спортски сали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sportski-sali/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 16:46:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спортски сали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sportski-sali/ 32 32 „Расадник“, салата на УКИМ и на Воената академија: Владата ќе гради и реконструира повеќе спортски објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rasadnik-salata-na-ukim-i-na-voenata-akademija-vladata-ke-gradi-i-rekonstruira-poveke-sportski-objekti/ Tue, 17 Sep 2024 18:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=817203

Владата на седница усвои информација за реализација на проекти од програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Меѓу нив е изградбата на спортска сала во Воена академија - Скопје, санација на спортска сала Расадник во Општина Кисела Вода, како и на спортската сала во УКИМ.

Во однос на проектот „Изградба на спортска сала во Воена академија - Скопје“, од Владата соопштија дека спортската сала ќе се гради во комплексот на касарната во општина Аеродром. Истата ќе биде наменета за питомците на Воената Академија. Реализацијата ќе се одвива во 2024 и 2025 година.

Во врска со проектот „Санација на спортска сала Расадник, Општина Кисела Вода“, реконструкцијата ќе се изврши во соработка со општина Кисела Вода. Од страна на Општината е подготвен Проект за реконструкција на мултифункционалната спортската сала Расадник со капацитет од 1000 до 1500 гледачи.

Проектот „Санација на спортска сала во УКИМ“ е исто така дел од оваа програма. Како што соопштија од Владата, салата е оштетена од причина што по завршување на градежните активности истата не беше приклучена на водоводната и канализационата мрежа, што претставуваше обврска на Универзитетот. Потребни се низа на санации, како поправање на фасада, менување на прозори, машинство обезбедување на опрема и сл.

Како што соопштија од Владата, ќе се реализира и проектот „Санација на спортска сала во Општина Радовиш“.

СРЦ „25 Мај“ Радовиш располага со вкупна површина од 3.968 м². Самиот комплекс располага со голема сала со површина од 1.126 м² и капацитет од фиксни трибини од 1300 гледачи, но со помош на подвижни седишта гледачкиот капацитет се движи од 1300 до 2600 во услови на боксерски и слични натпревари и мала сала со површина од 400.80 м² со капацитет од 160 гледачи, се вели во владиното соопштение.

Останатите проекти се „Санација на спортска сала во Општина Ново Село“, „Санација на фудбалско игралиште на ФК Тетекс, Тетово“, „Санација на маалски мултинаменски игралишта“, „Санација на детски игралишта со поставување на спортска опрема во градинките“, „Поставување на пристапни рампи во објектите за спорт за лица со попреченост“, „Изградба на атлетска патека во Општина Гевгелија“.

Од Владата информираат дека Министерство за спорт ќе спроведе постапки за јавни набавки со цел избор на најповолен понудувач/изведувач и надзорен орган при реализација на проектите.

Оваа година, како што посочуваат, средства во висина од 35.039.500,00 денари ќе бидат наменети за инвестиции за овие објекти.

The post „Расадник“, салата на УКИМ и на Воената академија: Владата ќе гради и реконструира повеќе спортски објекти appeared first on Република.

]]>

Владата на седница усвои информација за реализација на проекти од програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Меѓу нив е изградбата на спортска сала во Воена академија - Скопје, санација на спортска сала Расадник во Општина Кисела Вода, како и на спортската сала во УКИМ. Во однос на проектот „Изградба на спортска сала во Воена академија - Скопје“, од Владата соопштија дека спортската сала ќе се гради во комплексот на касарната во општина Аеродром. Истата ќе биде наменета за питомците на Воената Академија. Реализацијата ќе се одвива во 2024 и 2025 година. Во врска со проектот „Санација на спортска сала Расадник, Општина Кисела Вода“, реконструкцијата ќе се изврши во соработка со општина Кисела Вода. Од страна на Општината е подготвен Проект за реконструкција на мултифункционалната спортската сала Расадник со капацитет од 1000 до 1500 гледачи. Проектот „Санација на спортска сала во УКИМ“ е исто така дел од оваа програма. Како што соопштија од Владата, салата е оштетена од причина што по завршување на градежните активности истата не беше приклучена на водоводната и канализационата мрежа, што претставуваше обврска на Универзитетот. Потребни се низа на санации, како поправање на фасада, менување на прозори, машинство обезбедување на опрема и сл. Како што соопштија од Владата, ќе се реализира и проектот „Санација на спортска сала во Општина Радовиш“.
СРЦ „25 Мај“ Радовиш располага со вкупна површина од 3.968 м². Самиот комплекс располага со голема сала со површина од 1.126 м² и капацитет од фиксни трибини од 1300 гледачи, но со помош на подвижни седишта гледачкиот капацитет се движи од 1300 до 2600 во услови на боксерски и слични натпревари и мала сала со површина од 400.80 м² со капацитет од 160 гледачи, се вели во владиното соопштение.
Останатите проекти се „Санација на спортска сала во Општина Ново Село“, „Санација на фудбалско игралиште на ФК Тетекс, Тетово“, „Санација на маалски мултинаменски игралишта“, „Санација на детски игралишта со поставување на спортска опрема во градинките“, „Поставување на пристапни рампи во објектите за спорт за лица со попреченост“, „Изградба на атлетска патека во Општина Гевгелија“. Од Владата информираат дека Министерство за спорт ќе спроведе постапки за јавни набавки со цел избор на најповолен понудувач/изведувач и надзорен орган при реализација на проектите. Оваа година, како што посочуваат, средства во висина од 35.039.500,00 денари ќе бидат наменети за инвестиции за овие објекти.

