Спутник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sputnik/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Mar 2023 20:08:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Спутник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sputnik/ 32 32 Задавен рускиот научник кој ја развиваше „Спутник“ вакцината https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zadaven-ruskiot-nauchnik-koj-ja-razvivashe-sputnik-vaktsinata/ Fri, 03 Mar 2023 20:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=615723

Андреј Ботиков, еден од 18-те научници кои ја развиле вакцината Спутник V во Националниот истражувачки центар Гамалеја, е идентификуван како човекот кој на 2 март беше пронајден задавен во неговиот дом на улицата Рогова.

Претходно беше соопштено дека тој го преживеал нападот. Истражниот комитет на Русија (ИЦР) сега отвори истрага за убиството, верувајќи дека 29-годишниот маж го задавил научникот со појас за време на расправија пред да побегне од местото на настанот.

The post Задавен рускиот научник кој ја развиваше „Спутник“ вакцината appeared first on Република.

]]>

Андреј Ботиков, еден од 18-те научници кои ја развиле вакцината Спутник V во Националниот истражувачки центар Гамалеја, е идентификуван како човекот кој на 2 март беше пронајден задавен во неговиот дом на улицата Рогова. Претходно беше соопштено дека тој го преживеал нападот. Истражниот комитет на Русија (ИЦР) сега отвори истрага за убиството, верувајќи дека 29-годишниот маж го задавил научникот со појас за време на расправија пред да побегне од местото на настанот.

The post Задавен рускиот научник кој ја развиваше „Спутник“ вакцината appeared first on Република.

]]>
СЗО го одложува процесот на внесување на руската вакцина Спутник В во Ковакс системот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-go-odlozuva-procesot-na-vnesuvanje-na-ruskata-vakcina-sputnik-v-vo-kovaks-sistemot/ Thu, 17 Mar 2022 12:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=474325

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека поради војната меѓу Русија и Украина, процесот на евалуација на руската вакцина против коронавирус Спутник В е пролонгиран.

Експертскиот советник Марианџела Симао изјави вчера пред новинарите во Женева дека експертскиот тим на СЗО требаше да отпатува во Русија на 7 март поради процесот на евалуација и донесување одлука за одобрување на употребата на Спутник В во итни случаи, но дека процесот е пролонгиран поради моменталната состојба во регионот.

СЗО ќе одреди нов датум за посета на Русија колку е можно поскоро, истакна Симао.

На крајот на минатата година, СЗО објави дека сериозно ја разгледуваат идејата за издавање дозвола за употреба на руската вакцина Спутник В.

Со такво одобрение, вакцината ќе биде вклучена во програмата Ковакс што ја спроведуваат Обединетите нации за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во сиромашните и земјите во развој.

The post СЗО го одложува процесот на внесување на руската вакцина Спутник В во Ковакс системот appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека поради војната меѓу Русија и Украина, процесот на евалуација на руската вакцина против коронавирус Спутник В е пролонгиран. Експертскиот советник Марианџела Симао изјави вчера пред новинарите во Женева дека експертскиот тим на СЗО требаше да отпатува во Русија на 7 март поради процесот на евалуација и донесување одлука за одобрување на употребата на Спутник В во итни случаи, но дека процесот е пролонгиран поради моменталната состојба во регионот.
СЗО ќе одреди нов датум за посета на Русија колку е можно поскоро, истакна Симао.
На крајот на минатата година, СЗО објави дека сериозно ја разгледуваат идејата за издавање дозвола за употреба на руската вакцина Спутник В. Со такво одобрение, вакцината ќе биде вклучена во програмата Ковакс што ја спроведуваат Обединетите нации за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во сиромашните и земјите во развој.

The post СЗО го одложува процесот на внесување на руската вакцина Спутник В во Ковакс системот appeared first on Република.

]]>
Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zatvoreno-grchkoto-izdanie-na-sputnik-reagiraat-novinarskite-zdruzenija-vo-grcija/ Thu, 03 Mar 2022 20:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=467395

Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина.

Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до вработените во Спутник, кои, пак, преку соопштение велат дека одеднаш, останаа без „глас“ и работа.

– Грција на „демократијата“, Европа на „правата и слободата“ го затворија Спутник. Меѓу нив и Спутник што функционираше во Грција во кое беа вработени новинари, репортери, административен персонал и секој ден со страст и верба макотрпно работеа за информирање на сите, соопштија вработените во, како што напишаа, „последниот текст на редакцијата“.

Додаваат дека „под изговор дека ќе ја прекинат „пропагандата“, европските институции и влади покажуваат што навистина сакаат: тие да контролираат што ќе се емитува, кои вести се правилни и кои треба да се скратат, да исчезнат“.

Здруженијата на грчките новинари и грчките фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција, во заедничкото соопштение велат дека „стотици вработени во руската агенција „Спутник“ ширум Европа, од кои 32 во Грција, беа известени дека нивните канцеларии се затвораат и остануваат без работа“.

