спотифај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spotifaj/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 09:11:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спотифај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spotifaj/ 32 32 „Спотифај“ ја објави најслушаната песна во 2023 година https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/spotifaj-ja-objavi-najslushanata-pesna-vo-2023-godina/ Fri, 01 Dec 2023 09:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=718225

Музичката апликација „Спотифај“ вчера ги сподели резултатите на своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година.

Листата на најпуштани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци.

Хитот на Мајли Сајрус „Flowers“ беше најстримуваната песна во светот, со повеќе од 1,6 милијарди стримови ширум светот. Песната излезе во јануари оваа година, а зборува за самољубието, внатрешната сила и самодовербата.

Најмногу слушан изведувач во 2023 година беше Тејлор Свифт со повеќе од 26,1 милијарди глобални преноси од 1 јануари.

The post „Спотифај“ ја објави најслушаната песна во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Музичката апликација „Спотифај“ вчера ги сподели резултатите на своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година. Листата на најпуштани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци. Хитот на Мајли Сајрус „Flowers“ беше најстримуваната песна во светот, со повеќе од 1,6 милијарди стримови ширум светот. Песната излезе во јануари оваа година, а зборува за самољубието, внатрешната сила и самодовербата. Најмногу слушан изведувач во 2023 година беше Тејлор Свифт со повеќе од 26,1 милијарди глобални преноси од 1 јануари.  

The post „Спотифај“ ја објави најслушаната песна во 2023 година appeared first on Република.

]]>
„Спотифај“ ја поскапува претплатата за повеќе од 200 милиони корисници https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/spotifaj-ja-poskapuva-pretplatata-za-poveke-od-200-milioni-korisnitsi/ Wed, 26 Jul 2023 19:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=665597

Познатата интернет платформа за слушање музика, „Спотифај“, одлучи да ги зголеми цените на претплатата за повеќе од 200 милиони корисници во категоријата „Премиум“. Вакво нешто се случува првпат по 10 години.

Ги менуваме цените на услугите во категоријата „Премиум“ на повеќе пазари ширум светот за да може да продолжиме да воведуваме новости“, се наведува во соопштение на компанијата.

Со новото поскапување, „Премиум“ претплатниците во САД ќе плаќаат 10,99 долари месечно наместо сегашните 9,99 долари, а претплатата на овој пакет е зголемена и во Велика Британија, Канада, Австралија и 49 други земји.

The post „Спотифај“ ја поскапува претплатата за повеќе од 200 милиони корисници appeared first on Република.

Ријана е првата пејачка со 10 песни со милијарда прегледи на „Спотифај“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rijana-e-prvata-pejachka-so-10-pesni-so-milijarda-pregledi-na-spotifaj/ Tue, 04 Jul 2023 09:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=657961

Иако минаа седум и пол години откако Ријана го издаде последниот албум „Anti“, таа повторно соборува рекорди. Имено, таа стана првата пејачка со 10 песни што достигнале милијарда прегледи на стрим-платформата „Спотифај“, а со тоа достигнување се пофали на својот интернет-простор.

Ријана ја прослави веста со потписот „Bad Gal billi“ што е сленг-израз за „лошата девојка милијарда“ бидејќи на својот профил се потпишува како „Лошата девојка Рири“. Таа е добитничка на бројни признанија, а ова не е прв рекорд што таа го поставува. Таа има освоено 13 „Американски музички награди“, девет „Греми“ одличја и 12 „Билборд награди“.

„Нема нов албум“, додаде под објавата изведувачката, која според овогодишната листа на „Форбс“, е најбогата пејачка и најбогата жена под 40 години во САД.

Ријана во 2012 година стана дигитално најпродаваниот изведувач во САД со продадени 47,57 милиони песни во дигитален облик. Во таа смисла, Ријана го симна и Еминем од престолот.

The post Ријана е првата пејачка со 10 песни со милијарда прегледи на „Спотифај“ appeared first on Република.

