спортски ваучери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sportski-vaucheri/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 09:45:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спортски ваучери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sportski-vaucheri/ 32 32 За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-9-juli-e-odlozheno-sudeneto-za-sportskite-vaucheri-na-agentsijata-za-mladi-i-sport/ Thu, 27 Jun 2024 09:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=791225

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.

Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.

Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

The post За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски. Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата. Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски. Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“. Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.  

The post За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за обвинението за спортските ваучери: Ова е само мал дел, по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало изминатите 6 и половина години https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mitskoski-za-obvinenieto-za-sportskite-vaucheri-ova-e-samo-mal-del-po-formiraneto-na-vladata-na-vmro-dpmne-graganite-ke-bidat-shokirani-shto-se-sluchuvalo-izminatite-6-i-polovina-godini/ Sat, 04 May 2024 10:26:27 +0000 https://republika.mk/?p=774064

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.

– Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

– Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски за обвинението за спортските ваучери: Ова е само мал дел, по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало изминатите 6 и половина години appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години. – Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски. Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. – Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски за обвинението за спортските ваучери: Ова е само мал дел, по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало изминатите 6 и половина години appeared first on Република.

]]>
Грковска: Сите што користат средства од буџетот имаат обврска да даваат отчет за начинот на трошење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-site-shto-koristat-sredstva-od-budzetot-imaat-obvrska-da-davaat-otchet-za-nachinot-na-troshenje/ Thu, 22 Sep 2022 06:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=553042

„Има многу забелешки на тоа како сега е регулирано доделувањето на ваучерите во спортот. Станува збор за големи средства, кои за жал, многу често не се користат за намената за која се доделени. Имајќи предвид дека сега, во оваа фаза се прават измени на Законот за спорт, сите заклучоци од првите две тркалезни маси коишто ги организиравме ќе ги вградиме во новите законски решенија, заедно со Министерството за правда, Агенцијата за млади и спорт, која е наш партнер во целата оваа фаза, и секако со Државната комисија за борба против корупцијата“, изјави заменик-претседателката на Владата задолжена за креирање на политики за добро владеење Славица Грковска во интервју за „Макфакс“.

Зборувајќи за корупцијата во спортот и ангажманот кој во тој дел го презема нејзиниот кабинет, Грковска истакна дека редефинирањето на системот за ваучери нема да има импликации само кај финансиите, туку тоа ќе значи и голема поддршка за младите спортисти кои до сега се откажале од спортот токму поради корупцијата.

„Сите оние коишто примаат некакви субвенции од државата, спортските субјекти, пред се спортските национални федерации, треба да бидат свесни дека сите што користат средства од буџетот имаат обврска да даваат отчет за начинот на трошење“, потенцираше Грковска.

Во однос на етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери, за чие спроведување е задолжен токму Кабинетот за креирање на политики за добро владеење, Грковска нагласи дека до сега се организирани обуки за над 140 функционери.

„Етичкиот кодекс не е закон, за него нема прекршочни одредби. Тој содржи правила на однесување коишто се очекуваат од избраните и именуваните функционери. И токму за тоа, за поткревање на свесноста за тоа што се очекува и како граѓаните очекуваат да се однесува еден функционер со интегритет, ние заедно со УСАИД ги организиравме обуките за интегритет за над 140 избрани и именувани функционери“, информираше Грковска.

The post Грковска: Сите што користат средства од буџетот имаат обврска да даваат отчет за начинот на трошење appeared first on Република.

Антикорупциска ги истражува спортските ваучери, имало директно политичко мешање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikorupciska-gi-istrazuva-sportskite-vaucheri-imalo-direktno-politichko-meshanje/ Thu, 17 Feb 2022 22:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=460156

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ги истражуваат ваучерите во спортот поради високи ризици од корупција.

Според неа, наишле на високи ризици од корупција затоа што распределбата на ваучерите треба да се одвива на еден демократски, транспарентен начин.

-Направен е директен упад во Законот, променет е Законот за тоа кој да биде член на таа централна комисија за разлика од претходното решение кога директорот треба да ја формира таа комисија од стручни лица од фелата, сега е на предлог на Владата и ние тука видовме директно политичко прашање во поделбата на средствата, вели Ивановска.

The post Антикорупциска ги истражува спортските ваучери, имало директно политичко мешање appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ги истражуваат ваучерите во спортот поради високи ризици од корупција. Според неа, наишле на високи ризици од корупција затоа што распределбата на ваучерите треба да се одвива на еден демократски, транспарентен начин.
-Направен е директен упад во Законот, променет е Законот за тоа кој да биде член на таа централна комисија за разлика од претходното решение кога директорот треба да ја формира таа комисија од стручни лица од фелата, сега е на предлог на Владата и ние тука видовме директно политичко прашање во поделбата на средствата, вели Ивановска.

The post Антикорупциска ги истражува спортските ваучери, имало директно политичко мешање appeared first on Република.

]]>
ДКСК ќе анализира како се доделуваат спортските ваучери https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dksk-kje-analizira-kako-se-dodeluvaat-sportskite-vaucheri/ Tue, 15 Feb 2022 12:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=458856

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во наредниот период активно повторно да се вклучи околу анализа за самото доделување на спортските ваучери, побара на денешната седница Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Според него, ризиците од можни злоупотреби на овие финансиски средства од даночно ослободување остануваат и во оваа 2022 година.

Тој информираше дека Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено.

Сето тоа, наведе Георгиев, од аспект на немање отчетност на спортските клубови, федерации и спортистите за тоа како ги потрошиле одобрените средства.

The post ДКСК ќе анализира како се доделуваат спортските ваучери appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во наредниот период активно повторно да се вклучи околу анализа за самото доделување на спортските ваучери, побара на денешната седница Владимир Георгиев, член на ДКСК. Според него, ризиците од можни злоупотреби на овие финансиски средства од даночно ослободување остануваат и во оваа 2022 година. Тој информираше дека Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено. Сето тоа, наведе Георгиев, од аспект на немање отчетност на спортските клубови, федерации и спортистите за тоа како ги потрошиле одобрените средства.

The post ДКСК ќе анализира како се доделуваат спортските ваучери appeared first on Република.

]]>