срби косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbi-kosovo/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Nov 2022 20:42:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png срби косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/srbi-kosovo/ 32 32 Вучиќ: Станува збор за големи политички, тектонски промени, по 10 години Србите ги напуштија институциите на Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-stanuva-zbor-za-golemi-politichki-tektonski-promeni-po-10-godini-srbite-gi-napushtija-instituciite-na-prishtina/ Sun, 06 Nov 2022 20:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=570517

- Не можам да кажам дека ова беше лесен момент, но не е ниту прв ниту последен и важно е да се однесуваме одговорно. Станува збор за големи политички, тектонски промени. По 10 години Србите ги напуштија институциите на Приштина – изјави вечерва во емисијата Хит Твит претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој изјави дека е важно луѓето да знаат низ што поминале луѓето таму во изминатите децении, но и во изминатите месеци.

– Во 1999 година практично го загубивме суверенитетот на Косово и Метохија, а во 2004 година почна погромот – рече Вучиќ и потсети на политиката „стандарди пред статус“, по што следеа убиства на Срби, а потоа Албанците биле, како што рече, наградени од Западот, со признавањето на еднострано прогласената независност.

Вучиќ изјави дека најголемата грешка што ја направи Србија е одлуката да ги премести преговорите со Приштина во ЕУ и дека со бриселскиот договор купиле 10 години мир.

Инаку, претставниците на Србите од северот на Косово и Метохија вчера по средбата во Звечан донесоа одлука дека поради последните потези на Приштина ги напуштаат сите политички институции - собранието и владата на привремената администрација во Приштина, како и четири општини на северот на Косово и Метохија и правосудните органи, полицијата и администрацијата.

Како што соопштија по средбата, одлуките остануваат во сила додека Приштина не почне да ги почитува договорите и меѓународното јавно право, т.е. додека не ја повлече едностраната одлука за пререгистрација на регистарските таблички и не формира Заедница на српски општини.

The post Вучиќ: Станува збор за големи политички, тектонски промени, по 10 години Србите ги напуштија институциите на Приштина appeared first on Република.

]]>

- Не можам да кажам дека ова беше лесен момент, но не е ниту прв ниту последен и важно е да се однесуваме одговорно. Станува збор за големи политички, тектонски промени. По 10 години Србите ги напуштија институциите на Приштина – изјави вечерва во емисијата Хит Твит претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој изјави дека е важно луѓето да знаат низ што поминале луѓето таму во изминатите децении, но и во изминатите месеци.
– Во 1999 година практично го загубивме суверенитетот на Косово и Метохија, а во 2004 година почна погромот – рече Вучиќ и потсети на политиката „стандарди пред статус“, по што следеа убиства на Срби, а потоа Албанците биле, како што рече, наградени од Западот, со признавањето на еднострано прогласената независност.
Вучиќ изјави дека најголемата грешка што ја направи Србија е одлуката да ги премести преговорите со Приштина во ЕУ и дека со бриселскиот договор купиле 10 години мир. Инаку, претставниците на Србите од северот на Косово и Метохија вчера по средбата во Звечан донесоа одлука дека поради последните потези на Приштина ги напуштаат сите политички институции - собранието и владата на привремената администрација во Приштина, како и четири општини на северот на Косово и Метохија и правосудните органи, полицијата и администрацијата. Како што соопштија по средбата, одлуките остануваат во сила додека Приштина не почне да ги почитува договорите и меѓународното јавно право, т.е. додека не ја повлече едностраната одлука за пререгистрација на регистарските таблички и не формира Заедница на српски општини.

The post Вучиќ: Станува збор за големи политички, тектонски промени, по 10 години Србите ги напуштија институциите на Приштина appeared first on Република.

]]>
Османи: Повлекувањето на српските претставници од институциите во Косово има за цел дестабилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-povlekuvanjeto-na-srpskite-pretstavnici-od-instituciite-vo-kosovo-ima-za-cel-destabilizacija/ Sat, 05 Nov 2022 21:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=570238

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, оцени дека повлекувањето на избраните и именуваните претставници на косовските Срби од позициите во косовските институции „има за цел да го дестабилизира северот на земјата“, пренесуваат медиумите во регионот.

Османи во изјавата оценува дека повлекувањето на министрите, замениците и припадниците на српската заедница од Владата и Собранието на Косово и косовската полиција „е чин против демократијата и владеењето на правото“.

„Ваква акција беше спроведена под притисок на властите во Белград. Ваквиот пристап создава сериозни проблеми за српските граѓани на север, кои се чувствуваат загрозени од дејствијата на нелегалните структури кои имаат за цел дестабилизација“, рече таа.

