спречување перење пари и финансирање на тероризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sprechuvanje-perenje-pari-i-finansiranje-na-terorizam/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Jul 2022 07:57:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спречување перење пари и финансирање на тероризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sprechuvanje-perenje-pari-i-finansiranje-na-terorizam/ 32 32 Стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/stapuva-vo-sila-zakonot-za-sprechuvanje-perenje-pari-i-finansiranje-na-terorizam/ Tue, 12 Jul 2022 07:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=527370

Од денеска стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, што Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година.

Со новиот Закон во однос на уписите во регистарот на вистински сопственици предвидени се промени на роковите за упис, субјектите кои се обврзани да извршат упис во рамки на истиот, како и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите.

Согласно новиот текст на ЗСППФТ, соопштија денеска од Централниот регистар, законскиот рок за внесување на податоците за вистинските сопственици е 15 дена од уписот на деловниот субјект во трговскиот регистар и во регистарот на други правни лица односно 15 дена од промената на податоците за вистинскиот сопственик.

Покрај останатото, како субјекти кои се обврзани да извршат упис на вистинскиот сопственик во регистарот со новото законско решение опфатени се и правните субјекти чиишто акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност за кои е предвиден рок од три месеци за извршување на оваа обврска од денот на влегувањето во сила на овој закон, се појаснува во соопштението.

Новиот текст на законот предвидува и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите. Фондациите и со постојните прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се подвлекува, имаа обврска да запишат вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици.

Со оглед на воведената промена, истите потребно е проверат: дали имаат внесено податоци за вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици и дали внесените податоци за вистински сопственик се во согласност со новата дефиниција од ЗСППФТ.

Доколку фондациите утврдат дека е потребно да се усогласат со новите законски одредби, потребно е податоците за вистински сопственик да ги внесат (променат) во регистарот на вистински сопственици во рок од 15 дена, започнувајќи од 12.07.2022 година. Доколку промената единствено се однесува на усогласување со новата законска дефиниција, како датум на индикатор во пријавата се внесува датумот на поднесување на пријавата, се подвлекува во соопштението од Централен регистар на Република Македонија.

The post Стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам appeared first on Република.

]]>

Од денеска стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, што Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година. Со новиот Закон во однос на уписите во регистарот на вистински сопственици предвидени се промени на роковите за упис, субјектите кои се обврзани да извршат упис во рамки на истиот, како и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите. Согласно новиот текст на ЗСППФТ, соопштија денеска од Централниот регистар, законскиот рок за внесување на податоците за вистинските сопственици е 15 дена од уписот на деловниот субјект во трговскиот регистар и во регистарот на други правни лица односно 15 дена од промената на податоците за вистинскиот сопственик. Покрај останатото, како субјекти кои се обврзани да извршат упис на вистинскиот сопственик во регистарот со новото законско решение опфатени се и правните субјекти чиишто акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност за кои е предвиден рок од три месеци за извршување на оваа обврска од денот на влегувањето во сила на овој закон, се појаснува во соопштението. Новиот текст на законот предвидува и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите. Фондациите и со постојните прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се подвлекува, имаа обврска да запишат вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици. Со оглед на воведената промена, истите потребно е проверат: дали имаат внесено податоци за вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици и дали внесените податоци за вистински сопственик се во согласност со новата дефиниција од ЗСППФТ. Доколку фондациите утврдат дека е потребно да се усогласат со новите законски одредби, потребно е податоците за вистински сопственик да ги внесат (променат) во регистарот на вистински сопственици во рок од 15 дена, започнувајќи од 12.07.2022 година. Доколку промената единствено се однесува на усогласување со новата законска дефиниција, како датум на индикатор во пријавата се внесува датумот на поднесување на пријавата, се подвлекува во соопштението од Централен регистар на Република Македонија.

The post Стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам appeared first on Република.

]]>
Ќе се носи закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-nosi-zakon-za-sprechuvanje-perenje-pari-i-finansiranje-na-terorizam/ Tue, 01 Feb 2022 20:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=452679

Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е усвоен на денешната владина седница. Според образложението на Министерството за финансии, причините за  донесување на законот се произлезени од потребата за негово усогласување со европското законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно со одредбите од Директивата 2018/843.– Согласно ЕУ директивата и Меѓународната организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање на тероризам (Financial Action Task Force, FATF), во новото предлог законско решение се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам усвоена во 2020 година, информира владината прес-служба.На денешната владина седница усвоен е и Извештајот за извршените преговори за усогласување на Договорот со Европската Унија за учество на земјава во програмата „Фискалис“ за периодот 2021-2027 година.– Со учеството во „Фискалис“ програмата на ЕУ, Владата на Македонија се стекнува со поддршка на даночните власти и оданочувањето со цел да се подобри функционирањето на внатрешниот пазар, да се поттикне конкурентноста на Унијата и правичната конкуренција во Унијата, да се заштитат финансиските и економските интереси на Унијата и нејзините земји-членки, вклучително и заштита на тие интереси од даночна измама, даночно затајување и избегнување данок, како и подобрување на наплатата на даноците, велат од Владата.

The post Ќе се носи закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам appeared first on Република.