спортска сала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sportska-sala/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 12:07:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спортска сала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sportska-sala/ 32 32 Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochnuva-izgradba-na-sportska-sala-vo-pou-dimitar-pop-georgiev-berovski-vo-naselba-hrom/ Tue, 24 Sep 2024 12:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=819289

Во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром во општина Ѓорче Петров денеска беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала на површина од 476 квадратни метри.  Во градењето ќе се користат енергетски ефикасни и еколошки материјали за салата да биде функционална и одржлива на долг рок.

Со новата спортска сала, училиштето, кое има 493 ученици, ќе добие соодветен простор за часовите по физичко воспитување, како и за развој на спортски активности. Објектот ќе може да го користат  и жителите на општината  за организирање локални спортски настани и активности.

Салата ќе се гради со приближно 20 милиони денари од буџетот на Општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека сами го финансираат проектот со кој, рече, „решаваат горлив проблем“ за граѓаните на Ѓорче Петров. Очекува спортската сала да биде изградена до април.

Со овој проект конечно и 500 дечиња кои учат во ова подрачно училиште во Хром ќе добијат услови какви што заслужуваат и какви што имаат и сите други деца на територијата на Општина Ѓорче Петров. Но и сите спортисти на територија на општината ќе може да ја користат оваа спортска сала, изјави Стојкоски по поставувањето на камен-темелникот заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, советници од Општината и нејзини жители.

Посочи дека се планира и уште една доградба во ова училиште во соработка со МОН и дека ќе се насочат целосно да биде решен просторниот проблем во ова училиште.

Затоа што Хром е најбрзорастечка населба во општината, која е урбана и ова и е навистина потребно, додаде градоначалникот.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека оваа инвестиција од буџетот на Општината  „покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот“.

Повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа што годините зад нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето. Честитам за ваков тип проекти. Како Влада продолжуваме сето ова да го поддржуваме и во периодот којшто следува. Завршен е повикот за аплицирање на проекти што ќе бидат финансирани од централниот буџет, рече премиерот.

Соопшти дека Општина Ѓорче Петров доставила проекти до Министерството за локална самоуправа дека очекува следната недела да има список на проекти коишто ќе бидат финансирани и процесот, како што рече, да почне од првата недела или првата половина на октомври.

До крајот на октомври да бидат завршени тендерските процедури и веќе првата половина на ноември офанзивата да продолжи. Доколку временските услови дозволат, во текот на зимата да имаме навистина огромна теренска активност и градба на нови проекти и веќе следната година дел од нив и да ги завршуваме и да ги пуштаме во употреба. На почетокот на следната година, ќе ве потсетам, повторно ќе имаме таков повик. Во првичната верзија од Буџетот којашто се прави за 2025 година предвидени се 15 милијарди денари за ваков тип на проекти и веќе општините ќе можат уште еднаш да аплицираат со проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на нашите сограѓани, истакна Мицкоски по поставувањето на камен-темелникот.

Додаде дека никогаш досега од независноста на државата не се случило само за една година да има повеќе од 20 односно 21 милијарда денари инвестирани од централниот буџет за општините.

The post Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром appeared first on Република.