– Новинарите и медиумските работници се првите жртви на необјавената, но видлива војна против информирањето. Незамисливо е медиумите да бидат вклучени во апсолутно оправданите санкции против една војна, пишува во заедничкото соопштение на трите здруженија.

Тие додаваат дека одлуката на ЕК ќе има спротивен ефект и освен цензурата, како последица ќе има и таргетирање на новинарите.

– Ги повикуваме, дури и во овој последен момент како европските институции, така и владите да имаат предвид дека покрај огромниот удар врз слободата на изразување и демократијата, потпишуваат и губење на стотици работни места, коментираат Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери и Здружението на странски дописници во Грција.

The post Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција appeared first on Република.

]]>

Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина. Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до вработените во Спутник, кои, пак, преку соопштение велат дека одеднаш, останаа без „глас“ и работа. – Грција на „демократијата“, Европа на „правата и слободата“ го затворија Спутник. Меѓу нив и Спутник што функционираше во Грција во кое беа вработени новинари, репортери, административен персонал и секој ден со страст и верба макотрпно работеа за информирање на сите, соопштија вработените во, како што напишаа, „последниот текст на редакцијата“. Додаваат дека „под изговор дека ќе ја прекинат „пропагандата“, европските институции и влади покажуваат што навистина сакаат: тие да контролираат што ќе се емитува, кои вести се правилни и кои треба да се скратат, да исчезнат“. Здруженијата на грчките новинари и грчките фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција, во заедничкото соопштение велат дека „стотици вработени во руската агенција „Спутник“ ширум Европа, од кои 32 во Грција, беа известени дека нивните канцеларии се затвораат и остануваат без работа“. – Новинарите и медиумските работници се првите жртви на необјавената, но видлива војна против информирањето. Незамисливо е медиумите да бидат вклучени во апсолутно оправданите санкции против една војна, пишува во заедничкото соопштение на трите здруженија. Тие додаваат дека одлуката на ЕК ќе има спротивен ефект и освен цензурата, како последица ќе има и таргетирање на новинарите. – Ги повикуваме, дури и во овој последен момент како европските институции, така и владите да имаат предвид дека покрај огромниот удар врз слободата на изразување и демократијата, потпишуваат и губење на стотици работни места, коментираат Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери и Здружението на странски дописници во Грција.

The post Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција appeared first on Република.

]]>
Европската федерација на новинари: Затворањето на РТ и Спутник во ЕУ не е најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда https://arhiva3.republika.mk/vesti/evropskata-federacija-na-novinari-zatvoranjeto-na-rt-i-sputnik-vo-eu-ne-e-najdobar-nachin-za-borba-protiv-dezinformacii-i-propaganda/ Mon, 28 Feb 2022 10:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=465112

Откако Европската Унија најави дека на руските медиуми поддржани од власта ќе им биде забрането да емитуваат на европско тло, Европската федерација на новинари (ЕФН) предупредува дека ова може да биде контрапродуктивно.

Војната во Украина е и информациска војна. За Европската Унија е неприфатливо да се шири пропагандата на рускиот претседател на нејзината територија и ЕУ работи на техничките детали да им се забрани емитување во Европа на РТ и Спутник - изјави шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел.

Ваква мерка веќе беше преземена во Германија пред неколку недели, по што Русија одговори со забрана за Дојче Веле.

Ризикот од политиката на цензура се исто така последиците што може да се очекуваат во Русија, како што видовме со затворањето на Дојче Веле како одговор на затворањето на РТ во Германија. Резултатот на овој чин беше осиромашување на медиумскиот плурализам во Русија. Руските граѓани таму го изгубија правото на пристап до информации емитувани од Дојче Веле. Тоа е жално - вели за МИА генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез.

Федерацијата вели дека е свесна оти информациите кои произлегуваат од медиуми финансирани од Кремљ се во служба на таа власт, но за бранителите на слободата на говор во Европа, затворања и забрани не се соодветен одговор за борба против дезинформации и пропаганда.

Затворањето на еден медиум не ни се чини како најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда. Овој чин на цензура може да има целосно контрапродуктивен ефект кај оние кои ги следат овие медиуми. Подобро е според нас да се спречи дезинформацијата на пропагандистичките медиуми преку изложување на нивните погрешни факти или лошиот квалитет на нивното новинарство, преку докажување на отсуството на нивната финансиска и оперативна независност, преку укажување дека се во служба на владините интереси и дека го презираат јавниот интерес - додаваат од Европската федерација на новинари.

Оттаму додаваат дека самиот чин на затворање на медиуми е „сериозен“.

Да се затвори медиум е сериозен чин, кој мора да се темели на солидна законска база, избегнувајќи секаква арбитрарност. Предизвикот на демократиите е борбата против дезинформациите истовремено зачувувајќи ја слободата на изразување. За ЕФН, треба да се поддржат други стратегии: зголемена поддршка за независното новинарство, промоција на медиумскиот плурализам, промоција на медиумското образование за сите, зголемена транспарентност на оние кои ја имаат моќта - додава генералниот секретар на организацијата за МИА.

