спортско новинарство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sportsko-novinarstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Sep 2023 11:17:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спортско новинарство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sportsko-novinarstvo/ 32 32 Почина Александар Стиков, доајенот на македонското спортско новинарство https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-aleksandar-stikov-doajenot-na-makedonskoto-sportsko-novinarstvo/ Thu, 21 Sep 2023 11:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=683758

Почина Александар Стиков, доајенот на македонското спортско новинарство. Имаше 76 години.

Стиков беше роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио.

Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004.

Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма „Спорт, музика, спорт“ и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства.

Погребот ќе биде в петок (22 септември 2023 година) во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10 часот), а комеморативната седница во понеделник (25 септември 2023 година) во 11 часот во просториите на Македонската радио-телевизија.

The post Почина Александар Стиков, доајенот на македонското спортско новинарство appeared first on Република.

]]>

Почина Александар Стиков, доајенот на македонското спортско новинарство. Имаше 76 години. Стиков беше роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио. Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004. Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма „Спорт, музика, спорт“ и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства. Погребот ќе биде в петок (22 септември 2023 година) во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10 часот), а комеморативната седница во понеделник (25 септември 2023 година) во 11 часот во просториите на Македонската радио-телевизија.

The post Почина Александар Стиков, доајенот на македонското спортско новинарство appeared first on Република.

]]>