]]>

Во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром во општина Ѓорче Петров денеска беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала на површина од 476 квадратни метри.  Во градењето ќе се користат енергетски ефикасни и еколошки материјали за салата да биде функционална и одржлива на долг рок. Со новата спортска сала, училиштето, кое има 493 ученици, ќе добие соодветен простор за часовите по физичко воспитување, како и за развој на спортски активности. Објектот ќе може да го користат  и жителите на општината  за организирање локални спортски настани и активности. Салата ќе се гради со приближно 20 милиони денари од буџетот на Општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека сами го финансираат проектот со кој, рече, „решаваат горлив проблем“ за граѓаните на Ѓорче Петров. Очекува спортската сала да биде изградена до април.
Со овој проект конечно и 500 дечиња кои учат во ова подрачно училиште во Хром ќе добијат услови какви што заслужуваат и какви што имаат и сите други деца на територијата на Општина Ѓорче Петров. Но и сите спортисти на територија на општината ќе може да ја користат оваа спортска сала, изјави Стојкоски по поставувањето на камен-темелникот заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, советници од Општината и нејзини жители.
Посочи дека се планира и уште една доградба во ова училиште во соработка со МОН и дека ќе се насочат целосно да биде решен просторниот проблем во ова училиште.
Затоа што Хром е најбрзорастечка населба во општината, која е урбана и ова и е навистина потребно, додаде градоначалникот.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека оваа инвестиција од буџетот на Општината  „покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот“.
Повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа што годините зад нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето. Честитам за ваков тип проекти. Како Влада продолжуваме сето ова да го поддржуваме и во периодот којшто следува. Завршен е повикот за аплицирање на проекти што ќе бидат финансирани од централниот буџет, рече премиерот.
Соопшти дека Општина Ѓорче Петров доставила проекти до Министерството за локална самоуправа дека очекува следната недела да има список на проекти коишто ќе бидат финансирани и процесот, како што рече, да почне од првата недела или првата половина на октомври.
До крајот на октомври да бидат завршени тендерските процедури и веќе првата половина на ноември офанзивата да продолжи. Доколку временските услови дозволат, во текот на зимата да имаме навистина огромна теренска активност и градба на нови проекти и веќе следната година дел од нив и да ги завршуваме и да ги пуштаме во употреба. На почетокот на следната година, ќе ве потсетам, повторно ќе имаме таков повик. Во првичната верзија од Буџетот којашто се прави за 2025 година предвидени се 15 милијарди денари за ваков тип на проекти и веќе општините ќе можат уште еднаш да аплицираат со проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на нашите сограѓани, истакна Мицкоски по поставувањето на камен-темелникот.
Додаде дека никогаш досега од независноста на државата не се случило само за една година да има повеќе од 20 односно 21 милијарда денари инвестирани од централниот буџет за општините.

The post Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Наскоро изградба на спортска сала во Воената академија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-naskoro-izgradba-na-sportska-sala-vo-voenata-akademija/ Wed, 18 Sep 2024 09:56:49 +0000 https://republika.mk/?p=817391

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање најави дека наскоро започнува изградбата на спортската сала во Воената Академија.

Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената Академија ќе отпочне реализацијата и на таа спортска сала, набргу. Тоа е еден од оние проекти коишто се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капиталните инвестиции со што ќе ја зголемиме економската активност на компаниите кај нас, а со тие капитални инвестиции ќе го зголемуваме бруто домашниот производ, така што и тоа е едно од оние ветувања што ќе отпочне со реализација бидејќи го помина владиниот филтер во на текот на вчерашната владина седница, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

The post Мицкоски: Наскоро изградба на спортска сала во Воената академија appeared first on Република.

Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ministerstvoto-za-sport-ke-ja-rekonstruira-sportskata-sala-vo-kampusot-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-vo-skopje/ Mon, 16 Sep 2024 15:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=816854

Министерот за спорт Борко Ристовски со тим од министерството, денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржал состанок со ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и со работната група составена од професори експерти во делот на градежништвото, архитектурата, електротехниката и машинството, на кој се утврдил акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет. Како што соопшти Министерството за спорт, целта е оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција.

Министерството за спорт соопшти дека обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.

Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ, истакна министерот Ристовски.

Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор.

The post Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт Борко Ристовски со тим од министерството, денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржал состанок со ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и со работната група составена од професори експерти во делот на градежништвото, архитектурата, електротехниката и машинството, на кој се утврдил акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет. Како што соопшти Министерството за спорт, целта е оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција. Министерството за спорт соопшти дека обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.
Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ, истакна министерот Ристовски.
Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор.

The post Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Почна изградба на нова спортска сала, ќе продолжиме да градиме и во иднина, тоа го очекуваат граѓаните од нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pochna-izgradba-na-nova-sportska-sala-ke-prodolzhime-da-gradime-i-vo-idnina-toa-go-ochekuvaat-graganite-od-nas/ Thu, 22 Aug 2024 11:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=809053

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на поставување на камен-темелник на нова спортска сала во Општината Петровец.

Честитки до градоначалникот, советниците, до Министерството и министерката, до пратениците од овој регион од овде од Изборна единица 3 што се залагаат, што континуирано предлагаат проекти кои што како Влада ќе ги поддржуваме и во иднина. Така треба да се продолжи, тоа го очекуваат граѓаните од нас да создаваме, да градиме, а не да рушиме, изјави премиерот Мицкоски.

Според Мицкоски, разликата е евидентна, за нешто помалку од два месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија многу од проектите кои во минатото чекаа стануваат реалност.