The post „Расадник“, салата на УКИМ и на Воената академија: Владата ќе гради и реконструира повеќе спортски објекти appeared first on Република.

]]>
Од осумте ветени спортски сали во Тетово, ДУИ изгради само една https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-osumte-veteni-sportski-sali-vo-tetovo-dui-izgradi-samo-edna/ Sun, 24 Mar 2024 12:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=758108

Не е исполнето изборното ветување за 2020 година на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изградба на осум спортски сали за основните училишта во Тетово. Од осумте ветени спортски сали изградена е само една, пренесува Порталб.мк.

На минатите избори ДУИ ветуваше спортски сали во осум тетовски училишта, кои според нивната изборна програма за 2020-2024 требаше да бидат готови до 2024 година. Тогаш се споменуваа училиштата „Братство Миѓени“, „Андреа Савески Кикиш“, „Кирил и Методиј“, „Лирија“, „Наим Фрашери“, „Истикбал“, „Рилиндја“ во Селце и „Ѓерѓ Кастриоти“ во Џепчиште.

Но, еве во 2024 година изградена е салата само во училиштетот „Андреа Савески Кикиш“, каде поголем дел од учениците се Македонци, додека седум од ветените спортски сали останаа само на хартија. Учениците и наставниците од овие училишта недостигот на спортските сали најмногу го чувствуваат во есен и зима кога часовите по физичко образование мора да ги одржуваат внатре.

 

The post Од осумте ветени спортски сали во Тетово, ДУИ изгради само една appeared first on Република.

]]>

Не е исполнето изборното ветување за 2020 година на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изградба на осум спортски сали за основните училишта во Тетово. Од осумте ветени спортски сали изградена е само една, пренесува Порталб.мк. На минатите избори ДУИ ветуваше спортски сали во осум тетовски училишта, кои според нивната изборна програма за 2020-2024 требаше да бидат готови до 2024 година. Тогаш се споменуваа училиштата „Братство Миѓени“, „Андреа Савески Кикиш“, „Кирил и Методиј“, „Лирија“, „Наим Фрашери“, „Истикбал“, „Рилиндја“ во Селце и „Ѓерѓ Кастриоти“ во Џепчиште. Но, еве во 2024 година изградена е салата само во училиштетот „Андреа Савески Кикиш“, каде поголем дел од учениците се Македонци, додека седум од ветените спортски сали останаа само на хартија. Учениците и наставниците од овие училишта недостигот на спортските сали најмногу го чувствуваат во есен и зима кога часовите по физичко образование мора да ги одржуваат внатре.  

The post Од осумте ветени спортски сали во Тетово, ДУИ изгради само една appeared first on Република.

]]>
Арсовска нема да ја почитува одлуката на Советот со која ѝ се одземаат ингеренциите за спортските сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-nema-da-ja-pochituva-odlukata-na-sovetot-so-koja-se-odzemaat-ingerentsiite-za-sportskite-sali/ Sun, 26 Feb 2023 11:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=613328

Советот на Град Скопје донесе одлука со која спортските сали во скопските средни училишта ќе можат да ги даваат под закуп директорите на училиштата.

Пред само десет месеци истиот Совет на предлог на градоначалничката Данела Арсовска донесе одлука за нов правилник за издавање под закуп на имотот на Град Скопје со кој директорите немаа право да ги издаваат спортските сали или дворовите на училиштата туку, како што беше кажано тоа ќе го прави Градот.

Арсовска новата одлука ја прогласи за незаконска и најави дека нема да ја почитува, со што уште повеќе се продлабочува конфликтот помеѓу неа и советниците во Советот.

Одлуката која ја предложивте сега е незаконска, ваша е одлуката дали ќе гласате за неа, а наша обврска е нешто што е спротивно на законот да не го спроведеме, рече Арсовска.

 

The post Арсовска нема да ја почитува одлуката на Советот со која ѝ се одземаат ингеренциите за спортските сали appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје донесе одлука со која спортските сали во скопските средни училишта ќе можат да ги даваат под закуп директорите на училиштата. Пред само десет месеци истиот Совет на предлог на градоначалничката Данела Арсовска донесе одлука за нов правилник за издавање под закуп на имотот на Град Скопје со кој директорите немаа право да ги издаваат спортските сали или дворовите на училиштата туку, како што беше кажано тоа ќе го прави Градот. Арсовска новата одлука ја прогласи за незаконска и најави дека нема да ја почитува, со што уште повеќе се продлабочува конфликтот помеѓу неа и советниците во Советот.
Одлуката која ја предложивте сега е незаконска, ваша е одлуката дали ќе гласате за неа, а наша обврска е нешто што е спротивно на законот да не го спроведеме, рече Арсовска.
 

The post Арсовска нема да ја почитува одлуката на Советот со која ѝ се одземаат ингеренциите за спортските сали appeared first on Република.

]]>