Во текот на денот се очекуваат детали за оваа одлука на Европската Унија, но и можен одговор од Русија наскоро.

The post Европската федерација на новинари: Затворањето на РТ и Спутник во ЕУ не е најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда appeared first on Република.

ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-kje-ja-zabrani-rabotata-na-ruskite-mediumi-rasha-tudej-i-sputnik/ Sun, 27 Feb 2022 19:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=464847

Европската унија ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

Говорејќи на прес-конференција во Брисел, тој најави дека европскиот блок ќе ги забрани двата медиума во обид да се избори, како што наведе, „против руските дезинформации“, пренесе Си-Ен-Ен.

Денеска преземаме клучен чекор за затворање на славината за руска манипулација со информации во Европа со забрана за емитување на програмите 'Раша тудеј' и 'Спутник' во Европската унија“, рече Борел.

Во исто време, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека руските државни медиумски компании „РТ“ и „Спутник“, како и нивните подружници, повеќе нема да можат „да шират лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да направат поделба во ЕУ“.

The post ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ appeared first on Република.

]]>

Европската унија ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Говорејќи на прес-конференција во Брисел, тој најави дека европскиот блок ќе ги забрани двата медиума во обид да се избори, како што наведе, „против руските дезинформации“, пренесе Си-Ен-Ен.
Денеска преземаме клучен чекор за затворање на славината за руска манипулација со информации во Европа со забрана за емитување на програмите 'Раша тудеј' и 'Спутник' во Европската унија“, рече Борел.
Во исто време, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека руските државни медиумски компании „РТ“ и „Спутник“, како и нивните подружници, повеќе нема да можат „да шират лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да направат поделба во ЕУ“.

The post ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ appeared first on Република.

]]>
Директор на Гамалеја: Вакцината Спутник во комбинација со Спутник лајт штити речиси 100 отсто од омикрон сојот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/direktor-na-gamaleja-vakcinata-sputnik-vo-kombinacija-so-sputnik-lajt-shtiti-rechisi-100-otsto-od-omikron-sojot/ Tue, 18 Jan 2022 14:13:16 +0000 https://republika.mk/?p=446405

Ефикасноста на руската вакцина Спутник В против варијантата омикрон изнесува 75 отсто, соопшти денеска директорот на епидемиологија и микробиологија на Гамалеја, Александар Гинтсбург. Тој додаде дека доколку личност се ревакцинира со Спутник Лјт, тогаш заштитата може да достигне и до 100 отсто.

Во обраќањето на Меѓународниот Конгрес за репродуктивна медицина, Гинтсбург појасни дека луѓето кои не примиле засолувачка доза вакцина, ефикасноста на вакцината против коронавирус на Спутник по шест месеци од примањето била 56-57 отсто.

Значи, јасно е дека препораките на Министерството за здравство за потребата луѓето да се ревакцинираат со Спутник лајт на секои шест месеци се целосно оправдани и поткрепени со податоци, посочи тој.

Директорот на институтот Гамалеја уште оцени дека може да се каже дека во моментов имаат многу ефикасна вакцина, која може целосно да го заштити населението.

The post Директор на Гамалеја: Вакцината Спутник во комбинација со Спутник лајт штити речиси 100 отсто од омикрон сојот appeared first on Република.

]]>

Ефикасноста на руската вакцина Спутник В против варијантата омикрон изнесува 75 отсто, соопшти денеска директорот на епидемиологија и микробиологија на Гамалеја, Александар Гинтсбург. Тој додаде дека доколку личност се ревакцинира со Спутник Лјт, тогаш заштитата може да достигне и до 100 отсто. Во обраќањето на Меѓународниот Конгрес за репродуктивна медицина, Гинтсбург појасни дека луѓето кои не примиле засолувачка доза вакцина, ефикасноста на вакцината против коронавирус на Спутник по шест месеци од примањето била 56-57 отсто. Значи, јасно е дека препораките на Министерството за здравство за потребата луѓето да се ревакцинираат со Спутник лајт на секои шест месеци се целосно оправдани и поткрепени со податоци, посочи тој. Директорот на институтот Гамалеја уште оцени дека може да се каже дека во моментов имаат многу ефикасна вакцина, која може целосно да го заштити населението.

The post Директор на Гамалеја: Вакцината Спутник во комбинација со Спутник лајт штити речиси 100 отсто од омикрон сојот appeared first on Република.

]]>
Експерти од ЕMA позитивно ја оценија процедурата на клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник V“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eksperti-od-ema-pozitivno-ja-ocenija-procedurata-na-klinichkite-ispituvanja-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/ Tue, 11 Jan 2022 11:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=443095

Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) позитивно ја оценија процедурата на клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирус, соопштено е денеска во Москва.

Добивме позитивен заклучок од ЕМА во врска со клиничките испитувања“, изјави Денис Логунов, заменик-директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, за каналот на Соловиев на Јутјуб.

Овој центар при руското Министерство за здравство стои зад развојот на оваа вакцина.

The post Експерти од ЕMA позитивно ја оценија процедурата на клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник V“ appeared first on Република.