Уште еднаш честитки до сите и посакувам што повеќе дечиња да ја користат оваа сала, овој спортски објект затоа што со спортот практично се создава убав дух кај секое едно дете, и на тој начин потоа се создаваат би рекол чесни и правилни возрасни личности, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Почна изградба на нова спортска сала, ќе продолжиме да градиме и во иднина, тоа го очекуваат граѓаните од нас appeared first on Република.

Започнува изградбата на новата училишна спортска сала во Хром https://arhiva3.republika.mk/vesti/zapochnuva-izgradbata-na-novata-uchilishna-sportska-sala-vo-hrom/ Tue, 20 Feb 2024 11:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=746064

Градоначалникот на Ѓорче Петров Алексаднар Стојкоски соопшти дека во следниот период отпочнуваат со постапка за изградба на нова училишна спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски” во населба Хром, пренесува „Скопје инфо.мк“.

- Оваа сала конечно ќе ги задоволува потребите на учениците од ова училиште и дечињата ќе имаат можност правилно да се развиваат во одлични услови. Проблемите со одржувањето на часовите по физичко, заминуваат во историјата, порача Стојкоски.

Спортската сала ќе се протега на 550 м2 и ќе ги има сите услови за одржување настава по физичко образование, како и соблекувални, тоалети и просторија за реквизити. Просторот ќе биде уреден соодветно, се со цел покрај училишната настава, да може да се тренираат спортови кои што се соодветни на овој тип спортска сала.

- Големо е задоволството да се соопшти ваква убава вест, бидејќи години наназад наставниците од ова основно училиште се соочуваа со многу потешкотии при реализација на наставата по физичко образование, а дечињата ги немаа потребните услови за правилен развој. Со овој чекор, го решаваме ова прашање на долг рок и вложуваме во нашите најмлади жители, порача првиот човек на општината.

The post Започнува изградбата на новата училишна спортска сала во Хром appeared first on Република.

Нова спортска сала во населба Хром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nova-sportska-sala-vo-naselba-hrom/ Tue, 20 Feb 2024 11:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=746072

Во наредниот период отпочнуваме со изградба на нова училишна спортска сала во ООУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” во населба Хром, којашто конечно ќе ги задоволува потребите на учениците од ова училиште и дечињата ќе имаат можност правилно да се развиваат во одлични услови. Проблемите со одржувањето на часовите по физичко, заминуваат во историјата, вели Стојкоски.

Спортската сала ќе се протега на 550 м2 и ќе ги има сите услови за одржување настава по физичко образование, како и соблекувални, тоалети и просторија за реквизити. Просторот ќе биде уреден соодветно, се со цел покрај училишната настава, да може да се тренираат спортови кои што се соодветни на овој тип спортска сала, додаде градоначалникот Стојкоски.

Големо е задоволството да се соопшти ваква убава вест, бидејќи години наназад наставниците од ова основно училиште се соочуваа со многу потешкотии при реализација на наставата по физичко образование, а дечињата ги немаа потребните услови за правилен развој. Со овој чекор, го решаваме ова прашање на долг рок и вложуваме во нашите најмлади жители. Продолжуваме со иста динамика во реализација на сите проекти кои се од круцијално значење на жителите на Ѓорче Петров. Нашата општина мора да биде урбано, модерно и пријатно место за живеење, заврши градоначалникот.

The post Нова спортска сала во населба Хром appeared first on Република.

]]>

Во наредниот период отпочнуваме со изградба на нова училишна спортска сала во ООУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски” во населба Хром, којашто конечно ќе ги задоволува потребите на учениците од ова училиште и дечињата ќе имаат можност правилно да се развиваат во одлични услови. Проблемите со одржувањето на часовите по физичко, заминуваат во историјата, вели Стојкоски. Спортската сала ќе се протега на 550 м2 и ќе ги има сите услови за одржување настава по физичко образование, како и соблекувални, тоалети и просторија за реквизити. Просторот ќе биде уреден соодветно, се со цел покрај училишната настава, да може да се тренираат спортови кои што се соодветни на овој тип спортска сала, додаде градоначалникот Стојкоски. Големо е задоволството да се соопшти ваква убава вест, бидејќи години наназад наставниците од ова основно училиште се соочуваа со многу потешкотии при реализација на наставата по физичко образование, а дечињата ги немаа потребните услови за правилен развој. Со овој чекор, го решаваме ова прашање на долг рок и вложуваме во нашите најмлади жители. Продолжуваме со иста динамика во реализација на сите проекти кои се од круцијално значење на жителите на Ѓорче Петров. Нашата општина мора да биде урбано, модерно и пријатно место за живеење, заврши градоначалникот.

