот да се кажуваат јасно работите, да се охрабри Србија да стане дел одЕУ и да ги почитува санкциите, но од друга страна да разбере дека ќе и треба време, тоа е вистинскиот став, рече Рама за време на средбата со холандскиот премиер Марк Руте во Амстердам

На тема Отворен Балкан, Рама разговарал со Руте и со другите лидери на ЕУ и во таа прилика посочил дека Балканот е најранливиот дел од синџирот што може да биде засегнат и е далеку од прекинат како резултат на војната во Украина.

Во врска со предлогот на францускиот претседател за нова европска политичка заедница, Рама оекува тој да го собере Балканот на маса за разговори за теми од меѓународно значење.

Холандскиот премиер Марк Руте, пак, рече дека иницијативите како „Отворен Балкан“ го забрзуваат процесот на пристапување на Западен Балкан во Европската унија.

На заедничката прес-конференција во Амстердам со албанскиот премиер Еди Рама, тој рече дека ваквите иницијативи овозможуваат „тензиите да не станат неподносливи“.

Тој посочи дека ќе препорача секоја платформа која ќе го обедини Западен Балкан околу прашања од заеднички интерес, пренесува Танјуг, повикувајќи се на приштинските репортери.

„Мислам дека идејата за воведување зона за слободна трговија меѓу земјите го забрзува процесот на членство и помага да се намалат тензиите“, рече Руте.

The post Рама – Руте: Србија треба итно да се внесе во ЕУ наместо да се остави на влијанието на Русија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека регионалната иницијатива Отворен Балкан ќе помогне, меѓу другото, да ја одвои Србија од Русија односно Москва да нема повеќе влијание врз Белград. Рама порача дека Србија треба да влезе во ЕУ наместо да се остави на влијанието на Русија, пренесува Перископи.
Русија има јасно влијание внатре, има некои традиционални врски. Сметам дека треба да ја земеме Србија со нас и да не ја оставиме под руско влијание . Отворениот Балкан помогна, како и ставот да се кажуваат јасно работите, да се охрабри Србија да стане дел одЕУ и да ги почитува санкциите, но од друга страна да разбере дека ќе и треба време, тоа е вистинскиот став, рече Рама за време на средбата со холандскиот премиер Марк Руте во Амстердам
На тема Отворен Балкан, Рама разговарал со Руте и со другите лидери на ЕУ и во таа прилика посочил дека Балканот е најранливиот дел од синџирот што може да биде засегнат и е далеку од прекинат како резултат на војната во Украина. Во врска со предлогот на францускиот претседател за нова европска политичка заедница, Рама оекува тој да го собере Балканот на маса за разговори за теми од меѓународно значење. Холандскиот премиер Марк Руте, пак, рече дека иницијативите како „Отворен Балкан“ го забрзуваат процесот на пристапување на Западен Балкан во Европската унија. На заедничката прес-конференција во Амстердам со албанскиот премиер Еди Рама, тој рече дека ваквите иницијативи овозможуваат „тензиите да не станат неподносливи“. Тој посочи дека ќе препорача секоја платформа која ќе го обедини Западен Балкан околу прашања од заеднички интерес, пренесува Танјуг, повикувајќи се на приштинските репортери. „Мислам дека идејата за воведување зона за слободна трговија меѓу земјите го забрзува процесот на членство и помага да се намалат тензиите“, рече Руте.

The post Рама – Руте: Србија треба итно да се внесе во ЕУ наместо да се остави на влијанието на Русија appeared first on Република.

]]>
Србија нема да отвори нов кластер зашто одби да воведе санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-nema-da-otvori-nov-klaster-zashto-odbi-da-vovede-sankcii-protiv-rusija/ Tue, 14 Jun 2022 19:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=515199

Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни политики.

Јоксимовиќ за јавниот сервис РТС изјави дека овој кластер нема да биде отворен, иако е подготвен, а како причина за неотварањето на нов кластер, ја посочи „неусогласеноста со режимот на рестриктивни мерки кон Руската Федерација“.

Србија, иако гласаше за неколку резолуции на ООН во кои се осудува инвазијата на Русија, одбива да воведе санкции за Москва и покрај барањата на западните власти.

-Не чекаат многу предизвици – енергетската, прехранбената и секоја друга криза што треба да ја решиме и важно е Србија да биде цврсто на европскиот пат, рече Јокимомовиќ за РТС.

Таа оцени дека војната во Украина е „најголем“ предизвик на Европа од падот на Берлинскиот ѕид, затоа што тоа е конфликт во кој едната страна е нуклеарна сила.

На прашањето кој е просторот за маневар кога станува збор за санкциите, Јоксимовиќ кажа дека тука не се работи за маневарски простор, како и дека Србија покажала целосна посветеност.

Таа додаде дека Србија ги споделува истите вредности на почитување на меѓународниот мир и поредок и неповредливоста на територијалниот интегритет.

The post Србија нема да отвори нов кластер зашто одби да воведе санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни политики. Јоксимовиќ за јавниот сервис РТС изјави дека овој кластер нема да биде отворен, иако е подготвен, а како причина за неотварањето на нов кластер, ја посочи „неусогласеноста со режимот на рестриктивни мерки кон Руската Федерација“. Србија, иако гласаше за неколку резолуции на ООН во кои се осудува инвазијата на Русија, одбива да воведе санкции за Москва и покрај барањата на западните власти. -Не чекаат многу предизвици – енергетската, прехранбената и секоја друга криза што треба да ја решиме и важно е Србија да биде цврсто на европскиот пат, рече Јокимомовиќ за РТС. Таа оцени дека војната во Украина е „најголем“ предизвик на Европа од падот на Берлинскиот ѕид, затоа што тоа е конфликт во кој едната страна е нуклеарна сила. На прашањето кој е просторот за маневар кога станува збор за санкциите, Јоксимовиќ кажа дека тука не се работи за маневарски простор, како и дека Србија покажала целосна посветеност. Таа додаде дека Србија ги споделува истите вредности на почитување на меѓународниот мир и поредок и неповредливоста на територијалниот интегритет.

The post Србија нема да отвори нов кластер зашто одби да воведе санкции против Русија appeared first on Република.

]]>