]]>

Иако минаа седум и пол години откако Ријана го издаде последниот албум „Anti“, таа повторно соборува рекорди. Имено, таа стана првата пејачка со 10 песни што достигнале милијарда прегледи на стрим-платформата „Спотифај“, а со тоа достигнување се пофали на својот интернет-простор. Ријана ја прослави веста со потписот „Bad Gal billi“ што е сленг-израз за „лошата девојка милијарда“ бидејќи на својот профил се потпишува како „Лошата девојка Рири“. Таа е добитничка на бројни признанија, а ова не е прв рекорд што таа го поставува. Таа има освоено 13 „Американски музички награди“, девет „Греми“ одличја и 12 „Билборд награди“. „Нема нов албум“, додаде под објавата изведувачката, која според овогодишната листа на „Форбс“, е најбогата пејачка и најбогата жена под 40 години во САД. Ријана во 2012 година стана дигитално најпродаваниот изведувач во САД со продадени 47,57 милиони песни во дигитален облик. Во таа смисла, Ријана го симна и Еминем од престолот.

The post Ријана е првата пејачка со 10 песни со милијарда прегледи на „Спотифај“ appeared first on Република.

]]>
Во следните 12 години Барселона ќе добие 435 милиони евра од „Спотифај“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-slednite-12-godini-barselona-kje-dobie-435-milioni-evra-od-spotifaj/ Sun, 03 Apr 2022 17:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=482711

Шпанскиот фудбалски великан Барселона денес го ратификуваше договорот со сервисот стриминг „Спотифај“.

На вонредното собрание на делегати договорот го одобрија 89 отсто од гласачите.

Логото на „Спотифај“, новиот главен спонзор на клубот, ќе се појави на предниот дел на дресовите на машкиот и женскиот тим на Барселона од сезоната 2022/23 и таму ќе остане четири години. Сличен договор за три сезони ќе важи и за тренинзите.

Долгорочниот договор за името на стадионот „Камп Ноу“ ќе стапи на сила од јули 2022 година и ќе трае 12 сезони.

„Поради клаузулата за доверливост на документите, која се применува во сите глобални договори на Спотифај, не можеме да ги објавиме точните бројки, но можеме да потврдиме дека тоа е најдобриот договор во финансиска смисла кој Барселона некогаш го добила“, изјави претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Шпанските медиуми наведуваат дека договорот е тежок 400 милиони евра, а стадионот на каталонскиот клуб ќе биде преименуван во „Спотифај Камп Ноу“. Од следната сезона наместо сега веќе поранешниот спонзор „Ракутен“, предната страна на дресовите на Барса ќе ги краси логото на „Спотифај“.

Барселона ќе добие најмалку 435 милиони евра за дванаесет сезони соработка со „Спотифај“, објави „Diario Sport“.

Од клубот порачаа дека ова е „стратешки сојуз меѓу два водечки бренда и лидери во забавата, кои делат иста филозофија и вредности“.

The post Во следните 12 години Барселона ќе добие 435 милиони евра од „Спотифај“ appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот фудбалски великан Барселона денес го ратификуваше договорот со сервисот стриминг „Спотифај“. На вонредното собрание на делегати договорот го одобрија 89 отсто од гласачите. Логото на „Спотифај“, новиот главен спонзор на клубот, ќе се појави на предниот дел на дресовите на машкиот и женскиот тим на Барселона од сезоната 2022/23 и таму ќе остане четири години. Сличен договор за три сезони ќе важи и за тренинзите. Долгорочниот договор за името на стадионот „Камп Ноу“ ќе стапи на сила од јули 2022 година и ќе трае 12 сезони.
„Поради клаузулата за доверливост на документите, која се применува во сите глобални договори на Спотифај, не можеме да ги објавиме точните бројки, но можеме да потврдиме дека тоа е најдобриот договор во финансиска смисла кој Барселона некогаш го добила“, изјави претседателот на клубот, Жоан Лапорта.
Шпанските медиуми наведуваат дека договорот е тежок 400 милиони евра, а стадионот на каталонскиот клуб ќе биде преименуван во „Спотифај Камп Ноу“. Од следната сезона наместо сега веќе поранешниот спонзор „Ракутен“, предната страна на дресовите на Барса ќе ги краси логото на „Спотифај“.
Барселона ќе добие најмалку 435 милиони евра за дванаесет сезони соработка со „Спотифај“, објави „Diario Sport“.
Од клубот порачаа дека ова е „стратешки сојуз меѓу два водечки бренда и лидери во забавата, кои делат иста филозофија и вредности“.

The post Во следните 12 години Барселона ќе добие 435 милиони евра од „Спотифај“ appeared first on Република.