The post Нова спортска сала во населба Хром appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Стајковци добива нова спортска сала во вредност од 20 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-stajkovtsi-dobiva-nova-sportska-sala-vo-vrednost-od-20-milioni-denari/ Fri, 03 Mar 2023 14:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=615623

На почетокот да ја поздравам посетата од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на општина гази Баба и да се заблагодарам за поддршката која ни ја дава со цел за забрзана реализација на проектите кои што ни се ветени пред граѓаните. Денес имаме можност да присуствуваме на два капитални проекти. Во моментот се наоѓаме во Стајковци на свечено отварање на новата спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“, инвестиција целосно обезбедена од буџетот на општина Гази Баба која чини 20 милиони денари. Искрено сум среќен што после 50 години, населеното место Стајковци и учениците од Стајковци и од околината добиваат спортска сала во која што ќе можат да ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование. Салата е опремена со најсоодветна опрема и спортски реквизити и тука учениците ќе можат да партицираат повеќе видови на спорт, мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика и боречки вештини, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој додава дека посебна чест е за мене што на моја иницијатива салата ќе го носи името на Бобан Ивановиќ, македонски херој кој животот го загуби бранејќи ја Македонија во акцијата во Диво Насеље. Со оваа одлука споменот за Бобан Ивановиќ ќе биде вечен и никогаш нема да се заборави.

Исто така во текот на денешниот ден свечено пуштивме во употреба и отворен спортски комплекс во чии содржини има фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева, ново кошаркарско игралиште и детско катче и жителите од околина од сите возрасти и од сите генерации ќе можат да спортуваат, да се дружат и да се рекреираат.Општина Гази Баба на почетокот на оваа година започна со голема градежна офанзива, така ќе продолжиме во иднина со цел реализација на сите проекти што се од нашата изборна програма и навистина да им направиме подобри услови за живот на нашите сограѓани во општина Гази Баба, вели Стефковски.

The post Стефковски: Стајковци добива нова спортска сала во вредност од 20 милиони денари appeared first on Република.

]]>

На почетокот да ја поздравам посетата од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на општина гази Баба и да се заблагодарам за поддршката која ни ја дава со цел за забрзана реализација на проектите кои што ни се ветени пред граѓаните. Денес имаме можност да присуствуваме на два капитални проекти. Во моментот се наоѓаме во Стајковци на свечено отварање на новата спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“, инвестиција целосно обезбедена од буџетот на општина Гази Баба која чини 20 милиони денари. Искрено сум среќен што после 50 години, населеното место Стајковци и учениците од Стајковци и од околината добиваат спортска сала во која што ќе можат да ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование. Салата е опремена со најсоодветна опрема и спортски реквизити и тука учениците ќе можат да партицираат повеќе видови на спорт, мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика и боречки вештини, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој додава дека посебна чест е за мене што на моја иницијатива салата ќе го носи името на Бобан Ивановиќ, македонски херој кој животот го загуби бранејќи ја Македонија во акцијата во Диво Насеље. Со оваа одлука споменот за Бобан Ивановиќ ќе биде вечен и никогаш нема да се заборави.
Исто така во текот на денешниот ден свечено пуштивме во употреба и отворен спортски комплекс во чии содржини има фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева, ново кошаркарско игралиште и детско катче и жителите од околина од сите возрасти и од сите генерации ќе можат да спортуваат, да се дружат и да се рекреираат.Општина Гази Баба на почетокот на оваа година започна со голема градежна офанзива, така ќе продолжиме во иднина со цел реализација на сите проекти што се од нашата изборна програма и навистина да им направиме подобри услови за живот на нашите сограѓани во општина Гази Баба, вели Стефковски.
 
The post Стефковски: Стајковци добива нова спортска сала во вредност од 20 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Нова спортска сала во „Наим Фрашeри“ во Студеничани, инвестиција од МОН вредна 24 милиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-sportska-sala-vo-naim-frasheri-vo-studenichani-investicija-od-mon-vredna-24-milioni/ Thu, 04 Aug 2022 18:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=536865

Општина Студеничани доби нова училишна спортска сала во село Морани, а се работи и на ново основно училиште во населеното место Љубош. Двете капитални инвестиции ги реализира Министерството за образование и наука, за што се одвоени над 70 милиони денари од државниот буџет.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Студеничани и, како што информира МОН, потенцираше дека во последните неколку години оваа општина значително се урбанизира од сите можни аспекти, а особено инфраструктурно.