Изрази уверување дека косовските институции ќе ги преземат неопходните чекори за да обезбедат непречено функционирање и јавна безбедност на секој дел од територијата на Косово во тесна соработка со меѓународните партнери.

„Спроведувањето на законот и редот не претставува закана за ниту еден граѓанин на Косово, без разлика на етничката припадност. Меѓутоа, воспоставувањето на редот и законот претставува ризик за нелегалните структури предводени од Белград, кои имаат за цел да го дестабилизираат Косово и регионот“, рече Османи.

Смета дека „денешната акција на Србија претставува еднострано повлекување од бриселските договори за затворање на нејзините нелегални структури на Косово“.

„Оваа акција поттикната од Србија уште еднаш го докажува она што многупати го кажавме, дека Србија е изворот на дестабилизација на Косово и на регионот поради нејзините територијални и хегемонистички цели“, рече таа.

Османи посочи дека Србија нема да може да го промени мултиетничкиот карактер на институциите и да го наруши мирот и безбедноста на Косово и ги повика Србите да не наседнуваат на пропагандата од Србија и нејзините дестабилизирачки интереси кон Косово и регионот.

„Косово е посветено на мирот и стабилноста и останува јасно поставено на својот евроатлантски пат. Однесувањето на институциите за еднаквост на сите пред законот е во согласност со највисоките стандарди и европски вредности. Иднината на Косово е во ЕУ и НАТО и никој нема да може да го запре овој пат“, нагласи таа.

Според неа, Белград се обидува да го дестабилизира Косово и регионот и одржува блиски односи со Русија и е негова алатка во овој дел на Балканот.

The post Османи: Повлекувањето на српските претставници од институциите во Косово има за цел дестабилизација appeared first on Република.

Српските полицајци од северот на Косово ги соблекоа униформите по одлуката Србите да ги напуштат институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskite-policajci-od-severot-na-kosovo-gi-soblekoa-uniformite-po-odlukata-srbite-da-gi-napushtat-instituciite/ Sat, 05 Nov 2022 20:40:42 +0000 https://republika.mk/?p=570201

Сите Срби, команданти на станици и полициски раководители од северот ги соблекоа униформите, по состанокот во Звечан на кој беше одлучено Србите да ги напуштат институциите на северот на Косово.

Да потсетиме, во Звечан заврши средбата на политичките и институционалните претставници на Србите кои работат во косовските институции, на која се разговараше за следните чекори на Србите од Косово и Метохија.

Одлучено е Србите да ги напуштат сите политички институции.

-Ќе го напуштат Собранието, Владата, четири општини на северот на Република Косово, судството, полицијата на северот на Република Косово и нивниот административен персонал на северот на Република Косово додека Приштина не почне да го почитува меѓународното јавно право и Бриселскиот договор, додека не ја повлече одлуката за предрегистрација и не формира ЗСО – наведува Горан Ракиќ.

Ракиќ на средбата предложил излез на Србите од косовските институции, поради последните потези на косовскиот премиер Аљбин Курти.

На состанокот присуствуваше разрешениот командант Ненад Ѓуриќ, кој беше разрешен од функцијата прв човек на северната регионална полициска управа од премиерот на Косово, Аљбин Курти.

The post Српските полицајци од северот на Косово ги соблекоа униформите по одлуката Србите да ги напуштат институциите appeared first on Република.

]]>

Сите Срби, команданти на станици и полициски раководители од северот ги соблекоа униформите, по состанокот во Звечан на кој беше одлучено Србите да ги напуштат институциите на северот на Косово. Да потсетиме, во Звечан заврши средбата на политичките и институционалните претставници на Србите кои работат во косовските институции, на која се разговараше за следните чекори на Србите од Косово и Метохија. Одлучено е Србите да ги напуштат сите политички институции.
-Ќе го напуштат Собранието, Владата, четири општини на северот на Република Косово, судството, полицијата на северот на Република Косово и нивниот административен персонал на северот на Република Косово додека Приштина не почне да го почитува меѓународното јавно право и Бриселскиот договор, додека не ја повлече одлуката за предрегистрација и не формира ЗСО – наведува Горан Ракиќ.
Ракиќ на средбата предложил излез на Србите од косовските институции, поради последните потези на косовскиот премиер Аљбин Курти. На состанокот присуствуваше разрешениот командант Ненад Ѓуриќ, кој беше разрешен од функцијата прв човек на северната регионална полициска управа од премиерот на Косово, Аљбин Курти.