]]>
„Спотифај“ се повлекува од Русија поради новите закони кои предвидуваат затворски казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/spotifaj-se-povlekuva-od-rusija-poradi-novite-zakoni-koi-predviduvaat-zatvorski-kazni/ Fri, 25 Mar 2022 22:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=478696

Популарниот стриминг сервис „Спотифај“ се повлекува од Русија поради новите руски закони кои предвидуваат затворски казни за емитување информации за војната во Украина, кои отстапуваат од официјалните најави на руското Министерство за одбрана.

Новите правила дополнително го ограничуваат пристапот до информации, ја елиминираат слободата на изразување и криминализираат одредени видови вести, што е ризик не само за вработените во „Спотифај“ во Русија, туку и за нашите слушатели. По внимателно разгледување на сите опции во сегашните околности, моравме да донесеме тешка одлука целосно да ги прекинеме нашите услуги во Русија - се вели во соопштението на „Спотифај“.

„Спотифај“ со тоа им се придружи на голем број големи меѓународни компании кои се повлекоа од Русија.

The post „Спотифај“ се повлекува од Русија поради новите закони кои предвидуваат затворски казни appeared first on Република.

Oткако загубија 2 милијарди за три дена, „Спотифај“ воведува предупредувања за спорните вести за ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-zagubija-2-milijardi-za-tri-dena-spotifaj-voveduva-predupreduvanja-za-spornite-vesti-za-kovid-19/ Mon, 31 Jan 2022 10:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=451853

Музичката стрим-платформа „Спотифај“ соопшти дека за слушателите на интернет-емисијата на Џо Роган кои разговараат за Ковид-19, ќе воведе насочување до точни информации за пандемијата. Ова следи по укажувањата на група музичари, предводени од Нил Јанг, кој и ја отстрани својата музика од платформата во знак на протест, што доведе до тоа „Спотифај“ да загуби околу 2,1 милијарди долари во период од три дена оваа недела.

Работиме на додавање предупредувања на секоја емисија што вклучува дискусија за Ковид-19. Овие предупредувања ќе ги насочуваат слушателите кон нашиот информативен центар за Ковид-19… Нови напори за борба против дезинформациите ќе бидат почнати следните неколку дена, изјави извршниот директор на „Спотифај“, Даниел Ек.

Принцот Хари и Меган Маркл исто така изразија загриженост за дезинформациите на платформата.

Роган (54) ги охрабрува младите да не се вакцинираат и ја поттикнува употребата на лекот против паразити – „Ивермектин“, што не е официјално одобрен за употреба против коронавирусот. Водителот има повеќегодишен договор со платформата вреден 100 милиони долари.

Последниве години, гигантите во интернет-просторот, како Фејсбук и Јутјуб, беа на удар на критичарите затоа што им дозволуваат на тн. „теоретичари на заговор“ да ги шират своите ставови, кои честопати содржат и непроверени и неточни податоци

The post Oткако загубија 2 милијарди за три дена, „Спотифај“ воведува предупредувања за спорните вести за ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Музичката стрим-платформа „Спотифај“ соопшти дека за слушателите на интернет-емисијата на Џо Роган кои разговараат за Ковид-19, ќе воведе насочување до точни информации за пандемијата. Ова следи по укажувањата на група музичари, предводени од Нил Јанг, кој и ја отстрани својата музика од платформата во знак на протест, што доведе до тоа „Спотифај“ да загуби околу 2,1 милијарди долари во период од три дена оваа недела.
Работиме на додавање предупредувања на секоја емисија што вклучува дискусија за Ковид-19. Овие предупредувања ќе ги насочуваат слушателите кон нашиот информативен центар за Ковид-19… Нови напори за борба против дезинформациите ќе бидат почнати следните неколку дена, изјави извршниот директор на „Спотифај“, Даниел Ек.
Принцот Хари и Меган Маркл исто така изразија загриженост за дезинформациите на платформата. Роган (54) ги охрабрува младите да не се вакцинираат и ја поттикнува употребата на лекот против паразити – „Ивермектин“, што не е официјално одобрен за употреба против коронавирусот. Водителот има повеќегодишен договор со платформата вреден 100 милиони долари. Последниве години, гигантите во интернет-просторот, како Фејсбук и Јутјуб, беа на удар на критичарите затоа што им дозволуваат на тн. „теоретичари на заговор“ да ги шират своите ставови, кои честопати содржат и непроверени и неточни податоци

The post Oткако загубија 2 милијарди за три дена, „Спотифај“ воведува предупредувања за спорните вести за ковид-19 appeared first on Република.

]]>