Голема заслуга за тоа, рече Шаќири, има и раководството на локалната самоуправа, но и Владата која води политика на подеднаков третман на сите региони и општини, со единствена цел – да се подобри стандардот и квалитетот на живот на граѓаните.

Морани денес добива нова спортска сала, современ објект во склоп на основното училиште „Наим Фрашери“ во кој вложивме речиси 24 милиони денари. Најзадоволни ќе бидат учениците од ова училиште кои од септември конечно ќе можат достоинствено да ги реализираат часовите по предметот физичко образование, онака како што доликува. Спортската сала е опремена со реквизити за одбојка, ракомет, мал фудбал, кошарка, пинг понг и гимнастика, додека објектот е целосно енергетски ефикасен и ги задоволува сите стандарди дури и за професионални натпревари по спортовите кои ги споменав, рече Шаќири.

Министерот посака спортската сала да се користи што повеќе и да биде место од каде ќе произлезат многу нови спортисти, репрезентативци, но најважно е, како што рече, да биде место од каде ќе произлегуваат многу нови, здрави генерации кои ќе бидат правилно насочени – кон спорт, наместо кон пороци.

За новото училиште кое се гради во селото Батинци, поточно во населеното место Љубош и ќе функционира како подрачно на ОУ „Алија Авдовиќ“, МОН одвои над 47 милиони денари.

Овој дел од општината навистина имаше потреба од училиште. Досега дечињата од тука, кои се многу на број, секојдневно патуваа за да учат во други објекти, но повеќе нема да биде така. Тие ќе си учат во близина на нивното место на живеење и тоа во навистина модерен објект, рече Шаќири, најавувајќи и други капитални инвестиции во Студеничани во иднина.

The post Нова спортска сала во „Наим Фрашeри“ во Студеничани, инвестиција од МОН вредна 24 милиони appeared first on Република.

]]>

Општина Студеничани доби нова училишна спортска сала во село Морани, а се работи и на ново основно училиште во населеното место Љубош. Двете капитални инвестиции ги реализира Министерството за образование и наука, за што се одвоени над 70 милиони денари од државниот буџет. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Студеничани и, како што информира МОН, потенцираше дека во последните неколку години оваа општина значително се урбанизира од сите можни аспекти, а особено инфраструктурно.   Голема заслуга за тоа, рече Шаќири, има и раководството на локалната самоуправа, но и Владата која води политика на подеднаков третман на сите региони и општини, со единствена цел – да се подобри стандардот и квалитетот на живот на граѓаните.
Морани денес добива нова спортска сала, современ објект во склоп на основното училиште „Наим Фрашери“ во кој вложивме речиси 24 милиони денари. Најзадоволни ќе бидат учениците од ова училиште кои од септември конечно ќе можат достоинствено да ги реализираат часовите по предметот физичко образование, онака како што доликува. Спортската сала е опремена со реквизити за одбојка, ракомет, мал фудбал, кошарка, пинг понг и гимнастика, додека објектот е целосно енергетски ефикасен и ги задоволува сите стандарди дури и за професионални натпревари по спортовите кои ги споменав, рече Шаќири.
Министерот посака спортската сала да се користи што повеќе и да биде место од каде ќе произлезат многу нови спортисти, репрезентативци, но најважно е, како што рече, да биде место од каде ќе произлегуваат многу нови, здрави генерации кои ќе бидат правилно насочени – кон спорт, наместо кон пороци. За новото училиште кое се гради во селото Батинци, поточно во населеното место Љубош и ќе функционира како подрачно на ОУ „Алија Авдовиќ“, МОН одвои над 47 милиони денари.
Овој дел од општината навистина имаше потреба од училиште. Досега дечињата од тука, кои се многу на број, секојдневно патуваа за да учат во други објекти, но повеќе нема да биде така. Тие ќе си учат во близина на нивното место на живеење и тоа во навистина модерен објект, рече Шаќири, најавувајќи и други капитални инвестиции во Студеничани во иднина.

The post Нова спортска сала во „Наим Фрашeри“ во Студеничани, инвестиција од МОН вредна 24 милиони appeared first on Република.

