спуштени камери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spushteni-kameri/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Feb 2022 14:20:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спуштени камери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spushteni-kameri/ 32 32 Медиумите ги спуштија камерите пред Бочварски: Министерот им се извини, ќе имало многу настани за да се поправат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mediumite-gi-spushtija-kamerite-pred-bochvarski-ministerot-im-se-izvini-kje-imalo-mnogu-nastani-za-da-se-popravat/ Fri, 11 Feb 2022 14:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=457248

Здружението на новинари и ССНМ денеска реагираа откако на настанот на кој беа повикани да го проследат пристигнувањето на авионот од првата авионска линија Софија-Скопје, медиумите беа попречени од својата работа.

За каков било ненамерен пропуст што се случил при денешната посета и средба меѓу нас и бугарските колеги би сакал да се извинам, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски пред почетокот на прес-конференцијата во Клубот на пратениците каде се одвиваше средбата со неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и со туроператорите од двете држави.

Бочварски истакна дека ќе има уште многу настани како денешниот кои ќе бидат прилика владите и институциите да ги поправат сторените пропусти.

Ова е прв лет Скопје – Софија, а ние рековме дека ги отвораме вратите и ве уверуваме дека ќе има уште многу можности и летови, сите вакви пропусти ќе ги поправиме и како влади и како институции, напомена министерот откако претходно новинарот Фуркан Салиу вербално реагираше за односот кој медиумите.

Салиу му порача на министерот, да не праќаат покани, ако не дозволуваат соодветно покривање на настаните.

Овој микрофон се плаќа од јавни пари и имам право да ви кажам тоа што го мислам во име на новинарите и снимателите и во име на ЗНМ и Синдикатот на новинари кои веќе реагираа. Бараме да ни овомзожите исти услови за работа како на вашите фоторепортери и сниматели. Ако сакате само тие да ве снимаат, а ние не, не праќајте покани ама да знаеме дека во оваа држава не постојат медиуми. Си имате Вие Ваш ПР центар и продолжете - рече новинарот Фуркан Салиу по што ја спушти камерата на неговиот медиум пред министерот, а тоа го сторија и уште еден снимател и фоторепортер.

Проблемот настана кога група на новинари, фоторепортери и сниматели утрово повторно беа попречени да известуваат за настан на скопскиот аеродром од страна на службите за обезбедување, нагласуваат новинарските организации.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) сметаат дека е неприфатлив ваквиот третман на медиумските екипи кои притоа беа уредно поканети и акредитирани за проследување на настанот. Потребно е да се сфати дека тие се таму на задача со цел да известуваат во име на јавноста и дека организаторите на настанот треба да обезбедат соодветни услови за работа. Од друга страна, владините сниматели и службеници за медиуми не смеат да имаат привилигиран статус, бидејќи на тој начин стануваат конкуренција на медиумите, а тоа може да го наруши и правото на информирање на граѓаните, се вели во реакцијата од двете новинарски организации

Тие потсетуваат дека домашните медиуми за овој настан имале добиено уредна покана од Министерство за транспорт и врски.

Потсетуваме дека ова не е прв ваков случај на скопскиот аеродром, каде пред извесно време на настан поврзан со пристигнувањето на бегалци од Авганистан владини службеници снимаа видеа и ги емитуваа на социјални мрежи додека новинарските беа дистанцирани и попречени да ја работат својата работа, ѝ се порачува на Владата.

The post Медиумите ги спуштија камерите пред Бочварски: Министерот им се извини, ќе имало многу настани за да се поправат appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари и ССНМ денеска реагираа откако на настанот на кој беа повикани да го проследат пристигнувањето на авионот од првата авионска линија Софија-Скопје, медиумите беа попречени од својата работа. За каков било ненамерен пропуст што се случил при денешната посета и средба меѓу нас и бугарските колеги би сакал да се извинам, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски пред почетокот на прес-конференцијата во Клубот на пратениците каде се одвиваше средбата со неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и со туроператорите од двете држави. Бочварски истакна дека ќе има уште многу настани како денешниот кои ќе бидат прилика владите и институциите да ги поправат сторените пропусти. Ова е прв лет Скопје – Софија, а ние рековме дека ги отвораме вратите и ве уверуваме дека ќе има уште многу можности и летови, сите вакви пропусти ќе ги поправиме и како влади и како институции, напомена министерот откако претходно новинарот Фуркан Салиу вербално реагираше за односот кој медиумите. Салиу му порача на министерот, да не праќаат покани, ако не дозволуваат соодветно покривање на настаните.
Овој микрофон се плаќа од јавни пари и имам право да ви кажам тоа што го мислам во име на новинарите и снимателите и во име на ЗНМ и Синдикатот на новинари кои веќе реагираа. Бараме да ни овомзожите исти услови за работа како на вашите фоторепортери и сниматели. Ако сакате само тие да ве снимаат, а ние не, не праќајте покани ама да знаеме дека во оваа држава не постојат медиуми. Си имате Вие Ваш ПР центар и продолжете - рече новинарот Фуркан Салиу по што ја спушти камерата на неговиот медиум пред министерот, а тоа го сторија и уште еден снимател и фоторепортер.
Проблемот настана кога група на новинари, фоторепортери и сниматели утрово повторно беа попречени да известуваат за настан на скопскиот аеродром од страна на службите за обезбедување, нагласуваат новинарските организации. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) сметаат дека е неприфатлив ваквиот третман на медиумските екипи кои притоа беа уредно поканети и акредитирани за проследување на настанот. Потребно е да се сфати дека тие се таму на задача со цел да известуваат во име на јавноста и дека организаторите на настанот треба да обезбедат соодветни услови за работа. Од друга страна, владините сниматели и службеници за медиуми не смеат да имаат привилигиран статус, бидејќи на тој начин стануваат конкуренција на медиумите, а тоа може да го наруши и правото на информирање на граѓаните, се вели во реакцијата од двете новинарски организации Тие потсетуваат дека домашните медиуми за овој настан имале добиено уредна покана од Министерство за транспорт и врски. Потсетуваме дека ова не е прв ваков случај на скопскиот аеродром, каде пред извесно време на настан поврзан со пристигнувањето на бегалци од Авганистан владини службеници снимаа видеа и ги емитуваа на социјални мрежи додека новинарските беа дистанцирани и попречени да ја работат својата работа, ѝ се порачува на Владата.

The post Медиумите ги спуштија камерите пред Бочварски: Министерот им се извини, ќе имало многу настани за да се поправат appeared first on Република.

]]>