]]>
Обезбеден е грант за реконструкција и опремување на 50 училишни спортски сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/obezbeden-e-grant-za-rekonstrukcija-i-opremuvanje-na-50-uchilishni-sportski-sali/ Tue, 10 May 2022 15:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=500588

Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант за проектот „Рехабилитација на објекти за физичко образование во основните и средните училишта и набавка на спортска опрема во Македонија“, меѓу Република Македонија претставувана од Министерството за образование и наука и Банката за развој при Советот на Европа – ЦЕБ.

Грантот доаѓа од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во висина од три милиони евра и е наменет за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и за опремување со спортска опрема на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта.

The post Обезбеден е грант за реконструкција и опремување на 50 училишни спортски сали appeared first on Република.

]]>

Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант за проектот „Рехабилитација на објекти за физичко образование во основните и средните училишта и набавка на спортска опрема во Македонија“, меѓу Република Македонија претставувана од Министерството за образование и наука и Банката за развој при Советот на Европа – ЦЕБ. Грантот доаѓа од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во висина од три милиони евра и е наменет за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и за опремување со спортска опрема на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта.

The post Обезбеден е грант за реконструкција и опремување на 50 училишни спортски сали appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Ѓоргиевски најави темелна реконструкција и парно греење во салата на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-gjorgievski-najavi-temelna-rekonstrukcija-i-parno-greenje-vo-salata-na-oou-nevena-georgieva-dunja-vo-kisela-voda/ Sat, 12 Feb 2022 12:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=457540

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, најави темелна реконструкција и парно греење за салата во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода

Она што го затекнавме како состојба во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ бараше итна и неодложна интервенција и со големо задоволство сакам да истакнам дека за помалку од два месеци, учениците ќе добијат квалитетни услови за одржување на часовите по физичко воспитување.

Инвестирањето во подобрувањето на инфраструктурата низ основните училишта кои се во надлежност на општина Кисела Вода ќе продолжи со несмалена динамика, бидејќи квалитетниот образовен процес подразбира и добри и современи училишни објекти.

Ова е концепт што го отпочнав од првиот ден од моето доаѓање на градоначалничката позиција и кој ќе биде развиван и надградуван во текот на целиот мој мандат.

Овде, почнавме со целосна термоенергетска обнова на ѕидовите, двојна изолација со гипс панели, додека на подот кој има површина од 430 квадратни метри ќе биде поставен нов паркет.

Се менува и електричната инсталација и осветлувањето, се санира и системот за вентилација.

Исто така, во моментов се врши демонтажа на спортските реквизити.

По нивната санација, тие ќе бидат повторно поставени во обновената сала, каде реконструирана ќе биде и влезната врата.

На барање на општина Кисела Вода, БЕГ постави нов приклучок со потстаница, со што салата доби и парно греење - информира градоначалникот Ѓоргиевски.

The post Градоначалникот Ѓоргиевски најави темелна реконструкција и парно греење во салата на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, најави темелна реконструкција и парно греење за салата во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода
Она што го затекнавме како состојба во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ бараше итна и неодложна интервенција и со големо задоволство сакам да истакнам дека за помалку од два месеци, учениците ќе добијат квалитетни услови за одржување на часовите по физичко воспитување.   Инвестирањето во подобрувањето на инфраструктурата низ основните училишта кои се во надлежност на општина Кисела Вода ќе продолжи со несмалена динамика, бидејќи квалитетниот образовен процес подразбира и добри и современи училишни објекти.   Ова е концепт што го отпочнав од првиот ден од моето доаѓање на градоначалничката позиција и кој ќе биде развиван и надградуван во текот на целиот мој мандат.   Овде, почнавме со целосна термоенергетска обнова на ѕидовите, двојна изолација со гипс панели, додека на подот кој има површина од 430 квадратни метри ќе биде поставен нов паркет.   Се менува и електричната инсталација и осветлувањето, се санира и системот за вентилација.   Исто така, во моментов се врши демонтажа на спортските реквизити.   По нивната санација, тие ќе бидат повторно поставени во обновената сала, каде реконструирана ќе биде и влезната врата.   На барање на општина Кисела Вода, БЕГ постави нов приклучок со потстаница, со што салата доби и парно греење - информира градоначалникот Ѓоргиевски.

The post Градоначалникот Ѓоргиевски најави темелна реконструкција и парно греење во салата на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>